Среќни ли се денешните бракови?

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 14 јули 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Често мислам на оваа тема и заклучокот ми е дека од цела фамилија, пријатели, знам само еден брачен пар кој има перфектен брак. Тоа се гледа на секој чекор. Тие се успешни, а имаат и две деца кои се исто така фини, културни, воспитани, образовани, вредни. Ова е поразително затоа што од сите околу мене само еден пар ми оставил впечаток дека функционира како што треба. Другите или се разведени, или се во лоши бракови заради децата и затоа што немаат каде да одат, посебно жените.

    Што е за вас среќен брак? Колку пареви во среќен брак познавате? Ваше искуство?
     
    На Dona5, Nigredo Odor, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Не води се според впечатоци. Познавам тешки фарсаши, навидум среќно и насмеано семејство, а кријат многу, или од останатите, или еден од друг... Всушност, што знам, можеби навистина си се среќни така лажливи и несовршени.
     
    На Belgin1, Dona5, orevka и 18 други им се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ич не ми е гајле за туѓите бракови а и тие се толку интимна работа од кај ли јас да заклучам точно од мои субјективни проценки? Тоа што мене ми значи убаво во брачна средина за некој друг не е така. Така да додека мојот брак си е во ред т.е. јас си подесувам да ми функционира ич не ме тангира чиј брак на кој основ лага или глума функционира.
     
    На Milobebence, BabyStyle, Mr.Awesome и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    95.859
    Никој од надвор не може да процени каква е врската/бракот. Никој од надвор не знае што му се случува на парот зад затворени врати!
     
    На Herrera, sparklie, Dona5 и 25 други им се допаѓа ова.
  5. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    6.612
    Пол:
    Женски
    Моите родители се во среќен брак. :inlove: Наскоро ќе прават 30 годишнина од брак. Имаат доверба еден во друг, имаат разбирање, се почитуваат, проблемите ги решаваат на мирен начин (никогаш не се расправаат), а што е најважно од се тие се сакаат и покрај тоа што се долги години во брак (понекогаш се однесуваат како тинејџери:rofl: ) И јас посакувам еден ден да имам брак како нивниот.
     
    На Mantisa, Herrera, kristince51 и 26 други им се допаѓа ова.
  6. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Јас сите што ги знам се во среќен брак. Нормално, не сум им дома, но функционираат нормално, се дружиме, тие се почитуваат, имаат деца, кои поголеми, кои помали. А, кој што си има во главата или прави на страна, навистина не знам и не ме интересира, за мене се ОК.
    Но, знам и едни, не којзнае колку блиски, но им бевме на свадба за кои што мислевме дека се многу среќни, а се разведоа многу бргу. Така да никогаш не знаеш.
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Кога гледаме од страна многу нешта гледаме погрешно.
    Секоја заедница, брак, си има свои проблеми. Некои поголеми, некои помали. Само не секој дозволува проблемите да излезат надвор од куќниот праг.
    Татко ми е полицаец во пензија, па сега откако е пензионер му се испушти да каже дека баш оние што низ град важат дека меѓусебно најмногу се почитуваат и се сакаат, многу често ноќе викале полиција за меѓусебни конфликти и тепачки. А после неколку дена фатени за рака шетаат, се смеат, ќе си помислиш никаков проблем немаат.
     
    На cresa-jagoda, Sesil и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.838
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Еве јас да се пријавам дека сум во СРЕЌЕН БРАК, а познавам само еден среќен брак, тоа е моја фамилија чии деца се мои врсници односно братучеди. Нема шанси да не се забележи кој е во среќен брак, а кој не. Барем јас имам таква способност и веднаш ги проценувам луѓето и паровите, никогаш не сум утнала! Бидејќи многу ретко, скоро ич сум сретнала среќни парови и бракови мојата иднина ја замислував со маж кој ќе ме изневерува и нема да е тоа тоа или пак сама до крај на животот, а се случи сосем трето, запознав и се омажив за личност за која што никогаш не би поверувала дека постои, маж каков би посакале сите жени. Се уште не сме успешни, но многу јасно се гледа правецот на нашите животи, еден ден ќе бидеме! Ме мрзи да опишувам и објаснувам, но накратко, многу ретко има среќни бракови, навистина не ја знам точната причина, дали пребрзо се влегува во брак, дали се премолчуваат некои работи додека не се пукне, дали едноставно до едниот партнер е само и така...Јас сум голема среќница да бидам во среќен брак. Се надевам нема да ме нападнете.
     
    На Mantisa, Mrs. Diva, esperansa777 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.712
    Допаѓања:
    145.067
    Само не ми е јасно како проценувате дали е некој во среќен брак?
    А башка тоа што ич не треба да ве засега, па да правите проценки. Оти впечатокот кој го имате може да биде сосема погрешен.
    Секој дома си знае што му се случува зад затворени врати.
    Дури и некој кога се фали/жали не знаете дали е вистина или не.
     
    На joy1, Вереничка, 1209 и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Kомплетно се сложувам. Се гледа брак кој опстојува со години и се гледа дека се оди како подмачкано. И јас проценувам добро и не сум утнала досега. Блазе си ти, ако имаш добар брак, да знаеш во старт си среќна жена.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda и carangigia им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.284
    Пол:
    Женски
    Среќен брак е многу релативна работа. Дури и тоа за нас што можеби е смешно за нив е нормално. Штом се заедно има нешто дури и најмала трошка среќа што ги држи партнерите во таков брак.

    Нема ништо совршено па така и бракот. Секогаш ќе има и подеми и падови, убави моменти и караници. Побогу има денов кога сам себе не се трпиш а не па некој друг. Се додека партнерите се спремни да прават компромис и да се прифаќаат себе си со сите свои доблести и мани ќе имаат и среќен брак. Бројка точна немам, бидејки во мое опкружвање немам многу луѓе кои се во брак, а и да имам сигурно нема да водам математика и да ги бројам на раце.

    Но, од оние кои се во брак сфатив дека многу е важно да се има меѓусебно разбирање и доверба. Без тоа ништо не може да функционира. Едноставно заеднички ги надминуваат пречките во животот. Повеќето живеат сами се изборија самите за тоа, некои од нив имаат деца некои не, имаат работа која им дозволува леб на маса и одмор еднаш во годината, младост која ја имаат изживеано како што треба па сега не осеќаат потреба да прават глупости или секој викенд да глават во диско до ниедно време небаре слободни момци и девојки се.

    Во животот научив дека секогаш треба да си гледам во својот двор, мојата врска никогаш да не ја споредувам со други бидејки како што нема двајца исти луѓе така нема и две исти врски или бракови. Секој брак си е приказна себе а колку истиот ќе биде успешен најмногу зависи и двајцата партнери.
     
    На Mantisa, Sfera, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Прво треба да разграничиме што е дефиниција за среќен брак.
    Успехот во работата и имање на деца не е само синоним за среќен брак. Постојат многу семејства кои имаат воспитани деца и успешен бизнис, но не се среќни и исполнети во бракот. Среќата не се мери со поседување на материјални работи. Можеби краткотрајно да, но на долги патеки многу повеќе влијаат на бракот ситните нешта, односот, почитта, благодарноста, грижата еден за друг при болест, вербата, довербата, емоционалната интелигенција итн итн.
     
    На karanfilce, Lilit, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Точно дека може на прв поглед впечатокот да лаже, но ако по 3 месеци од свадба има развод, не ме излажала мојата интуиција, туку тоа бил лош брак. Или ако по 35 години брак функционираат добро и грабаат само напред, не е дека им е лошо.
     
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    134.429
    Пол:
    Женски
    Не можеме за некој со кого не жвееме заедно да оценеме во каков брак е. Насмевката пред луѓето не е показател за среќа. Годините поминати заедно не се мерило за среќен брак, можда некој има челични нерви или разводот му е дури и полоша опција од моменталниот пекол.
     
    На karanfilce, galapce, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Секогаш се водам по тоа дека работите често не се така како што изгледаат. Многу бракови/семејства изгледаат среќни а се далеку од тоа.
    Секој си знае како му е дома...
     
    На Dona5, Glasna, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Навистина не знам. Не е вистина се што гледаме, така да...
     
    На elimkd, stetoskop и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Се сложувам потполно. Ако некој е 30+ години во брак не значи дека е среќен. Лично сум сведок на неколку случаеви. Мразам кога луѓето ги споделуваат личните проблеми со мене бидејќи не ме интерсираат проблемите во туѓите бракови па дури и на блиски личности. Но добар слушател сум и одговорите кои сум ги добила на прашањето "Зошто си уште со него / неа кога си несреќен/а?" најчесто се :
    - Морам да трпам се заради децата, каков пример ке им бидам во животот.
    - Што да правам на овие години, немам кај да одам ако се разведеме ќе останам на улица.
    - Ќе издржам и нема да и дозволам да влезе во мојот дом кој го градев со години.
    Овие сите се случаеви со неверство....
     
    На Dona5, cresa-jagoda, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    Едни познавам - моите родители. Во брак се 31 година, имало денови кога се скарнувале но најчесто се смируваат така што тој што е крив вари кафе и седнуваат да разговараат за проблемот. Фала му на Бога не се алкохоличари, коцкари или да гледаат по други мажи/жени, немало забрани, малтретирања..... Секогаш се сложни, заедно донесуваат одлуки за најмала ситница, си посветуваат доволно време за самите себеси, се сакаат и постојано се гушкаат. Еден без друг не можат да издржат ни два часа одма се бараат по телефони. Некогаш се бетар од тинејџери ама ако подобро така одколку да се обратни. Дефинитивно во иднина би сакала и мојот брак да е таков.

    За секого поимот среќен брак не е ист, некогаш од надвор се совршено добро вклопени но вистината е многу помрачна и подлабока.
     
    На cresa-jagoda, Sfera, Alianna и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.592
    Не постои среќен брак, не постои ни совршен

    Исто како што не постои ни совршен живот, совршен човек.
    Постои само нормален брак, да го наречеме.
    Каде партнерите не се изневеруваат, исто придонесуваат, прават компромиси.

    Е такви одамна не сум видела...
     
    На TutiFuti, cresa-jagoda, Sfera и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Еден.
    14 години заедно, личат како брат и сестра. Дури и карактерно исти.
    Очите им зрачат како пред 9 год. кога беа пар и ги гледав на клупа.
    И покрај тоа што се борат со огромен проблем (за жал никој не заслужува, они најмалку) уште цврсто се држат за рака!
    Слика за тоа како треба еден пар да се носи со животот. Ги обожавам и мило ми е што ги знам. Ми влеваат уште поголема верба дека она што е вистинско трае вечно.
     
    Последна измена: 15 јули 2017
    На Askopje, cresa-jagoda, Sfera и 11 други им се допаѓа ова.