Кога човек ке си признае себеси дека има некој проблем кај него автоматски прави огромен чекор за да го реши истиот. Мој совет ти е, да седнеш со твоите да направеш еден асален муабет, сигурно и тие тоа го имаат забележано али повторно кажи им како се чуствуваш. Подршката од нив ке ти значи многу. Поработи малку на себе, на самодовербата, тоа ти е главниот проблем, почни да се опушташ и да не мислеш многу , многу на тоа што ке кажеш , што ке направеш , па кој како ке изреагира , па немој да погрешиш... едноставно остави да иде се спонтано. Немој никогаш да се потценуваш себеси, старите рекле, ако сакаш останатите да те ценат, мораш прво ти самиот/та да се ценеш. и во оваа поговорка има многу вистина. Сите ние се разликуваме, по нешто сме различни и истото не прави посебни, пронајди се себеси. Прави го она што те исполнува, експерементиај. Оди на јога, балет, кошарка итд... читај некои добри книги, надоградувај се себеси.. Страмот треба да го дефинираме, да видиме што е проблемот и како да го отстраниме истиот. Сигурно ова ке ти изгледа невозможно, ама не. И истото ке ти биде моментално. Најдобро е да почнеш да комуницираш со туѓинци, односно запознавање со туѓинци кои не знаат дека си срамежлива. како би имала шанса да оформиш подобрен пристап кон светов, за да покажеш самодоверба. На пример. Излагаш сега од школо, по улица срекаваш некое дете, постар маж, жена не битно. и прашај ја. колку е часот. Секако културно ке ја прашаш. Ке видеш дека нема ништо страшно. Утре истото, но со 3јца, другиот ден со 5 мина.. За училиштето, тие не те одбегаваат сигурно. Имаш си твои фантазии во главата удрено, не те сакаат мајко мила - и готово. и се согласувам со феминката погоре , имаш им создадео слика дека ТИ не сакаш да се дружеш со нив. а не обратно. Почни некој лежерен муабет, за училиштето, за тестови, домашно ... Полека и ти ке го губеш страмот, а и ке почнеш да су дружеш со учениците. И останатите. Да речеме можеш да ги прашаш „може да дојдам со вас на одмор„? „друже напиша домашно, што имавме за денеска - ова она„ ... чисто да почнеш муабет... се надевам ми ја разбра поентата. Јас така постапив, полека го отстранив истиот. Сега можам да тропнам на која врата сакам без да се срамам. И од тогаш почнав да си го средувам животот, си најдов работа , некни ме унапредија, следниот месец ке одам да работам во Швајцарија некое време, полека коцките се редат. но од страм ни С. Ме праша во ПП, ти одговорив во темата, со надеж дека ова ке биде и од корист и на некоја друга феминка.
Ти Благодарам многу ..Ќе се потрудам да биде така и ќе пишам што сум направила.. (но сепак не веруваам дека ке успеам, нО не е лошо да се пробат..)
епа вака се срамам кога ќе се начукам другиот ден не ми се излегува од дома телефон и фб оффлине се срамам коа немам доволно пари за нешто у стил помалце сум земала од дома. Тоа се две ситуации во кој чуствувам срам. Не сум некоја многу срамежлива особа !!!
Па незнам дали овде да го сместам прашањето, али ајде... Па вака дали вие би постапиле вака?? Имаме во школо една што сега е осмо одд и дечко и е трета година. Мало ни е местото па гимназијата ни ја префрлија во нашиот град незнам зошто а и не е битно...Па тие двајцата се бакнуваат по одморите и тоа ми е стварно грозно и одвратно. Мислам и мали деца има нема смисла да ги гледаат како се шлапкаат таму по одморите. Вие што мислите за тоа?
Исто и мене ми е тоа грозно. И у моето школо има 2ца такви.. двајцата се прва год. и навистина се без страм .. пред професори наодмор по ходници се муваат скоро секој одмор...Мислам дека тоа не е во рет..
Многу тешко да се победи срамежливоста, тоа е нешто што тешко го разбираат оние кои што го немаат овој проблем, што не значи и да не се обидеш истата да ја надминеш. Можеби е најдобро да си најдеш некоја другарка/ другар со ист ваков проблем, заедно ќе си помогнете во надминување на срамежливоста.
Јас го немам овај проблем, но имам другарка која што ми е најдобра и од секогаш го има тој проблем.Во средно беше ко тебе, сосема повлечена во самата себеси,сама на одмори, сегде сама,дури и ја исмејуваа сите,а таа од страмот кој ја кочеше го дозволуваше тоа и секој ден трпеше навреди.И беше страм во продавница да оди или на таксистот да му кажи на која улица да оди. Со луѓето што ги познава не се страми толку многу,поопуштена е ама чим стапи во коктакт со некој непознат таа целосно се блокира. Има 26 години а сеуште нема дечко фатено поради тој пусти страм,а со мене и со нејзините е друга личност и кога ќе им кажувам на другите каква всушност личност е таа никој не ми верува.Ја советувам секој ден околу тоа,сега малце се поопушти,но сеуште не е тоа тоа. Ќе те советувам истото што и неа,мешај се со луѓе што повеќе можеш,зборувај со нив,надоврзувај се на темите за разговор, имај самодоверба во себе и убеди се дека нема ништо лошо во тоа ако зборуваш со некого. Сеуште си млада,ти можеш да го промениш тоа,само мај повеќе храброст и доверба во себе и се ќе биди ок
И јас порано бев премногу срамежлива.Ни самата незнам како го надминав срамот.Навистина незнам.Последниве две години,запознав многу интересни луѓе,некако ги сметам како тие да се виновниците што јас се ослободив од срамот.И сега сум страмежлива,ама не толку колку што бев порано
Најчесто се срамам кога ке се запознаам со нови деца.Со тие што се дружам подолго сум сосем друга личност,а најбитно е како ќе се поставиш на почетокот.Сега сите во школо ме знаат како мирна и повлечена и мислат дека можат да ме исмеваат.(наодмори седам вклупа сама додека сите други девојчина шетаат одат по јадење во веце ии тд/ мене како да ме одбегнуваат .. (незнам што има чудно во мене) ..Исто така како што се поздравуваат сите девојчина кога ке се видат мене секогаш прва да се поздравам ми е страм .. ако дојде некој да се Поздрави прв.. Ок.. ако не си стојам од страна како да не сум присутна.. Многу често се дешава да ме исмејуваат..-истиот случај е и кај мене)Додека не здивеш сите ке те газат.Мора да знаеш да се бориш за себе,ако сакаш да успееш во животот.Но,секако,многу е послесно ова да се каже отколку да се направи.Можеби е оваа е последица од недостаток на самодоверба.Барем кај мене јас мислам дека е од тоа. И незнам колку ке помогне ова,дека нели си срамежлива.Но,јас мислам дека и кај тебе е последица од недостаток на самодоверба,па можеби треба да промениш нешто во својот изглед,стајлинг. СОВЕТ:Пробај да се здружиш со машките,веруј многу подобри другари се.И поубаво ке си поминуваш со нив,ке се смеете,зезате,место да трачариш со женските.(мада има сеа се повеќе и машки трачари,зависи на какви ке налеташ) Поздрав и со среќа
Јас кога запознавам нови луѓе се трудам да оставам добар впечаток. Секогаш сум позитивна и насмеана, а ако ме понесе муабетот и дрдорка . Имам една другарка која е скроз друг тип таа е многу молчелива дури и со тие што ги познава. Порано копирав се од неа хахаха што правеше таа и јас тоа во прва година зошто само неа ја знаев од класот и даа молчи срамежлива и ја викам па шо ја ќе зборам со нив да не испаднам глупа x) па и затоа не се зближив тогаш баш со учениците сега си се понашам онака природно не ни мислам што ќе кажам како порано па кој како ќе го свати да не ме исмејува некој.. Само што еве сега привршувам со средно училиште и ме фаќа страв за на факултет како ќе се зближам со колегите . Нема да одам во мој град во друг град ќе сум па да не ме отфрлат Зашто во прва година имав непријатно искуство и не сакам тоа да се повтори
Maка мачам со срамов, не можам и не можам да го надминам.Толку многу прилики пропуштив во животов ради пустиов срам, едноставно само по себе ми доаѓа, не можам да се пресрамам.Значи со луѓе што се знам подолго време, што ми праат муабет и што ги чуствувам блиски сум најнормална не се срамам, можам да зборам за се и сум отворена, ама коа ќе дојде момент да се запознаам со некој нов, или пак со некој што ми се свиѓа или не знам, се збунувам, поцрвенувам, се здткувам и се повлекувам.Решение има ли?
Срамот е негативна особина само дефинитивно, има само негативни страни,веднаш ја открива нашата несигурност и страв од конфликт и борење за тоа што е наше.Па уште толку влијае и за успехот во животот,посебно за работи каде социјализацијата е важна. Можеби некогаш мислиме дека срамежливоста е слатка и асоцира на скромност но вистината е горенаведеното. Мора да бидеме опуштени и сигурни во себе,да не се плашиме од луѓето. Најлошо поминуваат срамежливите,зошто секогаш ќе им се прикачат ископлексирани луѓе кои ќе лечат комплекси на нив,затоа срам никако. Страмежливите луѓе не се ни глупи ни мутави ни досадни, и голем дел од нив имаат да кажат многу повеќе и од оние не-срамежливите, само проблемот кај нив е што не можат да се ослободат и истото да го кажат. Дали поради недостаток на самодоверба или едноставно како карактерна црта...
И јас си иам еден проблем со срамење....јас не сум срамежлива по природа зборам тропам глупости ги смеам останатите и со друштво што не го знам се вклопувам и другарки со дечковци запознавам и све тоа ама во мене срам се раѓа кога јас сум со некој што ми се свиѓа или треба да излезам со некој или нешо мување да има значи тогаш уста не отворам не знам што ми е и сама се чудам на тие моменти
Тоа што се срамиш пред некој што ти се допаѓа е нормално. Но нетреба многу долго да треа. Би требало со текот на искуството и годините да го снема тој срам. Мислиш на тоа што ќе мисли за тебе, да не кажеш некоја глупост, да не не му се доаднеш и затоа се кочиш. Доколу си целосно сигурна во себе и се наполниш со самодоверба, нема да го имаш тој проблем кога си со некое машко, а штом немаш проблем кога си надвор со другарите и другарките би требало тоа лесно да го надминеш
Навистина ми треба помош...Порано не бев многу срамежлива,бев поопуштена но откако тргнав во средно се се смени.. Срамежлива станав во секој поглед...Ми се допаѓа едно момче две години,а јас од страв и срам не можам да направам ништо...А сакам многу сакам да се обидам нешто да направам но страв ми е дека ке бидам исмејана или дека ќе се избламирам и слично.А веќе не можам да издржам да седам вака.Од се срце сакам да го победам сето тоа...Исто така и поцрвенувам Ве молам дајте ми некој совет,навистина ми треба.
Срамот ми е најголем проблем во животот, и не можам никако да се ослободам од него. Дома и со најблискоите си правам нормално муабет без никаков срам, амаа на школото со школските или кога треба на симпатијата да му преговорам нешто, леле пола саат се мислам дали да му кажам нешто и на крајта кога ќе соберам храброст, касно е. Заради срамот не можам да успеам во животот го знам тоа но како да го надминам. Се трудам секоја ден да бидам по не срамежлива но ете многу тешко оде. Хелп? барам од сите вас, бидејќи веќе не можам да си го упропастувам животот.
^ И јас кога бев помала имав проблем со срамот. Не можев да се опуштам пред некои луѓе, но со текот на годините тоа го надминав. Кога појдов на факултет многу ми беше срам да отидам кај професор во кабинет за да прашам за оцена, да земам оцена, да земам потпис, да одговарам пред студенти. И еден ден лепо и фино во цел анфитеатар пред 500 студенти јас одговарав (полагав устен испит). Не болеше многу и мислам дека тогаш почувстував дека се опуштам пополека. Со текот на годините сфатив дека морам да пробам да се опуштам и да го надминам тој срам. Почнав да работам пред две години во јавна администрација исто на почеток пак некако срам ми беше да се опуштам, но си реков во себе МОРАМ, и така го надминав и тој срам тогаш. Душо мора сама да се ослободиш, и во себе да си размислиш дека на денешницава не се успева така со срам и со затворање во себе. Самата ќе сфатиш со текот на годините. Колку што гледам сепак имаш 15 години, ќе видиш со тек на годините ќе го надминеш тоа. Само мора да се опуштиш. И немој да мислиш на тоа како пречка во комуникацијата. Едноставно почни пополека да правиш мубает, слободно така без да му ја мислиш многу. Ти посакувам се' најубаво и се надевам за брзо време ќе го надминеш тој пусти срам.
Ептен бев срамежлива,ептен порано,ама сега се повеќе и се повеќе се оттргнувам од срамежливоста.Посебно некогаш во некои прилики кога ке ми пукне филмот,па на некој што не го познавам,ке почнам да му зборувам како на некој што го познавам со години.И за се ова ми помогнаа братучедите,што бескрајно се срамев од нив иЗ денес како браќа да ми се.