1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Среќни ли се денешните бракови?

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 14 јули 2017.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.369
    Шшшшшш и јас мислев така додека не ме уверија членките на форумот дека сите биле во среќен брак :inlove:

    Имаш ексклузивна можност тоа да го увидеш само на фемина форумот :) . Од премногу среќа во бракот, зрачи позитива во постовите :sun:

    @DAngel , реков јас мене лично ќе ми одговара отворен брак еве со @Mr. Right :$ доколку он сака. Главна причина за оваа одлука е што не верувам во вистинска љубов.

    @Bubce38 , си има парови, арно ама секој втор пар станал непар. Ете ти си се паднала во тие со среќен брак, но колкава е веројатноста цел форум да се сите во среќни врски и брак посебно сите тие активни членови да ги земеме од ракав 100 форумџијки, замисли сите до една у среќен брак.

    Колку што вие (зборувам генерално, не се однесува конкретно на тебе) верувате во магии, е толку јас верувам дека некои од членките имаат среќен брак па колку сакаат нека се оправдуваат дека биле во нај нај најјјјјсреќен брак на светот. Секоја чест на исклучоци (y)

    Ахх , да не заборавам да одговорам на @Sesil - одредувам според начинот на кој таа особа комуницира со останатите. Доколку е во реалниот живот да речиме почесто ја среќавам ,тогаш ќе зрачи со позитивност, нежност, исполнетост и кога ќе си размениме по некоја реченица одма ќе добијам впечаток, аууу браво , мажот и ја чува, ја задоволува, си имаат разбирање и слога во бракот, пу пу да не им се уроци и во спротивност кога по неколку пати среќавање таа иста особа е намќор , гледа да ги игнорира останатите , врти глава , одговара со нервозен тон на прашања од типот како сте по дома , се спремате за дочек годинава и сл. одма ми светка сијаличката дека бракот не и цути како што таа се обидува да сокрие.
    Исто и на форумов, јас не мора лично да ги знам оние кои коментираат ама начинот на кој дофрлуваат и тоа да се случува почесто, конкретно кога мене почесто ми реплицираат ми остава таква слика да тие се всушност несреќни во бракот, негативни, зајадливи, провокаторки кои сакаат да го истурат бесот на рандом личност посебно кога разговараме на теми поврзани со брак и љубов.
     
    На stetoskop, teaiva, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    35.975
    Мислам дека се посреќни од поранешните, со самото тоа што животот е многу олеснет со напредокот на техниката и медицината. И поверојатно е дека ке излезеш од брак ако не си среќен.
     
    Последна измена: 28 септември 2018
    На Abc07, Macito007, Dalia93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нити прашав нити ми е гајле со кого би била во брак.
    Прашањето кое го упатив кон @Mr. Right беше со цел да покажам дека неговата изјава е само буцкање, чисти сељачизам и малограѓанштина. Сигурна сум дека не им влегол во кревет на сите од форумот, па да знае дека сите освен две биле неискрени.
    Друго, не си Тони Цетински, па да градиш кариера на "не верувам во љубов". Приказни за мали деца се тоа. Приврзаност кон некого (љубов) или чувствуваш или не чувствуваш. Апсолутно е контрапродуктивно да трошиш време на верување или неверување во љубов. Или пак дискутирање дали постои или не.
     
    На happygirl, TashSefton, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Лелее бе па и сељак испаднав. Врв. :D
    Да не се повторувам, она што го кажа @Herrera го мислам и јас.

    Фмп.
     
    На Tanjamm, Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.641
    Пол:
    Женски
    Среќата е состојба на умот. Не е рокет сцајанс. Секоја индивидуа има своја замисла за истото, и кога работите ќе се наредат или ќе се редат во тој правец личноста е исполнета и среќна. Кога бракот се движи во насока како што партнерите замислиле, среќен е. Беспотребно филозофирате за нешто толку едноставно.
    Не сакам ни да помислам дека толку не сте исполнети, па ви е криво и одбивате да верувате дека некој друг е уствари навистина среќен.
     
    На Bubish26, happygirl, TashSefton и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Не знам што подразбирате под среќа. Зошто за некој е среќа да шета по светот заедно, за некој еден куп деца, за некој е кариера, зависи кој што сака од бракот.
    Мојот брак, да, среќен е... се стремиме да поминуваме повеќе квалитетно време заедно. Да ги правиме оние работи кои не исполнуваат. Да се посветиме еден на друг. Со душа го чекам да дојде од работа, за едно кафе да испиеме заедно.
    Не можам да ги разберам оние: морал да спие, морал да игра игра, морал на фудбал, морал на пиво.....
    Па бракот на второ место.
    Ако убаво го организирате времето, за се има време... и тој ќе биде среќен само доколку двајцата се трудат.
     
    На Bubish26, Tanjamm, teaiva и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.369
    Те цитирам оти си еден од ретките кои отворено пишал како стојат работите во реалниот живот.

    Но изгледа не си информиран дека на овој форум сите се со среќен брак :inlove:

    Какво неверство, какви бакрачи , не постојат такви работи.

    Една да пишеше искрено еј, барем една , ама сите си живеат во среќен затворен брак и си свиркаат. (тука не спаѓа @WildMk )


    Само јас сум црна офца на фемина.

    Тоа сакав да кажам :makeup:
     
    На stetoskop, Tanjamm, teaiva и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Така, во право си...:D
    Јас од секогаш тука сум кажувал отворено, дека мојот прв брак заврши заради моја кривица... а за малку и вториот ќе го сјебев...|(
    Сега се трудам да бидам ок... ама никогаш не викам никогаш
     
    На stetoskop, Tanjamm, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    и мојот не бил идеален,сум споделувала тука проблеми за да слушнам мислења совети и сл за ко ми се подобрила ситуацијата да ме потсетат дека сум била контроверзна,денес едно утре друго. Не сум била достојна за некои коментари додека мене бракот и животот не ми биле средени (facepalm) во глобала среќни сме сите не не мислете .
     
    На stetoskop, Dalia93, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.369
    Ценам искреност. Да си жив и здрав (y)

    Еххх камо да беа барем некои од форумџиките во брак искрени барем да си признаат дека не им лизга се така во бракот како што они се преставуваат среќни во виртуалниот свет.

    Ама ајде , ќе замижиме и ќе се правиме на Тошо дека навистина е така како што се прикажуваат и мирна глава 8)
     
    На stetoskop, teaiva, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Зависи од двајцата брачни другари што подразбираат под „среќен“.За нив можеби е среќен,а за другите не.
     
    На stetoskop, hermosa, Butterfly1107 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    абе секој може да се залажува дека него не може да му се случи тоа...
    а тоа дека на сите се им е ок... остај...
     
    На zalosna, Dadusicka, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    34.233
    Пол:
    Женски
    Не значи дека сите што сме среќни сме во затворени бракови...
     
    На ninja35, Herrera и zalosna им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Исполнетоста на партнерите не зависи од тоа дали се во затворен или отворен брак или сакаш да потенцираш дека среќни се тие што се во отворен брак.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека за разлика од порано денешните бракови и врски се многу посреќни. Јесте да има разводи и порано би имало ама нели што ке рече Курта Мурта и сл. А и немало никаква заштита на жените ги млателе и не и доволувале никаде да одат, ако жената доаѓа од семејство со мајка и татко минималци и правеле што сакаат сега е подруго и не е така народот нема живци да трпе будали.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Tanjamm и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Денешните бракови се како и во минатото,некои среќни некои несреќни :)
     
    На teaiva, Septemvri, Elenpelen и 4 други им се допаѓа ова.
  17. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Denesnite brakovi se KRATKOTRAJNI
     
    На NORA17, stetoskop, teaiva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Не се!
    Денешниот брак е како театар , се се глуми пред другите као колку сме среќни но на жалост сега има скриншотови....
     
    На stetoskop, Herrera, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Лично сум во среќен брак, ама околу себе гледам многу несреќни бракови, од кои повеќето се во фаза на развод. Сметам дека за разлика од порано, денес жените се посвесни и посамоуверени, и знаат што сакаат, а што не. Зжа со тоа сметам дека процентот на разводи расте. Не дека жената е за се во право, ама реално ако ги согледаме во однос на нашиот менталитет работите порано ќутеле и трпеле, и тоа трпење под поимот среќен брак.
     
    На Herrera и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Mese4ka92

    Mese4ka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Моите родители се во брак 27 год никогаш не постоела расправија или сл.до ден денес се со срце маче и сл . Имаат мн среќен брак и се гордеам со нив .