Не е конзервативно тоа што сметам дека децата треба да растат со родителите и да се воспитуваат соодветно, во спротивно ако на еден татко му е поважно детето да седи без млеко, а да шета љубовници по ресторани, не е до мене или до некоја си моја конзервативност, туку до расипништво, неодговорност, немање на љубов, почит. Зборуваме реално, што се има, какви се примери има, нема што тука да лажеме.
@Tanjamm Ти oти немaженa пa сегa кo утехa си бaрaш, дaли среќни брaкoви имa или се е у к..aц oтиденo? Или децaтa невoспитaни ни се или се тепaме пo дoмa, тoa ви гледaaт oчите oкoкoрени пoстoјaнo, кoј се пoтскaрaл нa мaсa, чие дете плaчелo...дoсaдни сте веќе. Пa и истрaжувaње нaпрaвилa и резултaтoт -сaмo еден пaр среќен. Немa, сите сме депресивни, изневерувaме, се кaрaме пoстoјaнo, мaнијaчиме и се удвaрaме пo фејсбук...тoa е вoглaвнo. Зaдoвoлнa?
Познавам среќни парови кои се во брак. Иако не сум им во домот и во нивната кожа, според начинот на согласување и меѓусебниот однос сигурна сум дека се далеку од несреќни. Под несреќен брак подразбирам брак во кој брачните партнери не се почитуваат и кај кои постои недоверба, парови кои при несогласување не умеат да изнајдат компромис при што едната страна е најчесто оштетена, бракови кај кои владее насилство, изневерување... Не се сите луѓе склони кон овие негативни особини така да сигурна сум дека има успешни бракови. Знам дека на оние кои не се среќни во изборот тешко им е да прифатат дека има некои кои се и упорно тврдат дека не постои среќен брак но според мене постои и јас сум сведок на неколку такви.
Денешните бракови не се стабилни,зборам генерлано,и што највеќе ме зацудува луѓето си имаат двојни животи,не се разедуваат но си има долгогодишна швалерка (тоа веќе е и врска) на некој начин ,а ставаат слики со децата со наслов crazy in lovee....најверојатно не се ни самите пред себе искрени а не па парнерот да очекува искреност и верност...ужас
Генерализација ли е прашањево?Или статистика некаква се води? Сите се или среќни или несереќни на свој начин. Брак е заедница помеѓу маж и жена,а не помеѓу мажот,жената,свекрвата,јатрвата,золвата или баџанакот и комшиите. Односот е меѓу мажот и жената,секој најдобро за себе си знае како му е зад затворени врати,едно е кога си субјект во одредена заедница,сосема поинаку кога нечиј живот го посматраш или анализираш од страна.
ova vejke premina vo verbalna kontra-diskusija. jas svativ deka treba da se kaze mislenje okolu toa dali brakovite se srejkni ili ne.
Што сте толку негативни ја не знам. Форум е, дискутираме. А и за статусот пример од кај знаеш дека не лажам, може сум разведена, може имам 50 години. Аман досадни сте, хетери прва лига, трофеј ќе ви дадам, и ако не сум во брак не значи дека сум слепа, па не гледам, не слушам, не знам да оценам, не забележувам дека скеој втор брак се распаѓа. Како стари баби станавте. Само да се контрате знаете. Ако ви е досадно, па не читајте веќе аман. Имате избор, не влегувајте во теми кои не ви се допаѓаат. Што ќе ми е утеха. Од утеха не се живее, само разменуваме мислења, аман......
А зошто само денешните се ставаат под знак прашалник? Порано посреќни да не биле... порано биле бетер.
Порано на нашите баби и дедовци им бирале родителите и затоа имало проблеми. Сега луѓето бираат по своја волја.
Брачната среќа е релативно нов концепт, посебно на овие простори, меѓу широките народни маси бил промовиран за време на владеењето на лицето Броз Ј. Пред тоа само кај оние кои не морале 24/7 да се замараат за опстанок
Не знам. Не би рекла сите. Знам само за парови кои влегуваат во брак од погрешни причини. И тоа е многу често. Познавам многу малку луѓе кои се во брак и имаат деца од вистинска љубов. А и не е некој заклучок кој може да е релативен. Ради поминати години па ај сега логично е. Ради решавање проблем па ете сега со бракот ќе се реши. Ради бременост (која е убава работа и ради традиционалната средина мора одма брак. Ок е да имаш дете и да не си во брак и ако не оди во тазе врската човечки да се разидеш. Жално е ради дете брак и после цел живот да му чукаш на глава како ете во брак сте ради него). Ради што ќе каже околина. Ради тоа што не можат подобро и се помирени. Ради тоа што сите се мажат и женат. Ради верување дека до толку и толку години по секоја цена мора да сум во брак. Деца се прават за да се надминат несогласувања, а не ради желба и љубов Ради притисок од родители. Ради досадно. Ех... може и од секогаш било така. Дете се создава од љубов, а и брак исто. Јас сум и за дете без брак, со љубов и согласност, одамна го имам кажано тоа. Ама не, генерално се несреќни и незрели бракови кои нема сите да завршат со развод ама ќе бидат тивка умирачка и ќе си ја цедат крвта со памукче. Барем во мојава околина се така, не значи дека сите така. Мучно за гледање и интересно е како им смета туѓата љубов, па знаат да кажат уф лигави, а они со прст не се пипаат сем дете кога прават. Не сум во брак, ама се што сме поминале не ми треба папир за да го утврди ако е ради тоа само. Има разбирање и ок е да се подкараш и дискутираш за некои нешта, не значи дека не е идеален однос. Ама се додека си одговараме соодветно на своите потреби и се разбираме, се додека се разбираме со поглед и се додека не ни е проблем се да си кажеме во лице, ај ем гуд. За сега така е и тврдам дека е идеално. Никогаш немало ќутење, незборење, нерасположение и нетрпеливост. Мек човек е и директен, а бога ми и јас сум директна, сакаме да збориме и нема нешто да стои нерешено. И не лажам за ова. Ако стане фарса со дете или без се разделуваме и тоа е тоа.
Па и не е дека баш секогаш се слуша својат волја. Повеќе од еден пример имаме каде што родителите се противат на некоја врска, дали ради националност, вероисповед, финансиска состојба, изглед, потекло, раса итн. Значи сепак родителите наметнуваат одредени критериуми каков партнер треба да се бара, а ако не е по нивна замисла, се бунтуваат.
A kolku gi ima od onie "mazila se moma da ne sedi doma",kolku da se dobie statusot na mlada majka a??? Nit znaat kade se mazat nit znaat za kogo se mazat i posle cvrc.
Малку ми е чудна темата. Ама гледам активна е, што значи постојано се бара одговор. Порано во бракот од партнерот се очекувало сигурност. Денес, очекуваме нашите партнери да ни нудат сигурност, да ни бидат најдобри другари и одлични љубовници. Ако е за анкета, +1 среќен брак.
Се е фасада и преправање, нема среќни бракови, а најнесреќни се тие што пробуваат да се прикажат како среќни, а такви има многу, и познавам лично, стар пар се, 40 год, во брак и постојано се фалат дека имаат супер брак, а всушност дома постојано се расправаат, а и жената си призна дека немаат односи во последниве години воопшто, ова пошто се дел од фамилија го знам, ама важно пред комшии глумат среќен пар.