За поправа коса треба да бидете стригнати без степени зошто тогаш е тешка и е поправа..бар така ми кажа фризер
Па јас немам сосема права коса и имам пробано , али не е тоа тоа.Мислев на нешто вакво да добијам ама ни приближно до тоа
Мислам дека права коса без преса може да имаат само оние кои имаат прилично долга коса. Мојата е долга речиси до половина, не ја пеглам, само со шампон ја мијам и понекогаш и ставам маска или субрина и права ми е. ама пошто ми е шишана на степени тие најкратките, напред ми се извиткуваат на влажно време
А од каде го купи и колку пари беше? И ме интересира косата ти ја исправува убаво, како фенирана или малку само?
Ех,и јас велам како не постоеше нешто како пена за виткање на косата-така за исправање а не да ја гориме со преса со часови
Каква ти се косата по природа? Можеш после капење да ја исчешлаш косата и да ја направиш рамна ... така нема да ти биде толку вртена (ке се исуши рамна ) Но засега нема такво нешто што ке ја исправи косата без горење
Имам виткана коса. Не многу виткана како со федерчиња, ама брановидна. Пред неколку години бев опседната со мислата да имам права коса и ја пеглав секој ден Ем шо трошев време, ем ја горев Пробав секакви шампони, креми за "исправување" на косата ама немаше резултати. По некое време сватив дека ми е супер природна косата и од тогаш не ја пеглам Немам метил, а последен пат ја испеглав пред пред 10 месеци... Така да ви препорачувам да не ја горите косата за џабе, ем ќе заштедите време, ем нерви (јас многу се нервирав по 1 сат кога требаше да седам пред огледало и да ја пеглам )
Moze li nekoj da mi kaze kade go ima ovoj Nivea straight&easy? Go baram po dukanive ama nikako da najdamm..
Отсекогаш сум сакала да имам права и убава коса.. но врвовите многу ми се виткаат и ми изгледа косата неугредно само кога ке се испеглам ми стои права сакам да има коса како на оваа слика помошш!!
Една феминка , може и повеќе беа се фалеа од орзен од пиво, т.е. од маската и шампонот. Демек ја исправувал косата и немало прекршени врнови. Пробај ништо нема да изгубиш од едно пакување шампон
Мене косата ми е многу густа и ми е до раменици малце подолу и многу ми е густа се си мислам дека погуста коса од мојата не постои. (Има ама тешко се наоѓаат) и една наставницка има таква коса и јас сум блиска со неа и таа има иста коса како мојата и ми каза дека ги користела тие спреовите од ГЛИС и дека тие биле за израмнуване на косата фактицки како пеглана и со тој спреј полесно се чешла и ако ти ме мрсна косата а треба веднаш да излезес ке се испракаш од тој спреј и косата како миена ти е ги иа во големите маркети (мене ми помогна и секогаш со тој си ја исправувам косата пробај сигурно не ти се толку густа како мојата) позз
Zdravoo...pa vaka ako mozam da vi pomognam...imam jas napraveno brazilski tretman so keratin vo Afrodita-S i sum prezadovolna i tocno e toa deka trae okolu 4 5 meseci ama poslem toa kosata e sveza obnovena i poslabo se vitka ..planiram pak i ne e 6000 tuku 4000 i veruvajte i duri samo da go napravite keratinot za obnova i toa se isplati pozz
Се согласувам со Ina-bela. Бразилскиот кератински третман навистина помага,мојата фризерка го испроба прва а по неа и јас. ‘ месеца точно косата е права и мазна како штотуку испеглана,а во стидио ''Дивас'' спроти Олимписки базен на самата автобуска каде што одам веке долго на фризер ми се чини дека беше околу 3000-3500 денари третманот,само што постапката трае подолго затоа што косата се мие,па се суши па се нанесува течниот кератин прамен по прамен,па се пегла со преса,па потоа пак се мие мислам дека нешто така беше целата постапка ама верувајте дека се исплати затоа што 6 месеца нема замарање само ја миеш и ја сушиш и косата е права како праз.Само што обавезно треба да се користи еден шампон или регенератор незнам што беше исто на кератинска база за правата коса да издрзи подолго време. Јас имам никаво витката коса,односно ми е сува многу,одоздола ми се прави чат пат по некоја локна и брановито ми се прекршува а одозгора (горниот слој ) изгледа буквално како да ми ставил некој пласт сено..како страшило. Јас го направив поодамна и сум многу задоволна а планирам сега пак да го направам,ако сакате да ви пратам број од студиото во лична порака кој е заитересиран
Бразилскиот кератин е исклучително штетен! Еве дел од текст за ова Популарни техники за разубавување кои му штетат на здравјето Исправување на косата со кератин Третманите со кератин веќе подолго време ги загрижуваат докторите. Бразилското исправување навистина би требало да ве загрижи, бидејќи од оваа година двата најголеми произведувачи на овој третман со овој производ ќе огласуваат и предупредувања за канцерогеното делување на формалдехидските гасови кои се испуштаат додека производот се меша. Или ова: Brazilian hair straightening treatments are a method of temporarily straightening hair by sealing a liquid keratin and a preservative solution into the hair with a hair iron in the United States. It has been banned in several countries including Canada[1] and the European Union[2] due to high concentrations of regulated chemicals in them. The U.S. Food and Drug Administration (FDA) warns that Brazilian Blowouts are hazardous to the health of the women who use them and the hairdressers who apply them. И јас сакав да го направам овој третман, ама истражував малку и се откажав. Секако ми звучи преубаво да не мора секоја недела да одам на фризер, ама арно велат, ако нешто звучи премногу добро за да биде вистиното, тогаш веројатно и не е.
јас имам благо прекршена коса и како и да ја наместам ми стои и да ја испеглам кје ми биде пеглана додека не ја измијам истото е и со виткањето.кога сакам екстра права без пеглање ја мијам со шампон палмолајф без разлика каков и маска за коса генера ама битното е што ја оставам сама да ми се исуши зошо кога ја сушам со фен многу ми се разлетува и буфкаста ми е.после само се исчешлувам и толку имам права коса.