Форумџика на годината

Средба Трамп - Путин на Алјаска

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 13 август 2025.

  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Зошто не вреѓаш сите кои што сакаме и очекуваме мир Тање дека сме злорадосни? :(

    Кај ти текна на зборов :wasntme:
     
    На Konfetka, DS10, dea.18 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Договор има, ако сакаш да прочиташ нормално. Путин рече се надева ЕУ нема да го опструира а Трамп сабајлево им се јавил на Нато и сите од ЕУ да им пренесе а Зеленски доаѓа во понеделник. Така да средбата е "успешна" и ќе дојде до потпишување на трилатерална средба.
    И друг пат (ова е за твојата реплика од вчера) не се расфрлај со навреди, стално се трудам да не ти реплицирам ама сееш увреди за добро утро. Мое мислење е мое мислење а ова е форум, нема потреба да ги наметнуваш твоите убедувања, сподели го твоето мислење толку ли е тешко.
     
    На Mumoftwo30 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Па штом предвреме се прејудицираат црни прогнози, апсолутно е злорадост и желба за сеир, фанатичен. Се коментираат работи што не биле кажани, настани што не се случиле, мотивот е злорадост. Кажаа дека нема да потпишуваат ништо, ниту ќе има конечен договор, и кажаа дека дури потоа ќе разговараат со Украина и тука читам коментари злорадосни, еве ќе потпишат едни за некои други, а такво нешто ниту се случило ниту ќе се случи во светската пракса, тоа се куп злорадосни желби на длабоко несреќни суштества без свое Јас. А колку некој вреди, па погледни како се однесува кон пријателот, тоа многу говори за него. Никој не размислува во насока дека што и да се потпише, ако тоа не одговара на Украина, самата Украина при прва прилика ќе им удри реванш, шлаканици со дронови кај сака и кога сака на руско тло, диверзантски акции. Тоа зависи од капацитет на армија и разузнавање, не од длабоко несреќна Трпана на која најголем успех и е злорадосен сеир коментар на фемина. Не си за мир, за пропаст си на Украина.
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Јас си признавам злорадост кон сите кои го ословуваа со џуџе, Путлер, итн....што повикуваа на судења и апсења, а сега ахх......Владимир Владимирович како и доликува, значи смејурија се светскине медии и новинари...
     
    На daylight, Realist1 и Bratot им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Злорадост чади од очи, уши, нос.
     
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Сериозна си?

    Инаку на темата, битно е што е направен првиот чекор и што е истиот прифатен со олеснување ширум светот. Само пред неколку месеци ова беше незамисливо сценарио.
    Така да нека биде за наук.
     
    На DS10, daylight, dea.18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    10.910
    Пол:
    Женски
    Војните се одамна капиталистичка превара.
     
    На daylight и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Од прејудицирање на црни прогнози, злорадост, сеир, работи кои не биле кажани, настани што не се случиле, до ова:
    хахахахахаха

    :)
     
    На DS10, dea.18, Realist1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Пред да коментираш за други погледни се себеси. Такви антируски пропагандни глупости и невистини и плус навреди за руското население (што претставува говор на омраза) имаш пишувано што е доволно за на себе, на Реинбоу и на администраторите да им направиш правен проблем доколку разберат Руските власти.
    Не се ни разбираш од средби.
    Нормално дека на првата средба не може да се договори и да се потпише ништо. Војнава е помеѓу Русија и Украина и они се тие кои мора да си средат. Работава може да се влечка уште месеци или години.
    Ќе мора да се постигне нешто што ќе им одговара на двете инаку ќе нема мир. А и на Украина не треба веќе да ѝ се дозволува агресија за да се дојде до тој мир.
     
    На Mumoftwo30, Mrs. right, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Се нaдевам сега ќе се пицни во одело и нема да го избркаат пак како партал, туку само убаво ќе го испеат. :smoke:

    Е баш сум злорадосен :devil:
     
    Последна измена: 16 август 2025
    На Mumoftwo30, Feniksgirl, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Тој ако се пицне во дело ќе биде ново светско чудо. :D
    Пак ќе бара преку леб погача.
     
    На Konfetka, Mrs. right, DS10 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Говор на омраза и пропаганди има тука за сите можни нации од вас. Говор на омраза за Французи, Британци, Американци, Украинци, Германци и сите други. Се што со очи сте виделе и не сте виделе. Секако договор ќе има, ама не е генијално откритие, не сте добиле на лото, ниту ви се родило дете, па какви злорадосни еуфории, ликувања. Да, Русија е терористичка држава и прогласена е за таква од меѓународните организации. Ај пријавете ме кај Путин.

    Јас пишувам лошо за 2 народи, тие за 20, моево било говор на омраза, нивното не. Ти немаш поим што е говор на омраза, манипулираш со терминот.

    И ако ти кажам со што се занимавам и колку време, тешко дека не се разбирам од средби. Сум седела со судии од Стразбур наши, амбасадори, лица што работат протокол, политичари од регионот, разузнавачи и тоа никој од форум или нечие коментарче не го брише, ни говор на омраза, ни говор на љубов, ни злорадост и сеир.
     
    Последна измена: 16 август 2025
    На RespectAndObey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    За разлика од тебе, некои од нас се политички едуцирани и точно ја знаат границата помеѓу слобода на говор и говор на омраза. И границата помеѓу факти и дезинформации.
    Ти не ги знаеш.
    И ги препознаваме пропагандистите како тебе. Некои и на другиот форум те препознале по никот и стилот на пишување.
    Политички едуцираните знаат дека Русија не е таа која почна прва со прекршување на човекови права. Негираш страдања на руското население.
     
    На Mumoftwo30, Konfetka, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Знам дека студираш правен, ама прочитај си пресуди говор на омраза што е и какви пресуди имало досега. Правници искрено има со лопата да ги ринеш, дури не испечеш занает едно добри 10 години и не се пробиеш во фелата, да бидеш звучно име, дискутабилно е тоа. Ти се стави над ОН сега, едноставно има меѓународни тела што утврдиле што е што. Поголем папа од папата. Дали е геноцид, агресија, не утврдуваш ти и дел од македонското население, утврдиле релевантни меѓународни тела. Да, агресија е, мене пријави ме кај Путин.

    Северџан е говор на омраза, провери си ќе видиш дека е така, не знам што сите се расфрлате масовно со тој термин и ширите говор на омраза. Не ти лично, ама луѓе што наводно се разбирале во говор на омраза Северџан и северџанија или севеџганија им е како добро утро.
     
    Последна измена: 16 август 2025
  15. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    14.962
    Лол, ставовите на Тања се спорни, а овие другиве те караат ако убиец на украински деца го условуваш со ,,Путлер". Милиони Украинци и Руси од тие краишта раселени, уништени домови, секојдневно се бомбардираат и убиваат цивили и некоја ликуша те кара ако главниот агресор го нарекуваш џуџе. Господин Путин и Господин Нетанјаху ви се молам.:rofl:Уствари Нетанјаху е само злосторник за овие истите, другиов е господин, двојни стандарди.

    Последно прочитав дека Мели му пратила писмо на господинот Путин преку Трамп, во врска со киднапираните деца. Киднапирање на украински деца е баш хумана работа.
     
    На Gosh, RespectAndObey, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Ако веќе си решил да морализираш, ај почни од почеток.
    Никој не те кара, злорадосна сум ( убаво зборчево Тања ) што јавното светско мнение се врти како сончоглед.
    И да....почит кон човека, во јавниот простор би требало да се подразбира.
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Не за ликот, тоа се знае дека нема чисти ликови. Туку за нејзината едностраност.
    Со години страдаат двете населенија, а вакви ко неа го негираат страдањето на едното. Тоа е проблематично.
    И токму ваквите пропаганди им овозможуваат на лидерите да ги тераат војните.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Чим не им се допаѓа нешто е говор на омраза или пропаганда. Тоа е едноумие, мисли како мене или ќе ти се заканувам и ќе те дискредитирам, па и руските власти ако дознале, а ние санкции им ставивме и од нив сме дистанцирани. Тоа се закани, а закани подлежат на одговорност и клевети исто, дури се тие покритични дела од говор на омраза. Утврдиле во ОН дека е агресија, со кои докази го побивате ОН? И термин пропаганда да се научи добро што значи по дефиниција. Има дефиниција, не е тоа субјективно толкување.

    Еве @sonuvana си го прифати терминот злорадосна била, си призна.
     
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Ама за разлика од тебе, злорадоста е упатена кон оние кои мозок не уклучуваат, туку како овци наратив тераат или од ( што е уште полошо ) лична корист.
    За тебе мислев дека идеали тераш, но сум згрешила изгледа.
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    И јааасс, и јас Тање си го прифатиив, готовоо нема назад, злорадосни сме :D

    Јас не знам луѓе како не сфаќате, нее знаамм, значи се шо ќе каже Русија е пропаганда ама се, а се шо ќе кажат буљашите од Англија, Франција и Германија е реалност, вистина и само вистина, мислам да го расчистиме тоа еднаш засекогаш :!:

    Туку нели пред СВО во Украина НАТО ќе одеше кон Русија по секоја цена, шо рече госпоџа Меркел не почитувавме ништо се тоа беше само фарса, но на крај испадна Русија да оди кон НАТО и Трамп да ги спасува, каакви времиња :smoke:
     
    Последна измена: 16 август 2025
    На Mrs. right, DS10, daylight и 2 други им се допаѓа ова.