неодамна имавме лекција со наслов што ме прави среќен , половина од оние што беа во класот нема претстава што да наведат? - А потоа некој само искоментира, па ако немаме нешто вакво никој не ни не прашува дали сме среќни....
Да пред се зошто сум мајка, и благодарна сум за тоа чувство, што мајка ми ме нарече чедо после толку години, што сама се изборувам за се и не чекам и не дозволувам да ми каже поради мене си ова и ова, затоа што ја имам сестра ми која беспрекорно ја сакам, зошто сум моментално заљубена а мислев дека нема да ми се случи тоа после еден распаднат брак. Среќна сум што со уметност се претставив во Индија и ја доживеав, што постигнав врвни фотографи да ми дадат благ након, што знам да сакам вистиснки. Што знам да уживам во природата, и да бидам едно, што не мразам. Да среќна сум..
да среќна сум, затоа што имам луге покрај себе кои ме сакаат, за мене тоа е најголемата среќа на свет, да знаеш да сакаш и да бидеш сакана, среќна сум затоа што сум вљубена во надобриот најосетливиот и најкарактерниот маЖ, среќна сум зошто што со помалку или повеке труд јас се изборив да бидам она што отсекогаш сум меЧтаела, да срекна сум затоа што ми дадоа и повеќе од заслуЖното, а јас го оправдав и се изборив за да го освојам.
Се осеќам како да сум пред портата на среќата а сеуште не сум влегла внатре... сакам и јас да ја поминам веќе таа врата еднаш.
Се обидувам да бидам. нема некоја посебна причина зашто да не бидам но сега не се чуствувам исполнета и среќна.
Дали сум среќна??Сега си седам и си мислам,а зашто не би била среќна кога не чувствувам дека нешто ми недостасува.Среќата не ја прават парите,среќата ја прават многу побитни нешта во животот,нешта кои не исполнуваат,кои ни го разубавуваат денот,нешта кои ни даваат смисла за нашето постоење.Јас сум опкружена со луѓе кои ме сакаат,не зборувам за пријатели зборувам за моите родители кои ми дале се што сум посакала во животот,од кои секогаш имам подршка и разбирање.Потоа зборувам за мојата љубов кој ми го промени животот за 360 степени,човек кој ми прави насмевка на лицето секое утро кога ќе се разбудам и само што ќе помислам на него,човек покрај кого се чувствувам сигурно,сакано,прекрасно..едноставно кажано човек пред кого јас сум јас..И да среќна сум,среќна сум што имам можност да го почувствувам сетоа ова кое за мене е најскапоценото нешто,а тоа е чувството на љубов,на сигурност,на задоволство.
Ми фали само уште едно мало делче за да бидам потполно срекна. Срекна сум и без него но со него би била најсрекна. Си имам убав живот фала богу, ништо не ми фали. На повидок гледам само убави работи. Само да не е затишје пред бура...
Како бе не сум среќна најсреќна сум,кога си помислам само колку лоси работи постојат колку проблеми имаат некои лугје па умирачки,оскудации безпарица.... Е како да се позалам,се сто сум посакала се сум добила,се за кое сум се мачила сум научила да го ценам,сите солзи ми донеле радост,фамилијата ми е здрава и зива кај и да се ги имам...греота е за оние кои и покрај тоа сто немаат ни пола од тоа ние сто го имаме пак се надеваат и велат дека се среќни епа не треба да сме неблагодарни, среќни сме толку колку сто самите си го направиме секој има период па и јас кога си мислам кај ми отиде среќата ама треба да знаеме да се задоволиме и со мали работи,зар мислите дека кога би имале милиони милиони би биле среќни и задоволни,па да навидум ама и тогас ќе копнеете по повеќе и пак незадоволни... Ми фалат некои работи за да бидам задоволна ама во секој случај сум среќна!
Не мешајте среќа со благодарност. И јас сум благодарна за тоа што имам добри услови за живеење, подобри од повеќето во светот. Благодарна за семејството, пријателите. За здравјето, моето и нивното. Благодарна сум што можам да одбирам што да јадам. Што да носам. Каде ќе одам, што ќе кажам, со кого ќе зборувам. Благодарна за слободата. Но благодарноста нема никаква врска со среќата. Среќата, според мене, е склоп од повеќе позитивни емоции наеднаш. Можеш да бидеш задоволен, благодарен од животот, да уживаш во него, ама јас мислам оти среќата ја доживуваш на моменти. Исто како и несреќата. Ако не си го почувствувал едното, не можеш да го почувствуваш ни другото. Моментот кога сите коцкички се наредени, сите точки поврзани, кога се заблагодаруваш на судбината, на кармата, на мајка Природа и на Господ што постоиш и што ти овозможил да го искусиш тоа. Јас помислив привремено дека се е наредено, се е како што треба да биде, за да се урне како кула од карти. Така да, не знам дали сум среќна, барем не го знам тој одговор моментално.
Ако среќата представува да бидеш здрав човек, да не ти недостига љубов од личностите што ти значат, да ги оствариш барем некои од целите што си ги поставила во животот, ако личноста во која си заљубена ти ја возвраќа љубовта... ееее тогаш да, се сметам за среќна личност.. другото е се само споредно и материјално и сепак не е толку важно и вредно во животот
Среќна сум. Скоро на сите полиња ми оди добро. (пу, пу, да не се урочам ) Конечно почнуваат да се остваруваат некои работи кои ги чекав долго време, тоа ми дава дополнителна сила, енергија и позитивен став кон некои работи. Е сега, на професионален план одамна ми чкрипи, само тоа ме нервира и ме мачи во последно време, и тоа бајаги......ама и тоа може да се реши ако запнам малку повеќе.