Мислам дека во денешно време браковите се посреќни спрема порано, има разводи да и тоа поради неверства, нетрпеливост, гордост и поради родителите на еден од пратнерите , ама мислам дека сега паровите се посреќни од причина што имаат повеќе слобода, а порано не се разведувале за да не бидат срам на родителите и опшеството и претежно жените трпеле секакво малтретирање и слично
По однос на семејното насилство, и ден денес има малтретирање (дали мажот ја малтретира жената или обратно), но тука малку институциите се да не речам лабави. Ама тоа е веќе друг муабет.
Лошото е што глумат дека се е во ред, а се свесни дека воопшто не е. Изгледа најубаво им е на оние со отворен брак, си ебеш на страна одвреме навреме и мирна глава по дома Живот тече понатаму, швалерај на сите страни. Во мои 33 години само 4 пара имам сретнато кои останале верни еден на друг, другото се во пропаст почнувајќи од блиски роднини, па се до комшии, моја генерација пријатели, колешки од работа и познаници. Затоа нема шанси некој од НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ тазе во брак да ме уверува дека среќен бил во бракот, шансите се скоро минимални.
Poise gluma ima vo denesnite brakovi nego vo nekoj film. Glumat sreka i ljubov a ne se sakaat. Glumwt ljubov. Glumat verni i so ne... Rogovi do nebo. Kolku samo parovi znam na fb insta stavaat sliki doterani nasmeani a vo zivo da gi sretnes namurteni nemaat muabet malce fali da se ispokaraat.... Za prevari da ne zboram sto se imam videno ne mi se stapnuva vo brak niti razmisluvam za ozb vrska.
Дали се среќни зависи колку се отворени во погледите и колку имаат проживеано пред запознавање на брачниот другар. Неизживеано човече ако закачиш како може да очекуваш среќен брак. Па тој кога ќе ги отвори очите се ќе види освен тебе. Секој брак/врска има кризи кои се надминуваат ако сакаат двете страни. Па и неверства се преживуваат и се простуваат. Ништо за убивање или самоубивање. Сите грешиме луѓе сме, имаме слабости и моменти на силни страсти. Али биди човек и признај згрешив попуштив прости ми. Да не се повторува. Неверството се јавува на вишок слободно време, доколку го немаш нема од што да се плашиш. Среќа е да имаш некој што те разбира и почитува, што заедно со тебе ја планира иднината, вложува во вас, успева да те насмее, да те бакнува на 13 години заедничко живеење, сеуште да те гледа со оној поглед кој говори дека изгледаш добро, да те изненадува со поклони да ти кажува и докажува дека те сака. Ситници значат многу. Еден цвет е доволен скинат од градина за еден убав ден и насмевка. Се разбира бракот бара и многу вложувања и многу одрекувања. Неможе секоја вечер да лумпуваме сами, а исто така неможе никој на никого да му забрани да прави нешто сам. Па само во денот бараш пола саат да бидеш сам со себе во соба. Мораш да го пуштиш да прави сам работи без тебе да биде исполнет. Би сакала сите да имате како мојот брак кој јас го доживувам како среќен бидејќи јас сум среќна со човекот до себе. Лекции кои ги научив се: се може да се прости ако се сака, се поминува, битно е да се разбереш со човекот, за среќа е потребно многу малку една смс порака на пример, константни планови за иднина, многу патувања, многу контакти со други луѓе, чести промени во домот, оддржување фит форма и добар изглед, секс забави/играчки/итн за зголемување либидо, поддршка професионална, стабилност да знае дека си тука до него силна како камен. Ах да и за крај не го тупете фб или инста со вашиот брак на никој не му е гајле како ви е дома, се е за сеир. И дека детето ви е најубаво и најпаметно. Знаеме дека сте среќни само бришете ги пораките и срчот побргу. И побогу како ви текна во парови да отварате фб бе луѓе? Нели ви е срам?
Многу мрчење за се нешто да ви кажам право Во последно време колку повеќе читам за либерте, 21 век, за против осудување, за гледање на својот оџак итн се повеќе и повеќе гледам дека тоа се прави во огромни количини, колку повеќе се зборува за осетот и за гледање своја работа од друга страна толку повеќе слушам за истото од сите. Малку као доаѓа ова како двојни аршини?! М ? Малку повеќе да гледавме за мирољубие, за толератност за сеење љубов наоколу? М? Зошто толку огорченост во себе? Да, постојат куп бракови кои што фунционираат супер, и покрај фактот кавга, различен став и некоја грешка. Луѓе сме побогу. И да, постојат бракови кои не си набиваат рогови. Постојат убави бракови у целина како што постојат и лоши факт е. Кој како се постава према бракот е друг проблем. Што толку исмејување, оговарање, огорченост? Нема потреба, доволно е да си го гледате вашиот оџак на која страна чури и ќе бидете многу посреќни и повесели во секој поглед .
Никогаш не ме интересирале туѓите бракови и не знам дали се среќни. Не можам да направам ни паралела за оние бракови од порано и оние од сега, од причина што ни тие не ги знам. Знам само дека мојот брак е убав, дека се трудиме за него, дека се сакаме и дека не се плескаме на страна. А другите нека прават што сакаат и колку им сече паметот.
Ти на сите млади брачни парови си им дома, па знаеш дека не се среќни. Никој за туѓ брак не може да каже дали е добар или лош, освен за својот. Не мора да значи дека ако пред народ изгледаат среќни, дека глумат. Зошто мислите дека некои луѓе имаат потреба да глумат среќа и среќен брак? Друга работа, ако вие самите сте налетале на луѓе што изневеруваат или сте во лош брак, не значи дека сите се исти.
Темава не е баш за генерализирање. Единствено може да си кажеме за својот брак или некој пример за пропаднат брак каде брачните партнери не го кријат незадоволството. Но, не можеме со тоа да генерализираме и да кажеме не се среќни. Секако дека постоеле и ќе постојат несреќни бракови. Наше е да отвориме очи и да градиме однос со взаемна почит и разбирање. Жално за оние што своето чаре го бараат надвор од бракот и застануваат. Тој брак е завршен оддамна. Мојот брак не е официјално склучен сеуште, но живееме заедно и можам да кажам идеално не постои. Најголема мудрост е да научиш како да реагираш, да се прилагодиш, понекогаш преќутиш и после тоа да сакаш уште посилно со сите негови мани. Среќни сме заедно, тоа е единствено важно.
Ретки се оние кои се навистина среќни во брак, а уште поретки се оние кои не признаваат дека бракот ги прави несреќни. Поради кои причини, не знам.
Затоа што сме склони да лажеме и тешко ни е да признаеме дека грешиме. За се' ова важи, не само за брак.
Можеби. Ако се најдам во ваква ситуација и ако ме "гуши" бракот тогаш ќе побарам развод. Во никој случај не би истанал во брак поради деца како што повеќето живеат.
Не знам за сите, знам само за мојот и за оние кои ми се довериле. Иначе, има среќни бракови. Она што нам ни изгледа како 'несреќа', за некого е 'среќа'. Субјективна работа е.
Знаеш како е уствари? Имаш денови кога си среќен, денови кога не си среќен. И не е тоа поврзано само со брак. Во животот, општо, е така. Сите имаме проблеми од различен вид. Работата е, кога ќе ги ставиш на кантар (имагинарен), на една страна лошите, на друга добрите, која страна натега повеќе. Можам да тврдам дека е несреќен брак, единствено оној, во кој има психичко и/или физичко малтретирање. Другото е се', варијација на тема...
Секој втор што го имам сретнато е разведен и се жали од првиот брак. Ако се биле среќни зошто се зачестени разводите. За тие што ни на крај памет не сум мислела дека ќе се разведат и кај нив дошло крај на бракот , кои со деца кои без. Затоа и дадов мое мислење на темата. Јас лично не би можела да глумам ако нешто не оди ко што треба , а глумици околу мене колку сакаш. п.с. ......и "среќно" си живееја до крајот на својот живот
Јас па за разлика од тебе знам многу кои имаат убав и среќен брак и не сум сретнала "добри глумци" само за да остават добар впечаток на околината. Плус, среќен брак е широк поим. Тоа што за мене е среќа, за други можеби е мачење и пропаднат брак и обратно.