1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Среќни ли се денешните бракови?

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 14 јули 2017.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    ^
    а ти зборуваш во име на сите бракови?
    јадни ние среќните што фарса правиме пред народ |(
     
    На mami blue, Momichka, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Не можам да генерализирам дали денешните бракови се среќни или не. Прво, има и среќни и несреќни бракови. И јас се чудам зошто темава е само за денешните бракови. Точно е дека има многу што се несреќни, меѓутоа ни поранешните не биле ништо подобри, дури и полоши биле. Среќен ли е бракот во кој сопругата е секогаш виновна според сопругот и третирана како роб? Секако дека не.
     
    На esperansa777, eli25, Momichka и 5 други им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Aко се има љубов и почит и здравје, зошто да не се?
     
    На Selest, Momichka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Жени!!!ВИе што имате среќни бракови...зошто толку се вознемирувате се трудите одма да се правдате за вашито брак дека е прекрасен и слично,пред овие сто хејтаат денешни бракови малку повеќе??...непотребно е ...вие само си знаете како ви е :sun:
     
    На Justicija, cresa-jagoda, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.584
    Пол:
    Женски
    Знаете она што сите го фураме "не е секогаш така како што изгледа"? Епа како да ви кажам, често пати е баш така како што изгледа. Ама генерално од страна гледано, се тоа се само претпоставки. Се она што мислите дека го знаете за другите се претпоставки.

    Во ред, сите знаеме брак склучен од погрешна причина, ама можеме само да претпоставуваме како натака ќе тера.

    Бракот не е папирот со потписи. Бракот е целиот твој труд, желба, љубов да креираш и создаваш заедно во заедништвото што си го почнал со избраникот. Борбата да се издигне во моментите кога се се руши, зошто реално, во моментите кога се оди како подмачкано е лесно. И таа борба никогаш не завршува. Тогаш кога ќе заврши -развод.

    Премногу го "идеализирате" совршенството. Премногу го правите недостапно, а всушност секој момент кога човек се чувствува исполнет е баш таков -совршен.
    Некој се расправа со висок, некој со низок тон. Ниту едното, ниту другото не е мерило за среќа. Некои брачни другари чуваат лутина и по неколку денови, некои по неколку часови, а други не можат ниту секунда. Секој брак функционира различно, но се додека партнерите си ги решаваат проблемите на овој или на оној начин бракот е среќен. И среќен брак не значи дека се лизга како подмачкано, среќен брак значи волјата да се промени тоа што треба да се промени и волјата да се реши секој проблем за да се зачува она што до тогаш се градело и во кое се вложиле животи. Оти тоа е најбитното.

    Да, има бракови кои изгледаат среќни и навистина се. Има и такви кои изгледаат среќни, ама сепак нешто им недостасува.
    Но на крајот на денот воопшто не е битно како ние ги поимуваме и што ние мислиме.

    Верувам дека секој брак, без разлика на исходот има/имал свои ѕвездени мигови.
     
    На AURUA, Rebecca_R, blonde_supergirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364


    Апсолутно си во право.

    Иако коментирам само во една тема на форумов , нешто од внатре ме натера да пишам тука.

    И јас како и некои од вас сум со мислењето дека денес не постои среќен брак . Поради работава моја / стјуардеса , постојано сум во комуникација со луѓе во авион , на аеродроми , во хотели каде што престојуваме , во ресторани и за жал морам да кажам дека 90 % од паровите со кои разговарам не се среќни . Ете конкретно ќе се задржам на работата моја --- значи чист пример се пилотите , секоја прилика ја користат да легнат некоја од колешките и покрај тоа што се во брак и си имаат деца дома. Исто се однесува и за патниците , значи до толку се разочарани од бракот што си земаат одмор и заминуваат на патување за да заборават на брачните проблеми и секако да се задоволат таму некаде далеку пошто нивниот сегашен партнер не ги задоволува ко порано.

    Јас не сум мажена , но гледајќи околу мене како секој втор брак се распаѓа и како некои безуспешно се трудат да сокријат дека се среќни во бракот иако длабоко во себе ги боли што имаат промашен брак па се залажуваат дека со тек на време се ке се смени --- дефинитивно ќе подразмислам дали ќе влезам во брачните води бидејќи немам намера да глумам шпанска серија по дома.
     
    На Justicija, Sesil и minne992 им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    зарем патниците зборуваат со тебе за време на лет?Имате време за детално да разглабате за нечиј брак?

    бидејки во странство е сосем нормално брачен сопатник сам да отпатува некаде.Кај нас секако постои убедување дека штом некој сам оди некаде значи бракот не чини.

    пилот..ха...маж ко маж ке види лесна роба и плен.Секс веројатно му фали бидејки е доста отсутен од дома што не значи дека и среќа му фали .
     
    На dunika, AURUA, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  8. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Среќен е додека мм не каже дека ќе касни од работа... Тогаш веќе преминува во несреќен.
    Мала шала, има среќни бракови, мојот тука ќе го сместам, освен мојот единствен проблем, а тоа што мм знае касно да доаѓа и обврските со детето паѓаат на мене. Пред да бидам на боледувње ова не ми сметаше, изгледа седењето дома лошо ми влијае.
    А, караници секаде има, ама баш. Е, сега некој ќе рече ние не викаме, шепкаме додека се караме... Wtf исто е...
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364

    Време за озборување и користење на нашиот македонски менталитет ( ние македонците генерално сме махери да го пикаме носот во други животи) и те како има , па затоа и дадов коментар од досегашното скоро 8 годишно искуство во гореспоменатата професија.

    Како да кажам нешто дека е добро кога уствари не е . Колку и да звучи разочарувачки ,за жал секој втор брак е пропаднат.
     
    На Tanjamm, TutiFuti и Gosh им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Кавга не значи несреќен брак.
    Ако е така како што дефинирате,тогаш скоро сите имаме несреќно детство.
     
    На Belgin1, Selest, Lilit и 10 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    ти си исто дел од тој менталитет.Место да си ја гледаш твојата работа ,пикаш нос у туѓа интима.

    пак ке кажам за време на лет од два часа(пример) каде твое е да дадеш кебе,пијалок,совет,некому апче...апсолутно немаш време да опфатиш нечиј брак .Сем ако не се гледаш со патникот после лет :?: па оттаму и твојот заклучок.


    он топик
    има среќни бракови и тоа мн.Не личат на бајка ,не личат на филм ама личат на брак.И оној брак каде има кавги,недоразбирања,падови,одалечувања може да е среќен.На секому му идат жути минути,монотони моменти,стресни ситуации кои директно немора да се поврзани со партнерот.Од нив двајца зависи дали ке си подадат рака за подршка или ке ја пресечат засекогаш врвката која ги спојувала до сега.
    Апсолутно е невозможно 20-30 години да поминеш со некого без ниту една трзавица.

    Она што го гледате од надвор не секогаш е исто и од внатре :)
    Велат црвливото јаболко е најздраво за јадење и највусно ама најгрдо на изглед .
     
    На WORRIED.BT, dunika, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364
    Офф топик - до членката над мене :

    Искрено се надевам не си толку наивна во реалниот свет како што делуваш во виртуелниот.Не треба да те чуди и провоцира мојот коментар зошто сум сигурна дека СЕКОЈ ВТОР брак е пропаднат.
    Не можам на сила да напишам дека бракот е успешен кога еден од партнерите упорно (се) ебе на страна - морам вака дрско и безобразно да се изразам.

    Значи никаде не зборувам дали браковите биле среќни или не ,туку за тоа дека се пропаднати тие бракови пошто нема што мајка да бара еден од партнерите на друго место кога дома си има своја фамилија, деца, партнер да се задоволи.

    Тоа што си навела 2 часа лет , ами што правиме бе на подолгите летови ? Дефинитинвно има време верувала или не ;) И не само оваа професија , си имате и тема посебно отворена на форумот со наведени разни професии во кои без мака изневеруваат вработените - во моите очи тоа го гледам ко пропаднат брак.


    Он топик :

    Си стојам на кажаното и пак ќе речам штета што им мрдаат опашките на страна на многумина (тајни љубовници , како и жените така и мажите имаат фантазии да се легне жена во униформа , било која професија и слични љубовни неверства )


    А тој што си е среќен во бракот нема да се оправдува пред другите дали имал среќен брак туку ќе си ја чува среќата за себе.
     
    На zalosna, SexiLy, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Се додека имаме здравје пред се , потоа љубов и меѓусебна почит , го сметам за среќен бракот .
    Материјалното доаѓа и си оди , децата ќе пораснат и ќе си основаат свои семејства ( да не бидам погрешно разбрана , тие се најголемото богатство во бракот , но на крајот на краиштата , еден ден ќе останеме сами со нашиот партнер , а тогаш доаѓа онаа потреба од човек со кој ќе можеш да се присетиш на се низ што си поминал во животот , добро или лошо ) ..
    Обично лоши бракови ги етикетирам оние каде комуникацијата помеѓу двајцата партнери ја нема или е сведена на минимум ( на подолг период ) , караниците се секојдневни и долготрајни , каде има семејно насилство и сл . А брак каде еднаш на 2-3 ( па и повеќе ) месеци ќе се поткараш со партнерот , не е лош брак .
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.094
    Допаѓања:
    37.557
    Пол:
    Женски
    Не знам за другите бракови, ама за мојот знам дека е среќен. Имам сопруг на кој му значам најмногу, кој ме почитува, поддржува, сака и кој сѐ би направил за мене, а исто и јас за него. Здрави сме фала му на Бога, со покрив над глава. Уште малце и бебенце ќе имаме. Фале малку и финансиски да се оправеме. Ама ќе биде и тоа. Најважно ми е да има љубов, почит, поддршка меѓу нас, а другото ќе си дојде само по себе.
     
    На Lianna Anna, ♣ Alba Viduam ♣, Selest и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Те разбирам јас. Еве јас не сум во брак, но од она што го гледам околу мене, си велам што не е во ред. Како што кажувам секој втор прави нешто на страна, и сите знаат, ама партнерката или партнерот не знаат, што е живот во една голема лага и маска што брзо ќе падне. Почнав бракот да го замислувам како куќа со темели, но ако темелите се разнишани, скапани, таа куќа паѓа и на крај ги убива децата. Ми е жал за многу, многу деца кои поради незрели родители ќе израснат со половична или никаква грижа. Детето не е куче, за да го пуштиш на улица, туку е суштество на кое му требаш во следните 20 и повеќе години откако ќе го родиш.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Што не изнапрочитав :o
    Некои се срекни во бракот , некои не се ! И тоа е тоа!
    Некои се швалерсуваат( повекето) но не сите .
    Мене само ми пречат тие парови што глумат пред јавноста како се срекни и колку се сакаат ( а рогови до небо си набиваат)
    Некои пак го кријат физичкото и психичкото насилство и не кажуваат никому , туку глумат срекен брак ....
    Ако се прашувам јас , бидете сите срекни во бракот ;)
     
    На Herrera, Tanjamm и Askopje им се допаѓа ова.
  17. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Ако во некој брак секогаш пред конфликт се одбира взаемно разбирање,секогаш тој брак ќе биде среќен брак. Има среќни бракови многу.
     
    На melnicanecot и forumce им се допаѓа ова.
  18. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Има ама ретки се во денешно време. Повекето стапуваат во брак не зошто се заљубени и среќни него да исполнат општествена должност, демек да створи семејство да има со кој да се остари. Мажите најчесто не изневеруваат зошто има премногу лесни жени него поради тоа што не се доволни исполнети и им фали нешто а се преголеми пи*ки за да се разведат пошто ке јадат котек од мама. Ако има доволно почит и љубов нема да дојде до изневерување. За жал се почесто сум сведок на вакви бракови и греота што децата страдаат. Секој околу триесетата треба да е доволно зрел па ако нешто нечини седни разговарај расчисти па после иди прај што сакаш. А тоа што се глуми и што се прават фешти за народ е друга прича.
     
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека има и среќни и несреќни. Истото не важи само за браковите, на крајот на краиштата важи и за една обична врска. И искрено не гледам до толку многу бракови да се пропадната и нефункционални туку баш напротив, гледам дека повеќето најнормално функционираат и се трудат да го создадат сето она кое е потребно за едно нормално семејство. А ако некогаш партнерите се подскараат и подвикнат, нема врска дека бракот не им е како што треба. Не сум во брак па ми се случува да се потскарам дома со моите и да не правам муабет 2-3 дена и што сега, да речам дека семејството не ми е среќно или? И навистина не ми е јасно како доаѓате до заклучок и од каде дознавате дека повеќето се изневеруваат? Ги гледате или? Оти тие што изневеруваат обично се кријат, во цел живот ретко можам да најдам примери за партнери кои се изневерувале и за тоа дознале многумина. Тоа е како од десет парови кои ги познавам, 5 да се изневеруваат меѓусебно а јас да знам за сите нив па да речам дека секој втор брак е неуспешен кога е во прашање неверството.
     
  20. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Јас, иако не сум во брак, тврдам дека не е во прашање ниту неверство, ниту било што друго. Само нетрпеливоста помеѓу парнерите. Најчесто разводите се поради нетрпеливоста. На разводи работев, имаше статистика во 2011 година (која воедно и беше рекордна во разводи во Скопје) што е многу за Скопско подрачје и на еден колегиум Судиите од одделот за Семејни спорови заклучија дека само и само нетрпеливоста - гордоста е најчест причинител на разводите. Неспорно е дека имало и поради неверства, сум имала примери поради живеење во заедница со родители, сум имала примери како што странката беше "Мамино синче" и што ќе кажела мајка му тоа е.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и carangigia им се допаѓа ова.