Неможам да се пожалам. Благодарна сум што имам топол дом, добро семејство и се ми е во најдобар ред и тоа е нешто кое ме потсеќа колку сум среќна. Сепак, чести се деновите кога сум изиритирана од секојдневното однесување на блиските луѓе околу мене што многу често може да ме депримира.
Половично сум среќна за да бидам целосно исполнета и среќна ми фали едно вработување само ,друго засега се ми е на место во животот исполнета сум ,среќна само уште една убава работичка ми фали и се ќе биде совршено
Среќата е само еден сегмент од животот, а сите оние други сегменти прават да таа биде моментално нарушена, но и да направат да еден ден среќата биде поголема. Ќе ги ставам на страна оние сметачките сегменти и ќе кажам: да, среќна сум
Среќна сум. Среќна сум што имам некој на кого можам да му кажам се и да бидам сигурна дека нема на никого да каже. Среќна сум што пред се имам покрив на глава и топол дом.Некој го нема ни тоа . Среќна сум што можам со него да се смееам колку сакам. Среќна сум што имам се што посакам. И за на крај - Среќна сум што ме изведоа на вистинскиот пат и им ветувам дека веќе нема да скренам од него.
За мене можам да кажам дека и не секад сум го имала тоа што сум сакала, и не сега го имам тоа што го сакам, ама искрено побитно ми е кога го гледам она што сега го имам, и кога се трудам истото да го сакам. Е самиот тој чин ме прави среќна . И да среќна сум . И ке бидам среќна . Едноставно научив да ги прифаќам работите такви какви што ми се, и такви какви што ми доаѓаат , зошто позади нив стои среќата што ја барам и мирот што ме исполнува .
Под среќа не подразбирам само тоа што го чувствувам сега или што сум го чувствувала вчера. Среќен е оној човек кој знае да ги исполни своите цели во животот. Оној кој животот го живее како авантура, го зграбнува секој ден како да му е последен. Со задоволство презема ризици, а смирено ги решава проблемите кои ова чудо наречено живот ни ги поставува скоро секој ден. Среќен е човекот кој сака, кој се грижи, кој е милостлив кон другите. Среќен е оној човек кој својата среќа ја наоѓа во среќата на другите. Дали сум среќна? - Да, многу.
Половично, имам семејство, имам дом, имам вистински пријатели. Но го немам него да ми каже дека се ќе биде во ред, да ме гушне и да ми каже те сакам, да е тука до мене. Уште тоа ми фали за се да биде во ред и да бидам потполно среќна.
Да сум ,се чуствувам исполнето,во ритамот на живото,незнам ... но се чуствувам многу среќно во поглед на поминатото децтво мислам дека заслужувам дел од ова чуство што го чуствувам моментално... да сум среќна
Зависи што се се подразбира под среќа...има различни области,љубов,факултет,спорт,работа,семејство.... Ја во љубовта сум најсреќна, потоа спортот и семејстовто....но се е релативно и на периоди, може сега да сум тажна и несреќна, а за три дена да ме огрее сонце Но секаде некогаш нешто ќе недостига, и никогаш нема да бидеме најсреќни,бидејќи човекот е ненаситно суштество,бидејќи колку повеќе има и добива, толку повеќе му фали нешто и сака уште повеќе.За жал тоа е реалноста.
Дали сум срекна? Мисам дека сум далеку од тоа да точно е имам родители кои ме сакаат но преостанатата фамилија и вистинските пријатели ми се илјадници километри далеку и тоа ми траба за сум комплетна. Цекој ден мислам на тоа дали пак ке се осекам така како кога бев помала (едноставно дали ке бидам повторно вистински срекна) да точно е имам се што ке посакам компјутери, телефони , облека но сето тоа не ме прави срекна ми треба нешто повеке не знам кога ке го добијам и тој дел но сигурна сум дека можам ...
Би требало да сум, имам се што ќе посакам а имам и одлично семејство кое ме подржува во СЕ. Ама нешто како да ми фали :/ Спојлер не мислам во материјална смисла
ако кажам среќна сум, ќе излажам, затоа ќе речам дека ПРЕМНОГУ СУМ СРЕЌНА последниве 6 месеци, сакам така да потрае уште многу,многууууу сите дома да ми се среќни, здрави, живи и успешни, друго ништо не ми треба за да бидам и јас среќна