Тие не се должни да прават ништо, туку државата како и самата војска треба да биде подготвена за такви вонредни состојби. Тие глисери и јахти чинат богатства и се осигурани, и да човечки е во такви ситуации да се помогне, but we live in a cruel world.
Добро, сите го знаеме стандардот на Србите и нивната политичка состојба па и подземјето, затоа реков дека во центарот на Белград у тие популарните улички е ко да е се у најдобар ред, диско, кафица, мафица, а Обреновац незнам на колку километри е во близина, ама нема врска, ќе помогнат соседите, зашто они да си се секираат?
Зато Господ гледа и враќа,некои работи ни со пари не се купуваат. Еве по што тагуваат обичните смртници. Баш затоа што се осигурани треба да ги дадат. Сите знаеме колку балканските држави се „способни“ и „опремени“ сами да се справат со вакви елементарни непогоди.
Јахтите им се побитни од животот, а истите им се минливо средство, кое нема цел живот да го поседуваат, а ниту пак кога ќе умрат.Богатства имаат, можат да донираат.Разбирам да има пари човек, ама да има премногу и да не знае што да прави со истите, кои им се вишок, не разбирам.
Summerlover па ние уште помалку сме должни па правиме нешто така? како размислуваш значи секоја чест, војската нека се справува и крај така?да ова како да е едно село или едно градче па војската све ќе среди,не гедаш дека неможат да престигнат од луѓе да спасват и да ги носат на сигурно а каде е тука носењето на кревиња храна облека душеци и све све каде може сето ова само војската да го престигни?луѓе се пријавија доброволци да помогнат од државите стига помош и пак неможат да престигнат а не сами тие, дека настрана ни е га**т на топло си седиме дома и си штракаме на нет па сега ќе паметуваме тука,тие што имат пари и услови треба први да помогнат посебно дека се нивни сограњани ....
На кој богат парите му се вишок? И купуваат и прават се што сакаат и можат, така да очигледно знаат што да прават со парите. Општо земено, тие гледаат и се грижат за своето богатство, и нивно е правото што ќе прават со истото. Никој не може да ги принуди да донираат.
Тоа да, но вишок му се кога ќе ги троши на сосем непотребни работи за него, а знае и самиот туку така дека ги расфрла.Скоро секому му е јасно тоа.Нормално дека никој не може да ги принуди, но нивната постапка не е во ред, кога некои страдаат, во овој случај, можат комотно да помогнат некому, ама чувството да имаат се повеќе и повеќе, не им дозволува да донираат, а не дека не можат, кога веќе можат да ги расфрлаат парите, можат истите да ги донираат.
Точно никој не може да ги принуди, ама постои и нешто, нешто што се вика ЧОВЕЧНОСТ Јас донирав на бројот, ќе подготвам нешто за акцијата на Црвен Крст во нашиот град.
И сега пак во пет збора истото кажано, едноставно не се правете на џм тие работи како да не ги разбирате, па не било во ред, па се расфрлаат, па треба да донираат. Нивни пари, нивно право. Не се криви што се богати, по кој автоматизам треба да донираат? Дали ќе донираат или не, зависи од нивниот морален карактер, а не од тоа колку им е длабок џебот.
Зарем ги броиш зборовите? Лично не се правам како да не разбирам, мене непоимливо ми е, затоа што има такви луѓе.Секако дека нивно право.Види не ги натерав со сила, си кажувам што мислам дека треба.Што толку се изнервира мор? Сосем нормално е да имаш и да помогнеш некому, не е за чудење.
Не сум се ништо изнервирала мор. И мене не ми е за чудење што не го разбирате начинот на кој функционираат богатите, а и јас само си кажувам тоа што го мислам.
Кој сака да отпатува на поплавените места во Босна и Србија и да помогни при евакуацијата еве информации Се уште помошта на стигнала на некои делови: Совесни граѓани волни да помогнат: И секако поголеми ѓубриња од богаташите со глисерите оние кои печалат врз туѓата мака: И ние останатите кои колку можеме помагаме:
САВА СЕ ДИГНА НАД 8 МЕТРИ -ЗАГРОЗЕН И БЕЛГРАД! http://mkd-news.com/sava-se-digna-nad-8 ... i-belgrad/ Леле се надевам дека ова нема да се случи веке доста беше, нека им е Господ на помош како и на сите нас, жал ми е што кај нас нема ништо за донации ама затоа утре ке донирам преку мобилен, не се карајте за глупости не дај Боже со природните катастрофи нема играчка или начин да се спречат за жал па незнам кој град да е и каков да е можат само со добра изградба и правилна инфраструктура да ги ублажат последиците, донирајте луге и молете се за лугето да се живи и здрави сега тоа е најбитно
Убаво што ќе донираш преку мобилен, еве каде се може да се донира и што е препорачливо да се донира. http://www.femina.mk/out/?id=bee577dbda ... ja-i-bosna
http://kukuriku.mk/najzhestok-dosega-ts ... vo-srbija/ за жал ситуацијата станува уште полоша најавуваат нов хаос вечерва,да се помолиме
Не треба молење, треба акција! Треба да се евакуираат луѓево кај нас или во Романија или Унгарија. Сето е ова масло на американците, оти Србите се другарчиња со Русија, сето ова е за инает на Путин.