1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан под кирија или цел живот кредити?

Дискусија во 'Дом' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. mydrug

    mydrug Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не знам ми рече дека се е поскапено и морал да поскспи до киријата ја реков дека е прескапа она ми возврати дрско ако нр ми одговара да си идам.. а на договорот пишува сеупте дека 180е плаќам.. у прсво си у центар се толку кириите а не во расадник
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Висока е киријата. Јас издавам во строг Центар, 84м2, со нов мебел, реновирани бања и тоалет, со сите тракатанци, 430 евра. Како што читам сами сте менувале душеци, чешми, итн. не сте требале. Тоа е обврска на издавачот и така стои во договорите. Доколку сами направите штета, е друга приказна.
     
    На mydrug му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alexandraaa21

    Alexandraaa21 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2023
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Zdr nekoii soveti, za pod kirija, me interesira za vo Skopje na nekoe ubavo mesto a sepak kade bi mozela da najdam taka poskromna cena za ziveenje?
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    kolkav stan naselba...
     
    На Alexandraaa21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    35.872
    Пол:
    Женски
    Сакаш сама да живееш под кирија? За поскромна цена само ако ти се посреќи бидејќи Скопје мисли Париз дека е. За со цимерки ќе најдеш 3000 денари месечно. Ама сама 200 евра или 150 на среќа. За живот секаде слично е. Зависи каде ти е факултет или работа. И секако да не е Чаир или Бутел туку Центар, Карпош, Капиштец, Кисела Вода.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Зошто не Бутел?
     
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.881
    Допаѓања:
    35.872
    Пол:
    Женски
    Дека праша за убаво место за живеење.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Па затоа ме чуди зошто не.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.917
    Пол:
    Женски
    Секако дека подобро е да имаш нешто свое, доколку се има можност за тоа.

    Јас веќе 8 месеци сум сама под кирија, плаќам 6000 денари (не во Скопје) за 55кв и со платата која ја имам моментално тоа е најмногу што можам да си дозволам. Така што сега не иди во предвид да земам кредит, тоа секако би значело дека треба барем дупло повеќе да давам, плус учеството. За тоа само можам да штедам, да тргам настрана секој месец. Ама рати за кредит ако се закренам да плаќам сама ќе треба само за кредити, сметки и јадење да работам долги години. А животот не е тоа, сакаш да прошеташ, да излезиш, да си купиш нешто, да живееш..не само работа дома и ништо друго. Плус не сум сигурна дали ќе бидам тука наредните 20-30 години.

    Со партнер е секако друго, две плати, тогаш би преферирала да вложиме во свое.
     
    На nevermet18, CameliaMiller, Bebac и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Fabulousness

    Fabulousness Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, овој месец почнувам со работа во Скопје (центар) и најдов стан на Водно (ул. Загребска). Дали може некој да сподели искуство/мислење за живеење во тој дел од градот? Исто така, прв пат ќе живеам под кирија па дали може некој да ме посоветува каква е целата процедура? Станот го издава инаку физичко лице, не агенција.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Еве и да заглавам до смрт под кирија да речеме. Пак не сфаќам што е до толку трагично?
    Има станови/куќи што се издаваат на бач долго, 5+ години можеш да направиш.

    Ќе рече некој ама селење... ама еве не го сфаќам повеќе селењето како нешто страшно. И свој стан да имам, можам да го продадам и да се преселам во друг што повеќе ми одговара.

    Познавам луѓе со пари што станови на море купуваат, а не да нема шанса да купувам имот за шетање, ич лично не разбирам. При толку места за одмор само на Балканов, не подалеку, да киснам само во некое грчко село цело време, зошто? Јас ни моиве за викендицава што ја направија во Дојран не ги разбирам, ако идам на викенд прво реално 90% ќе идеш кај што имаш, второ за да е убаво бара нон стоп одржување, трето ти си чистиш, переш, прозори бришеш. Ексик ми е таков викенд, ама ете они сакаат, уживаат.

    По светов не е ненормално и да се селиш/изнајмуваш до смрт, и да мењаш работни места, овде само да се населиш на едно ќоше (во секоја смисла) и да седиш таму засекогаш.

    Меѓу другото, после што преживеав за куќата и што лично во мене се смени - и да купам имот, кога ќе купам - нема да е куќа. Стан бара помалце труд и полесен е за продавање.

    Помош од моите ако сакаат да дадат ќе прифатам, ако е имот на мое име (а имотот што го имаат да го дадат/остават не би живеела во ни еден) или и сама ќе го издавам или ќе го продадам.

    Искрена сум, ич не ме секира и да сум под кирија засекогаш, не знам каде ќе ме однесе животот, немам потреба од котви никаде. Баш котвите што ги имав предолго ме држеа во место за многу работи, ако дај Боже имам дете, се надевам нема да му створам мислење дека е дрво и не може да се помести од каде што е.

    *Дискусија преместена од темата https://forum.femina.mk/threads/Свекрвите-и-снаите-–-проблеми.207/page-1963#post-6816085
     
    На nevermet18, Tinaaa, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.832
    Пол:
    Женски
    Многу реално напишано. Кој не поминал низ тоа, не знае како е. Мислат дека ако наследиш имот и готово, треба да ги дигнеш сите четири у вис. А не знаат колку одржување треба тој имот, посебно куќа, па ако си сама уште потешко е.
    Таа беше една од причините шо јас ја продадов мојата, неможев да ја одржавам, и плус имаше многу работи за кои требаше машка сила, а мене да ме дувнеш ќе паднам. И јас сум повеќе за кирија, не треба да ја мислиш ако нешто се расипе, тоа е проблем на газдата.
     
    На SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Тоа башка, во новиов пред да си ги донесам работите проверив што како функционира, се' што реков да поправат си поправија, ни мајстор јас да барам ни бутур. Само ми се јавија дали се' е ок сега.

    Мислам имаше ситници, не ќе ги барам за сијалица, не виделе дека не чинат во аспираторот, си сменив сама, ама за што било поголемо/поскапо, се подразбира (и си пишува) дека се должни да поправат.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Не за џабе рекле старите една соба ама твоја да е,тоа под кирија не е ваше,место да плаќам кирија ќе си плаќам рата за кредит,ама станот кога ќе го исплатиме ќе си биде наш,иако сум против кредит,ама подобро така отколку кирија,и како што викате селење може да се случи ако го продадете станот па да купите друг,ама тоа се планира,пред договорот газдата ќе каже не го издавам ќе го продадам,и незнам како викате одма се наоѓа стан,не сум била во таква ситуација,ама знам по другарка ми,па ете не ви се допаѓа,па може сакате пошироки тераси,се нешто ќе се најде не се наоѓа туку така стан,па децата почнале во едно школо си запознале другарчиња па ајде во друго .
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.832
    Пол:
    Женски
    Абе зависи за кој како. Мене лично по ми се исплати под кирија неголи да држам мое место, знам како беше, се нешто имаше расипано па излегуват многу трошкови. А за кириите, се наоѓа ќирија ама со договор на нотар и да знаеш дека газдите се салам луѓе. Моја другарка живееше под ќирија 7год. во ист стан, газдата беше многу добар човек, дури и за време на короната и одби неколку ќирии бидејќи дома се седеше. После тоа, она сама го напушти станот, никој не ја избрка. Ама тоа во Скопје. Во мојот град, не праат сите со договор и има многу такви далаверџии, на една и земаа 150е кауција, и плус станот го плати 100е, а не седеше ни една недела во станот и си ја бараше кауцијата назад. Викаше ќиријата алал му ја оставам. И курац доби.
    250е и ги здипли за една недела, ама без договор кај ќе се жалиш?
    Затоа признавам ќирии само со договор. Се друго е намешталки.
     
    На SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    @Pa8la тоа се негативните работи од постојаното преселување.
    И тоа со децата и мењањето школо исто си знам од искуство, од аспект на дете дека негативно влијае ама што е тука е.

    Жртва секогаш мора да има, и на тие за кои мислиме дека им е најидеално и ги имаа сите удопства, не е баш така у реалноста.
    Сите плаќаме некоја цена за било што.

    За киријата, не знам договор дали имавме ние, преку агенција не беше 100% ама сигурно имало договор, така на лепе очи не верувам да прифатиле.
    И штом си со договор кај смее да те брка, ако му плаќаш редовно, струја, вода, комуналии, за одржување на влез, сите давачки.

    На црно никако да не се прифаќа, посебно ако ти е за подолго живеење, не само привремено некој месец, па дури ни тогаш.
    Измамници ги има, да не се лажеме, затоа не се иде кај било кој, треба претпазливост.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас екстремно лесно најдов стан 2 пати, според условите што ги кажав и буџетот на агенцијата. Ете таква ми е среќата.

    Не може никој преку ноќ да те избрка ако си тераш по сигурниот пат, јас одбрав сега да одам во др. населба, а се издаваат и во истата кај што бев, ако имав деца што таму учат (макар и школо мењање не е трагично, лично имам сменето основно).

    Пак го тераме тој старскиот муабет - да пуштиш корења. Така и мислев, ама веќе не мислам. Утре шанса да имам секаде ќе се селам, за место нема да се врзувам. И со деца одат селидби, ништо не е толку страшно, и во други населби, и во други држави.

    Најбогатите луѓе што јас ги познавам, доста се селат, такви им се професиите што може 3 години да се тука, 2 во Грција, 1 во Америка, пак 2 тука, следно Германија... итн. Па и нивните деца растат, никому ништо.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Мхм. Исто не изнајмувам од луѓе кои живеат од мојата кирија. Таквиот секогаш ќе гледа да се исциганчи, да избега од договор или да се измотава. Нема да имаш проблем само со оние што секако имаат пари, твојата кирија им е плус во животот, а не извор на преживување. Пошто баш тие нема да ти викаат ти го расипа бојлерот пример, туку си викаат мајстор и си го плаќаат без збор.

    Оној што си сфатил дека изнајмување на стан е бизнис како и секој друг, односно нема само заработка, има и трошоци (посебно ако издаваат со мебел, логично е да се користи, логично е да треба да кречат, логично е дека треба да променат мебел во 10 години барем) со него немаш проблем. Имаш проблем со оној што присобрал вишак работи и натрупал пошто нема каде да ги носи, или од прабаба му троседот го ставил.
    Од такви не изнајмувам стан.

    И да, на огласи од агенции/физички лица кај што огласуваат стан како "ексклузивен" и "луксузен" рачунајте ве ебат во здрав памет. 99,99% станува збор за едвај пристоен.

    Луксузните станови реееетко се издаваат пошто нема ќар од нив, нит некој толкава кирија да плаќа, повеќето се на Букинг и сл. И јас би играла така :)
     
    Последна измена: 17 октомври 2023
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Па овие кај шо бевме, мажот работеше, појма неам шо ама изгледаа на добро ситуирани, не пребогати нормално онака, е сеа, таа жена му памтам дека не работеше и она и ја зимаше киријата, сама си кажа. Дали живеела од тие пари, или си имала други приходи, нејзин проблем.

    Инаку станот празен беше скроз, само кујна да се рече имаше елементи и купатило наместено.
    За одржување, кречење, сами си праевме све.
    Не знам како е кога се работи за наместен стан.

    А луѓево си беа скроз океј, пристојни, никакви несогласувања, притисоци и проблеми немавме.
    Аииии ама луксуз у пм. Иам приметено баш тие шо викаш шо ги водат ко "луксузни" се крш и мизерни на слики, а тек па у живо.
     
    На SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.832
    Пол:
    Женски
    Во мојот град сите станови се со троседи од Југославија :D:D
     
    На SummerGirl, Pa8la и CameliaMiller им се допаѓа ова.