Влејте си малку повеѓе самодоверба и верувајте повеќе во себе страмот е само недоволно верување во себе. Пробајте со тоа дека никој не е поразличен толку од Вас и дека истите вредности па дури и поголеми имате од некој луѓе но тртеба само да верувате во нив цврсто и да си ги истакнете. Исмејувањето кон Вас игнорирајтего и возвратете им на исмејувачите со доказ дека пред се самите си се цените како личност и дека имате карактер став. Не премолчувајкте ништо што мислите дека би ве повредило или ве повредува. Аргументирајте и истакнувајтесе и секогаш идете со мисла дека ако не повеќе но во иста мера, паралела и рамни сте со секого.
Дете си, претпоставувам. И мене ми било срам да зборувам за менструација, да речеме, па некогаш и за симпатии, или за било какви банални теми пред одредени луѓе. Ехааа, ми било и срам од бутик да излезам ако не купам ништо, па трупав глупости. Побогу, и сега се срамам во поголеми друштва да се вмешувам дури не испитам ситуација. Па и не е тоа нешто страшно, а е секако подобро од влетување во муабет и глумење шут, онака, чисто колку да те има. Шминкањето ти е веројатно исто нова работа, а на дете во развој и кревки години, му влијае секое мислење. Ќе се нашминка неспретно, ќе излезе, ќе ја зјапаат вака ко хиени што едвај чекаат некој да утне, па ајде после млати празна слама, нека билда комплекси детето. Кога овде се фаќаме за грешки, што останува па за надворешниот свет што ја знае. Пробај опушти се прво со поблиските другарки на кои навистина им веруваш. Почни со нешто ситно, ќе видиш дека и не е толку страшно ко што си умислила, иако сметам дека со тек на време се намалува срамежливоста, барем за одредени работи, посебно па кога ќе спознаеш како функционира просечниот човек во едно општество.
Јас сум премногу срамежлива, кога и да се најдам во ново друштво, без разлика машко или женско, јас буквално се кочам..незнам што да кажам и постојано молчам. Едноставно незнам како да се вклопам во ново друштво и да се запознаам со други луѓе. Ми треба повеќе време да се опуштам и другите да ме запознаат онаква каква што сум. Се трудам да изгледам весела и се тоа, но никако не ми оди..овој срамот ужасно ме кочи во се..ако сум во женско друштво секогаш мислам дека нема шанси тие да се здружат со мене бидејќи сме различни, ако сум во машко пак, си викам никогаш нема да ми прозборат бидејќи сум грда и постојано молчам и се некои такви работи ми се мотаат во главата и поради тоа имам мал број пријатели. Може ли да ми дадете некој совет, да се променам и да го надминам срамот? Ви благодарам однапред
Што ли да ти кажеме на ова ... јас сум дрдорка и многу самоуверена и тоа веќе жена (значи постара од тебе), вака сега, според мене малку ќе читаш за да имаш познавања од општа култура најпрво, а потоа и насочени знаења меѓутоа за во друштво мора да имаш познавања и да научиш како секој разговор да го насочиш во онаа насока која тебе ти одговара (ова се однесува на разговори со дечки) и да знаеш кога да пресечеш. Знаењето навистина е моќ мила, ќе бидеш многу посамоуверена дури и да те потценува некој ќе дојде момент кога ќе го оставиш со вилицата падната надолу Што се однесува до убавината, душо младоста е убава сама по себе, опушти се, секои очи исто не гледаат, а ако тоа ти е како комплекс шминкај се, кај жената самодовербата се крева на тој начин, сепак верувај убава чиста насмевка за вистинското друштво е повеќе од доволна. И друго што би рекле на темава ... утврди си што сакаш и земи го тоа сама ќе видиш како срамот ќе ти помине, а кој што сака верувај ќе те дознае како дишеш, не само каков ти е карактерот Поздравче
Најмила, тоа е сосема нормално што ти се случува. Но, ако не си помогнеш ти, никој нема да успее во тоа. Размисли и запрашај се зошто да го поминеш животот во срам и прекрување. Животот е доволно убав за да се опуштиш и уживаш. Најдоброто решение за оваа твоја ситуација е да се соочиш со срамот и да го пребродиш, колку тоа и да е тешко, верувај ми дека ќе успееш само ако пробаш да се опуштиш и комуницираш. Се ќе ти дојде спонтано, секој разговор и емоција, ќе видиш дека нема страшно. Пробај, и не се затворај во себе, никогаш!
јас по природа сум срамежлива личност. кога се пави муабет во друштво они нонстоп разговараат за такви некои глупави работи јас не можам да се пронајдам во тие разговори. сепак сакам да изгледам весела но од внатре не ми е убаво
Ова може и да не е проблем во тебе, туку во нив, и може едноставно да не ти одговараат за дружење. И јас сум го имала тој проблем, се дружев со луѓе без ниедна заедничка тема за разговор и цело време мислев дека јас правам нешто погрешно. Понекогаш сме премногу самокритични и ја бараме вината само во себе.
Јас еве и се омажив, и детуле си чекаме и созреав а срамежливоста како појава остана во мене. Не знам како да ја искоренам. Од луѓе што прв пат ги гледам кога се запознавам пропаѓам во земја од срам,а особено кога се запознавам со некого пред некој познат (на пр. свекор ми,свекрва ми).. Абе се вцрвувам жар си го осеќам лицето ми гори.. Како бре да го искоренам ова? Се чувствувам како да не знам муабет да направам во моментот а не сум таква баш сум зборлива. Е ако се дружиме подолго време веќе се опуштам и поретко ми се случува да ги вцрвам образите Ама пакк некогаш кога се зборува за мене пред некого оп ете ги образите. Абе се мразам себеси поради оваа појава. Не знам дали има решение
Не занм дали срамот би го лкасифицирала во патолошка состојба но многупати умирам од срам. Да не кажам нешто погрешно или да не се изглупирам. Можеби е нешто поврзано со самодовербата или пак да не испаднам грда пошто ги има поубави од мене, а неминовно е...
Имав јас едно време проблем траеше добри два месеца. по природа не сум личност која се срами ама не знам што ќе беше ова - се срамев да разговарам со некој и да го гледам во очи.не можев да воспоставам контакт очи во очи. почнав сама прво дома кога ќе разговарам да ги гледам во очи, па така на поблиските и некако помина.. сеа добро е ...
@Sahlene добро е да се има срам но, не претерано, претераното немање срам ми личи на патологија, додека ова ќе го средиш со подигнување на самодовербата.
Страшно го мразам истото кај мене.Абе одма,одма во секундата нешто ако има се вцрвенувам.Значи не се срамам јас толку колку што сум црвена во лицево.Ужас,пропаѓам тогаш па и над тоа ќе ми речат "Леле ама си црвена" ,и јас уште толку хахха..Значи имам самодоверба,ама ете тоа е.И пудро ставам ,ма џабе е се..Си излегува тоа на површина..Тоа најмногу го мразам кај мене.Ама решение тешко..
Па некогаш се срамам, некогаш не. На пример, кога со некого ќе излезам на кафе некако не ми е згодно јас прва да влезам и така сите во мене да погледнат. И онаа ситуација кога треба некаде да се тропне на врата и ај ти влези прв/а. Се срамам и прва да му пристапам на непознат или прва да му кажам на некого дека го сакам. Срам ми е да купам кондоми од аптека. Воглавно, тоа се тие нешта кои ми се онака ,,потешки'' во животот.
Порано бев повеќе срамежлива сега се опуштив не дека не се срамам некогаш во некои ситуации знае да ме задрма едно незгодно ама воглавно се опуштив се чудам и јас како ама ете...
Мене некогаш ми се појавува срам и тоа во најнезгодни ситуации. Каков што беше случајот со фудбалот јас немав таков проблем. Мене исто професорот ме тераше да џонглирам. Си викам јас и џонглирање? Што се разбирам јас од фудбалот? Ама ајде ќе види тој, ќе му остварам него желбата. Како што зимам да џонглирам, гледајќи ги другите како го прават тоа мене несакајќи ми летна топката кај професорот во глава Среќа имаше човекот рефлекси иначе ќе завршеше во болница. Сам си го бараше.Па си добив едно 2 за трудот Кај мене срамот се појавува кога треба да разговарам со постари луѓе.Незнам зашто. Дали се во прашање роднини, семејни пријатели или познаници не е битно тоа. Кога ќе почнат со нивните прашања за дечко, факултет почнува да ми се гади. Имам чуство како да незнам што да им одговорам.Не сме на иста возраст па да се зезам, нели?! Во друг случај исто кај што се срамам, кога некој дечко ќе ме викне да ме запознае со неговите. Јас кога моите ги запознав со еден дечко бев земјо отвори се и голтни ме.Ќе потонев од срам.Дали ќе го прифатат, дали ќе го сакаат и слични прашања.Секако дека го прифатија него. Исто е и обратен случај. Знам дека од ова ќе морам да се спасам, бидејќи кога тогаш ќе се мажам со некој и ќе се замарам со неговото семејство, околина. Првиот момент секогаш ми бил најбитен, ама на прв момент можеш да потонеш од срам. Има некој што целосно се ослободил од срамот? И како? Дали мојот срам ви звучи нормален? Се срамите ли и вие во вакви ситуации? Се приметува ли кај вас срамот? Мене знаат и рацете да ми се оладат од тој срам, па се вадам дека секогаш ми е ладно
Генерално немам срам за повеќето работи, но имам граница на однесување. Не ме фаќа срам, но кога ќе погрешам знам ладнокрвно да се извинам.