Да. Благодарна сум за се што имам, свена сум дека на многу места, во многу држави има полошо и од овде. Почнав вистински да ценам се што ми е дадено и максимално да го искористам. Почнав да дарувам љубов, почнав да дарувам искрено пријателство, почнав да му дарувам насмевка на животот. Почнав да посветувам време и чувства на се што правам, и тоа да го правам со уживање.
Среќна и задоволна ,имам прекрасно семејство живи се ,здрави се ,имам покрив на глава доволно пари за пристојна живеачка,прекрасен партнер ,почитувана и сакана од најблиските ...па мислам дека тоа е најбитното за да имам мир во душата и да бидам среќна .
Гледам сум напишала дека можам да бидам и посреќна. Секогаш можеме да бидеме посреќни, подобри, полоши итн. Треба да целиме кон тоа денес да бидеме подобар човек од вчера, ама не треба да посакуваме уште повеќе среќа кога веќе ја имаме, за да не ја изгубиме и таа. Среќата доаѓа во мали порции и малите залаци се секогаш подобри од големите. Подобро повеќе пати по малку, отколку еднаш многу. И да, среќна сум. Зошто не би била. Го имам целото семејство околу мене фала му на Бога, опкружена сум со луѓе кои ме сакаат, имам вистински пријатели на кои можам се да им кажам, кои ме смеат до бесвест. И сакам секогаш да ја добивам среќата во мали порции, за почесто да бидам среќна. Конкретно за прашањево чиј одговор ќе се менува секој ден, да среќна сум.
Не сум среќна.И сум во голема депресија.Порано ми беше тешко да се отворам и да зборувам за тоа,но денес некако ми стана навика,дел од мене. Можеби на 16 години и до некаде е нормално да се чувствуваш помалку така.Да жива и здрава сум,и семејството ми е живо и здраво,но има многу нешта во светот што ме прават мноогу несреќна.Омразата меѓу луѓето,тоа што во Македонија си никој и ништо ако твоите не се некои од најголемите мафијаши и тоа што неможеш да го добиеш тоа што го заслужуваш.Секако дека имам нешта кои ме прават и би можеле да ме прават среќна,но во глобала сум несреќна. Но секако давам се од себе за тоа да се промени и се обидувам да гледам колку што можам по позитивно на светот
Во суштина има мн причини за да несум среќна, но јас се чудам на себеси како можеам да сум СРЕЌНА и навистина сум покрај толку мн проблеми, ич не размислувам на нив само Оптимистички..живот иде дајле.. и само насмеана си сум..сепак мислам дека Баш је лепо Бити Јас.
се обидувам да бидам среќна но поради некои блиски што се несреќни депримирани и тебе ќе те направат таква и да живеам во колиба јас ќе бидам среќна све додека сум со луѓето што ми ја прават среќата додека пак некои се нервираат каде живеам ,дали имам итн а незнаат дека среќата не е се до материјалноста , луѓе уживајте среќна сум ,не ме правите вие несреќна со вашите мислења кои не требааат ни да се спомнувааат
Во моментов сум навистина среќна. Како период од животот сум точно каде што сакам да бидам, и иако имам малку страв од иднината, сега за сега се ми е како што треба на секој план
Искрено во одредени моменти мислам дека никој неможе да ја уништи мојата среќа но брзо се враќам во реалноста и сваќам дека баш и не е така . И можам да кажам дека не сум баш потполно среќна
Кога би ги прочитале сите коментари од вас би заклучиле дека никој не е комплетно среќен, на секој нешто му фали,секој сака повеќе,секој може повеќе.Но среќата не е во тоа да имаш повеќе,среќа е да разгледаш околу тебе и да размислиш ОД ЛОШО ИМА ПОЛОШО и ОД АРНО ИМА ПОАРНО.. затоа драги девојки ве молам сакајте се себе,сакајте ги тие околу вас, сакајте се што ви дава животот и БИДЕТЕ СРЕЌНИ. Вие тоа го заслужувате..А ако барате комплетна среќа никогаш нема да ја најдете,животот ќе ви помине во барање на невозможното.
Среќна сум да, ама има и моменти кога толку не сум среќна. Сепак сум оптимист.И кога е ми е тажно јас издржувам имам сила, надеж и се трудам да си го направам живото исполнет со среќни моменти бидејќи е краток и еден е. Зошто да не биде исполнет со среќни моменти? Среќна сум и можам да бидам и посреќна.
Мислам дека не сум, зошто гледам луѓе околу мене кои се несреќни, сакам да им помогнам а незнам како. инаку да пред другите глумам среќа секојдневно, несакам да мислат дека сум несреќна, и мислам дека најмногу тоа ме одржува сега. Но се надевам ќе дојдат подобри денови.
До скоро бев пресреќна, се ми беше комплетно. Но моментално ми недостига една личност која премногу ми значи и штом помислам на неа веднаш солзи ми идат на очи. Се надевам дека ова наскоро ќе помине и дека се ќе биде во ред, а јас повторни ќе бидам среќна како некогаш?
ДА,ДА,ДА И ДАААА. Да,среќна сум,многу,барем мислам дека научив конечно да бидам среќна,да ги искористам убавините на животот.
јас сум прилично среќна можам да бидам и посреќна ама па битна ми е среќата на другите и така сум прилично среќна. секогаш коа ќе помислам дека е лошо и дека неам среќа..помислувам и на тоа дека може да биде уште полошо
и сум и не сум, треба да бидам срекна фала Боже сум здрава, сите ми се на број, ама кога размислувам за иднината што се ме чека, неизвесност, уствари не знам што ме чека тоа е работата , еден ден супер друг ден ужас.