Искрено,воопшто.Многу работи ми се изместени,и ни приближно не се во права линија и во најнормален редослед.Најстрашно е што како поминува времето,се повеќе се плеткаат мрежите,и се надевам дека најбитниот и клучен конец ке се надмине,кој ке ги повлече и среди и останатите конци. Легнувам и се будам со таа надеж и мисла...
Ужас и хаос ми е животов...единствено ме прават среќна моите внучиња од сестра ми кои знам дека ме сакаат искрено и без никаква корист. На секое поле во животов сум разочарана, едно нешто не е како што треба. Почна од едно, и место тоа да се подобрува, чекор по чекор све во пропаст ми појде. Едноставно за некои нема убавина во животот...
среќна сум ! а зошто не би била имам прекрасна мајка до мене која ми е најголема поддршка во животот имам нај искрена другарка која е една ама вредна имам кров над глава и парче леб за секој ден студирам со цел да станам успешна особа во животот можеби немам нешто многу,но јас ги имам најважните работи за да кажам ДА СРЕЌНА СУМ
Да, среќна сум! Имам родители кои ме сакаат, имам пријатели кои се секогаш тука за мене и кои, исто така, ме сакаат, имам прекрасни услови за живот, имам работи кои ми се неопходни и кои не ми се неопходни но сум ги посакала... Доволно сум успешна за човек на мои години, имам цели во животот кои ме водат понатака и не го оставаат животот да ми тече без смисла. Можеби немам којзнае што, но она што го имам ме прави среќна!
Среќна сум што го имам него и среќна сум што имам семејство што ме сака. Ама не сум среќна за некои други работи. Така да можам само да кажам дека среќата е многу релативен поим.
Од една страна да, имам родители кои ме сакаат, имам брат близнак шо ми значи премногу, имам пријатели кои се секогаш тука за мене.. На љубовно поле, не стојам баш најдобро али се трудам да биди ок..
На одредени полиња во животот сум среќна, на одредени не.. Ми фалат уште неколку работи за да бидам онака "комплетно" среќна, но времето ги лечи сите рани. Можам само да кажам дека најсреќна на свет ме прави моето семејство, кога сме сите заедно на купче и дека сум горда на себе што знам да се радувам на малите работи. Малите работи ме прават многу среќна.
среќна сум а и сите треба да бидеме среќни,една лекција постои во животот а тоа е да бидеме среќни и задоволни со се што правеме затоа што се се случува со причина НАЈСРЕЌНА СУМ иако не ми се случило ништо посебно
Не сум. А би требало. Некогаш мислам дека сум премногу себична бидејќи не го ценам тоа што го имам. А го имам најглавното нешто - него, сестра ми и родителите. Сите тие ме љубат, обожаваат и оживуваат. Да, бидејќи јас незнам како правилно да пливам во овој свет, во кој има добрина, но тоа што не ми ја дава среќата, тоа е она другото, злото во луѓето.
Да, затоа што би било неблагодарно да не сум. Среќна сум и задоволна сум со тоа што го имам. Имам луѓе до мене кои ме сакаат и ги сакам, имам се што ми е потребно, знам да уживам во животот.
Ноуп.Воопшто не сум срекна.Тој што го сакав ме разочара,мојата "најдобра другарка"ме лажеше 4 години ,моите родители се постојано во странство и немам на кој да се потпрам.Самата себеси се лажам дека ке успеам но не е така.Со здравјето сум катастрофа.Незнам ни што барам овде на овој свет знаејки дека пола од животот ми е хаос. Лута сум .
Секој ден слушам разни оговарања , за мене , за тие околу мене .. се згрозувам од неорганизираноста на училиште , триста испитувања и тестови и матура ми виси над глава..но, знам дека јас ќе се справам со сето тоа . Сум поминала во животот и покомплицирани работи од ова . Не е срамота тоа што ќе падниш , срамота е да останеш така ез да пробаш да се вратиш како што беше . Понекогаш е добро само времето да покажи каде ќе бидиме во иднина и како со испливувањео- не прави ништо и водата сама ќе те издигне на површина Среќна сум . Многу .
Се сложувам со firequeenn...секој ден слушам само оговарања,не само за мене тука и за тие околу мене.Ме нервираат вакви работи..За многу работи сум била против,а моите другарки секогас биле ЗА(мислам за некои лоши работи спрема другарка) и на крај јас која бев против-сега страдам!Тажна сум но...ајде ке помине и овој ПЕРИОД можеби е некаков тест за мојата издржливост или незнам што што но сепак ова јас можам да го издржам(или барем така мислам).Секогаш кога сум тажна само си викам..’’ке биде се ОК ,тркалото се врти и после дождот секогаш доаѓа сонце’’ !!
Сакаш ли вечна среќа - не спиј! Превртија ноќта во ден! Зошто оној што спие е слеп, а при успаните среќата не доаѓа. Но еве ви еден совет на сите што сте тука: зградата построена во прав - во прав и ќе се урне. Ако ви се случи тоа - не обвинувајте го ни Бога ни човека: самите сте виновни. Избегајте поскоро од затворот на своето „Јас“ Одделете се макар на чекор од себеси и ќе видите - во ружите освен трње има и ружи.“ Се чувствувам среќна поради тоа што имам некој кој немора да го барам-секогаш е тука. Среќна сум што има луѓе околу мене што само со поглед ја будат насмевката на моето лице. И неможам да речам дека и без пари ќе бидеш среќен. Денес парите се вбројуваат во една од поважните вредности во животот
ДА, сега, денеска во овој момент СРЕЌНА СУМ...за утре незнам, за задутре исто така...но сега во овој момент среќна сум...