1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Среќни ли се денешните бракови?

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 14 јули 2017.

  1. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Познавам навидум среќни парови, а потоа дознавам од самите нив дека нивната среќа е фасада за околината. Дали е погрешно или правилно, не би можела да кажам. Многу e лесно да коментираме за туѓите животи.
    Не постои совршенство во нечиј живот, во нечиј брак. А среќата пак е релативна. Минлива. Доаѓа, си оди. И повторно доаѓа. Научив дека не треба да носам заклучоци од она што го гледам, затоа што она што се случува "зад завесите" кај некој пар е нивна лична работа.
    Познавам жена која е заглавена во несреќен брак, но поради х причини таа сеуште е во тој брак. Јас не би била, покрај сѐ што знам. Кажано од самата неа. Но тоа не значи дека не ја разбирам. Истовремено и се восхитувам, и сочувствувам со неа. Знаејќи низ што минува. Но за другите, таа е во среќен брак.
    IMG_20170715_085647.png
     
  2. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Себеси се ставам во категорија на луѓе кои и уживаат плодовите на среќен брак
    Познавам и доста бракови кои зрачат со харизма и почит...кде едноставно се гледа љубовта која ја негуваат еден за др
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и AnaBub им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.164
    Пол:
    Женски
    Ако се успешни немора да значи дека се среќни и дека имаат среќен брак ;)
     
    На sj *O*, elimkd и VictoriaSan им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.222
    Допаѓања:
    124.260
    Абе мене ме знаете? :))))
     
    На ♡BuBaLe♡ и LBC им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Тоа според тебе е љубов! Тоа не е љубов. Во љубовта не се повишува тонот, срцата кои се сакаат се секогаш блиску едно до друго и нема потреба од повишување на тонот, можат да се слушнат и разберат со смирен тон во секое време. Кога веќе имаме повишување на тонот тогаш значи дека тие срца веќе не се толку блиску и мораат да го повишат тонот за да се слушнат.
    А среќниот брак кој го познавам е моја фамилија бидејќи се уште немам запознаено некој од Хаваите на пример.
    И нема потреба да се фалам ова е форум и никој не ме познава, туку најмалку има потреба од правење лице, тука сите сме анонимни.
    Не сум ни С од самобендисана.
    Вие што се контрате во секоја можна прилика имате некој проблем со самите себе.
    Поздрав.
     
    На eleni27, Tanjamm и orhideea им се допаѓа ова.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    2 Пара или добро ,,глумат,, :)
     
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.164
    Пол:
    Женски
    Тој што е смирен и си шепоти со партерот цело време без ниедна караница или добро глуми или е на тешки лекови.

    Тоа имам да кажам само ;)
     
    На karanfilce, Dona5, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Сите среќни бракови кои ги знам како такви се само за пред народ

    Во секој брак има кризи,караници,несогласувања....

    Јас сум среќна кога имаме разбирање,взаемно почитување и на крајот од денот нанаме гушнати :inlove:

    И се караме,и повишуваме тон еден на друг но тоа не значи дека помалку се сакаме

    Во брак каде што е се во ред,нешто не е во ред :wasntme:
     
    На NEA, TutiFuti, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Јас сум во среќен брак. Млада се омажив. Млада родив. Уште сум млада. И среќна. И убава. :rofl: Ок, доста беше фалење. Сега шала на страна, да кажам мислење. Ама озбилно сум во среќен брак. :) Ајде, ајде, да не глумам сега лудило оти се е како во холивудските филмови. Не е.

    Вистинската љубов бара доверба, трпение, почит, преминување преку искушенија, болни искуства, пожртвуваност итн.
    Нема рецепт за среќен брак. Целата поента е во тоа (барем во нашиот случај) да знае човек да ислуша и кога не се зборува. Да ја прочита тишината или во зборовите, да го открие суштинското значење.

    Не можам да зборувам за другите, но можам за себе.

    Недоразбирањата и кавгите во бракот се сосема во ред. Ништо не е идеално. Не можам да кажам дека никогаш не сум викнала на сопругот, или тој на мене. Најчесто за глупости, ама имало и посериозни проблеми, како финансии, неплатени сметки, важни животни одлуки итн. Ама ова не го прави мојот брак несереќен, ниту пак значи дека нема љубов. Напротив. Со вакви препреки преку кои ние храбро преминуваме и заеднички решаваме, се зближуваме уште повеќе. Но тоа не го прави мојот брак ниту совршен. Не е совршен. Ќе излажам ако кажам дека е таков. И такви брачни парови јас не познавам.

    Ние имаме разбирање еден за друг. Си помагаме меѓусебно, се почитуваме, се гордееме еден на друг, се радуваме на успехот на другиот, имаме толеранција и најважно од се, се сакаме. Немаме, а ниту дозволуваме мешање од страна. Нашиот живот, е наша работа. И двајцата немаме преголеми очекувања еден од друг, затоа и помалку разочарувања. Нормално, доста сме слични, со заеднички интереси. Ама многу е јасно дека и двајцата имаме желби за нешто повеќе. Заеднички целиме кон тоа, иако некаде во средината на истото, знаеме и да се срчнеме.

    Ние знаеме и да се скараме. Што за деца, што за друго. И потоа излегуваме надвор како ништо да не било. Луѓето од страна би рекле колку се убави, блазе на овој пар, за кавга не знае. (Не дека не сме убави 8) :D). А ние дома сме имале кавга. Сакам да кажам, не е можно да се процени и оцени по надворешен впечаток. Ниту пак кавгата значи несреќен брак. Нормално, се додека е во граници на нормалата, јас ја сметам за нешто неизбежно во еден брак или врска. Сеедно.

    И покрај се ова го дефинирам мојот брак како среќен, но не и совршен. Убаво ни е и на двајцата, да не било, верувам дека одамна ќе бевме разделени, оти ниту еден од нас не е тип што би трпел нешто што не му е по мерак. Го уживаме времето заедно и многу сме поминале заеднички во истото. Сме имале и падови и подеми и проблеми и среќни и радосни моменти. Знаеме да се носиме со се ова, оти љубовта секогаш победува. :inlove:

    Мм е се што во животот замислував да имам од еден маж. Ок, земете во предвид дека сум во љубов, па може малку и преувеличувам. :inlove: :rofl:
     
    На cresa-jagoda, mynameislove, Arendelle и 12 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Љубота е слобода, слободата е среќа, бракот ја задушува слободата, некаде повеќе, некаде помалку.

    Темата ме замисли, скоро и да не познавам некој да е среќен во брак од тие што добро ги познавам, роднини, комшии, пријатели, можам да кажам дека не знам личности кои стварно се сакале и завршиле заедно.

    Што би рекол газдата мој, сви љубави су тужне, ал моја је најтужнија :)
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Ќе ви препорачам една многу добра книга која најдобро ја доловува оваа тематика. Затоа што субјективното гледање на нештата и не е секогаш она вистинското.
    И не знам по кој основ би се дискутирала темава кога никој за никого не би знаел точно да каже. Аа даа. Освен ако не сте комшии. Тогаш сите знаат се за секого:lol:боштум:)
    Па јас не би знаела да кажам дали се среќни или не затоа што не ме интересира(не сум радознала) да њушкам у туѓи животи.
    9.jpg
    10.jpg
     
    Последна измена: 15 јули 2017
    На tessie, cresa-jagoda, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Не треба да се крене рака во брак. А да се повиши тон може. Лошо е ако не се повиши тонот, тогаш или едниот трпи, или не нешто друго во прашање. Идеално нема ништо, па ни брак. Идеално немојте ни да барате.
     
    На cresa-jagoda, Dust, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Порано се беше поквалитетно, така и браковите. Ништо чудно.
     
    Последна измена: 15 јули 2017
    На Petar80 и sunrise_123 им се допаѓа ова.
  14. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    За среќни бракови тешко верувам дека има..Можеби некој во 1000 да се најде.. На почеток можеби се среќни или од брзање со бракот или потиснување од околината, но потоа иако со деца и фамилија паровите се чувствуваат како осамени старци..:D
     
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не познавам особи кои се во среќна врска, а не пак брак.
    Тука се исклучени почетните пар месеци затресканост, зборувам за врски и бракови со минимум шест месеци траење.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Еднаш од очајни домаќинки ми остана една реченица која одеше вака некако
    "На крајот од денот кога вратите ќе се затворат, остануваме вистинските ние , без шминка , без фарса.."

    И тоа е вистината.Верувајте дека никогаш точно не можете да процените за другите каков брак имаат , дали се навистина среќни иако така изгледаат или не.
    Незнам колку луѓе познавам што се во среќен брак , затоа што на мене сите навидум ми се ОК.
    И , во секој брак има проблеми и расправии.Сега дали некој ги решава по смирено или со повишен тон , тоа е прашање на карактери.
    А тоа не значи дека не се среќни во бракот.
    За несреќни бракови ги сметам само оние кои се малтретирани од своите партнери а од икс причини остануваат со нив.
    Се друго е функционален брак во кој има и подеми и падови но каде партнерите имаат волја да ги решат проблемите, да се носат со нив без да се повредуваат еден со друг и да продолжат понатаму.
     
    На cresa-jagoda, duffi, Mari* и 6 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не сум имала време, а искрено ни намера да ги анализирам туѓите бракови, ама од разговори со блиски луѓе кои ми се довериле за тоа што им се случува во бракот, сум заклучила дека впечатокот кој го оставаат и реалноста - често се разминуваат. Впрочем, ова се однесува за тоа колку се среќни луѓето општо, не само во бракот. На фејсбук и за пред други луѓе сите се среќни, задоволни, успешни, сакани, прошетани, ама сите си имаат свои проблеми и работи кои не ги споделуваат, па од таму и погрешниот впечаток.
     
    На cresa-jagoda, Purplelilac, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Исто и јас. Не познавам луѓе кои се во среќна врска. Затресканост можеби има додека не се познаваат добро и додека не им дојдат обврските и сметките за плаќање, децата за гледање, и ооопппп настанува експлозија во бракот, излегува валкан веш на површина и се распаѓа.
     
    На Herrera и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  19. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Јас, анализирам сакала - несакала. На разводи работам, така да јасно ми е како ден. На почетокот цветаат рози, сеуште трае таа взаемна привлечност, хемија и сл. Но со тек на време, се менуваат работите.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    i edna moja poznanicka imase srejken brak, i dve deca i se dozna deka mazot imal vonbracno dete
     
    На cresa-jagoda, elimkd и Црна Ружа им се допаѓа ова.