имам семејство кое бескрајно го сакам.. не сум богата,ама имам пари за нормален живот.. здрава сум,а и лугето околу мене.. ми недостига премногу мојот покоен дедо.. немам среќа во љубовта..првпат сакам некој,но залудно е.. мислам дека не сум среќна..ама неблагодарно би било од моја страна сепак да кажам дека сум несреќна.. среќна сум?
Жива и здрава сум,имам здраво семејство кое се почитува и безусловно се поддржува,имам вистински пријатели кои се тука за мене во секој момент,имам пари за леб и нормален живот,имам совест и карактер и го имам него.. Шо друго е потребно за среќа? фала му на Господ и задоволна сум со тоа шо Тој го дава!
Пред една недела мајка ми ми постави прашање колку на скала од 1 до 10 сум среќна. Па и реков 9. Морав да лажам затоа што искрениот одговор ќе ми беше -9. Не сум среќна воопшто. Можеби е период, ама веќе предолго трае.
Не! покрај цел притисок и секојдневно малтретирање,омаловажување од страна на другите можам слободна да кажам НЕ!
Незнам.Измешано,како што кажа и мојот психолог,како од болјер да тече истовремено и топла и ладна вода.Замислете дека ладната е тага,а топлата среќа.Ете баш така.Малку и да е поладничка,имам таков пресврт во животот што веќе нема ништо што ме прави среќна,ама ете се научив по малку да се радувам на тоа што ќе поминам некое ниво на игра на фејзбук. Мислам и нема на што друго,има многу добри луѓе кои сакаат да ми помогнат,буквално во се ме подржале,ама ете,тоа е,се изјаснив јас и во друга тема,дека немам енергија за да го раководам животот со среќа,со мир,и хармонија.Ете таква сум,се надевам еден ден и јас ќе бидам посреќна.
Момнтално а и веќе подплг период односно од почетоков на годинава НЕЕЕЕ .а ми се падна и паричката на бадник али ич не сум среќна и моментално сум пре несреќна и за да идам утре среќна треба едно чудо да се деси али зашто јас ич не сум среќна нема да се деси......
Да! Среќна сум што сум жива и што постои решение за мојот проблем! Среќна сум што ги имав моите најблиски да бидат со мене во најтешките моменти, да ме бодрат како треба да продолжам понатаму и како не треба да се откажувам од животот. Среќна сум што имам пријатели кои, и да не можат да ми помогнат, бар се тука да ме ислушаат и да цврсто да ме прегрнат дур липам без запирање на подот. Среќна сум што дишам, што се будам секое утро, и што си наоѓам причина за насмевка во првата шолја кафе.
Среќата е релативна работа. За миг ја имаш, а во наредниот исчезнала како дим. Сфаќаш дека ти се лизнала низ прсти. Според мене таа се гради, барем тоа е моето сфаќање за неа. Таа е онаа која треба сам да ја стекнеш со својот труд, а не таа да дојде кај тебе. И навистина, повеќе би рекла за неа дека таа за мене е радост, а не среќа. Тоа е она што исполнува во душата, мир, топлина, хармонија која посакуваш никогаш да не престане . Вистински ќе ја почувствуваш, кога вистински и искрено ќе се дадеш. Кога ќе научиш да се жртвуваш за туѓата насмевка.
Имам покрив над главата, здрава сум, не сум гладна, не ми студи, имам семејство, живеам во мир. Да среќна сум! Илјадници во светот се гладни, голи, боси, сами, живеат во војна... а некој плаче зошто нема нови фармерки или приватен авион!?
Срекна ли сте-ДА ја гледам реалноста на животот и немам причина да небидам срекна.Сум имала падови и успуни во животот но никогаш за самата себе нереков дека не сум срекна,во одредени моменти во животот незадоволна да.Знам да сакам и сум сакана од саканиот,мајками,другарките и роднините тоа ме прави срекна.Ми се подредиа работите малку покасно во животот ,работа,семејство дом и сето тоа ме прави срекна.
Можам да кажам дека почнувам да бидам посреќна,за разлика од пред некој ден.Полека ја враќам среќата,има препреки,сеуште се чуствува негативноста во мене,ама полека почнувам да гледам од посветлата страна на животот.Да,подобро ми е,а за тоа што коментира некоја од членките над мене,во однос на ,,децата во некои земји немаат што да јадат,а јас се жалам за тоа што го немам најновиот модел на ајфоун,,и нешто од овој стил,па ако гледаме така никогаш не сме задоволни,ама ако тоа е утеха за да гледаме во корист на среќата,тогаш некако се чуствуваме подобро,мислам стануваме позадоволни,а со тоа посреќни во животот,бар јас мислам.
Пошто сум голем оптимист се сметам за срекна .. а кога несум се трудам да бидам... па не се родив јас на овој свет за да сум несрекна и да кукам цел живот..иако имам 1056472 причини да сум несрекна јас ја користам таа една за да се насмеам. Абе тешко е некогаш ама ке се исплачам и готово пак по старо одам во чекор со времето и живеам за убавите моменти...
Blagodarna da, srekna ne, beskrajno osamena, po sopstvena vina ili koj da znae cija.. Nema veke ni sila za lutina, izgleda ke se mora se sama, pa i srekata vo sebe da se bara i najde.