1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Среќни ли се денешните бракови?

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 14 јули 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Читајќи се зачудив..
    Очигледно дискутантите не се во брак подолг од 10 години.

    Што подразбитате под среќен брак?

    Караница значи несреќен брак?
     
    На theowndemon, Alianna, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  2. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се замарала да анализиран нечиј брак или врска дали е среќен/а или несреќен/а. Нема ни да анализирам, не ме интересира едноставно.
     
    На La.loca и veteruska им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Мислaм декa темaвa се нoси вo пoгрешнa нaсoкa. Не требa чoвек дa aнaлизирa зa дa имa некoе мислење зa oнa штo гo гледa. Не е трaч темa зa дa се ситиме нa едни кoмшии кoи се кaрaaт секoј ден, туку (спoред мене) дa кaжеме и пoзитивен пример.
    Oд секoгaш ми билo чуднo зoштo имa темa "снaите и свекрвите-прoблеми" ..тaкa некaкo е нaслoвенa темaтa, a немa "мoјaтa дoбрa свекрвa" .
    Абе кoлку и дa звучи чуднo имa и дoбри свекрви и успешни брaкoви.
    Темaвa е - имa ли среќни брaкoви?

    Ете, јaс сaкaм дa кaжaм декa ИМА СРЕЌНИ БРАКOВИ. Се кaрaaт, се сaкaaт, имaaт прoблеми и ги решaвaaт, пaѓaaт и стaнувaaт зaеднo. Среќни се oние кoи кoмoтнo се чуствувaaт вo брaкoт. Кoмoтни. Oнaкви кaкви штo се.
    А тoa се гледa.
    Убaвo е дa се биде вo друштвo нa тие луѓе. Вo мoетo oпкружувaње имa некoлку тaкви пoзитивни примери...пa мoжaм дa речaм, зa среќa и пoвеќе негo oние лoшите.
     
    На cresa-jagoda, mami blue, Someonespecial и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Бракот сам по себе не е вреден за коментирање.
    Се обврзуваш со некој деноноќно да живееш 24 часа со сите негови мани и доблести.
    Треба да глумиш дека сексот и страста ви се исти како и порано иако сваќаш дека не е ни приближно така.
    После првото неверство сваќаш зашто постои зборот авантура и дека не е нормално да се мачиш со една иста особа и да глумите дека баш ни е океј сексот ама треба да го направиме да ни е различен и секогаш да менуваме нешто ново во него да го има ефектот како коа бевме на почетокот.
    Се кријат милион мали тајни и никогаш не се изговорени па можеби затоа некој брак делува совршено.
    Јас сум против брак дали истополов или брак мегу маж и жена.
    Ако веке се во брак оправдувам неверства,оправдувам разводи зашто никој не мора да се мачи ако не иде ситуацијата
     
    На elimkd, Glasna и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Покрај тебе поминува прекрасна девојка, ја гледаш, ја гледаш и си мислиш „Добар фустан, треба да и купам еден таков на жена ми“.

    Дефиниција за среќен брак:D
     
    На BabyStyle, Alianna, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    @Jean-Baptiste Многу либерално размислување. Ама ок е.

    Никогаш не сум можела да го разберам ова со глумата. Зошто некој би глумел дека страста и сексот се како на почетокот. Еве, не се. Особено со деца се менуваат работите. Партнерите немаат толку време за себе си, ниту за другиот, како претходно. Но се случува нешто друго и нешто многу поубаво. Се гради семејство. Па доаѓа време кога во бракот, на партнерите нешто друго им станува приоритетно. Тоа за мене не е мачење. Креативноста во сексот, ич не ја гледам како мачење. Напротив. Промената во истиот носи и уживање. Не морам да сменам партнер, за да го постигнам тој ефект.

    Кавги и несогласувања, не го прават бракот несреќен, особено ако знаеш навистина да го прифатиш партнерот, а истото го добиваш и од негова страна. Со другар, па ќе се скараш. А не пак во брак. А точно е дека нема совршен брак. Бар јас за таков не знам. Субјективно гледано, сите ми изгледаат слатки, среќни, убави. Ама јас не сум им дома и не знам што се случува меѓу нив.

    За развод сум и јас, ако веќе бракот пропаѓа и не води нигде, на ниту едно поле, или има многу полоши и нерешливи проблеми, тогаш, ок. Не мора никој да се мачи, ниту е тоа поентата на бракот. Разводот е нормален, исто како што е и бракот. Не е нормално да остане човек во брак кој го уништува и уништува се. Но не оправдувам превара во ниту еден случај. Човечки е и доблесно е, да се седне со партнерот на искрен разговор. Повеќето, толку бар заслужиле. Секогаш постои опција развод. Статистички, многу повеќе разводи има од порано, а дел од причините за истото, е и преварата.

    Америка, има најголем број на брачни убиства. Оти еден од партнерите не сакал да се мачи во бракот, а ниту да се замара со развод. А другиот никогаш немал прилика да го дознае тоа, оти првиот глумел дека е се во ред. А несреќен бил во бракот, па се одлучил на таков чекор. Преварата е нула во споредба со ова, но тоа не ја оправдува. Во секој случај, страда еден од партнерите. Демократија.

    Во денешно време е во ред да се живее во "брачна заедница" без институционален брак. Ова е особено тренд во странски земји. И јас имав таков период, го направив тоа за да видам дали воопшто сум подготвена на таков чекор. Едно е врска, а друго е брак. Воопшто не е исто, иако едно време мислев дека е.

    @sanjaeva Мислам дека таква тема ќе заврши во канта уште првиот ден. :rofl: Не е темава тоа, ама точно е, има добри свекрви. Мојата е. Добра, не совршена. Сите проблеми што ги имавме на почетокот, ги имавме поради мене. Јас не бев ниту добра, а не пак совршена. Среќа што на време го согледав тоа.
     
    На theowndemon, Alianna, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Тешко дека се среќни, зошто е бедна материјалната состојба, па партнерите се расправаат за пари.
    Мажите не можат да си го чуваат како што треба, тоа е навистина жално, а дома деца имаат. Уште победно е жената да има швалер.
    Развод е за да патат децата, ако не е спремен некој на брачен живот нека си биде сам и нека се залажува дека ќе спие со сто жени.
     
    На SexiLy и Mari* им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Wow, 24 саати да живееш со некого. Наместо да си игра некој игрица по 17 саати пффф, ќе се мачи со жена таму, ќе ја слуша абе ајде.
    Ами да дишеш сто години треба, па да се тушираш, па да јадеш секој ден, најарно јамката и да не се мачи чоек...2017 edition of existential angst :D
     
    На kalinaka, ♣ Alba Viduam ♣ и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.253
    Точно така. Од она што го гледам, не дека многу се замарам, ама не можам а да не забележам дека има многу неверства, многу лажење, многу неработење и сиромаштија, многу неодговорност. Ајде за жената или мажот, ајде некако да сфатиш, ама кога гледаат љубовници, ги честат по кафани, а детето нема за млеко, ееее тоа веќе не се трпи. Зошто прават деца ако не сакаат да ги чуваат? Ако ја уништиш жената, не е убаво, ама не е толку болно, ама сопственото дете да го уништиш не е во ред.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Таа може Кривично да го гони поради тоа. Не ми е јасно како луѓето спијат со мирна совест ! Да криеш дете. Па тоа не е ситница ! Он со самото тоа што криел, верувам колку ја довел неа во прашање, и нарушил и здравје, и углед и чест. А, ако она му донела некоја приколка, како ќе му било нему? Нема, ова дојдоа времиња, запознаеш ли некого / ја веднаш ангажирај си детектив, нека испита од А до Ш па тогаш може да се започне врска, инаку вака тешко.
     
    На marchi-cool и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.386
    Има и среќни има и несреќни.
    Има и такви кои се среќни а не се свесни за истото, има и од оние кои не се среќни ама ја возвишуваат љубовта и го благословуваат бог за секој нов ден до партнерот и се грепчат за него како давеник за сламка.

    Колку луѓе толку приказни.

    Не знам на кого како му е дома.
    Може да прочитам, еве на пример во што би му кажале, да помислам дека некој не се обраќа на својот брачен партнер или дека е тажен/среќен ... сеедно. Они си знаат како им е.
    Јас среќна сум, само тоа го знам за сигурно.
     
    На Askopje, theowndemon, Alianna и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.253
    Светиниколка, баш така. Не знаеш дали е дечко или женет, или разведен. Ред и крај не можеш да им фатиш на луѓето.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Секој брак е среќен на свој начин ако си влегол во него доволно зрел.
    Добро,не зборам за тие што се омажиле со коцкари-пијаници и сл.
    Зборам за двајца цивилизирани изживеани луѓе кои не се разведуваат зошто лончето било ставено на друг рафт.
     
    На Tanjamm и Sesil им се допаѓа ова.
  14. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Не постои нормален маж што ќе го помисли тоа (може да го каже, но ако го помисли тоа место “она другото“, му фали нешто).
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    And they lived happily ever after во превод се чита: И тие откако стапија во брак и дадоа свои завети: се сакаа, се караа, се љутеа еден на друг, ужувааа во долги разговори, предаваа обврски, жртвуваа дел од себе за другиот, идеа по одмори, чуваа деца, растеа деца, се караа за иднината на децата, чекаа внуци/внуки, делеа од своите несреќи, ја умножуваа својата радост, се грижеа еден за друг до крајот на животот и во вечноста.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Понекогаш треба само многу малку за среќа или несреќа.
     
    На Lolipop23 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Тоа се проверува: Ако е женет во Мин за Правда (Управа за водење на матични книги извод од МКВ), ако е разведен, во Скопскиот Граѓански Суд, ако е со Криминално минато, Скопскиот Кривичен Суд. Жалам што морам да изигрувам детектив, но начинот на кој што се однесуваат поединци кандидати за брак, така налага.
     
    На cresa-jagoda, melnicanecot, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    А порано посреќни биле?
    Гледам многу примери на традиционално воспитани мажи што не ги почитуваат жените, ама важно ги слушале родителите. Они може севкупно имале среќен брак ама ако не ги одгледале децата како треба џабе е се. Јас вакви конзервативни луѓе среќавам насекаде, може не е тоа темата но е пример кој влијае на целокупната среќа. Со такви луѓе ретко кој има среќен брак.
    Денес луѓето се посовремени, отворени за комуникација со својот сопруг и деца. А тоа е клучот за среќен брак. Љубов се подразбира дека постои, но
    треба постојано да се гради и создава, а како освен со здрава комуникација. И да среќни се, постојат среќни бракови. Иако не знаеме што се случува дома, за некои сум убедена. Таа искра и тој жар во очи зарем може некој да го одглуми. Притоа да е взаемна.
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Не се замарам со другите луѓе, комшии пријатели и ред други.. Ама не постои 100% совршено семејство, брак или шо да е.. Јас и мојот брак не го сметам 100% совршен зошто никогаш нема ни да биди.. Сите имаме во животот и падови и убави и неубави моменти некогаш и индиректните проблеми прават големи проблеми и во брак и во семејството... Така да јас не им верувам на тие што рекле не сме се скарале со мажот ми еве 10 години сме во брак лош збор си неамме речено настрана СИТЕ СИ ИМАМЕ РЕЧЕНО И ПРЕРЕЧЕНО И СКАРАНО И СТЕПАНО И СЕ.. Само зависи кој како си го сваќа животот дали живеее што ќе речат другите па ќе глумат насмеани а очите ќе си ги ископаат едни на други.. Ние барем сме реални јас ниту глумам среќа ниту тага се има случено секако и секако ќе се случува и во иднина. А реално барем благодарна сум на тоа што 90% од секојдневието сме навистина среќни насмеани и со разбирање и со доверба и со се ама тие 10% некогаш многу заебуваат :P
     
  20. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Ако некој каже дека има идеален брак ЛАЖЕ.
    Ама па убавината е во тоа, да научиш да се носиш со сите недостатоци и маани . Со сите предизвици на другиот до тебе односно твојот партнер. Јас едно сфатив од кога сум во брак. Итроштината е да знаеш да избалансираш. Кога да преќутиш, кога да кажеш, кога да побараш и кога да дадеш. И да среќата сама по себе е во малите работи. Колку повеќе даваш незнам ама по некое непишано правило повеќе и добиваш. Моето мото е ... Нема идеално има само како гледаме на нештата.

    П.С Две работи во еден брак е не се преминуваат НЕВЕРСТВО И НАСИЛСТВО, се друго е релативно и се надминува или се работи на истото.
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, melnicanecot и 3 други им се допаѓа ова.