1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски бојкот на наставата поради загадениот воздух

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Feminka22, 19 декември 2019.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    People, come on.

    Не се ова деца од претшколска возраст за да не знаат зошто се излезени на минус температури, не лупетајте. Во некои теми први сте да ги браните, во други кога политички не ви одговара ги плукате.
     
    На nadja.d, dayla, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    52.558
    Пол:
    Женски
    Од кај ти се процентиве?
    На минусни температури излегувале бидејќи не им се одело на настава, ако е за така ќе седат дома на топло, што бараат надвор да мрзнат и да викаат? Повеќето ќе си седеа дома, а надвор ќе беа многу малку.

    Не знам зошто мислите дека децата се неинформирани и не знаат што прават. Знаат и то како, прават барем повеќе од вас што на форум се жалите бидејќи бил блокиран сообраќајот, како тоа да е најголемиот проблем.

    Уште не можам да сфатам како можи некој да има против за протест за нешто што сите не' засега. Ист воздух дишиме сите, свестете се.
     
    На Purplelilac, Disconnected_, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Што се запаливте толку? Како може да ви смета ова?
    Пред 5 години и јас како средношколец протестирав за екстерното, нормално некои професори се закануваа некои дури и протестираа со нас.
    Дел се шлаеа, дремеа дома и по кафичи ама верувајте многу голем број протестиравме. Дури и кога седевме во училиште и игравме карти во холот.
    И имаше исход.

    И јас бев на протест сега, ама еднаш само (првиот). На факултет ако не се појавиш на вежби, губиш право на полагање - не само пониска оцена. Ама ги поддржувам целосно.
     
    На Mrs. Lovett, Purplelilac, Роберт 7 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Леле, ако си средношколец и си уште малолетен не значи дека си без мозок и си слеп, па не знаеш што се случува. |(
    Или и за протест треба да пораснеш, па да протестираш...?
    Сите го дишеме воздухот, сите приметуваме дека смрди на загадено, дека прст пред око не се гледа, па дури и брат ми 11годишен го знае ова.

    Зошто да не поддржиме ваква иницијатива на младите? Кому би му пречело ова не разбирам стварно...?
    Баш ова е за поддршка. Тие што бегаат и не одат у школо, не чекаат протест за да не одат ама ај...
    Јас уште еднаш ќе речам браво, генерација сте ми скоро сите вие 4та што сте и се гордеам со вас дечки. :bow:
    И јас би протестирала со вас ако се погоди да имам слободен ден без задолжителни вежби (како што кажа @candy.cane немаш право на полагање ако отсуствуваш) или ден во кој не полагам. :)
    Зошто сите го дишеме тоа ѓубре и основно право е да имаме чист воздух.

    Каков е планот, за време на зимски распуст ќе се протестира? :)
     
    На Mrs. Lovett, Moon.Girl, Роберт 7 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Нема врска со партија.
    Политички, кај нас секогаш се рамни со партија.
    А политички е.
    Секој став кој го имаш за општеството и како треба/е/сакаш да(биде) уредено, е политички став.

    За 'мрзнење', најмал проблем.
    На нивна возраст, на -30 шетав по мразот со мини сукња и свилени хулахопки.
    Млади се... не им е 'стресно' ладното на таа возраст.

    Иначе, ќе ве молам да не ја занемарувате неукоста (неинформираноста) на голем дел наши сограѓани.
    Сите мнооооогу добро знаете каде котираме по ова прашање.
    Протести треба да има. Тие деца што знаат, добро е што ја потегнале работава.. покрај нив и други ќе научат.
    Ама дека не ни фали едукација за проблематикава... да не се залажуваме.

    Нема врска со возраста..
    Напротив.
    Сметам дека поголем процент од оние на моја возраст, се помалку информирани за глобалното затоплување, отколку оние што се 15-20 години помали од нас.

    Пишав поназад, дека имаме проблем со тоа што ако дома не се збори, ако на школо не се збори, не е чудно да имаме лаг во знаењата.
    А колку што знам (како што веќе реков), 90% и повеќе, од оние мене познати, во животот со децата не проговориле за еколошката катастрофа која и' се случува на планетава.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Feminka22

    Кои се плановите за утре, ќе треба ли појачање? :lol:
     
    На Purplelilac и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Вчерa гo oбјaвив oвa еден член рече декa немaлo тaкви скaндирaњa...
    Јaс мислaм декa прo влaдините сoрoсoиди ги пуштaaт oвие муaбети зa сo oвие избoри дa се зaбетoнирa севернa, a и мицкo свеснo влегувa вo нивниoт филм.
     
    На Роберт 7 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Луѓе дајте бе не е битно дали е партиски организирано или не, дали децава знаат зошто се излезени или не, кога и онака прават нешто што треба па макар и губеле часови. Треба да се излезе за чист воздух, затоа што нема смисла сево ова и да знам дека тоа не е проблем што се решава преку ноќ, но исто знам дека и може дел од тоа да се реши како задолжително ставање филтри, откриваање на диви депонии, контрола на веќе постоечките депонии, да се внимава колку отпад се гори (да не се увезува за пари од други земји) и да не идам офтопик и тн. Наместо за вистинска работа да мешаме партии и да бараме кривец, треба сите да се придружат и да дадат поддршка, затоа што ова е веќе почнато, масновност има, треба само да се дополни.
     
    На Disconnected_, g8lQQk и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Искрено, мислам дека најголем протест ќе биде сите да си седат дома - да не се излегува на протест за да не се угушиме сите.
    Празни градинки, училишта поголем впечаток мислам ќе остават. И вработените да не одат на работа.
    Ама па, во болница ќе мора да се оди.. и продавници..

    Нема спас :(
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе ова ме потсека на таа Грета што намерно политичариве оти е дете ја праат ненормална.
     
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    И што е планот со протестов, не разбрав најдобро - ќе протестираат повторно, дневно .... како ?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав секој петок додека не се превземе нешто.


    А до другите не знам дали знаете, но тие првично што почнаа со "протестите" секој петок за чист воздух воопшто не беа партиски. Сега секако дека политичариве на кој како ќе му одговара ќе си го премачкува во нивни бои, како и шарената револуција почна со револт на студентите за испитите што требаше да се плаќаат па после си го обоија партиски. Затоа да не дозволиме и ова да се бои на кој како ќе му текне.
     
    На g8lQQk и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    Денес не протестираме бидејќи објавата е на Инстаграм и може било кој да го објави тоа.
    Ќе видиме денес во школо како ќе е за од петокот прво.Ако има проблеми итн првин тоа ќе санираме после протест.
    Мене за мене ми е гајле дали нешто ќе ми се деси, ама не можам да организирам пак протест и да ги повлечам сите со мене и некој да го крка.
     
    На Nigredo Odor и WildMk им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.704
    Пол:
    Женски
    Јас сум непушач ама имаат право да протестираат за чист воздух. За себе, за нивни роднини, деца. Вие, кои спорите вакви работи, немате никакво право да кажите дали некој смеј или не смеј да протестира. Сфаќам дека сте во одреден вид на конфликт на темава ама то не ви дава за право толку да се оддалечувате од поентата.

    Еден протест не е доволно. Како идеја, како противење е одлична идеја протестов. И да, не смена ништо @referentka зошто само три сати беше затворен сообраќајот и само 100 души имаше, ама смена доволно колку да се збора за то и ако се збора за то се крева свест и ако се крева свест поќе луѓе ќе сакаат решение и ако поќе луѓе сакаат решение мора моменталната власт да смени нешто. Следен пат не само средношколци, секој ден по три сати сите заедно да протестираме и ќе се збора многу поќе и на тв и нема да можи било која власт да замижи на ова шо се случва. Да не биди дека мали се не знат, иако сега се во период каде се идеалисти, на почеток на критичко размислување и се најборбени, најстрасни и најреално можат да видат дали нештото им штети или не. А, сигурна сум сите можиме да се согласиме дека загадениот воздух смета на многу поќе од само средношколците. Иако само тие се побуниле.

    И родителите не секогаш знаат најдобро. Мора нели, да ја разберат ситуацијата така да слушајте си ги децата кога ви кажуваат за нешто кое немате интерес или едноставно до тој момент не сте имале шанса да се информирате. Можеби во право се.
     
    Последна измена: 23 декември 2019
    На Peperutce1115, Someonespecial, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    81.946
    Пол:
    Женски
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Едноставно знаеш како да објасниш:)
    Те сфатив што сакаш да кажеш и ДА во право си(y)
     
    На WildMk, Mrs. Lovett и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Дури е и многу попаметно да протестираат младиве, голем дел од нив не ги притиска ниедна партија. Не ги оправдувам вработениве што им фуфка да излезат заради работното место, ама ги разбирам.
    Моите не можеа да протестираат со мене (а не беа преку партија вработени) затоа што доволно ги дриблаа затоа што не подпаѓаа на партиски притисоци (ни од ВМРО ни од СДСМ).
    И не само што сме во овие години најбунтовни како што кажа Демон, туку и за најзагрозена група се работи. Не може 17год. да одлучи да се пресели од државава, а сепак трпи разни глупости тука.

    Пак ќе кажам, колку и да не се согласувате, малку замислете се вие што сте против ова. Нема никаква логика.
    Дедо ми, заболен за ВМРО, кога протестирав за екстерното ме праша каква корист имам јас од тоа. Патем, пензиониран наставник кој знае и сам дека екстерното воопшто не допринесе во образованието.И сеуште не разбирам зошто вакви протести мора да се врзат со партија..
     
    На Mrs. Lovett и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    9510E054-FE19-42EB-9A64-D167F8FD053D.jpeg
    За последниот протест, овој петок.
    Пак зборете за политика сега.
    А еве и јавно сте повикани да нѐ поддржите во петок.
     
    На g8lQQk, WildMk, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.446
    Допаѓања:
    81.946
    Пол:
    Женски
    Петок,17 часот.
     
    На g8lQQk, WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.