Среќни ли се денешните бракови?

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 14 јули 2017.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    8.430
    Пол:
    Женски
    ќешки да е така и до крајот на животот да им трае. Тие се од "постарите" генерации. Во последните 10 години процентот на разводите е драстично зголемен што значи последниве 10 години има ама многу се ретки среќните бракови
     
    На Herrera, Tanjamm и Mese4ka92 им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.290
    Допаѓања:
    17.718
    Пол:
    Женски
    Си биле еднаш едни двајца.
    Биле среќни.
    Толку среќни што мислеле дека не може да бидат несреќни.
    Ама и тоа можело.
    Заедништво во чијашто половина немало ниту еднаш потреба да се повиши глас.
    Заедница на којашто многумина завидливо гледале јер се познавало дека не е брак за пред фејсбук и комшиите, но права ствар и компатибилност.
    Додека едниот во глава планира нешто, другиот во исто време го кажува како предлог.
    Едниот имал проблеми на работа, се секирал многу за пари ама не кажувал на другиов.
    Другиот осетил па со месеци собирал заштеда за првиов да се почувствува раат дека може да си дозволи 3-4 месеци да бара подобра работа.
    Толку се знаеле еден со друг што, иако ниту двајцата не биле лекари, си знаеле кој симптом кај кого значи притисок, вирус, дехидрација...
    Две половини од сложувалка.

    Ама и караници дошле.
    Не им се обрнало внимание нешто посебно, јер составен дел од живот.
    Непочит.
    Уште повеќе непочит.
    Па непочитуваниот се ладел како резултат на третманот.
    Па едниот криел дека за многу важна тема за другиот имал спротивставен став, со надежта „ме сака, ќе направам да се предомисли/“
    Па експлодирање на тоа насобрано незадоволство во краток период на начин на којшто другиот се почувствувал понижено, тажно, несакано, измамено, искористено, осамено.
    По таа точка веќе, само тивко се подготвувал терен за разидување.
    Јер сета иронија, сарказам и причини за караници се искористиле.

    До тој ден Д, секој претходен ден бил мачење, како да се стави разделбава на дневен ред.
    Се стави.
    Откако се стави, други ситници и крупници покажале колку (иако преболна) е правилна таа одлука.
    Многу се релативни овие ствари во животот.

    Пред тоа „добар“ пожелно е да се става „засега“ а ако си верник, може да се додаде и едно „сполај Му“.

    Све остало е лотарија и/или прикаски за мали деца.
     
    На WildMk, stetoskop, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.