1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Србија и Босна и Херцеговина под вода

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 17 мај 2014.

  1. Ivona-Beyonce

    Ivona-Beyonce Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Претеруваат веќе со таа поплава, знам дека е ужасно дека има жртви и се тоа. Луѓе од цел свет доаѓаат да им помогнат да беше ова во Македонија ќе дојдеше некој??? :@ :fubar:
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Па со сите како што сме искарани со сите соседи, се сомневам. Ќе ни дадеа кредити после поплавите и толку.
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Акцијата е плус а треба и да се помолиме,да не мешаме во овај момент баби и жаби со политики темата хаос ја направивте,и како тоа Ивона велиш дека се претера со поплавите?како е тоа претерано нас не дават неможиме кафето да си го испиеме?ако вака не ја рашириме веста ако не дискутираме да се донира како ќе се рашири веста за помош и ќе му се помогни тие ни се соседи и нормално дека треа да дадеме све од себе,одма немора да клавате кантар и нас ако ни се случеше ова кој ќе ни помогнеше ова она, мислам дека страмота е да се зборува на таков начин и одма кантари и мерила на све да се става...
     
    На Elennaa, Daydream, Domino и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Луѓе помогнете! Донирајте било што. Луѓе се во прашање! Потребна им е помош.
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Извини ти, ама јас на сликава гледам мајка која ги спасува своите деца, ако тоа кај тебе не пробуди некое чувство, извини.
    :hai:
     
    На Mimi123, Aryana, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Пред да се глупирате овде на форумот, сетете се како било 1963, со скопскиот земјотрес
    Тогаш цела Југославија се кренала на нозе, за да помогне. Илјадници млади луѓе, потрошиле неколку дена од својот живот, за како волонтери да помогнат на луѓето кои за неколку секунди изгубиле се.
    Ама тогаш беше држава, се ценеа моралните вредности, луѓето си помагаа. Сега сите се толку себични, се гледа само за свој гз. Е така мили мои не се прави. Животот е големо тркало, денес си горе и здрав и жив, ама утре не знаеш што те чека.

    Во Македонија, па и секаде на балканот, има голема невработеност.
    Млади и силни луѓе дома седат без работа. Еве при секој ваков несакан настан, може да се организираат и да одат да помагаат. Братство-единство.
     
    На QueenElena, MIA-SK, strangewoman и 9 други им се допаѓа ова.
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Бравос Томциа и мене ми беше ова муабетот само сега на овие генерации што им е гајле како било во 63 па тие незнат не биле родени што ги интересира пссс се повеќе и повеќе се разочарвам во луѓето посебно во вакви моменти...
     
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    100 денари сигурно ништо не ви значат вас, но им значат на многу луѓе. Со вашата порака, со вашата донација не дарувате само живот туку и на самите себеси си дарувате мир во душата затоа бидејте хумани и помогнете им доколку сте во можност, најверојатно сите сте во можност да помогнете на било каков начин. И пред да ја пратите пораката помислете се дека ако нас утре ни се случи вакво нешто, не дај боже, Србија и другите држави од СФРЈ најмногу би ни помогнале.Сепак, не се работи само за Србија и Босна..зошто да не помогнеме кога ова се случува во друга држава? Без разлика, треба да се помогне, ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ.

    [​IMG]

    Браво! :clap: :clap:
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, зошто ваква поделба, зошто невработените да бидат тие кои треба да помогнат? Си била ли ти невработена, ти било ли целото семејство невработено па да знаеш како им е на тие луѓе? Кај невработени па уште и тие да помагале. А вработените нека си ги чешаат на работа и ич нека не им чуе, нели? Ако веќе гледаме така на работите, вработените се тие кои највеќе треба да помогнат, земаат плата од која можат да си дозволат да купат средства за хигиена, храна, вода...А невработените за жал немаат за себе да си ги овозможат тие работи, а не па да имаат за донирање. Мислиш тие не сакаат да работат и да земаат плата, па дел од неа да одвојат за хуманитарни акции? Сакаат, ама немаат!
    Затоа не ти држи вода ова-братство-единство, можеби порано имало некоја лажна претстава за тоа, ама во денешни услови е незамисливо, особено ако во братство-единство ги вбројуваш само невработените кои според тебе се должни да одат да помагаат при несакани непогоди.

    Зошто не им текна на државите секој вработен да одработи и да донира една своја дневница за жртвите од поплавите (и државен и јавен и приватен сектор). Зошто? (Пред малку разговаравме со свекрва ми, рече дека кога имало земјотрес во Црна Гора (`79 мислам), во цела Југославија одработувале по една дневница како помош.)

    Зошто секоја држава не одвои по една пратеничка дневница за поплавите?

    Зошто големите фирми, како што се на пример мобилните оператори, не ги укинеа своите реклами на ден-два и тие пари не ги донираа?

    Зошто да се отвораат телефонски линии за донација? Зошто не им се скине по една месечна телефонска претплата на пратениците од сите земји по светот? Зошто?

    Има милион зошто, но нема ниту едно-затоа.

    Постојат хумани луѓе во граници на своите можности, но освен хумани луѓе, треба да постојат и хумани држави!
     
    На Mimi123, Glasna, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Водата почна да се повлекува од неколку населени места и веќе е проодно, а вечер ќе биде ризично за Шабац. Од утре многу потопли денови и стабилно време така да се очекува бргу нивото на речните корита да опадне. За сега 5 официјално погинати и еден исчезнат.

    Значи телевизиите и новинарите, а и трач клошарите по социјалните мрежи што објавуваат секакви информации. Вчера прочитав дека лешеви пливале по Обреновац :fubar:
     
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Немам ништо против Србија и БиХ,само се прашувам доколку нас ни се случеше нешто слично(не дај боже),дали би ни помогнале како ние нив?
    И не сум злопамтило.
    :!:
     
    На Ivona-Beyonce и Kacjushka им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    nah , највероватно би земале пуканки и би не гледале како се мачиме....

    Сеа јасно е дека секој треба да даде коментар ама , нека не биде глуп коментар. Да има логика некоја ....


    Јас со моите таман ги испразнивме сите шкафчиња со кебиња и остало што не ни треба , одамна планираме да ги дадаме во црвен крст или некаде да ги поклонаме и никако да нафатаме , али ете денес све на плоштад ќе отиде , се надевам нешто ќе им помогне.
     
    На Dog-lover, Sky-butterfly и Unica им се допаѓа ова.
  14. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Па, нема ни нешто многу да се припотресуваат. Многу сме биле сведоци на тоа. Секогаш за нив ќе си останеме “МАКЕДОНЧЕ“ .

    Не треба да се гледа сеир на ничија несреќа, но ние сме народ којшто прв ќе помогне на друг отколку на самиот себеси. Има еден куп деца болни од секакви болести и молат за донации, а неможат 10.000 денари да соберат.
     
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Сигурно некои фамилиите на сега настраданите во 63-та помогнале за Скопје да се обнови. На Балканот при катастрофи луѓето секогаш се мобилизирале, за жал човечноста ретко се покажува во мирни услови.
     
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Чекај да ни се случи па ќе си пишуваме овде на форумов кој ќе помогне.
    Срамота!
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Оф дуса ме боли! Читам и плаЧам..
    Пробав да донирам од тука 10 фр преку порака, ама сепак се осекам безкорисна. Во вакви моменти и паметот и дусата ми се дома.

    Само Бог нека ни е напомос, друго не знам сто да казам.

    Инаку, како и да е, брат за брата го боли... ах Југославијо.. ;(
     
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Е што срамота?
    Јас не реков дека сакам да изгинат или да им се сруши цела земја.Само се запрашав дали како што се сите вака заинтригирани за да дадат помош за нив,дали ќе биди исто ако ние бевме на нивно место.
    Ни реков дека ги мразам или слично.
    Веднаш со навреди.

    |(
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Па доволно е тоа што го направиле сите за Скопје кога бил земјотресот. Јас барем знам од бабиве и дедовциве дека, освен и други земји во светот, конкретно цела Југославија доаѓала тука и помагала. Дали со пари, дали физичка помош, дали со храна... Ако сме помали и не сме го доживеале лично земјотресот не значи и дека не се случил или дека не се случила помошта. Таа помош од нивна страна сме ја добиле и тоа е факт. Иако, и да немало помош јас во вакви моменти не гледам кој на кого, дали помогнал, или ако нешто не дај Боже се случи, па дали ќе помогнат... дрн дрн дрн. Помагај ако можеш, ако не, тоа е.
     
    На Elennaa, sweet-star и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Знаеш како,ова твоево е како тебе да ти требаат пари за леб и да побараш од мене,а притоа јас пред да ти дадам се прашувам дали би го направила истото за мене (или обратно мене да ми требаат),а според мене во ова нема човечност.
    Ако сакаш да помогнеш некому помогни,ама не се прашувај дали ти би добила таква помош (доколку недај боже ти биде потребна).
     
    На eliesaab, Elennaa, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.