Значи вака, можеби ќе ви е чудно може и не, ама мојот проблем е во тоа што мене ми е срам да се опуштам кога сум на журки, во диско, на родендени, и јас имам 15 години. Значи не се срамам ни кога треба со некој да се запознаам ни од нешто друго, но мене ми е срам да играм.Можеби е глупо ама ете, неможам... Сите мои другарки се опуштени и си се слободни ама јас не. пред неколку месеци кога за 2 пат испаднав со друштво во дискотека, тогаш си играв слободно онака како што знам а веднаш до нас беа едни деца кои се поголеми 2 години од нас, учевме во исто школо и кога дојде понеделник, разбрав од другарка ми дека сите ми се смееле дека воопшто сум немала појма да играм убаво. А и морам да признаам јас навистина не играм убаво, за разлика од моите другарки, но порано не се замарав со ова но сега да, знам како ќе кажете дека се само идиоти и дека ова е глупост, но кога еднаш ќе ти се разруши самодовербата во било што, многу е тешко да се изгради повторно, но сигурна сум дека ќе решам овој проблем со тоа што ќе се потрудам да научам поубаво да играм. Па затоа ако сакате и знаете пратете ми во лп некои клипови, јас барав ама не можев да најдам. Фала ви однапред.
Немам проблем со срамот. Но, не можам со секој да се дружам. Имам определено со кој можам да се дружам и тоа е тоа. За разговор можам да направам со многу луѓе, да развртам теми и сето тоа, но дружењето е друга работа. Ми треба многу време дури да запознаам некого. Многу личности мислат дека се занесувам или нешто слично, но тоа не е вистина. Таков впечаток оставам бидејќи уште од почетокот давам до знаење која сум и не си дозволувам со секого ,,да си го имам муабетот''.
Додека бев средно бев многу срамежлива. Сега веќе не сум. И јас не можам да правам муабет со секого. Правам маубет само со оние што ми одговараат. Многумина можеби мислат дека се преценувам, ама не е така. Едноставно, не можам со секого да имам теми за разговор.
Ме нервираат понекогаш такви луѓе. Излегов со еден дечко он срамежлив, да незнаев дека е срамежлив ќе си помислив овој не ме рецка, среќа неговите другари ми кажаа хаха. Така изгледа од страна тие што се срамат такви изгледаат, молчат цело време некој ќе си помисли ее овој намќор несака ич да збори и другарка ми е таква понекогаш цело време ќути човек ќе помисли оваа се прави важна не збори, а што имам една другарка па скроз контра е на оваа цело време си збори бла бла и неможеш до збор да дојдеш до неа, ама ок мене кога не ми се збори ете ја она нека збори ме одменува понекогаш
Вежбај како што би вежбала кога никој не те гледа. Мислам дека помага. П.С Онаа за оценките...ме потсеќаш на мене кога на физичко оценуваат за одбојка. И јас сум скроз одлична и се плашам дека ќе имам послаба оценка кога играме одбојка.
Срамежливост Има има.Јас сум една од тие срамежливки хаха Шала на страна, многу е лошо да си срамежлив, еве знам по мене.Најголем срам досега сум немала, ама еве ќе почнам вака.Поцрвенуваш од срам кога треба да зборуваш преде некој со поголем авторитет од тебе.Зборувам за повозрасна, попопуларна личност, некој наставник, или некоја попозната и крената личност бидејки си мислеш ќе треснеш нешто и ќе бидеш исмејувана.Друго кога зборуваш со некој непознат имаш едно ептен грдо чувство, како стомакот да ти е полн со камења.И најмногу ти е срам кога треба јавно да зборуваш и да рецитираш пред многу луѓе, а причини сигурно ги знаете.А чувството да знаеш дека си контрлорирана од срамот е многу лошо, прелошо.Но добро е што сепак не сум дошла никогаш во таква ситуација како твојата сестра, не сум до толку срамежлива. за ова сметам дека е највиновна самодовербата која ја немам воопшто.Подебелка сум, и постојано си мислам дека ако дофрлам на некого нешто ќе ме навреди а јас не сакам да бидам повредена и сл.па затоа во многу ситуации знам да се напраам наудрена и сл.Ама знам дека кога ќе го добијат телото што го сакам, и ги направам промените кои сакам да ги направам, оваа срамежливост ќе се искорени.
Срамежлива И јас бев срамежлива, а искрено, и сега сум по малку... Кога требаше да се запознаам со некој, само, си кажував дека тоа не е ништо, и слободно се чувствував кон оној што го запознавав. Исто така и срамежливоста го опфаќа оној дел на душата каде што не си самоуверена. Јас на тоа си кажувам, па зошто да се срамам, ако тие не се срамат ни јас нема да се срамам, ќе го покажам мојот став кон нив. Никој не смее да ме суди, не е негова работа. Затоа, биди си слободна, сталожена, и ќе ја надминеш срамежливоста.
Срамежлива Сакам, да се запишам на драмски фак, меѓутоа тоа е она што ме плаши срамежливоста. Се надевам дека ќе ја надминам со текот на времето.
Срамежливост Јас кога бев помала од сите се срамев....Абе кога ќе отидевме кај баба ми и дедо ми не се поздравував оти ми беше срам и седев настрана пола саат(после ќе се пуштам) а не па некој подалечен роднина да дојде ....Сеа не е така ама еве кога треба да флезам во канцеларија на директор понекогаш ме фаќа срам..
Ko јас ова да сум го пишувала, само што сум помала... Можеби малку ќе забегам од темава sorry.. Во школо и со мене е исто, на големиот одмор сите си имаат друштво, за ваму таму, само јас седам на клупа и се преправам дека нешто читам... Другите девојчиња се збираат како во круг на некое место и кога јас ќе им се приближам како да го менуваат расположението и почнуваат нешто да си шепотат... едноставно ме игнорираат, пробувам да се дружам со некој и не ми успева.. не ме рецка и си заминува со друго дете... Кога има родендени, сите од класот се поканети освен мене. И сите тогаш се збираат и шепотат кога се договараат за каде итн. Исто и кога се договараат да излезат за н.г. или онака обична прошетка.. мене никогаш не ме викаат.. И мене често ми се случува да ме навредуваат и да ме исмејуваат.. НЕ дека немаат право со тоа што го кажуваат, но.. ете тоа и ми ја намалува самодовербата... всушност ја немам воопшто и од тука излегува и преголемиот срам , не знам што да правам веќе И да, заборавив да напоменам дека до лани подруго беше, секој со секој се дружеше а и јас со сите, ова годинава почна..
И јас страдам од таа болест СРАМОТ. Од тоа што премногу се срамам незнам што да кажам,што да одговорам кога некој ке ме праша нешто или сл, дури и почнаа да ме исмејуваат. Само си молчам и мислам како да се ослободам од срамот и како да кажам нешто, мислам дека тоа што ке го кажам ке биде многу глупо и ке ми се смеат. Понекогаш мислам да посетам психолог. Се надевам дека ке ми дадете некој совет
И јас бев таков до скоро. Ама на крај краева размисли... што ти е тебе гајле дали ќе ти се смеат или не? Сите кажуваат некогаш нешто што не треба и сите прават грешки. Ја еве цело време тресам глупости па никому ништо Неможеш туку така да се ослободиш од срамот ама мораш да почниш некаде. Кога ќе дојде време да бидеш посериозна за нешто од тој срам ќе заглавиш... пример како јас на едно интервју за работа...закочив... Не вреди едноставно да му ја мислиш за се што ќе кажеш дали ќе биди глупо или паметно..и онака повеќето не го приметуваат.
Срамот се јавува кај сите луге кои имаат барем малку совест. А, се чувствува на тој начин што срцето почнува побргу да чука, имаш забрзан пулс, ти црвенеат образите, ти се потат дланките а ...... Дали јас чувствувам срам? Секако да, чувствувам срам посебно кога нешто ке ветам а нема да го исполнам, Чувствувам срам кога ке морам да ја премолчам вистината, чувствувам срам кога поради моја немарност и егоизам некогаш нема да помогнам некому на кого вистински му е потребна помош. Се срамам кога ке се нервирам затоа што секогаш настојуваме да имаме поеке, и повеке и никогаш не ни е доста, додека има луге околу нас кои немаат ниту корка леб..... Се гордеам со тоа што сеуште го имам чувството на срам, бидејки кога човек ке го изгуби чувството на срам ја губи и човечноста.
Se sramam da odam na plaza i da oblecam fustance bidejki na nozete imam belezi mnogu gi mrazam se sramam od moeto telo
А да одиш на дерматолог да ти ги види ако се толку страшни за да се срамиш да ти препише некоја маст? М? Инаку се сомневам дека некој би ти ги гледал тебе нозете и белезите на улица. Мораш да се охрабриш некако, не е тоа толку страшно, сите имаме по некоја маана.
Здраво Ви сакала да побарам совет од вас, бидејќи имам проблем со срамот. Постојано се срамам од нешто-пример да разговарам за некои работи со другарка ми или пак со другите, имам ниско мислење за себе...се срамам да се нашминкам и излезам таква надвор.
И јас сум една од оние кои се срамат сите што ги познавам имаат големо друштво излегуваат,се шетаат и се ама јас едноставно неможам да се опуштам Имам неколку другарки со кои разговарам и се дружам Многу ми треба време додека се навикнам на нова околина. И затоа ги разбирам оние кои имаат проблем со срамежливоста Па неможеме сите да бидеме исти ебате
И јас порано бев срамежлива. Многу. И сега сум малце, не велам не ама не е како порано. Многу пати сум била погрешно сватена ради таа моја пуста срамежливост што ја имав, што не е во ред.