Па и не сум некоја срамежлива личност шо знам не дозволувам срамот да ме надвладее над посакуваната цел
Страмежлива сум кога ќе се најдам во близина на нови луѓе или ново друштво но од кога ќе ги запознаам по некое време не можат да ме сопрат со зборување но сепак некогаш страмот ми е пречка некои луѓе си помислуваат дека сум арогантна и дека не сакам да зборувам дека се зансувам и незнам што и поради тоа не можам да се запознавам со нови луѓе тоа ми е пречка што сум страмежлива и од што ми е страм ми се закочува мозокот и незнам што да зборнам и цела поцрвенувам се надевам дека оваа моја страмежливост ќе ја надминам со текот на времето
Како што вели Ким Кардашијан, I’m the girl who’s too shy to dance in a nightclub — maybe for one song, and then that’s it.
Претерано многу сум срамежлива за одредени работи. За муабет во друштво не ми е проблем, зборлеста сум по природа. Но за одредени постапки умирам од срам. Да си тотално „опериран од срам“ мислам дека до некаде и не е добро, бидејќи таквото однесување понекогаш граничи со некултура и невоспитаност.
Е токму по таа граница ,по таа танка линија треба да се движиме. Мене ми успева ,не се срама ,а сепак сум културна со сите и добро воспитана . Наоѓам вистински зборови во вистинско време ,дури и во најзасрамувачката ситуација знам да се извадам без потешкотии.
Според мене срамот е знак на несигурност во себеси и чувство дека не оставаме добар впечаток кај другите. Ете, мене (ако воопшто некогаш ми е срам ) ми се случува тоа ако треба да го кршам мразот за некоја работа. Да немаш ни срам ни перде, не чини. Ама ич. Треба мера да се има за се‘ затоа што во спротивно се остава впечаток три пати понеубав отколку кога би се срамеле многу. Срамежливите луѓе СЕ доволно социјализирани. Тие, фала Богу, не се срамат од се‘ и од сите, туку само од непознатото и потребно им е време да се адаптираат. Срамот не предизвикува проблеми. Уствари може да предизвика... ако го немаме Но со сигурност може да не‘ натера да си пропуштиме добра прилика од кој било карактер.
Хипица како да раскажа што ми се случува мене.Поради срамот имам пропуштено многу прилики...многу пати пробував да се одстрамам ама неможам поготов пред некое момче што ми се свиѓа,пред другари и другарки сум целосно опуштена,палава,насмеана,тресам глупости,ама кога ќе сум со момче како да сум друга јас цело време мислам дека ако кажам нешто ќе се застрамам дека ќе оставам лош впечаток
Се срамам само кога ќе наидам пред некои луѓе што не ги знам,но тој срам не е голем и брзо ми поминува. Инаку воопшто не сум срамежлива личност Мразам затворени луѓе,со клешти да им ги ваѓаш зборовите,кои само молчат и те набљудуваат што правиш. Навистина не е убаво и да си дрдорко,ама па поарно тоа одколку ќутуци од луѓе Не,не со таквите никако не можам.
Здраво девојки само што се регистрав на сајтов инаку имам 13 и пол години.и би ве замолила за помош..многу се срамам и сите тоа ми го велат неможам у друштво не зборам малце малце само онака нешто ќе кажам сега почнавме на школо и сакам да бидам многу комуникативна и со наставниците и со сите инаку сум 8мо одд..со едно девојче ко ќе сме зборувам а со повеќе не не знам оти ама неможам никако сите имаат смисла за хумор ја не знам што да кажам -.- ќе ви бидам благодарна ако ми поможите фала ви однапред срцки сте
јас не знам што е тоа срам!! не се срамам да прашам да се насмеам од се срце да опцујам.. да згрешам па недај боже да паднам ке станам ке се насмеам на моја сметка Викаат кој се срами останува гладен и жеден
Е за ова сакав да кажам. Не сум претерано срамежлива, но во ново друштво, додека не се опуштам, молчам. Не сакам многу да зборувам, не ги знам луѓето и ете секогаш си ќутам и одговарам само ако некој нешто ме праша. Баш заради тоа на почеток секој што ќе ме запознае мисли дека сум некој намќор, дека не сум воопшто комуникативна и слично. Јбг, таква сум..
^ И јас кога запознавам луѓе,првпат си молчам повеќе Ама после тоа,кога ќе разврзам муабет сигурно во душава си викаат .Хаха,ете сега кога се сеќавам и на интервјуата за работа сум била посрамежлива,и ете некој кој одлучиле да ми дадат втора шанса,биле изненадени од тоа колкава разлика,на второ интервју расприкажувам ли расприкажувам Многу луѓе стекнувале погрешен впечаток за мене на прв поглед.А и признавам дека сум срамежлива за некои нови работи,додека не се опуштам,стекнам доверба и навикнам.Колку ми имаат само речено дека мислеле на почеток дека сум намќор,срамежлива и дигната а после кога ме запознале-леле како сме мислеле за тебе а ти си била спротивното Ова звучи како фалба,ама навистина е така
Како ме нервира тој срам... Многу имам срам на моменти,ми е срам и да зборувам,посебно кога има повеќе луѓе,а и не се осмелувам да јадам пред никого и често поради тоа си останувам гладна. Мора да го победам тоа,ахх само колку пати останав без момите омилени благи.
-Јас имам 15 год. Учам в гимназија. . прва год сум .. И сум многу поразлична од другите!! Јас наодмори седам вклупа сама додека сите други девојчина шетаат одат по јадење во веце ии тд/ мене како да ме одбегнуваат .. (незнам што има чудно во мене) ..Исто така како што се поздравуваат сите девојчина кога ке се видат мене секогаш прва да се поздравам ми е страм .. ако дојде некој да се Поздрави прв.. Ок.. ако не си стојам од страна како да не сум присутна.. Многу често се дешава да ме исмејуваат.. КАКО ТРЕБА ДА ПОСТАПУВАМ... ?!?!?!?!
Јас бре луѓе незнам за срам, знам дека е и напати лошо, ама шта чу, каква сам-таква сам. Со непознати луѓе сум мирна, сталожена и тивка, не љубам уште од старт многу, многу да се докажувам. Едноставно сакам од страна, да набљудувам и да си создадам своја слика за новите познаници, меѓутоа не молчам, се трудам спонтано да комуницирам, но ништо пренападно, напротив може да се каже воздржано. Од една страна си велам, браво, така треба, но од друга страна знам дека често оставам впечаток дека се срамам и дека глумам некоја префинетост или што ти ја знам. А у други ситуации уопште за ништо не ми е срам, ќе си кажам ко што мислам, ќе направам па јебеш га, нема зошто да се срамам, се додека некој не се навреди или почуствува загрозен. Ете така. Опушти се, едноставно пријди и поздрави ги. Не се повлекувај во себе, понекогаш почни муабет окулу училиште, некој тест или испрашување, а потоа пушти спонтано да тече разговорот. Не мора за една недела да бидете бфф, туку чисто лежерен муабет. Не верувам дека те одбегнуваат туку едноставно ти си им создала таква слика дека не сакаш да се дружиш со нив.
Јас сум многу срамежлива. Не у смисла да ќутам и да набљудувам ко намќор, ама таква сум, срамежлива. Се трудам да комуницирам со оние кои прв пат ги гледам, I give my best, ама се познава дека сум срамежлива. :geek: Фиксно знам да се вцрвам понекогаш, или да се свијам. Но, тоа пред непознати, ваљда од страв да не оставам погрешен впечаток, или неубав впечаток. Пред оние што веќе добро ги познавам, ехееее..
Срамежливо суштество сум. Премногу молчам, не можам да зборувам бидејки се срамувам дека ќе бидам исмеана и слично, дури и кога одговарам многу пати од страв кажувам не сум спремна, ниту пак сум во состојба да функционирам понормално во друштво.
Затворените луѓе, срамежливите никогаш нема да кажат што мислат, па дури ако тоа е паметно или смешно бидејки длабоко во себе се плашат немој да погрешат. Но, со самото тоа што не се искажуваат всушност грешат многу повеке. За жал , денеска во 21 век затворените луѓе , срамежливите се многу често изложени не потсмевање и малтретирање но само за ФРАЕРИТЕ/КИТЕ да покажат еј бе види колкав авторитет сум ,но само ради тоа што тие луѓе се „послаби„ од нив па дури и да не е така ке премолчат а ФРАЕРКАТА ке си го набилда своето „его„ но со тоа само покажуваат колку самите тие не чинат, колку само тие имаат комплекси... па морат на некој да им ги пренесат. и да се разбереме.... СРАМЕЖЛИВ/ЗАТВОРЕН ЧОВЕК НЕ СЕ РАЃА!!! сигурно имет некоја причина поради која што тој/таа се повлекол/ла во себе! - но сето тоа е пролазна работа. да се разбереме! Ова е мое скромно мислење , до 17 години бев дрндало ... па после се затворив во себе.. па после неколку год „борба„ ја победив оваа „болест„! И јас бев дрндало , днр , дрн до 17 години, после тоа , ради некоја причина јас се затворив во себе. (имам веке пишано на форумов, да не се повторувам). Да, се затворив, не беа тоа лоши денови ни лош период. Беа во прашање повеке од 2 години. Луѓето ме етикираа како повлечена и срамежлива девојка, која се крие меѓу 4 зида, меѓу ќошиња, само, очигледно никој од нив не знаеше што ми се врти во глава. Во таа тешка борба, мене не ми требаше осудување од другите, не ми требаше некој да ми се потсмева. Ми требаше искрена прегратка од некој што ме сака, за жал таков немаше.. чак ни родителите. И тие си свиркаа по нивно, ме осудуваа и што уште не. Знаев дека не оди повеке така... морам нешто да сменам. Но незнаев што, немав од никој подршка, а да идев на психолог.. Ау како, па ненормална ке ме етикетираат, бегај бегај, како ке излезат после моите од страм кај комшиите. Една ден зедов и трескав глава од зид се додека не видов на зидот крв. Потоа се смирив, седнав и размислував. Зедов лист и го пишев тоа што го мислев. После некое време, реков. Единствено по лоша работа од неуспех е да не пробаш да успееш. Главен приоритет требит да ми биди мојата среќа. Знам што ме прави среќна , па тогаш што ме спречува да се движам понатаму? Страв од неуспех? Ништо нема да изгубам ако пробам, можам само да добијам. Ако сакам нешто да добијам - упорност. Што е страм? - се мачка на леб? Хмммм... Што е е тоа повлечена девојка? ццц На крај реков, овие работи треба да ги правеш пред се ради себе а не ради народот и да покажам дека јас можам. Ако не знам што и како, ке седнам да размислувам, а додека, ако незнам да размислувам тука никој не може да ми помогне. После краток период јас почнав да ја победувам оваа „болест„ , си го бранев својот став, своето ЈАС. Застанав цврство на нозе, знаев што сакам од животот... не се плашам сега од никој и ништо. Имам мислам енергија да се протиставам на цел свет. Знам што сакам во животот. А една ден ке успеам. А сега се прашувам, - каде се „либералните„ девојки кои што ме „мразеа„ да ги видам? и да ти кажам, голем дел од тие девојки, либерални, не срамежливи сега се затворени, а знаеш зашто? - бидејки дечко им им раскинал. Или го виделе со некоја друга.. - Не виделе ништо потешко во животот а се им било сервирано во животот на тацна. Дали сега вие што ги мразите „таквите„ луѓе сте се запрашале што ако јас некогаш дојдам до ситуација и да се затворам во себе? дали ке се мразам и себеси? што ако утре брат ми/сестра ми се затворат во себе? дали и нив ке ги мразам? што ако утре моето дете се затвори во себе? дали и него ке го мразам? Што ако?
Порано ич не бев срамежлива. Што ми паднеше тропам, одма муабет со секој знаев да си направам. Ама ега само ќутам, и пукам прсти обично пред повозрасни. Вака пред врсници или млади луѓе до кај 20-25 години можам муабет да си направам, ама од постари ме срам, незнам за шо. ?:?