Незнам што да кажам, во последно многу проблеми ми се насобраа. Веќе незнам главата каде ми е, ќе полудам а и немам со кого да зборувам. Искрено јас незнам што е среќа
Среќна сум. Жива и здрава сум, исто како и оние кои најмногу ми значат во животот. Заљубена сум во најпрекрасниот човек и што е најважно таа љубов е возвратена. Си завршив добар факултет со висок просек и работам прекрасна работа која ја сакам и ме исполнува. Имам мал број на пријатели но со големо срце. Имам свој дом полн со љубов и разбирање, храна... За мене ова се работите кои се потребни за среќа. За жал познавам многумина кои сето тоа го имаат а тврдат дека се несреќни. Многумина среќата ја поврзуваат со материјалните нешта без да бидат свесни дека многу грешат. Познавам материјално многу богати луѓе кои не се среќни воопшто. Сето она што го имаме треба да го цениме. Ако не е се комплетно не значи дека сме несреќни.
Можам да бидам и посреќна од ова сега, но општо посреќна сум од некои други периоди што сум била во животот. Така да не е лошо.
Тргнав да пишувам дека сум среќна, па се замислив. Имам убав период во животов, сум имала и лоши периоди. Но генерално можам да кажам дека сум среќна т.е. задоволна сум и благодарна за тоа што го имам.
Благодарна сум на добрите пријатели, моите родители, сестра ми и детето што ме одржуваат во живот. Благодарна сум и што ја работам работата што ја сакам. За да бидам целосно среќна уште приватниов живот да го средам.
Онака се крепам, ме прават среќен кратки стази шо си ги поставувам и постигнувам, уште долгометражниве да успеат и че бидам океј.
Среќна сум, задоволна и благодарна од она што го имам, семејството Материјалното не можам да се пожалам ама и тоа е со пре премногу труд и жртва. Добиено со не потешкиот, него заобиколено со најтешкиот начин .
Може да биде и подобро, но генерално, да, сум среќна. И точно е дека луѓето со 90% среден живот се чувствуваат несреќно, празно. Материјалните добра се потребни, но не секогаш се гарант за среќа.
А тие со несреден живот се осеќаат посреќно? Аха гарант.. особено кога не знаат дали ќе имаат за рата за станот следниот месец.. Дали ќе имаат за сметки, за храна, за да пречекаат роденден на детето .. 100% се посреќни..