1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски бојкот на наставата поради загадениот воздух

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Feminka22, 19 декември 2019.

  1. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    |(
    Воздухот е ебано основно човечко право бре!!!
    Беше у работен ден протестот затоа што е дел од глобалното движење #FridaysForFuture, аман информирајте се.
    Сте се запнале со тоа искачање, пушење, пиење и дрогирање ко само средношколците да го прават, ко воздухот што е околу сите нас, насекаде, да не е битен воопшто и ко да нема некој што не се грижи највеќе за себе право да протестира зашто му е смачено да не може прозор да отвори дома, да проветрее.
    Свашта!
     
    На sj *O*, Nausicaa, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Затоа што ако се протестите за викенд, нема да го нарушат секојдневното функционирање во градот (ниту наставата ќе се прекине, ниту пак пак повеќето луѓе ќе бидат погодени од затворените улици затоа што не се на работа).
    Со други зборови никој нема да се замара дали имало или немало протест.

    Инаку, што се однесува до средношколците, факт е дека дел од нив кур ги боли за загадување и сакаат да губат часови, плус интересно им е што се дешава нешто несекојдневно, но со оглед на тоа што каузата е оправдана јас ги поддржувам, без разлика што заглавив во петокот во гужвите.
     
    На sj *O*, SexiLy, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Пред некој месец кога коментирав за пушењето сите ми скокнавте како тоа било ваша работа, да не сум се мешала кај што не ми е местото, бла бла бла, сега па зошто не се обидете да промените нешто кај вас или кај луѓето од вашата околина?
    Fu*k logic....(facepalm)
     
    На WildMk, Someonespecial, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    34439DD6-29BF-432E-93A0-3CEEC6E40111.png
    не можат цигарите толку да загадат колку што колите загадуваат.
    Плус јас како пушач пред се, кога пушам гледам да не димам во непушачите и да не ги трујам.
    На загаденово, веќе месец дена уназад и повеќе одбегнувам да седам надвор,ем пошто е ладно ем пошто ме пржат и носот и очите.
    Пред некој ден пушев цигара пред школо и буквално цигара од 8мг никотин не ја осеќав, а погоди зошто?
    И да се гушам во дискотеки.Два пати се имам онесвестено од гужва и чад, повеќе пати сум трчала во вц да повраќам или да искочам надвор на воздух од што ми било лошо.
    Не мешајте баби и жаби.
    Не држи вода муабетот за цигарите.
    Поред 900пм честички, цигарите не се ништо.Повеќе се труеме самите себеси него останатите
     
    На sj *O* и Sejfullai им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    56.744
    Пол:
    Женски
    Се гушам секогаш кога излегувам в кафич и внатре е чадилница. Многу, многу ме нервира. Ама тоа е до газдата што дозволува да се пуши внатре без добра вентилација.

    Најчист е дома воздухот да, ама па да не треба да се затвориме дома и никаде да не излегуваме оти било загадено и се пуши?

    Не ти е Црешке овој добар аргумент. Намалувањето на бројот на пушачи мислам дека најефикасно би било само ако постојано ги зголемуваат цените на цигарите. Целосно да ги укинат не знам колку е можно и колку би било добро.

    Ептен сум против пушење цигари, ама реално не се пушачите тие што го загадуваат воздухот.
     
    На theowndemon, sj *O*, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    27.240
    Како бе младите к*р не ги боли?
    Знаете ли дека и млади страдаат од астма и слични белодробни нарушувања. На тие деца општо им е загрозено здравјето а со ова загадувањето дополнително.
    Оди прашај некој млад дали има загадување и 100% сум сигурна дека сите ќе се сложат дека има и дека требаат промени.
    Само од постари можеме да слушаме conspiracy theory дека загадувањето се политики.
    Млади сме сакаме да живееме. Ама како да живееме кога немаме основно нешто- воздух.
    Зборувајте колку сакате, но реално иднината е во нас младите.
    Пушењето е личен избор, аманте. Ако некој пуши во моја близина ќе се потргнам. А од воздухот надвор кај да одам? На Марс?
     
    На sj *O*, candy.cane, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Не вели никој дека цигарите го загадуваат воздухот туку прашањето беше како на некои им пречи загадениот воздух а не им пречи дим од цигари. И да е чист воздухот надвор, пак се трујат себе. Ама како и да е, не е моја работа.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Читам коментари по нет,тие од СДСМ пишуваат овие од ВМРо ги организирале.
    Мизерно.
    Мислам и на 1000 пм да сврти бројчаников ништо нема да го помери овој партиски ограничен народ.
     
    На sj *O*, candy.cane, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Еве пример:
    AC357752-3252-4261-8E48-BDC8A5511FF2.jpeg
    димот од мојата цигара кој содржи катран и јаглерод моноксид кои дрвата ги апсорбираат.Цигарата ја пушам во просек од 2-5мин значи толку и гори.

    vs

    9F756F4D-1098-428C-82E2-8F1682018134.jpeg
    смог од две куќи кои кузнае на што се греат, плус смрди, плус чади да кажеме 2-5 часа во ден зависно колку се грејат.
    Кој кого гуши?
    И да стварно смета димот од цигари, и на пушачите нѝ смета, али кога ќе искочам надвор нит цигара осеќам, очи ме печат, грло ме гребе и носот ме чеша.
    И моите другарки кои што пушат не си ги осеќаат цигарите надвор кога пушиме, баш се шалевме демек ,,исто ни се фаќа дали ќе испушиме цигара или ќе седиме 10-15мин надвор, ефектот е ист”.
    Да отидеме на пулмологија, јас која пушам секој ден веќе 4год и дишам ѓубришта, и човек од 25-30 год кој пред тоа еден цел ден ќе седи надвор на времево баш ќе видиме што ќе ни кажат.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Јас не сум го разбрала концептот и суштината:@

    Ако е концепт да го затнеш градот и никок да неможе да си отиде до дома НЕ...некој друг не ја разбрал суштината.

    Оф бреее...
    Тежок конвепт.
    И 100% да е народ со вас нема да ви се придружи зашто мир нема од вакви мудри концепти.

    А.се љутевте на теојцата страци кои со денови го блокираа градот.во 16 часот лани во текот на цела зима.

    @Cosmi ако ни го скратиле воздухот без кое нема живот и ни се бројани деновите КАДЕ СТЕ ДЕНЕС???
    За нешто толку основно,.зошто не се излага секој ден?
    ..или денес е сабота, ден за одмор?!
     
    Последна измена: 21 декември 2019
    На black-angel и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Зошто овој хејт? Протест се прави така што цел град се блокира за да се пренесе пораката. Ти не си загрижена ради состојбата, твоите деца не се трујат?
     
    На sj *O*, Leviosa2503, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Апсолутно за! Слободно нека протестираат, нека го затнат сообраќајот и никој никаде да не може да мрдне. Можеби така ќе се освестиме сите. Младите се полетни, уште осеќаат дека може нешто да се направи и треба да направат. Целосна поддршка.
     
    На sj *O*, candy.cane, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Каков е тој бојкот ако ништо не е затнато? Да е бојкотот во парк и ниту една улица да не е блокирана, дообар дел од граѓаните нема да сетат дека нешто се дешава. Вака коа ке заглават 3 саати за накај дома, можда и ке се освестат.

    Поддржувам секаков протест, ама се додека политичарите доаѓаат на власт за да крадат, а не за да бидат политичари, нема да не бидне.
     
    На sj *O*, candy.cane, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Автобусите стандардно вријат од средношколци, јас кога бев средно не памтам ама баш никого со кого комуницирав да го носеа родителите со автомобил на училиште, па и на излегувања по викенди грото и тоа како користат јавен превоз.
    За цигарите - непушач сум и не ги оправдувам на никоја возраст, но истакнување на ова ми доаѓа некако како кога за суровост врз животните велат дека само вегани имаат легитимно право да зборуваат... секако ни оддалеку не мислам дека цигарите се на исто ниво потребни и неоткажливи ко месото, ама зборот ми е дека во двата случаи има повисоки инстанци и многу помоќни фактори во облик на цели индустрии, против кои сите обични луѓе треба да кренат глас и да не се делат кој колку имал право да протестира.
     
    На Nausicaa, lovestoneddd, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Аргументов со цигариве, нема никаква логика.
    Иако сум непушач, воопшто не можам да се согласам дека моменталните најголеми загадувачи ни се пушачите.

    А најтрагичното е што дури и додека сите страдаме и полека се труеме, дури и тогаш изнаоѓаме сили да одиме едни против други наместо обединето против оние кои си седат во фотељи и не гледаат ко овци за стрижење.
     
    На sj *O*, candy.cane, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Се додека затнуваат сообраќај 3 часа , нема да се придружам.
    А не се малку таквите што размислуваат како мене.

    Хејт за тие што организираат.
    Ако е алармантно, секој ден ќе има протести.
    Вака знаете на.што личи?
    На 100 среднпшколци на кои во петокот им било интересно да губат некој час.

    И лани имаше протести , баш овој период, протестираа теојца кои спиеја во шатори.Ама месец и пол секој ден и дење и ноќе беа таму.

    Сега -ништо.
     
    Последна измена: 21 декември 2019
    На cresa-jagoda, fana и daylight им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Зошто сите средношколци, место да беснеат надвор, не се соберат во Борис Трајковски на пример ,не ги повикаат сите политичари и пратеници и најсилните оратори не организираат јавна трибина со услови,да не рачам закани (за прекин на натава) да побараат и тие да бидат вклучени во процесот на намалување на загадување, да даваат свои предлози.

    Вака како е, нема никој да ги чуе.

    Еве, едно попладне беше и толку.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.805
    Допаѓања:
    97.204
    Пол:
    Женски
    Секако дека не се малку тие како тебе. Да беа малку немаше да сме до ова дереџе.
    Политичарите не се криви.
    Дури има овци за стрижење, ќе стрижат.
     
    На sj *O*, Leviosa2503, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Село гори, баба се чешла.
    Затоа што ова е Македонија, за да бидеш слушнат мора да бидеш гласен. Впрочем секаде во светот е тоа така, само кај нас треба да си малку погласен од обично. Зошто мислиш дека нема никој да ги чуе? Колку што знам јас речиси сите медиуми деновиве зборуваат за тоа, а и самиот факт што ние овде дискутираме на оваа тема е доволен за да го побие твојот аргумент дека никој немало да ги чуе.
     
    На sj *O*, theowndemon, Leviosa2503 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Ќе ми одговориш ли на прашањето од погоре или уште ќе ме игнорнираш?
    ДАЛИ ТИ И ТВОЕТО ДЕТЕ ВЧЕРА ИСКОЧИВТЕ НА ПРОТЕСТ?
    Да или не.
    Чим одбегнуваш значи е не, епа немаш право да збориш.
    За разлика од таквите ко тебе што ништо не превземате а само дрндате по форуми, деца ја земаа работата во свои раце.
    Треба срам да ви е, а вие уште се курчите овде.
     
    На sj *O*, Alisa22 и Amellie13 им се допаѓа ова.