Значи имам виткана коса ама воошто не си ја сакам. Мојава коса ја пеглам со преса,ама сепак ако е малце влажно времето одма ми се извиткува,а и да не е, не ми трае нешто долго. А користам нон стоп и шампони за исправување, и регенератори и се ! Долго време барав начин за трајно исправување на коса и сфатив дека најефективно е Бразилското исправување на коса со КЕРАТИН. Косата добива сјај, се регенерира а воедно и исправува и истата форма ја задржува до 5 месеци. Проблемот е што не знам каде во Македонија го има овој третман и дали воошто го има. Ако некој знае нешто ве молам нека каже оти навистина сум очајна! Имам потреба од права коса хехе Ми се смачи нон стоп да ја пеглам.
хехе не си единствена со таков проблем само да знајш јас имам долга коса само на врвовите ми е прекрсена и многу сакам да ми е права постојано проблемот е во тоа со имам поретка коса лесна и на влажно време и мене ми се прекршва се нервирам за овај третман би сакала и јас да знам ако косата е права до 5 месеци вреди да се проба само да се најди инаку косата што не е скратена на делови е потешка коса побујна и подолго трае исправена ова е од мое искуство додека да ја пораснам косата маки мачев со степенеста и ретка коса...ако има некој повеке слушнато за третманот голема услуга ке ни напрај на сите ако ни пиши каде да го најдеме .....
Дали може некој да ми каже каде да најдам убава четка за фенирање ама не од дебелите големите туку од тие помалите потенките?
Воопшто не си ја сакам косата. На врвовите ми е права долу брановидна катастрофа порано се пеглав секој ден но сега почнав поретко бидејќи ми е многу изгорена. Пред пеглање се фенирам или ако ме мрзи само се сушам со фенот, но никако неможам со фенирање убаво да ја исправам мора да ја поминам со пеглата да ја замазнам малку
Што се немам користено за исправување...шампони, маски, восоци и сфатив се додека не заигра пегла на косата, кај мене барем ништо не ја испавува. Сум ја испавувала и со големи витлери, ама не ми држат многу време. Така да пегла си е пегла, е сега нормално дека се оштетува, ама има селиконски капки, и треба почесто шишање на врвовите.
за израмнуванје имам користено маски,специјален чешел ама ич не бев задоволна не изгледаше косата права , тогаш сватив дека треба само преса за израмнуванјје
Има вакво нешто во афродита и силуете козметичките салони и е околу 6000 ден. Најголем ефект има кај оштетена коса зошто многу ја обновувало
Се е гола вода..досега кое ли срество не го пробав,ама без добра преса се е џабе. До некаде тафт ми ја олеснуваше работата ама без добро фенирање и пеглање пак не личеше на ништо. Мојата коса е многу густа прилично долга и згора на се кадрава..е сега замислете... Порано ја убивав од пеглање, сега малце ја скратив па ја одмарам се надевам ќе ме држи одморов
во право си скап е тој третман и не за 6 можеш за 3 000 ден да си купиш пегла која без проблем ке ти ја исправа косата и јас имам кадрава коса и пред да ја испеглам поминувам со четка ја фенирам ама ептен малку зависи каква ти е косата и потоа пеглата а понекогаш и само пегла веднаш ја исправува и одкако ми е израмнета косата поубаво се пегла од оние степени никако не се пеглаше цела се разлетува.
jas znam nacin za trajno ispravuvanje na kosata megutoa malce ja ostetuva a toa ne e brazilkoto ispravuvanje a sepak e mnogu uspesno [mod-kirilica:3tz12ok4][/mod-kirilica:3tz12ok4]
Ако сакате да ја заштитите косата од пеглање ви препорачувам (може да ги порачате преку интернет, нормално ако сте во можност) :
http://www.amazon.com/CHI-Guard-Protect ... 494&sr=8-2 http://www.amazon.com/Tresemme-Thermal- ... 544&sr=1-1 Мене ми ги испратија роднини од странство, моја оценка е 10 ка! браво за оној што ги измислил!
Neznam dali kevise veruva imav svilena kosa prava dogla.Toa bese koga ziveav vo Makedonia otidov da ziveam vo Grcia pocnaa golemi promeni.Promenite se toa sto od prava kosa posle tolku godini mi stana tolku vitkana koj nemozam daja isceslam.Koga odam na flizer mi se cudat i dodeka daja ispravat povtorno se izvitkuva.Prasav poveke flizerki od sto mise taka slucilo.Mi kazaa deka e od vodata,klimata i od samponite koj doktorot mi gi prepisuva.Sega se macam daja isravam.1pat vo nedelata ja susam so fem ne koristam pegli za peglanje na kosata.Najgolemo resenie e da ja imas fateno so stegac kosata.Non stop ako ja fakas rep kosata taka se ispravuva.Na vitkanata kosa potrebno e da se mie so maska ili regenerator za kosa,uste ne e loso da ja miete so svaren caj od kamilica za da bide po jaka i posjajna.Postojat samponi koj se ispravuva kosata,tocno negi znam ama mi imat kazano flizerki koj.Izbegnuvaje gi peglite za kosa taka ja izgoruva kosta.Pozdrav,probajte gi moite soveti [mod-kirilica:3a9csafk][/mod-kirilica:3a9csafk]
Освен оние погоре спрејови за заштита на косата што се порачуваат преку интернет,дали има кај нас нешто слично и колку чини?! Некако не ми се порачува,не ми се чека,плус ѓавол и пол ќе испадне.Си сакам пари на рака,Мара за рака.
Ефтин е,100 и нешо денари мислам дека беше. Можеби не е како некои убер професионални спрејови за коса,но мене ми помага колку толку
Јас исто како и сите вие имам виткана коса (како црнец)и имам пробано скоро се па дури и исправување со киселина и разни други препарати (frizz easy колекција од Америка и можеби пола од она што се нуди кај нас).Проблемот го решив со тоа што пред одприлика 5 -6 години купив фен на Rowenta - Stilissima кој има еден додаток како чешал и служи како за сушење така и за исправување на косата. Користењето е многу едноставно односно само чешлате прамени и како ги поминувате косата се исправува.