Зар да се биде среќен кога сиот свет ти се руши над глава и не знаеш од каде да почнеш , си го изгубил и здравјето и паметот и се вртиш во некој магепсан круг...? Кога ништо не допира до тебе ,се што се однесува на тебе е само заклучок на тоа што претходно погрешно те сфатиле? Кога надежта бледее?
Кога ќе речам дека не сум среќна помислувам на тие деца кои живеат на улица, без корка леб, без облека, деца без родители, болни од некоја тешка болест, деца кои пред своите очи гледаат само војни ...тогаш сваќам колку сум среќна...токму затоа ќе кажам дека сум среќна бидејки имам што да јадам, имам облека,здравје и родителска љубов тоа ми е доволно...
Да среќна сум. Среќна сум кога гледам дека сум останала жива и здрава наспроти сите страшни работи кои не опкружуваат во секојдневието. Среќна сум што имам родители и луѓе кои ме сакаат. Среќна сум што неморам да останам цел ден на температури од 40 степени и цела ноќ на -20 поради тоа што немам дом. Среќна сум што неморам да питам за парче леб. Се чувствувам среќно кога ќе успеам да насмеам некого, кога некој ќе ме насмее мене. Среќна ме прави оној момент кога ќе ми ја пуштат омилената песна, кога внук ми ќе ме прегрне, кога целото семејство ќе се собере на некоја веселба, кога ќе се разбудам и ќе видам дека надвор грее сонце...можеби се звучи толку излитено и преслушано но тоа е она што ме прави среќна, малите работи во животот.
па во моментот не, ми фали мајчинската љубов многу, се разочарав од многу луѓе, се борам секој ден и таман ќе бидам малку среќна веднаш се појавува нешто да ми ја уништи и таа среќа
Секогаш сум среќна. Дури и кога сум во тажна и тешка ситуација/состојба јас сум среќна. Никогаш не гледам причина зошто да не сум . Можеби немам се што посакувам, но задоволна сум од тоа што го имам
Сега знам што е вистинска среќа. Порано мислев дека некои работи кои материјално ги имам би ме правеле среќна, или пак мислев дека ако сум со тој ќе бидам среќна. Но времето не учи на многу работи, жално е што некогаш очите ни се затворени а ние знаеме дека не сме слепи. Никогаш не е доцна да бидеме среќни можеби не можеме да го имаме она кое ќе можеме да го купиме или пак да бидеме со тој што го сакаме, но можеме да бидеме здрави и да го зачуваме здравјето за себе. Така ќе можеме да бидеме среќни тогаш можеме да се радуваме и на обичниот ден, на обичен филм, песна и што уште не што ќе може да не насмее. Само здравјето е она кое е важно во животот за да ме направи мене среќна.
Среќна сум што не’ служи здравјето мене и моите блиски. Среќна сум што имам покрив над главата и што имам што да јадам. Од тој аспект, да, среќна сум. Но не сум среќна од аспект на исполнување на моите соништа. Допрва треба да се реализирам како личност, а јас никако не добивам прилика да го направам тоа. Ова е единствената причина заради која не сум целосно среќна и исполнета. Се’ што сакам е да бидам самостојна и финансиски независна од моите како до пред некое време. Уште тоа ми недостасува во животот. Кога тоа ќе се случи, тогаш мојата среќа ќе биде комплетна.
Хеххе,кога на некој му е тешко не гледа дали на другиот му е тешко или не,туку очајно бара помош и сваќа дека му е потребна помош.Дали ти утре ако недај боже ти умре некој близок ќе си помислиш на децата од Африка кои за жал живеат во многу тешки услови? -Нема ,нормално.. Те сваќам јас што сакаш да кажеш,но се повеќе ми се чини дека се додека не доживееме нешто полошо нема да сватиме дека уствари сме биле среќни.Тоа е,луѓе сме. Спојлер ништо лично.
Не ! Во моментов не сум, за понатаму ќе видеме. Можеби понекогаш сум задоволна од нешто ама онака баш среќна, во вистинска смисла на зборот не. И некој понапред кажал ама мешате благодарност со среќа. И јас сум благодарна што имам колку-толку пари и можам да си приуштам некои работи, што имам кров на глава ама тоа не е среќа. Според мене среќа е чувство што не е константно т.е. се доживува на моменти. Мислам дека нема човек што е постојано среќен, ниту пак човек што е постојано тажен... Среќа би ми предизвикало и ми е предизвикало кога ќе се случи нешто убаво или пак според мене успехот е една голема среќа, можеби и најголема.
Да ! Но не секогаш било така . Имало моменти кога сум се чувствувала како најнесреќната личност на оваа планета но тоа всушност биле некои мои заблуди и знам многу често да ги преувеличувам работите , па потоа откако ќе се смирам размислувам со трезвена глава и сфаќам дека јас сум многу среќна личност , имам баш се освен некои ситници кои што ми фалат но на никој не му е совршено . Среќата всушност е релативна работа и може да се смени преку ноќ . Само нека трае моменталнава ситуација и јас ќе сум пресреќна .
Спојлер Те сваќам и јас Еве нешто што ми поминува низ глава во тешки времиња. Ништо не трае засекогаш дури ни тагата. Па ни среќата, но после секој дожд јас знам дека има сонце
Срекна сум, бидејки имам прекрасно семејство кои ми помагаат своите планови и цели да ги реализирам и секогаш се со мене во добро и во лошо...Ве сакам најмили мои