Постои ново средство за исправување на косата што е стварно делотворно! Само е многу скапо - 1200 на кратка коса. 6 месеци трае, на природна база е, ништо не се оштетува косата. Се поминува како шампон и после 6 месеци немаш проблеми. Навистина функционира, јас го немам пробано бидејќи е скапо, а и онака имам права коса. Мојата фризерка работи со италијански фирми кои вршат достава само во фризерски салони (значи вака не можеш да го купиш) и јас си купувам специјални шампони за шатирана коса преку неа. Навистина имаат прекрасни производи. Не знам кои фризери работат со такви порачки, ама претежни си купуваат се од парфимерии.
А да не е некоја киселина за исправање на косата? Една професрока моја има природна виткана коса, ама два пати годишно (баш како што напиша ти) оди на фризер и и' ја прават косата со некоја специјална киселина.
јас не сум нешто љубител на скрос права коса, а ни на памет не ми доаѓа да ја пеглам.... Има средство за коса што се вика КЕРАТИН, се става како третман и ја исправува косата, и дава сјај ...ова чудо го немам пробано ама познавам мн пријателки што неможат да си го замислат животот без кератин....распрашајте се....
Па како што ми кажаа мене, не била киселина, не ја оштетувала косата. Е сега што состав има, стварно не знам.
Јас имам коса до раменици и ми е виткана само на врвовите. Немам нормални локни и многу се нервирам. Сакам да имам права коса без никакви локни, значи ептен права, но ништо не ми помага за нејзино исправување. Како мала имав ептен права коса и сакам да ја имам истата. Пробав со преса, но не помага. Само на фризер кога ќе отидам кога ќе ме испеглаат може да ми потрае еден час и толку. Многу брзо ми се витка, а посебно на влажно време.
И мојата коса е иста како сто пиша гламур и многу се нервирам. Со пеглање и фенирање едвај неколку часа ми стои како. Ајде некој ако сака нека објасни за креатин
ги користам капките за исправување плавите од avon и добри ми се ама ставам и на полу мокра коса и на сува ама повеќе затоа што ми е долга и брановидна косата и не се толку мрсни како другите силиконски капки, супер се мене барем ми ја исправуваат косата и лесно ми се чешла :up:
Незнам да ли ке ви помогне ова ама вака, јас имам многу густа и виткана коса, т.е. долниот дел од косата ми е виткан а горниот слој ми е прав. Дома имам од најголемите витлери, како ги викаат мислам магични, оние како со боцки што се и ми ја прават косата исто како пеглана. Како за домашна употреба мене тие ми се No. 1
Јас имам права коса на корените а надолу брановидна и едно време користев нивеа шампон за исправување на косата и имаше ефект ама пошо требаше се со фен да ја сушам почна да се расцветува мн. потоа купив преса за коса Vicko и задоволна сум. А баш мн ме интересира со што преси ги прават фризурите фризерите? Никој не кажува
SpoiledBaby овие витлери ги има и по пазарите а и по поголемите маркети, како Веро, Тинекс..., и се со прифатлива цена, не се скапи... Поздрав4е
Ех, и јас имам виткана коса. Се пеглам со керамичка пегла, напорно е, и после некој час е прекршена. Сега го сменив шампонот користам шаума за исправување и е многу полесно. А какви се тие витлери? Ако е во нив спасот ќе ги барам и под дрво и под камен
Jas imam zdrava i gusta, no kadrava kosa, pa chesto koistam i peglanje so fen i chetka i posle toa so presa. Za zhal mene ne mi pomogna nitu nivea nitu se drugo pred toa shto se reklamirashe kako sredstvo za ispravuvanje na kosata. Ponekogash stavam maska od grejpfrut ili limon koi vazhat za prirodni sredstva za ispravuvanje..inaku ima i specijalni hemiski sredstva na baza na kiselini - neshto slichno kako kaj ondulacija, no tie sredstva ne samo shto se skapi, se i mnogu mnogu shtetni.
фризерите користат пегли со јони,се продаваат такви и во продавници за бела техника и навистина се најубави особено за оние со многу виткана и густа коса,и плус јоните ја прават многу свиленкаста
Не се потпирај многу на средствата што се рекламираат оти се е тоа глупости во боја ... Затоа и ги рекламираат , моја другарка кога ќе се избања става силиконски капки и не и е толку виткна колку што и е . А капките и помагаат да не ти се оштетува косата,само некои ги иритира тоа што се мрсни
мене ме интересира како да ја задржам косата права и кога врни? бидејки тогаш многу ми се витка и воопшто не ми се допага таква.дали би ми помогнале некакви регенератори ,маски ,силиконски капки или нешто друго ?