Изгледа стварно се сите добри глумци околу тебе, или ти не препознаваш глумење. Не сите.. ама глумци и лажговци, има колку ти душа сака. Не само за конкретнава тема.. туку за се'. Не ми штима муабетов ..
Искрено не ми е јасно како успевате да го тупите 1 недела па и више уназад на подфорум брак како не постоеле среќни бракови, како сите варале како.. дрн дрн.. Ми се чини дека као доаѓате да наметнете тука нешто или да лечите сопствени комплекси, фрустрации и што ти ја знам Као се тешите вака пишувајки тука по секоја можна тема што спаѓа под брак Искрено стварно не ми е јасно што успевате да докажете, покажете со ова ? Досадни сте веќе искрено Присоберете малку комплексите и погледнете се и себе си малку, проработете на тема среќен и исполнет брак па дај боже да се вратите малку по исполнети и по не огорчени од животот. Као сите лажат имале среќен брак м? Као измеѓу редови женава се трпи и не размислува трезвено околу маж и па за нејзе среќен брак се лагите роговите и не знам уште што а вие сироти невини суштества сте најпаметни, ние сите си трпиме и кутиме така као демек најпрости сме и не успеваме да резонираме што е уставари среќен брак и доаѓаме бајки раскажуваме.. Бог да чува и да брани. Не знам и не ми е јасно како успевате да се тешите дробејки се едно исто и обедувајки цело време и омаловажувајки икс персони кои не ги ни познавате Осуди осуди огорченост Смирете се малку.. дај боже и вие еден ден да си ја најдете среќа па да ве читаме малку поведри овде! Искрено од срце ова Не е ваше по цел ден ко стари баби на чешма да дробите низ народ кој каков бил. Не е ваша работа. Среќни несреќни сите си знаат за себе. И да, среќни бракови постојат драги луѓе. Сите имаме проблеми, падови, нервози пички материни ама и многумина од нас знаат и успеваат да пребродат периоди проблеми и падови искрено и сплотени заедно.
Ако на мене се однесува муабетов, тогаш не си ги прочитала 'сите' 4 (со зборови: четири) мои коментари на темава. Да ги прочиташе, ќе знаеше дека не мислам дека не постојат среќни бракови... напротив...
Под среќен и успешен брак подразбирам двајца луѓе низ мака и несреќа да се борат за среќата Среќата не никнува сама,ја градиме Кавги и несогласувања има во секој брак,не секој може успешно да ги надмине Среќен е секој кој може со избраниот заедно да се радува и тажи
Класичен клише муабет: денешните бракови, денешните деца, денешните млади, денешните жени итн.... Ко демек порано мед и млеко било се, сите бракови чинеле, сите деца биле паметни, сите млади биле морални, па ДЕНЕШНИТЕ се за коментирање. Сега денешниве деца не ви чинат, јас кога бев дете, ми велеа вие денешниве деца сте за никаде, мајка ми кога била дете и велеле - вие денешниве деца вакви такви онакви!!! Празни муабети. Секогаш имало, има и ќе има и среќни и несреќни бракови и тоа нема врска дали е камено доба, среден век, модерно време, денешно време итн!
Исто како на мене што не ми штима муабетот дека сите глумат среќа, и дека нема ниту еден убав и среќен брак. На крајот, сите сме во различно опкружување, се дружиме и сме блиски со различни профили на луѓе и брачни парови, така да не можеме сите во ист кош да ги ставиме. На крајот, јас гледам мојот брак да е добар и среќен, другите како им одговара така нека прават.
Ама не реков јас дека сите глумат и дека нема ниту еден убав и среќен брак. Кај го реков тоа? Реков дека има кои глумат и лажат, од мое лично искуство, многумина, ама не сите. Ај препрочитај ми ги и ти.. сега веќе 5 постови на темава... и ќе видиш Од памет коментирате.
Ај прво да дефинираме што е ,,среќен брак,,? По кои критериуми се оценува дали еден брак е среќен и успешен? Годините поминати заедно? Заеднички стекнат имот? Број на деца? Хармонијата која ја имаат/немаат? Што???
Ама јас не реков дека баш ти си пишала, зборам општо за во темава а и вака муабети што слушам за истово. Секакви луѓе, секакви бракови, секакви приказни има. Ама дека се сите бракови исти, не се. Исто како што и сите луѓе не сме исти така и тоа.
Мој коментар цитираше и тој одговор го напиша, затоа го сфатив како да е наменет за мене.. односно и да не го цитираше мојот, бидејќи јас пишувам дека има луѓе кои лажат и се во несреќни бракови, исто ќе ти одговорев. Одговорив на претходната страна... значи, според мене е вака:
Добар коментар!!! Јас мислам дека дефиницијата за среќен брак е индивидуална. Секој би ти кажал своја дефиниција, во зависност од што бара и што очекува од еден брак и од партнерот/семејството! Мене некоја другарка што би ми се пожалила дека е несраќна во бракот заради X причини, може за мене тие ќе бидат смешни и занемарливи работи. Може и обратно.
А ти зошто всушност се трудиш да препознаеш кој глуми а кој не? Толку ти е битно какви се туѓите бракови и животи воопшто? Имам впечаток дека твоја мисија на форумот е да ги убедиш луѓето дека не се среќни, туку мислат дека се среќни и мислат дека се моногами а уствари сакаат оргии. Ете тие што лажат, можеби убаво им е да лажат и да живеат во сопствените фантазии. Зошто ти пречи тоа?
Види како наопаку сфаќате се' Ај од почеток: Не се трудам да препознаам, не треба труд, посебно, кога некој лично ќе ти признае дека е во несреќен брак... а Бога ми, и имам шесто чуло за глумци... лесно можеш во лага да ги фатиш. Не убедувам никого дека не е среќен. Само кажувам дека има и несреќни. Ми пречи глумење и лажење, од принцип... затоа што јас не глумам и не лажам. ------------------------------- Плус тоа, не ми кажа што мислиш за ова.. по трет пат го постирам на темава: Знаеш како е уствари? Имаш денови кога си среќен, денови кога не си среќен. И не е тоа поврзано само со брак. Во животот, општо, е така. Сите имаме проблеми од различен вид. Работата е, кога ќе ги ставиш на кантар (имагинарен), на една страна лошите, на друга добрите, која страна натега повеќе. Можам да тврдам дека е несреќен брак, единствено оној, во кој има психичко и/или физичко малтретирање. Другото е се', варијација на тема...
Amen to that! Кога ќе го прочитам тоа зборче „денешните“ веќе не ми се чита понатаму таква реченица. Ако од една страна за неодговорни луѓе денес со интернетот да речеме има уште повеќе шанси за изневерување, и ако сметаме на оддалечувањето заради посветеноста на кариерите – од друга страна пак околу мене гледам полека но сигурно еманципација (посебно на жената) и млади луѓе кои се свесни за правилната поделба на обврски во брак, потоа емпатија и интересирање за психологијата во брачните, како и во родителските односи. Така што, ништо не е до времињата - до луѓето и околностите е. И навистина се претера со негативноста по темите околу бракот, за наводното непостоење на среќа и верност во истиот. Ни мене лично не ме импресионира самата институција (дури и не знам дали воопшто се гледам себеси во истата во иднина), посебно ништо не ми значи оној верскиот концепт, а ниту пак имам нешто против отворените врски и бракови - ама тоа не значи дека мислам оти веќе нема слобода, вистинска среќа и верност меѓу брачни партнери, како што не верувам дека ниедна од вистинските човечки морални вредности некогаш потполно ќе исчезне. Факт е дека и денес многумина еманципирани и начитани луѓе можат и опстојуваат во брак со искрен однос и чувства според сопствените вредности. Колку и да познавате случаи на прикриени несреќни парови, не мора да значи дека сите се такви
Едно е кога некој ке ти ја отвори душата и ке ти каже - Види јас не сум среќен/ среќна, а нешто сосема друго е твоето шесто чуло за распознавање на глумци у реален живот. Едноставно е, ако ти сметаш дека треба сите емоции, проблеми, убави и не толку убави страни на твојот брак или твојот живот, да ги кажеш јавно, јасно и гласно, кажи ги, ама ако некој сака да те лаже или да се лаже самиот себе, тогаш нека биде така. Секое твое мислење е базирано на една идеологија - Луѓето не се среќни, ама глумат дека се ради околината. Прво, има луѓе кои се навистина среќни и удобно им е да живеат едноставен живот, а и да лажат, нивен проблем е тоа. Среќата во бракот воопшто не е поврзана со секојдневното расположение, квалитетот на еден брак зависи од сосема други фактори. Ако беше така, како ке ја пресметаше среќата на еден брак? На годишно ниво вадиш просек или?
Можеш така да мислиш додека немаш деца. После откако ќе се родат ќе сфатиш дека за нив би дал се и би останал да се вариш во жежок лонец, не па во брак Но, никогаш не се знае, некои цел живот остануваат деца и тешко им е да сфатат дека сега има други помали деца од нив за кои треба да се грижат.
абе не сум глупа, јасно ми е и од едно читање, не е ова нуклеарна физика или телегонија. Велиш дека не сите, ама генералниот впечаток од твоите мислења е дека, сепак, луѓето глумат. Затоа и ти велам да оладиш малку, нема да ги убедиш луѓето да не лажат, ниту пак ке ги убедиш жените дека им треба уште еден пенис во животот.
Сега ми текна да си се надоврзам на претходниот муабет. Баба ми и да не ја прашаш, само се жали од бракот што го имала, колку била несреќна. Работите кои ги кажува, мене ми се пресмешни. Во тоа време се мажила во град, имале сопствен стан со дедо ми, тој работел во јака фирма, и бил десна рака на директорот. Заработувал доволно за фамилијата. Баба ми (патем со четврто одделение), била главна со парите, дедо ми и ги оставал нејзе, таа да одлучи што треба да се купи. Таа била домаќинка, без ден стаж, си ги изгледала деца на раат, без да бара кој да и ги чува децата и слично. Инаку, со сигурност можам да кажам дека дедо ми беше многу добар и домаќин човек, со потврда од мајка ми, како негова ќерка. Е сега поплаките и несреќите од баба ми, колку тешко и мизерно живеела, и била во несреќен брак: 1. Јас намачена... фамилијата на дедо ти нечисти колку беа, да ти се гади в куќи да им влезиш , мачките од чиниите неизмиени лижеа (тие живееле во друг град, и се гледале еднаш на неколку месеци) 2. Јас несреќна, дедо ти по две недели на море на лето не носеше, си го нејќев животот, оти беше неспособен, во шатор седевме по две недели на Јадранско море. 3. Дедо ти беше многу лош возач. Ние напатени, арно што не загинавме кога возеше. (меѓу ретките со кола биле во тоа време) 4. Дедо ти беше многу несмел чоек, на сите им помагаше, за да не ги одбие.... абе животот си го нејќев заради тоа. 5. Мене, бабе, уште возот што ме нема прегазено, толку имам преживеано. Кога купивме кујна, свекрва ми се намурти оти сме си купиле кујна. А дедо ти, неспособен, ништо не и рече, 6. Ич не беше добар татко, дедо ти. Вујко ти имаше лош ракопис, а дедо ти до 4та година не научи. Е да беше саглам татко, ќе знаеше дека син му има ногопис, а не ракопис. Да продолжам??? Вака до утре можам!!! E баба ми вака си кажува дека имала несреќен брак. Затоа викам, дефиниција за лош/добар брак нема. Ама и вие не им водете евиденција на другите, оти некои ќе глумат лудило дека се најсреќни, а дома боксови јадат секој ден,.... а некои ќе глумат напатени, безвеза, оти треба да глумат жртви. Да се разбереме, си ја сакам баба ми, ама никогаш не можев да сфатам од кај ги вади причиниве. Уште од дете сметав дека претерува. Дедо, Бог да те прости... цар беше!!! Знам малку забегав со темава, и кажав семејни работи, ама се потсетив, баш кога спомнав погоре, за некого некои причини за лош брак личат смешни, за некого огромни.