1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Србија и Босна и Херцеговина под вода

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 17 мај 2014.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Навистина жално. Помислете само како ова можело а и може да дојде и до нас. Страшна работа.

    А секоја чест на оние што донираа. Сепак има надеж. :) Има добри луѓе.
     
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ОД 12-00 ДО 17-00 НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, ДОНИРАЈТЕ И ПОМОГНЕТЕ ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ! ПОКАЖЕТЕ ЈА ХУМАНОСТА!

    ЗА МАСОВНИ ДОНАЦИИ, КОНТАКТИРАЈТЕ ЈА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА 077-549-944 (КРИСТИЈАН) ИЛИ 078-314-949 (МАРИЈАН)

    ПОМОГНЕТЕ И ДРУГИТЕ ДА ДОЗНААТ!

    ВО МЕЃУВРЕМЕ,

    Телефони во раце Македонија!
    Јавете се на 143 400 ОД БИЛО КОЈ оператор и донирајте 100 ден за поплавените во Бих и Србија.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    За ХААРП веќе може да прочитате дека е реалност. Неприфатена,но е реалност. Се повеќе се удира на смешка и параноја, баш за да се оттргне вниманието од вистината.

    Непосредно до јадранскиот брег се појавиле кругови, меѓу сите останати глупости.
    Молчењето е решение затоа што нема начин.

    Нејсе, пакети вода спремни,бебешка храна спремна, пелени спремни, средства за лична хигиена такоџе, конзерви исто. Се ова може да ве кошта и само 2000 денари ако имате барем желба. На Кванташки поевтино е, па ќе можете и повеќе да набавите.
    Мене сериозно ме потресува ситуацијава,евидентно е. Се надевам нема да има повеќе жртви, и другото е тешко,ама не е непоправливо.
    Ако не можете повеќе донирајте 100 денари на 143 400.

    Се надевам дека од АРМ ќе донираат од вишоците кои секако ќе ги фрлат за 6 месеци, а и како што знам имаат доста ќебиња кои се вишок веќе со години.

    И затоа што некои простаци се исмеваат зошто пишува - чоколатца, бонбони и инстант кафе, да им појасниме зошто. Затоа што е инстант јагленихидрати,висококалорични за да им дадат моментална сила за да можат во овие моменти да ги крепат и држат будни, да им даваат енергија. Не се зевзечете без врска, не е тоа луксуз. Во една војничка маренда во Авганистан ги има овие работи пресметани во точна пропроција зошто. Сигурно би се запрашале што ќе му е на војник бонбонче и кафе. |(
     
    На kate21, Unica, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Се повеќе прифатена реалност е тоа што луѓето со масовната достапоност и развиток на компјутерската и интернет технологија се во можност да пишуваат секакви глупости и конспиративни идеи за масони, нов светски поредок, HAARP со цел да ги споделуваат своите шизофрени лудории со пошироката јавност. Знаеме дека сите светски сили имаат свои скриени градови и лабаратории каде што развиваат нови технологии, но конкретно тоа нема допирна точка со Србија и појава на кругови во Јадранот.

    Не е проблемот во HAARP, туку во слабата инфраструктура воопшто овде на Балканот. Многу помоќни и поорганизирани држави тоа го регулираат со речни корита и многу софистицирани решенија, па затоа и не им се случуваат вакви работи. Во секој случај ни најмоќните држави не се имуни на природата. Таа е наш господар и тоа го покажала милион пати.
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Каде е МПЦ да донира нешто, малку работи оставаме во црквите(масло, чорапи, крпи,пари) за празници? И да ХАРП е во прашање, целото невреме требало да заврши во Полска. Иначе никој не им е ни нив ни нас ко ќе се поплавиме крив што не си ја чистиме канализацијата и општо каналите. Најголема иронија е што ХАРП уствари е изум на Никола Тесла, и тој прво на кралот на СХС ги понудил неговите изуми, ама како и да е оваа тема не е за тоа. Да немав за полагање и јас ќе одев да помагам во евакуацијата и утре ќе донирам на еден од пунктовите и денес неколку пати по телефон донирав. И треба од полиција сите прчли и прчловци што само се сликаат по фб да ги соберат и да ги пуштат во Србија и Бозна да помогнат, да видат дека има свет и живот подалеку од нивниот нос, бидејќи ништо чудно родителите и бабите и дедовцитена сега засегнатите со поплавите, да спасувале и помагале на нивните претходници во '63. :!:
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде на друго место да ја објавам сликата.
    Навистина ме трогна.
    [​IMG]
     
    На Lolipop23, Dog-lover, mila25ve и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Да, навистина е трогателно! Луѓе умираат, без храна, заглавени во згради, погинати, а ти овде ставаш слики од џукели. Извини, ама не сум хипстер и љубител на кучиња и за мене човечки живот е 200 пати повреден.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Еј, браво! И во оваа тема се најде некој да се рчне :fubar:
    Psihologue, ако сакаш да помогнеш - донирај. Не туку кажувај тука на кого треба да се помогне.

    Имаше пишано во другата тема, ама еве и овде - утре на плоштад ќе има пункт отворен од Асоцијацијата на активисти за права на животните. Доколку сте во можност, донирајте сува храна, конзерви, поводници и кебиња за да се спасат што повеќе животни од поплавените подрачја.
     
    На cresa-jagoda, Edie.S и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Господе боже па зарем животните не се живи суштества? Зарем нивниот живот не вреди ништо?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Да ви кажам најискрено тука е страшно јас сум во паника, мои другари познаници нивни куќи се поплавени, некои ги евакуираат или чекаат да ги евакуираат да ги донесат во Белград. Тука во Белград се сместуваат во школи, на хала во саемот, во спортски хали стварно е страшно. Хотелите а и луѓето кои имаат смештај ги обавестуваат надлежните за тоа за да евакуираат и луѓе таму.
    Народот колку е солидарен не можам да ви опиша, јас бев денес волонтирав во општината и не можам да ви опишам колкави количини на ствари луѓе носеа, волонтери имаше преку 100 сигурно. Вчера кажаа дека им се потребни 1500 волонтери во 9 вечер (неколку саати пред тоа објавија) имаше реку 3000 собрано пред сава центар.
    На телевизија константно има вести, емисии за ова во живо јавувања стварно е страшно. :worried:

    Искрено мислам дека не би била волку потресена да не бев тука, да немав луѓе што ги познавам што буквално цели куќи им се уништени. Се што цел живот граделе за неколку минути исчезнало.

    За тоа колку жртви има рекоа дека нема да известуваат додека не се смири малку ситуацијата за да не се крева дополнителна паника.

    Некои патишта беа затворено, непроодни воопшто, меѓу кои и автопатот (вчера) е75 околу 5 попладнето и таму се поплави и не знам кога го отвориле ма да мислам дека е отворено.

    Имам двајца другари од Крупањ, местото буквално беше одсечено од светот пошто копнен пат немаше да се стигне до таму, вода немаше ни струја, вчера им стигнало струја во мал дел од местото.
    Стварно е страшно немам зборови, имам желба сите да ги приберам и згрижам кај мене дома, не можам да ви опишам колку сум потресена од ситуацијава никогаш не сум била волку блиску до некоја ваква трагедија и стварно е катастрофално... ;(
    Не знам колку пати се расплакав деновиве, сабајле мислам дека ке полудев неможев само да седам дома додека се дешава ваква трагедија. Сакам бар малце да се осеќам корисно тука, а човек наспроти природата е толку мал и небитен...
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
  12. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Животните имаат инстинкт и нивниот живот е во природата, улицата така да тие имаат инстинкт да преживеат. Пуштете ги животните да живеат таму каде што им е местото наместо да изигравате холивудски ликови и да им купувате специјална храна, патики и маици лол
     
  13. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Тешко нив :( . Се надевам дека сите навреме ќе бидат евакуирани и дека нема да има повеќе жртви. Што се однесува до човечноста пријатно сум изненадена од сите граѓани што покренаа иницијатива да се соберат средства, да донираат нешто, да помогнат. Трогателни се сликиве на веб-сајтовиве, но уште потрогателна е нивната состојба... што ќе прават кутри луѓе после ова, каде ќе живеат.
    :( :( :( Душа мала
    [​IMG]
     
    На cooll, anuskaNESTLE, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Зарем не вреди животот на кобрата, алигаторот, лавот, глушецот, бубашвабите, па оди спасувај ги? :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Е баш токму ти ми требаше да позборуваме за новиот светски поредок. |(
    Манипулацијата со временските непогоди е тема која одамна се спомнува, а ти дотичен психологу малку позабави се по некој документарец и прочитај по некој научен труд по оваа тема. Нема никаква врска со масони и нов светки поредок.

    Туку кажи што ти планираш да правиш околу ситуацијава, не туку цитирај се некој тука за да нешто спушташ и паметуваш. Ако планираш да го правиш тоа, одвишок си на темава, уште сега ти кажувам.

    А и веќе ми е јасно за каков човек се работи кога спомна живот и прашање дали вреди тој живот во иста реченица, независно за каков живот се работи. Не мораше ти да дојдеш за да ние знаеме за природната селекција која не е тема на муабет.
    Ако си психолог како што се претставуваш ќе знаеш нешто повеќе за човечката душа, но тебе очигледно ти недостига малку повеќе емоционална интелигенција.

    Така што, те молам олабави ја темава,навистина нема потреба од мудрување и некои си обиди за рационализација. Пак ќе споменам, ако си психолог би требало многу повеќе да знаеш како човекот функционира и реагира во вакви ситуации.
     
    На Edie.S и Jenniffer им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Психолог, ај не филозофирај овде многу! Ти ќе кажеш кој што да реди во темата.

    [​IMG]



    Na prvoj fotografiji je čovjek koji je iz nabujale vode spasio srnu koja nosi mlade, dok je na drugoj fotografiji mladić Amel spasio male psiće iz jezera u Jajcu


    Ова е во Босна [​IMG]

    Во вакви ситуации не треба да заборавиме на ниедно суштество... За ситуацијава што да кажам, озбилно многу ЖАЛНО, дефинитивно цел ден слушам за ова, абе пусти луѓе, Господ нека им е напомош :(

    П.С бубашвабите тебе ќе ти ги оставиме ти да ги собираш ;) Пошто некако потресен/a.
     
    На FotoLina3, Dog-lover, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Psihologue, каква врска има лавот или алигаторот со акцијата? Тоа се диви животни.
    Ама знаеш, постојат луѓе кои за разлика од тебе, се вклучуваат за да помогнат и на животните кога природата е посилна. Многу насукани ајкули и китови ќе умреа ако си викавме: Пушти ги, да не изиграваме холивудски ликови, си имаат они инстинкт за да преживеат. |(

    На крајот на краиштата, секој донира од свој џеб.
    Ајт.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Најбитно е некој да се искара и да се направи паметен за да добие лајкче на мислењето, пошто луѓето не го разбрале што сакал да каже ама многу паметно им звучи тоа.
    НЕ Е БИТНО ШТО ЛУЃЕ УМИРААТ И ГИ ГУБАТ ДОМОВИТЕ, никако. Ако не те заболе за тоа што се дешава ако не сочуствуваш со луѓето и не сакаш да помогнеш некако МРШ од темава и иди прај се паметен на друго место.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Може да знам што толку ти смета што некој спасува и луѓе и животни? Наместо да се размислува за се што е живо да се спаси, во случајов, се размислува дали еден треба да се спаси или друг, уште да прочитам дека треба само деца да спасуваат, а другите не.Воопшто не е ни важно сега тоа што го кажуваш, зарем ти кога би се нашол во ситуација да помогнеш некому, ќе правиш пресметки, кому треба, а кому не треба да помагаш или единствено ќе ти биде важно да спасиш некого? Луѓено страдаат и животните, а ти велиш не требало животните да се спасат.Животот е важен подеднакво, дали човечки или кучешки.
     
    На FotoLina3, kate21, imelda и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Зошто сум толку нападнат? Кажав дека не верувам во теории на заговор и такви слични работи и животот на човекот го ставам пред се друго. Животните имаат многу поголем инстинкт да преживеат во природа отколку ние луѓето. Овде ставаат слики од кучиња, а не од луѓе што умираат и гладуваат моментално.

    Инаку навистина е жално ова што се случува, но само уште еден доказ дека државата и институциите потфрлија тотално. Оваа криза можеше да се предвиди неколку неделе пред. Некој земал плата за тоа, а работно време го поминувал на риболов. Простете на речениците , но луѓе изгубија животи и имот поради неспособност на државните апарати. Ова не цунами, туку поплава којашто во нормални држави се регулира со инфраструктурни проекти.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.