Секогаш недостасуваат некои работи за да бидеш потполно среќен... Сум среќна, но нешто како да недостасува...
Среќна сум, секој ден сум опкружена со моите најбитни личности, жива сум и здрава сум-е тоа ми е доволно да сум среќна! Во љубов не ми цветаат ружи ама менливо е тоа
СЕКОГАШ тежнеам кон подобро. Но, дури да се здобијам со тоа ПОДОБРО, задоволна сум од она што го имам и можам да кажам ДА, среќна сум.
можам со чиста совест да кажам да. А и зошто би кажала не? Имам татко кој ме сака и подржува во животот кој ме сослушува и е тука секогаш за мене. Имам мажуле кое неизмерно ме сака, знае да ми го направи секој ден посебен, имам работа која каква таква ме исполнува и релаксира и отргнува од секојдневните рутини. Да бидам среќна ми треба малку таков човек сум јас и една насмевка може да ме направи среќна. Последниве 2 години можам да кажам дека животот ми оди во нагорна линија сето она што го сакам и умеам да го добијам, се будам среќна и исполнета.... Ова го кажувам до денес, утре е нов ден и носи нов предизвик. Меѓутоа го живеам секој ден како да е последен а среќата е минлива работа ако незнаеш да ја задржиш
Претпочитам да бидам задоволна од самата себе. Среќата, како и тагата се минливи и менливи периоди. Со самото тоа што ќе бидам задоволна од самата себе, тоа ќе ми биде како некоја светла точка во тажните мигови, а освен тоа, задоволството (не секогаш), знае да води и кон среќа. Никој не може постојано да биде среќен, па да биде возбуден и да чуствува некоја си весела трема, ниту пак тажен и задлабочен цело време. Ниту пак тие периоди да се менуваат наизменично, освен ако немаш манијакална депресија де.
Не. Барем не во моментов. А знам дека само една мала работа може да ми ја врати целата среќа, ама таа мала работа знам дека нема да се случи. Чудно е како баш некои такви мали работи можат да бидат всушност толку големи.. па дури и да ти ја расипуваат среќата. Иако се учам да не зависам од некои личности, па тие да бидат мојата среќа ама некако не успевам во тоа. Сакам да бидам среќа со самиот факт дека живеам, имам неколку блиски другарки, го имам вујко ми, боксот.. Ама едноставно не е тоа доволно,кога една работа ти го расипува сето тоа, а не треба.
НЕ, НЕ и НЕ, за жал...! Не зборам дека не сум среќна затоа што бившиот не ме сака, туку за вистинска несреќа! Совет до феминките кои мислат целиот свет им е срушен доколку несреќно се заљубени: да, тешко е тоа, ама верувајте има мнооогу полоши и потешки работи. А мора да се издржат... тоа е. Треба време, I hope...
..половично. Што се однесува до мојот напредок, моите лични достигнувања, задоволството од самата себе, да, на високо ниво се. И ме прават неизмерно среќна, затоа што секојпат кога ќе ми сетам на нив, сфаќам уште колку всушност можам да направам.. Но, фалат уште некои работи.. Не се стремам кон совршенство, но тие работи се од клучно значење за мојата, а богами и за нејзината среќа. Понекогаш ми го одземаат здивот, влажнат очите и крадат насмевките, а кога ќе размислам, не треба многу за да се средат.. Само еден конечен крај, на нешто што веќе нема смисла. Тогаш, ќе бидам среќна, ќе биде среќна. И тоа е најважно..
Не што е тоа среќа Зборам за работи кои што ме направиле несречни а не за она што ништо не ми недостасува..
нели среќата е во малите нешта... ама јас.. можам да кажам дека сум само задоволна.. кога градам нешто во животот нешто друго ќе ми се руши.. секогаш е така.. иако луѓето околу мене секогаш ме доживуваат како среќна и радосна личност, неможам да кажам дека сум среќна бидејки би лажела..