Исклучиво ретко се срамам. Мада некогаш, поједе ме туџа срамота Како дете и девојчурак , да. Како стареам, ц.
Јас сум премногу страмежлива... Ако не се чувствувам дека сум убава кога правам муабет со некој толку многу се стегам и зборовите треба со ортома да ми ги вадиш... Не можам да разберам зошто сум ваква кога си мислам дека сум грда...
Се вели дека отсуството на срам кај луѓето е знак на глупост. И се согласувам со тоа. Мислам дека за секој од нас е нормално, природно, па дури и корисно да чувствува одреден сомнеж во себе. Незамисливо ми е спротивното... Сметам дека секој разумен човек го познава ова чувство, а тие што го тврдат спротивното веројатно лажат или не сакаат да си признаат
Цел живот ми помина во срамежливост . Некако од мала ме заредија еден куп работи ( бев болежливо дете , и како последица на тоа , бев избегнувана од соучениците во основно ) , останав сама , без друштво . Имав само еден другар од клас ( воедно и комшија ми беше ) и единствено со него се дружев и комуницирав . Како растев , сменив клас , и се опуштив малку со другиот клас , во средно тотално одлепив , немав влакна на јазикот . Откако се омажив , гледам да не навредам некој несакајќи , се трудам да се воздржувам . Има денови кога сарказмот ми е на левел 100 , ама има и денови кога едноставно не ми се зборува . Многумина ме сметаат за срамежлива личност , иако јас лично сметам дека само научив да преќутувам и да не придавам значење на секој човек .
Порано како дете бев многу срамежлива, ама како поминуваа годините така и срамежливоста се намалуваше. И денес се срамам ама нормално е секој се срами бар за нешто.
Бев мн затворено и срамежливо дете, дете кое не се снаоѓаше и немаше другари. Тоа едно време и на психата ми удираше. Се опуштив тек после 21 година....Сега сум екстроверт. Иако некогаш уста не отворам и седам во едно место и ќутам. Станав она што го викаат екстровертен интроверт - кој е екстровертен спрема надворешниот свет, а дома пре би ќутел и мирувал. Срам имам од нормални работи, секогаш треба да си ја знаеме границата.
Па секој треба да има чувство за срам, инаку претходно како помала повеќе имав срам, сега ми се намалува со тек на годините, само немој без осет да останам 
Јас срамот го гледам како недостаток на самодоверба. А самодовербата се гради од мали нозе. Ова е само мое мислење од мое искуство. Не сум психолог, ниту сум читала на темата.
Па и не се баш сложувам, кога бев малечка бев многу посрамежлива а пуцав од самодоверба, сега многу ми е намалена самодовербата и сеуште сум срамежлива ама не до толку колку што бев кога бев мала
Mnogu ama premnogu sum stramezliva. Na ucilste se stramam da zbornam se stramam da kazam se stramam da citam od se bukvalno se. Kako da go nadminam ovaj stramm??
Вежбај пред огледало говорење однапред на пример како да си на испрашување, сама со себе вежбај го така материјалот да видиш како делуваш, ќе собереш самодоверба така, гледај повеќе прилики да користиш јавно/пред луѓе (еве и во клас кога си, одлична прилика да го надминуваш полека срамот) да збориш за со тек на време да се опуштиш малку по малку. Срам/срамежлива е правилно инаку.
Осеќам, ама не покажувам и одамна не се срамам од комуникација и интерперсонални односи, туку срам ми е да не нешто ситно згрешам, нешто да не испадне несовршено итн. *Само за ситни и безначајни нешта ми се случуваат грешки зашто поважните внимателно ги обмислувам.
Отсуство на срам, е отсуство на осет. Така да,здраво е доколку го имате во нормални количини,нема ништо лошо во тоа,напротив. Човек што нема срам,ќе биде упорен,настојчив,ќе бара што и да посака,без разлика дали тоа може да го добие,нема здрави граници за многу нешта,егоист е...Едноставно не му е грижа дали претерува со однесувањето...