Но зарем не е подобро (теоретска) пропаст на Украина, ама спас за жителите на Украина од војни и разурнувања?
Па нема ништо соопштено, официјално потврдено освен информации од некакви извори по медиуми, ништо официјално. Како може да е пропаст ако трајно ампутираш тумор што расте? Ај замисли Македонија да го изгубеше Тетово, ама да не потпишеше Рамковен, да нема двојазичност, да нема квоти, не плаќаш туѓа струја, даноци, етнички чиста, што мислиш зијан ќе бевме или плус? Тензија и незадоволство ќе има секако нели. Цел наратив е тука па сироти, па глупи, не бре, храбри и способни се тоа, со такво разузнавање, таква армија, кога сакаат и во иднина ќе можат да и прават ремет на Русија, со дронови, упади во Русија, ликвидации. Гаѓаат секаде Украинците од Курск до Татарстан и Москва, Русија нема да ги победи никогаш. А муабетот за капитулации е од пред 3.5 години. Нема Русинот да се откачи од радикализирани Украинци ни со перфектен договор во корист на Украина.
Ништо, остана рибата неизедена Реалити шоу во продолженија, што друго може да биде со Трампо Па и посебна тема требало... Ја стварно не знам што да коментирам.
Малку е непријатно да се гледа додворувањево Иако во моментов изгледа на sci-fi, иднината на Русија ја гледам во некаква поврзаност со Западот, стратешки позиционирана како тампон меѓу НАТО и Кина. И навистина од Петар Велики па се ладната војна (и некое време после Перестројката) Русија отсекогаш се пронаоѓала во Европа, културолошки и политички. На тоа поле Русија никогаш немала некое свое независно битисување, а да не правиме муабет за некаква свртеност кон далечниот Исток.
Не, бидејќи ова не завршува со Украина. Путлер сака да ја освои назад територијата што ја изгуби СССР и најверојатно ќе напаѓа и други гранични земји. Не треба на фашисти никакво попуштање да им даваш - само шамар разбираат.
Чекајте сега, Русија стопати се закани дека директно ќе се пресмета со Америка ако треба, а сега има паѓање во несвест затоа што Трамп го примил Путин. Не е тоа лицемерие? Лабилност? Празни муабети? Се се сведува на тоа, да се ракуваат со дедо Бајден или дедо Трамп и да ликуваат со тоа. На Захарова уста и отпадна од селски описи колку тие се чисти и невини, Западот лош. Штом си го газиш ставот, скршена ти е кичмата, а скршена ќе е 11 години да се тепаш и да немаш под контрола ниту еден поголем град. Мариупол е најголем окупиран град, тој што беше помал од Скопје и скоро пола беше населен со Руси.
Личи ко онаа фармата на тролови од Македонија што ширеа фејк њуз во полза на Трамп последниве две години на Фемина да е префрлена.
Ниту сум од таа страна ниту од оваа, баш ме заболе искрено, за се, ја претераа веќе ама баш ја претераа, сите до еден, али едно ќе кажам тоа што гледам, морам, џипови низ словенско италјански елитни места на секој чекор, лани и годинава, беснеење со бесни коли што можеме само да ги сонуваме, џипови такоѓе, само уа таблици, за џиповите да не коменирам, сите до еден пиц пец од колку иљадарки не знам, многу. Нешто не виџено од автомобили за европејците скоро, сите де наццкани во Порторож посебно, бесно елитно казинско место, блендирани, црни, светат, гермаците не возат такви џипови и екстра скапи ламборгини и слични дивеат по улиците секое лето, алав им вера на моќта и финансиите што ги поседуваат. Навидум азилски народ што “бега” од војна, напатен, во коли од 500 000 евра. Тух. Многу се, и посекако кој и да ги види гледа голем престиж а не војна азил и избеглици.
Колку сте смешни бе, немале друга работа светските сили ќе ја пребаруваат фемина форум за говор на омраза од членови Ме изнасмеавте. Па и колку напади и контранапади изнапишале. Вие сте биле само за средбата во Аљаска. Ете имало некои со повеќегодишно искуство со судии од Брисел и со наши политичари, гарант на Б.Ц мислеше Тања. Темава испадна сакам кажам не знам речам. Ништо посебно. Тој што го викате Путлер има "путката" со путер да ви ја намачка и изеде за појадок. Ете го викнал Трамп да дојде во Москва нареден пат. Така се негува пријателство. Еднаш Трамп части виски, еднаш Путин части вотка и скара. А вие се изнавреѓавте. Фемина треба да шири пријателство и добри односи, огледајте се на двајцата другари во Аљаска. Не сум во тек со Зеленски, дали отишол на гости и дали бил во тренерки, како обично на така високи средби.
Целосна снимка од конференцијата за печат на претседателите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави при Самитот на Алјаска одржан на 15 август 2025 година:
Стигна Европа во Вашингтон. Само да не се спукаат може ќе има добри врсти денес. Европските дипломати наводно добиле инструкции од нивните американски колеги да бидат во состојба на готовност за евентуална трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин, што би можела да се одржи подоцна оваа недела, во зависност од исходот од денешните разговори, дознава „Скај њуз“. Верувам дека има шанса за мир, чим сите се уклучија. Трилатералната средба Трамп, Путин, Зеленски ќе се одржи во Европа.
Мислам дека не е тоа целта и нема да дојде до тоа доколку се испочитуваат интересите на Русија, исто како што се почитува волјата на другите светски сили кога се нивните интереси во прашање, како на пр. САД или Франција. Во спротивно можно е навистина да тргнат еден ден во поход кон Запад, можеби не сега, можеби откако Путин ќе си замине. Но дури и да дојде до тоа, зошто сметате дека тоа би било лошо? Мислам дека медиумите имаат доста улога во креирање на една изразито негативна представа која ја имаме за Русија.
Еве една многу добра анализа на средбата via Anita Gibson " Идеата за "Нова Европа без Русија" се прогласува за Умрено Протекувањата по самитот ги открија контурите на руската позиција. Путин побара целосно повлекување на Украина од Доњецк и Луганск, со што Русија би воспоставила целосна контрола врз Донбас. Во Запорожје и Херсон Москва би прифатила замрзнување на линијата на фронтот. Западните медиуми, со вообичаени извртувања, го претставија ова како руска територијална алчност. Реалноста е поинаква: Русија веќе контролира 98–99% од Луганск и околу 70% од Доњецк, со постојан напредок. Загубата на Славјанск и Краматорск е само прашање на време. Рускиот предлог, всушност, претставува забрзано признавање на неизбежното. Клучно е дека Русија нема интерес да ја окупира западна Украина. Управувањето со непријателски население би било огромен товар. Целта е стратегиска длабочина, признавање на безбедносните интереси и трајна неутрализација на Украина како катапулт на НАТО. Европската хистерија и „епохата на омраза“ Непосредната реакција во Европа беше хистерична. Медиумите и политичарите ја осудија ,,топлината" со која Трамп го пречека Путин, обвинувајќи го дека бил „измамен“. Повторно се вади на површина ордерот на Меѓународниот кривичен суд за наводни воени злосторства врз деца – потсетник дека Путин мора да остане „парија" (pariah). Но оваа реакција зборува повеќе за Европа отколку за Трамп или Путин. Западот влезе во нова темна епоха – епоха на омраза како валута за моралност. Во времето на Студената војна, американските претседатели можеа да се сретнат со Сталин или Хрушчов, признавајќи им легитимитет како државници. Денес, секој гест на почит се третира како предавство. Самата дипломатија е криминализирана. Ова не е стратегија, туку идеологија. Европа изгради идентитет врз омраза кон Русија, погрешно замислувајќи дека тоа е доблест. Резултатот е парализа: Европа не може да преговара, не може да води, и дури не може трезвено да мисли за сопствената егзистенција. Колапс на европската политичка култура Во основата на оваа парализа лежи подлабок проблем: распадот на европската политичка класа. Континентот некогаш се гордееше со државници, денес е управуван од политички медиокритети – Лиз Трас, Олаф Шолц, Аналена Бербок – личности без образование, без визија и без капацитет за справување со криза од историски значај. Овој пад води до Ангела Меркел. Во 2008 година, кога претседателот Медведев предложи нова паневропска архитектура за безбедност, Меркел го отфрли со зборовите: „Ние веќе имаме НАТО.“ Таа ја уби последната сериозна шанса за интеграција на Русија во Европа и ја трасираше патеката за денешната конфронтација. Германија избра евтини колонии во Полска и Чешка наместо долгорочен партнерски однос со Русија. Економската калкулација се спои со идеолошката русофобија и ЕУ заврши во рацете на Полска и Балтикот – држави чие цело политичко битие е анти-руската хистерија. Трамповата калкулација Противниците го прикажуваат Трамп како неинформиран или изманипулиран од Путин. Но анализата ја отфрла таа теза. Трамп избра друга тактика. Неговата реторика се смени, но насоката е јасна: да ја преформатира глобалната геополитика преку решавање на украинската војна со признавање на руските добивки и блокирање на НАТО експанзијата. Ова не е од љубов кон мирот, туку од стратегиска пресметка: да ја одвои Русија од Кина или барем да ја натера да диверзифицира. Тоа е геополитичкиот бенефит. Истовремено, контрадикциите се очигледни. Во Украина, Трамп се претставува како миротворец. Во Газа, тој е соучесник во геноцид, целосно по линија на Нетанјаху. Неговата надворешна политика е управувана не од морал, туку од стратегија, суровост по избор и ,,потреба" и внатрешна калкулација. Билатерализам и европска ирелевантност Самитот во Алјаска исто така ја потврди повратната логика на билатерализам. Трамп и Путин разговараа директно, игнорирајќи европски посредници. Тоа е враќање кон традицијата на Студената војна: кога суперсилите се судрија, тие договараа лице в лице. Европа тогаш, како и сега, беше маргинална. Економски, билатерализмот е слаб – САД и Русија никогаш немале вистинска економска соработка. Но геополитиката – контрола на оружје, нуклеарна стабилност, глобално управување – е доволна основа за соработка. Она што Европа го доживува како маргинализација, Москва и Вашингтон го гледаат како нужност. Заклучок: раскрсница на историјата Самитот во Алјаска ги кристализираше трите реалности: 1. Војната завршува на руските услови – Украина ќе го изгуби Донбас, ќе остане надвор од НАТО и ќе биде демилитаризирана. 2. Трамп ја смени американската позиција – од привремено примирје кон вистински мировен договор, оставајќи ја Европа во паника. 3. Европа интелектуално и политички колабира, без лидери способни за сериозна дипломатија. Дали Трамповиот обид ќе успее, останува да се види. Но едно е несомнено: старата европска илузија за „нова Европа без Русија“ е мртва. Новиот геополитички поредок не се создава во Брисел или Берлин, туку во Анкореџ, Москва и Пекинг. "
Би било лошо бидејќи невини луѓе ќе умираат. Какво прашање ти е тоа? Не е воопшто до медиумите. Мене ми треба само да го отворам законикот што постои во Русија за да заклучам дека е квар држава со фашистички диктатор на власт. Таа информација не произлегува од медиуми, туку од официјалните руски власти.
Виткоф кажа дека Путин прифатил безбедносни гаранции за Украина, односно Член 5 да важи за Украина. Ако тоа остане навистина така, на Украина официјален прием во Нато не и треба, ќе важи член 5. Виткоф не е некој анонимус, не е анонимно твитер профилче, туку преговарачот на САД што веќе беше во Москва. Член 5 е де факто членство, само што нема така да го наречат, а дека тие нема да учествуваат по крај на војната во Нато обуки и вежби, нема шанси, оти и Србија правеше вежби со Нато. Ако важи член 5 за Украина, војната не завршува по руски правила. А може и ич да не се договорат, од кај знаеме. И пазете што пишувате, Лавров додека е на цигара го чита форумов, истиот што чекаше дали Македонија ќе го прими на самитот на обсе. И не е до медиумите, Русија ги напаѓаше Молдавија, Грузија двапати, и отворено и сега се закануваат. Отворено Дугин зборува и пишува книги за Новорусија како што косовари се за Голема Албанија. Дугин има пишувано дека Македонија не треба да постои, туку треба да биде дел од Голема Србија. Пред влез на Македонија во Нато има доаѓано во Континентал во Скопје, збореше пред 30 души, Македонија да се откажела од соработка со западен свет. И што е со муабетите како би било лошо да нападнат друг? Демек сосема е ок Русите да убиваат?
Што е ова бе хахахаха, мислев дека е AI. Каде е црвениот тепих? Овие ко да направиле беља во школо и чекаат кај директорот за казна. Што и е на Европа? Трамп скроз ги маргинализира за кратко време.
Сепак изгледа е AI, иако ја споделува цел интернет нозете на Макрон ко да се 4. Ај да навиваме за мир, Трамп донел мапа на состанокот. Зошто мораше милион жртви кога ете може и да се седне и договори.
3 нозе, едната со штикла. Плус некои рандом човеци. Нема везе. Дали ќе се договори ќе видиме, жртвите се колатерал it's all about money.