1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски бојкот на наставата поради загадениот воздух

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Feminka22, 19 декември 2019.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно и што е со коментариве, зошто не биле за викенд протестите.
    Нормално дека вака ќе има повеќе ефект и ќе се добие повеќе внимание , кога е прекината задолжителната настава отколку во ден како недела.Еве на пример работници протестираат за повисока плата и сл. и кога е пологично да протестираат, за време на работно време или во сабота?
    А муабетиве со оценкиве, ко демек некој ќе премине од 5,00 на просек 2.50 ако отсуствува некој ден од настава кутриот.
    Плус, ова е надоврзување на протести кои на глобално ниво се оддржуваат во петок, така да сосема си се во ред.
     
    На sj *O*, Peperutce1115, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  2. odsk

    odsk Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    кој ги организира протестите инфо
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    Не знам кој ги организира.
    Ќерка ми беше денеска,не ја интересира ни ВМРО ни СДСМ.
    Децава имаат чисти интереси и чиста визија,сеуште не затруена од политички партии.
    Треба да ги поддржиме и да ги заштитиме од партиските хоштаплери кои ќе сакаат да ги користат.
     
    На sj *O*, candy.cane, g8lQQk и 9 други им се допаѓа ова.
  4. odsk

    odsk Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    мислам дека немет врска вмро протестирачите се со грета тунберг таа е од сорос
     
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Децата се далеку по напредни и паметни од постарите генерации кој шо сака нема зборе работник од 40 години ке нема храброст да го прекрше зборо на шефо и да протестира за своето здравје. Секоја чест за дечките
     
    На sj *O*, T.e.d.d.y, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    90% протестираат затоа што не им се седи у школо. Барем таков впечаток ми оставија "дискусиите" денес. Не гледам што е напредно и паметно тука..
     
    На sjdgo и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    Муабетов за не идењето во школо го слушам три дена по ред.Од фамилија до непознати ликови како вие овде.И одговорот што ќе ви го дадам е тој што тргнувам од себе.
    Ако неќам да идам у школо, нема да идам како што не сум идела.
    Поентата кај нас за разлика од другите школи денес беше НЕМА МЕРКИ-НЕМА НАСТАВА.
    Плус што директорот вчера сите од секоја година нѐ викаше да ни каже како не можеме да протестираме, како денес е работен ден, како немало да го исчистиме воздухот и блабла.
    Протестот беше директно ЗА воздухот.Не беше против школото, против наставата, или против владата.
    Просто е како грав, не превземате мерки?епа ќе ви биде празно школото цел ден и нема да има настава.
    Од сите 4 години дали 50-60 души биле во школо денес и тоа најуплашените беа и тие што отидоа да поправаат.
    Башка која е поентата да протестирам за загаден воздух, а да ја седам цела смена во/пред школски двор?
    Тие што беа внатре втора смена, не им даваа да искочат од школо и да ни се приклучат.Само толку ќе ви кажам.Вратите беа затворени од школото.
    Директорот си беше во канцеларија и си седеше со затворени ролетни.
    95% од училните беа празни.
    Ај сеа да видам ,,кои сме ние да протестираме”?
    Плус ефикасен беше моментот каде сите 4 години бевме заедно, бидејќи 1ва и 2ра беа најисплашени од класните и директорот дека ќе добијат намалено поведение или неоправдани.
    И уште 300 заврзлами искочија као ,,сме им вршеле притисок и сме им се заканувале да протестираат”, а они беа тие кои претеа со ригорозни мерки.
     
    Последна измена: 21 декември 2019
    На sj *O*, g8lQQk, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    Не ги правите глупави децава.
    Многу од нив протестираа два пати денеска,и на тој во 17 беа.
    Од нас се подобри,дигнаа глас.
    Ние само на форум се бориме за воздухот,или купуваме прочистувач на воздух за дома.
    Досега требаше да ги запалиме и двете партии, ама не,полесно е на форум да збориш за загаденост.
     
    На sj *O*, candy.cane, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Па ако е за тоа дома ке си отишле а не да протестираат ке се ослободеле само 10 души ке биле на протест другите на кафе или дома у кревет. Ама како што читам не е мала бројка
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Мoже дa ги злoупoтребaт aмa и децaтa знaaт кaде лежи зaјaкoт.
    79763767_987029641696546_28011282783272960_o.jpg
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Не е Грета причината за протестот вчера, туку загадениот воздух. Таа беше само поттик, и Македонија се приклучи, или барем проба, на глобалниот настан за глобалното затоплување и загадениот воздух кој го дишиме. Зошто Грета не се залагала за други прашања е крајно небитно. Сите си ги бираме војните и битките на кои се бориме. Годинава јас ја водам битката на Грета. Не дека друг интерес немам, едноставно сметам дека некои работи се приоритет над други.

    Важно е да се грижиме за околината зошто ние сме сега и тука. Ние никогаш нема да ја "убиеме" планетата безразлика колку уништуваме природата. Ќе не истреби таа нас. Како паразит закачени на неа. Воздухот кој го дишиме не е нешто кое треба да го ставиме во втор план. Се валкано ни врви низ белите дробови. И рак после, е рак.

    Да, не менваме многу ако смениме кон хартиени или метални цефки, или пак ако не користиме пластични ќеси. Ама пошто вервам дека промената трга од дома, мислам дека и тие мали промени вредат. На локално ниво барем да ни е почисто. Мислам, како на некој му дава душа на пат да фрли ѓубре? Ама, ама ... Фактите се факти и ние, обичните луѓе, не сме најголемиот проблем. И затоа треба да протестираме пред влада, пред општини, пред светот. Треба да се отстранат големи загадувачи, фирми, стари модели на превозни средства, греење на локално ниво. И овие работи ги менва државата ама ги менва постојано, не само периодов. Зошто протестите се само периодов, за жал, е зошто сега сфаќаме колку имаме да изгубиме.

    On a side note ако легните на провокација укажува доста за вас. Ој, вие невини загадувачи на околината, провоцирани сте и се е лага туку чиста политика. Сорос, техничка влада и Северна.
     
    На sj *O*, candy.cane, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Темата е многу концизна и ве замолувам да се држите до неа без мешање на непотребни работи. За понатамошни оф-топици и навреди ќе следуваат банови.
     
    На sj *O*, Alisa22, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    Апсолутно немаше такви написи.
    Само средношколци бевме таму и едвај 10 возрасни кои нѐ поддржуваа и викаа ,,браво деца продолжете така”.
    Јас знаев дека вака ќе испадне бидејќи фактички СОРОС го поттикна протестот али гајле ми е.
    Не отидов таму поради политички сврхи и никад нема да протестирам во име на политиката.

    @RainBow фала на реакцијата.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно дојде муабетот до тоа дека младите не сакале да учат и одат во школо па затоа се решиле на бојкот? Ма не еден ден, нека излегуваат секој ден на протест наместо да одат во школо. Баш затоа што за се' сме лабави, не' газат под нозе овие на власт. Нормално дека образованието е важно, ама ова што дишеме отров не е ли? Да заболиме од канцер е помалку страшно од пропуштена лекција? Сериозно? Абе овци во нас гледаат кои ги стрижат како сакаат, ако нешто треба, тоа е да се дигне глас и да се спротиставиме.

    Ова само во Скопје беше? Треба и во другите градови вака.
     
    На sj *O*, candy.cane, Sejfullai и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    И во Струмица протестираа само кај нас беше помасивно наравно.
    Ние бевме од мое школо некои 100 души сигурно.Плус пред Собрание се најдовме со Дрен, Карев, Орце, Јбт беа мислам, имаше и од албанските школи колку што можев да приметам.
     
    На WildMk и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Леле се наежив целата :inlove:
    Обожавам луѓе кои му пркосат на системот, кога е повисока цел во прашање :l:
     
    На sj *O*, candy.cane, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ах бе луѓе. Спорите дали учениците оделе на протест за да не седат на часови или затоа што навистина сакаат чист воздух и здравје. Се подразбира, ги има и едните и другите. Па, мислам луѓе сме, секакви не има, и вакви и такви. Бог да чува.
     
    На candy.cane, WildMk, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.637
    Пол:
    Женски
    Браво! Има надеж за иднината. :inlove:

    Не ги можам овие што мешаат политика во се'.(facepalm) Овде нема место за вашата опседнатост со неа. Сите го дишиме истиот воздух, така да сите не' засега ова!
    Младите да чекаа на возрасните да им го решат проблемот свршиле работа.

    Во младите е иднината, младите треба да се едуцираат, за возрасните е доцна да ги оправаме. Ниедна оценка или поведение не се побитни од нашето здравје. Уште помалку политичките партии што некои сметаат дека се замешани.
    Не ги интересира младите тоа, тие сакаат да дишат чист воздух и да бидат здрави!

    Многу ми е мило што постои ваква бунтовност. :inlove:

    [​IMG]
     
    На sj *O*, candy.cane, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    Сега го читам овој пост.
    Каков е овој коментар?!
    Па ти како општопознат борец за слобода на форумов|( вака мислиш за нашите деца?
    Јас мислев си излегла да ги подржиш,ти, немале појма децава.

    Имаа појма,и за што се излезени и имаа рачно пишувани и цртани транспаренти.
     
    На sj *O*, Purplelilac, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Кажав само што видов.
    Не сум им во главата, ама ми изгледаа ко повеќето да не го разбираат концептот.
    Сум борец за права и слободи, и ја поддржувам нивната борба, ама за сите кои беа излезени да ја разберат суштината на проблемот, треба некој да ги едуцира.
    Знам дека, многумина од нив, дома никогаш не разговарале со нивните родители, за проблемите со климатските промени и како загадувањето влијае на истото.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.