Среќна сум...моментално...задоволна сум, се е како што треба засега.Имало и периоди кога не сум била, така да според мене среќата е променлива. Моментално сум среќна!
Среќна, да.. Среќна сум што имам луѓе кои ме сакаат, што имам луѓе кои ги сакам.. Среќна сум што имам покрив над глава, здраво, право семејство. Среќна сум што се запишав на факултет и што израснав во ова што сум денес.. Среќна сум, да!.. Но, не и задоволна.. Задоволството не може да се граничи, ниту да се споредува со среќата.. Има денови кога сум задоволна од она што ми го пружа животот, а има и денови кога не сум. Сепак задоволството не е главниот виновник за мојата среќа, но како што сите знаеме на човековите задоволства им нема крај, ниту на моите, ниту на вашите.. Секојдневно ни излегуваат нови потреби, имаме нови барања.. Најважно е да останеме скромни и разумни.. И да, се додека ги имам оние горе наведени работи, ДА, СРЕЌНА СУМ !
Кога би го поставила ова прашање и би се сконцентрирала на наоѓање аргументи би нашла и такви кои одат во прилог на потврден одговор, но и одречен на истото, така да веројатно рамнотежата би се остварила зависно од моменталните случувања и моето расположение со некој облик сличен на Јин Јанг симболот само со различна обоеност на црно - белите делови. Веројатно секоја среќа има и примеси на несреќа во себеси и обратното. Среќата е во секој случај апстрактен поим и тие не само што се најтешки за дефинирање, туку се и променливи, како и животот, чиј составен дел се, што знам за мене среќата е чувство или спој на повеќе емоции, не е состојба, дури и кога трае подолго. Во ваков случај добро советуваат старите дека треба да си подметнеш камче во чевелот, . Си имам мигови на совршена среќа и нив си ги чувам во свилено марамче на најгорната полица од креденецот на посебните спомени на таванот од меморијата. И грижливо ги отварам кога ми треба да ми влеат надеж или енергија со своето присуство и фактот дека ги имам, дека биле и ќе има репликација на истите... Сум била и од другата страна на непосакуваниот брег на несреќата и миговите кога се чинело дека нема да се насмевнам повторно бидејќи потонале некои од клучните бродови. Но, изненадено сум сфаќала дека некое детуле или маче успевало и тогаш да ми измами насмевка. На несреќата заедничко со среќата и е тоа што и двете се минливи категории плус и двете никогаш не доаѓаат во 100% облик очистени од примеси. Во секој случај човекот сам ја регулира јачината на сопствената (не)среќа и јас лично не им верувам на луѓето кои тврдат дека се само (не)среќни.
Среќен е оној кој умее да сака. А јас сакам. И умеам. Значи среќна сум (со примеси на тужни-ружни денови), но и тоа е дел од играта.
воглавно да, се сакам себеси и тоа што сум, имам покрив над глава, љубов и хармоничен живот и здраво семејство. сметам дека ова се најважните работи се друго за мене е мање више битно.
Не можам да одговорам на прашањево со еден збор.Дали сум среќна? Задоволна сум,исполнета,опкружена со луѓе што ме сакаат,имам многу убави сеќавања,спомени..Благодарна сум за се ова,за животот кој го живеам. Но,дали сум среќна? Па зависи,тоа некако е минливо.На пример,среќна бев некни кога добив три петки,кога мајка ми ми даде еден прекрасен подарок,имавме прекрасен семеен ручек со пошироката фамилија - едноставно денот ми беше прекрасен,како да сум добила седмица на лото Е тогаш бев среќна.Сум имала и уште многу такви среќни моменти и денови,но сум имала и денови кои се далеку од убави,кои не им ги посакувам ниту на најголемиот непријател. Така да,не можам да дефинирам дали сум среќна.Задоволна сум од животот бидејќи ми подарил мошне среќни мигови,а оние лошите е трудам да ги заборавам.
Едно е да бидеш среќен,друго е да бидеш задоволен. Да не бидам оффтопик..задоволна сум,но не и среќна.
Среќа....Дали сум среќна.....Многу релативна работа.....За некој среќа е да вози Ferari,за некој да има било каква кола. Лично јас сум многу среќна.....Без Ferari,без никаков автомобил..... Со две прекрасни златца на мама,и сопруг кој е љубовта на мојот живот. Сите здрави и живи.....Згора на тоа и убави..... haha
Секој различно ја доживува среќата зошто секој го исполнуваат различни работи. Мене ми фали татко ми и со самото тоа можам да кажам дека никогаш нема потполно да бидам среќна што и да се случи. Затоа пак среќна сум што го имам вереникот,мајка ми и сестра,и дедичко и бабичка.Нив ги сакам најмногу на светов.
Задоволна сум од животот и уживам во него. Имам покрив над глава, семејство, храна, здравје, што на многу луѓе не им е пружено. Не ми било се сјајно, напротив, ама уште стојам исправено. Многу нешта ми фалат, многу нешта ме повредуваат.. но тоа не ме направи несреќна, се помирив со фактот дека не може се да биде совршено. Среќна сум што имам луѓе што ме сакаат, среќна сум што имам пријатели на кои што можам да им се обратам кога сакам, среќна сум и што ви пишувам сега.. Секој ден се трудам да бидам посреќна, да ги отфрлам тие нешта што ми сметаат и да се подобрам. Среќата не е релативна работа, не е моментална, не знам зошто така ја доживувате и дефинирате. Сите ја бараме среќата во едно нешто, во една личност - и тука најмногу грешиме. Среќата е во нас, нешто што сме ние, се состои во тоа самите да се осознаеме и да се прифатиме какви што сме. Како и да е, животот е многу краток за да бидеме несреќни.
Оф колку тешко прашање дали сум среќна?? Многу релативна работа, во различни моменти различни работи ме исполнуваат и ме прават среќна. Во глобала да среќна сум и исполнета но неможам да кажам во целост, но не и сакам во целост. Кога ќе го достигнам тој стадиум кон што ќе се стремам, кон што ќе копнеам, која биде смислата на живот?
Секој различно ја толкува среќата. Некои луѓе сметаат дека ќе бидат среќни ако ја постигнат долго очекуваната мечта. За некои тоа може да биде заштеда на незнам ти колку милиони, за други ослободување од здодевните и непотребни 5 килца.. Иако некои имаат доста погрешна претстава за среќата, нив тоа ги задоволува па од тука следствено си доаѓа нивната среќа. Јас конкертно се ослободив од оптовареноста со такви синти работи иако нели сега е актуелна општо познатата фразичка „малите нешта го прават човекот среќен“. Разбрав дека ако дома не ми е се` океј џабе ми се мене и тие симнати килца, десетте денари што сум ги нашла на улица, петката физика, излегувањата(на кои си поминувам убаво и ме исполнуваат, но таа среќа ми е минлива). Копнеам по хармоничен и среќен дом веќе подолго време така да тоа би била мојата среќа. Не негирам дека ситните работи ме радуваат, исполнуваат со доза задоволство но, ова е тоа што вистински би ме усреќило. Што значи сега за сега сум половично среќна благодарејќи на одредени персони во мојот живот кои некои моменти од секојдневието прават да одлетаат барем на час-два.
Sekako deka sum srekjna. Mozhebi sum mala da go definiram poimot srekja vo vistinski smisol, no sega za sega jas sum i povekje od srekjna. Nema vrska za sekojdnevnite navredi, napaleni dechishta, roditelite, jas sum srekjna! I toa mnogu ^izvinuvanje za latinicata. od opravdani prichini..