Се прашувам дали некој е посреќен од мене?! Зошто сум среќна? Затоа што имам такви родители какви што на светот нема и тие се големо богатство.Порано што не сум им направила но тие се единствените кои што се сеуште тука за мене,ме подржуваат и за се ми простија.Благодарение на нив сеуште сум жива и денес сум среќна.
Епа да, среќна сум бидејќи знам дека покрај мене има луѓе кои ме сакаат и јас многу ги сакам посакувам сите да бидете среќни и да уживате во животот.
Хм.. среќна, не сум баш, кого залажувам воопшто не сум. Да беше тој покрај мене ќе бев пренајсреќна и да можев да живеам слободно..
Да, на МОЈ начин.Го потенцирав мој, бидејќи среќна си се правам јас самата, а луѓето и објектите околу мене само се дел од тоа..
Среќна сум, затоа што личностите кои ги сакам се живи и здрави, јас сум жива и здрава. Само... ми фалат неки ситници за среќата да е целосна на пример работа, дечко, искрена љубов. Всушност човек колку повеќе има, толку повеќе му недостасува.
Незнам ни јас самата дали сум Среќна... Со мајка ми бескрајно се сакаме, но таа е болна... Со татко ми бескрајно се сакаме, но и тој е болен... Со дечко ми бескрајно се сакаме... но многу се караме и не се сложуваме ич... и ако кажам дека сум среќна тоа ќе значи дека само љубовта ме прави среќна, ништо друго не ми е погодено...
ех денес едно темно облачно небо ,15 степени со малку ветре и ај не биди среќен!? Но секој ден е поинаков исто како и расположението!
Додека си здрав,жив,имаш некој внатрешен мир,ги имаш оние кој ги сакаш до себе тога можеш слободно да кажеш дека си срекен.Му благодарам на бога и за тоа што го имам,можеби не е се али е тоа што навистини ми треба.Овие ,,мали,, работи воопшто не ни се зна4ајни додека ги имаме,но кога ќе изгубиме едно од овие тогаш....
Не сум воопшто Секој ден проблеми, проблеми.. Се молев да немам .. Ама неможе! Колку и да си добар, те газат повеќе, ќе ти викаат.. И на крај се на тебе паѓа, и секако кај да бидеш среќна.. Тоа е..
Сречна сум, здрава сум, жива сум, семејството ми е живо и здраво. Сакана сум, заљубена сум, имам кров на глава и доволно средств за нормален живот и можеби некогаш нешто екстра, така да среќна сум... Е сега ситни нервози и проблеми има секој ден, но и тоа поминува
Немам среќа за да добијам лото или вработување со плата од 1200 евра Но... да, јас сум Среќен во животов.
има денови кога едноставно сакам да експлодирам од среќа , а некогаш ми иде да се пикнам под ќебе и да плачам..