Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стапување во брак без финансиска независност

Дискусија во 'Брак' започната од mimiiiii, 10 август 2013.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    Мими нема што да те плаши.Пак ке ја земам за пример мојата професорка по италијански јазик.Жената на 40 години се омажи и роди здраво право златно девојче.Во мегувреме си отвори приватно школо за страни јазици ,сам свој газда е фала богу и цвета бизнисот. Сите ја подругаваа,зад грб збореа што и е на оваа што чека до толку ли неможе да најде маж или сатисфакција и е кариера да праи.На крај на сите им ја затна устата.Кога се сака и се има цел се се постигнува.Ама треба да се сака.Џабе не рекле-Не мажена никоја не останала. Се зависи од тоа како ке си ги подредиш приоритетите во животот. Таа успеа и кариера да направи,работа да има да не моли никој за корка леб но и да се омажи и да роди дете.
    Така да за мене тие муабети ми оди возот коа ке рагам коа ке се мажам се нерелавантни факти.Тоа го зборат луге кои се несигурни во себе и во своите способности.Оние сигурните самите ја кројат својата судбина и одлучуваат за својата иднина и понатамошен живот.Можби на родителска ке биде најстара мајка ама тоа не ја прави помалку достојна жена од онаа што на 20 години завршила работа.
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^ Не е тоа страв дека ќе ти помине возот , тоа е силна желба да го делиш животот со човек кој го сакаш и со кој имаш љубов и разбирање ..Да не постоеше тој , не би ни помислила на брак , пред него дури и мислев дека не сакам бракови и врагови :D
    Како и секој млад човек кој се судрил со невработеност се плашам за мојата иднина . Дури и некогаш сум страшен песимист . Секако би почекала барем малку да се осамостојам ,не се брзам никаде .. Со разговор на оваа тема со мајка ми која е успешна жена со кариера - ми рече да не си ставам стоп на приватниот живот поради моменталната невработеност , дека кога и да е ќе најдам работа :)

    Ако ја прашате неа што и е најважно во животот без размислување ќе ви рече -3 те деца . Но за мене брак без моја колку толку независност би било извор на фрустрации .

    Па ме интересираше како размислуваат другите и како се справиле со тоа . Оти гледаме многу бракови каде работи само едниот партнер најчесто мажот и многу од тие жени не се неспособни кои сами избрале да седат дома и да лакираат нокти туку животот ги натерал .


    Мене овие реченици силно ме потресоа и од се срце и посакувам на Анатх да се исполни во професионален план.
     
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Se soglasuvam so mnogu mislenja.I jas posakuvam vo brak da vlezam nezavisna na poveke polinja,no nikogas ne treba da strada privatniot ili emocionalniot zivot po cena se da ni e podredeno.Se soglasuvam deka brakot e ozbilna institucija i ozbilen cekor vo koj treba mnogu da se investira,no se soglasuvam i so toa deka mnogu povazno e do nas da go imame vistinskiot partner.Rabotata kako rabota e neophodna za podobar zivot,no kaj site ne doaga se naednas vo isto vreme.
     
    На WarriorAngel и Daydream им се допаѓа ова.
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    јас почнав да работам од кога завршив средно значи на 18 год,со дечко ми се фатив на 20 год,значи си имав пари си шеткав не барав од дома ,сум си била самостална колку толку за мене сум си имала 11 000-12 000,но пред година ипол напуштив работа бидејки ми беше многу напорна работев по 12ч секој ден имавме мегу смени работа од 7 до 3 па од 6 до 1 нокеска престанав да излегувам само спиев и на работа ,се испоразболев и многу се нервирав,не сум престарела децата не ми плакаат за леб па толку да работам на 19-20 год си велев има кога да работам,сега кога сум без рабоота мојот дечко постојано ми префрла,ете да работеше до сега ке се женевме ама ништо и некако тешко ми пага,ама ете тој не се одлучува на брак ниту пак јас додека не најдам работа што е нормално,иако има фирма и зима голема плата значи не е должен тој мене да ме издржува и јас не сакам така,5 денари да земам ама да знам дека си се мој,веќе два месеца барам работа али многу тешко,па ке видиме дали ке има и работа и свадба како што вели тој да се вработиш веднаш се жениме :D
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Со ситуацијава со невработеност во Македонија и мали шанси за просперитет да чекаш финансиска независност (која со една плата тешко се постигнува на наши простори) за да стапиш во брак значи да останат многу ергени и моми, да се пропуштат многу убави прилики за кои утре ќе се каеме и тн.

    Башка, финансиската независност и сигурност барем на наши простори е период, а не доживотна гаранција. Шо ќе ми вреди ако сум независна моментот кога ќе стапам во брак, ако потоа ете се случи, ја изгубам работата и тешко можам да најдам нова (а не е реткост)?

    Пара се прави, пара се губи, коцка, троши, работното место не е како порано, едно за 30 години да те гура. Пропуштените прилики се само еднаш и никогаш повеќе.

    Сум за независност пред стапување во брак, но пред се` од психолошки аспект. Сигурност дека секоја тешкотија може да се преброди и без партнерот. Дека може да се преживее. Некои земаат по 50.000 месечно а ја немаат, некои земаат 15, па имаат самодоверба чиниш во секое селце имаат по едно засолниште. И силна воља да се успее исклучиво на свој сопствен грб. По ваква психолошка подготвеност и самодоверба, порано или подоцна и финансиите ќе дојдат.
     
    На Annath, lolyta777, imelda и 11 други им се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Никој од нас не знаеме што може да ни донесе животот.Јас стапив невработена во брак .Работеше само сопругот.
    Создадовме сопствен дом.Не е којзне што но наш е .Ни се родија двете девојчиња.И оп кога требаше да се школуваат сопругот остана без работа(се уште е )
    Еден период бевме на социјлна помош.Но јас не можев да издржам и прифатив работа со личен доход колку социјалната помош.Не можев да бидам на терет на државата , на родителите...До некаде успеав да го обезбедам барем она основното.

    Има луге кои така буткаат со години.Ту на грбот на родителите на жената , ту на грбот на родителите на мажот.Сакале нејќеле родителите мораат да и помагаат оти немаат друг избор
    Јас не можам да ги разберам.Ни срам, ни пак почит покажуваат , не го ценат ни тоа што им е дадено, па дури и префрлаат оти родителите им биле неспособни да стекнат повеќе.Сами си диктираат правила дека тоа е родителска должност.Не велам не, но се има граници.
    Има разлика од онаа доброволна финансиска помош и онаа принудена финансиска помош.
    Стремете се да бидете финансиски независни и ако во денешно време е тешко.
    Сепак ако човек си постави цел, упорен е , на крај таа упорност се исплаќа.
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Без пари денес не можеш ни до ќошето на улицата кај што живееш да отидеш, а не па да влезеш во брак.
    Јас сум млада, не рано туку прерано ми е да зборувам за брак, но израснав во семејство каде што таа независност што требаше да ја понудат финансиите беше секогаш пречка за да се напушти куќата каде што реално, само тој што беше со повисоки примања ја имаше и ете, несреќно се живееше со години токму поради тоа..
    Но сега ете, обратна ситуација, тој што ги имаше повисоките примања сега ги има најмалите. Сега тој треба да стравува да не биде оставен.

    Не велам дека не би влегла во брак невработена, посебно ако маж ми е вработен и зема убава плата. Работа сите знаеме колку тешко се наоѓа во денешно време, посебно ако немаш кој да те подбутне, па сигурно нема да чекам до 70 години за да се омажам. Во тој случај да, би влегла во брак, но никогаш не би престанала да барам работа.
    Каква и да е, само што се вика, редовно да доаѓа. Да имам свои примања. Свои средства. Зошто многу е различно кога треба да бараш од некој и да извадиш пари од џеб и сама да си платиш што и да ти притреба. Да знаеш, мои се, како сакам ќе ги потрошам..
    А не некој да ми труби над глава зарем мора да го купам тоа, сум имала веќе слично такво, за џабе парите сум му ги трошела и слични тракатанци кои сакале или не произлегуваат кога мажот подолго време управува со главните финансии во куќата.. Кога тогаш се префрла тоа, факт е.
    Дали уз караница, дали уз шала уз смеа, ќе ти го плесне. И боли тогаш..

    Ете, такво стапување во брак прифаќам, но не ситуацијата да се влечка така со години.. Плус, знам мноогу примери кога и двајцата влегле во брак со премногу скромни, скоро никакви примања кои испарувале за најмногу една недела, а сега имаат и премногу. Велат, на почетокот сме почнале од нула..

    И ете.. едноставно не знаеш што ќе ти донесе животот. Може во брак да влезеш и вработен, па потоа да се случило да напуштиш, да те отпуштат и слично.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Сметам дека треба да имаш некоја финансиска независност пред да се омажиш. Не можам да ги сфатам тие што мажени/женети со по 2-3 деца уште живеат од пензијата на мама/тато.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од оние кои стапиле во брак без да имаат своја заработувачка. Мм(тогаш дечко ми) добро заработуваше и решивме дека за почеток е доволна неговата плата.
    Дипломирав кога ќерка ми имаше 10 месеци и почнав со барање работа. Упорно барав, трчав по конкурси, се јавував на секакви огласи, и на оние поврзани со мојата струка и на оние кои апсолутно немаа никаква допирна точка. Цели 3 год. не најдов работа. Сите оние кои ми ветуваа работа (само треба да дипломирам нели :^) ) ги снема, се скрија и оп-нема работа.
    Во текот на тие три год. финансиски, ајде така да речам, зависевме од мм.
    Но, во ниту еден момент не се почувствував зависна. Мм работеше приватно и сезонски, се` што заработуваше ми го даваше мене, јас бев таа која го води цело домаќинство и која штеди т.е. која трга некоја пара на страна.
    И во ниту еден момент мене мм ( и до ден денес е истото) не ми рекол-каде ти се парите, каде ги потроши? :!:
    Едноставно знае и гледа каде се... дома, за домашни потреби, за храна, сметки, гардероба.....
    Ако нешто ме прашал тоа било-дали ти стигнаа парите или треба нешто да докупиш.?
    Читам и во темата за снааи и свекрви, па и тука дека не сакате да барате пари за улошки, цигари и не знам уште што од вашите мажите. Па нели, се` е заедничко, секој на ваков или на онаков начин придонесува во едно семејство, во едно домаќинство и нема мое-твое. Или не е така, а? :^)
    Мене мм никогаш не ме прашал колку улошки трошам дневно, неделно или пак колку кафиња на ден пијам, колку цигари пушам итн.
    Мене ова ми е несватливо? Зарем викате-остај ми пари за улошки?

    После три год. најдов работа и првата плата како ја извадив од банка му ја дадов на мм.
    Му реков-знам дека не е многу (беше 1/3 од неговата плата) ама до сега ти мене ми ги даваше твоите заработени пари, па сега сакам јас да ти ја дадам тебе мојата заработена плата.
    Прво ме изгушка, а потоа и ми одговори-моите пари не се мои, твоите не се твои, се` е наше заедничко. Јас и ти заработуваме за нас тројца (тогаш бевме само тројца), денес јас повеќе, утре ти повеќе, тркалото се врти, еден ден си горе, друг ден си доле.
    А сега со здравје да си ја трошиш платата, купи си што сакаш и за кого сакаш, а ако не ти стигне, јас пак ќе ти дадам од
    моите заработени пари (тоа го нагласи онака :P ).

    Кога останав без работа, доживеав шок, почнав да се чувствувам помалку корисна, помалку вредна, паднав и во депресија, дури завршив и на психијатар :( ....некако се навикнав и убаво ми беше кога и јас ставав пари на заедничкото купче. Придонесував и се чувствував жива, ејјјј и јас заработувам.
    И сега-оп, пак дома. ;( Бесплатна слугинка, чистачка, готвачка, перачка, влечкарка....домашарка, никој и ништо. ;( Ете така се чувствував.
    Мм ме тешеше дека пак ќе најдам работа, да не се разочарувам толку и дека ако не заработувам и не носам пари, не значи дека и помалку сум вредна, викаше дека можеби тој заработува, ама јас сум таа која го одржува и води семејството и дека парите не го прават човекот вреден.
    Битно е да си човек, битно е во бракот да се има разбирање, почит, трпение, љубов, битно е да се подржуваме еден со друг, а не да мериме кој колку заработил и колку и на што потрошил. Колку имаме толку, се` тоа е наше и заедно ќе го делиме, без разлика кој и со чии заработени пари го купил.
    Тоа е битно.
    И ако размислам подобро во право е. Има вистина во ова..... ако се нема љубов и разбирање, џабе ти се парите.

    Благодарение на неговата подршка излегов од депресијата. :clap:
    После извесен период пак најдов работа. Оваа беше досадна, монотона, напорна и слабо платена. Иако реално немавме потреба да работам, јас одев на работа, секое утро станував во 06ч и се враќав во 18ч. Одев додека не дознав дека сум бремена со второто дете.
    Сега не работам, пак за жал. Дадов отказ, не затоа што не ми се работи, туку затоа што не вредеше ни работата, ни местото, ни луѓето т.е. колегите, ниту пак парите за да бидам отсутна од дома 12ч.

    Ама упорно барам работа. Не се откажувам.
    И како што вика Анатх-сакам да работам лично заради мене, заради себе си, затоа што работата ме исполнува, ме прави жива. Не учев и не инвестирав во себе за да седам дома и да гледам турски, шпански и не знам какви др. серии и да се замарам со рекла-казала муабети. |(
    Сакам да работам затоа што кога одиш на работа денот ти е исполнет, имаш динамика, можеби во трка си со времето, ама барем трчаш, а не тапкаш во место и не те гуши монотонијата....одиш напред....а дома, дома-оглупавуваш и отупуваш. :tmi:
    Ете затоа јас сакам да работам, а не заради не затоа што ќе бидам финансиски независна.
     
    На Annath, sesilija, felisitas и 8 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со Теси.
    Со реченицава посебно. Кога решивме да се вериме јас имав работа, кога се земавме немав работа, потоа пак имав работа, па пак немав работа... Во периодите на немање работа сме само со неговиот приход. Ама тоа ништо не менува. Мислам дека се зависи од мажот, каков човек е тој и каков е бракот. Па некоја и да работи, ако тој ја гледа како слугинка, и да носи пари пак ќе биде слугинка.
    Јас и кога не работам, мм ми ја дава мене платата. Никогаш, ама никогаш нема речено еве ги моите пари, јас сум ги заработил. Мислам зошто знае што ќе се случи ако го направи тоа. Оууу не, нема да помине убаво.
    Финансиите се многу важни за мирот во бракот, низ нив некогаш може и да се види лицето на човекот.
    Сакам да кажам, јас не би чекала за да се земам ако тогаш немам асална работа, во земјава таква е и прашање дали и кога ќе се најде. Па да се стави животот на чекање поради ова не би рекла дека паметно.
     
    На Annath, Sanjichka007 и tessie им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Важно е независен да се влезе во брак. Денеска е многу тешко со 1 плата, едвај ке се прехранат луѓето. Разбирам дека неколку месеци секој може да биде без работа, ама со години ако се двајцата без работа тоа ќе биде ужас. Голем притисок кој ретко кој може да го издржи.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И јас се согласувам дека личната финансиска ситуација во Македонија е моментална состојба, а не доживотна гаранција, што е секако лошо, неправедно и деморализира, ама тоа е, да се убиваме - не можеме. :(

    Денес можеш да имаш супер работа и солиден приход, а утре да те шутнат како најлошо ѓубре на улица.
    Лани се доведов до состојба на депресија заради тоа и бев сериозно подготвена да ја раскинам и својата врска, затоа што без пари (колку и да звучи лошо) не можеш да бидеш нечија девојка (ова навистина звучи крајно сурово и безобразно и боли), но тоа е реалноста.
    Да појаснам, колку изговори може да се дадат за неизлегување, неодење на обично кафе, роденден, матурска, свадба со партнерот да речеме, или седенка, само затоа што се нема денар во новчаникот?
    Кога си жена се подразбира дека треба да си средена, а сето тоа чини ужасно многу... едноставно немањето пари го отежнува животот и врските.

    За бракот сметам дека е малку поинаку, затоа што тоа „и во добро и во зло“ според мене - не е кажано без причина.
    Тоа е веќе една заедница и двајцата треба да се потпора и поддршка еден на друг.
    Јас отсекогаш бев во план да стапам во брачна заедница кога ќе имам МОЈ СОПСТВЕН ПРИХОД, но како што е турбулентно ова време и како што е луда оваа држава, не ветувам ништо. Тоа го сфатив неодамна и едноставно се помирив, пред да полудам сама со своите мисли.
    Сфаќам дека не можам да го пролонгирам бракот до недоглед, само затоа што имам или немам работа.

    Искрена сум и ќе кажам дека мене особено тешко ми паѓа немањето пари, барем некоја мала сума за себе.
    Не се потресувам ако не одам на работа, не ме „јаде“ одвнатре мисла дека ќе скапам дома или ќе се претворам во очајна домаќинка, перачка или пеглачка... баш напротив, имам убаво мислење за жените домаќинки, не ги гледам како некоја затуцана и проста категорија жени.
    Ќе се изедам жива ако немам барем 100 евра лично мои, а не затоа што не станувам во 06 да се расправам со малоумни створења и да докажувам дека еве - и јас одам на работа.

    И ако мажот (или жената) заработува доволно за двајцата, не гледам причина за срам зошто во одреден период едниот да не ги издржува двајцата, ако баш така се поклопат коцките.
    Ама тоа го кажувам зашто си го знам дечко ми, а не можам да потврдам за сите мажи.
    Не се сите како мажите на Лолита и на Анат, поголемиот дел се гомнарски суштества кои ја потчинуваат жената, ја подредуваат како што сакаат и вршат психичко насилство, затоа што г-динот маж носел дома плата...
     
    На sanja.burgundy, eli25, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тоа дека денес не е ништо сигурно а најмајку сигурна е работата.Но, со една просечна плата од 20 000 која што воопшто не е просечна ама ајде која е веројатноста дека 2ца па и 3ца ако дојдат деца ке успеат да се прехранат и да живеат нормално. Со таа една плата што попрво би се напраило?!? Сметки,хана,облека... Што ?!?
    Во брак се е заедничко но кога ке нема да ти стигне тоа денарче тука доагаат првите проблеми и нервози. Можеби несвесно но секогаш ке го има она јас печалам а ти што правиш?!? Чуваш кука?!?

    Како што кажа Трендафилка за да имаш една нормална врска ти требаат финансии а не па брак. Тргам од себе бидејки со години и јас седев дома сингл затоа што немав доволно пари за да искочам,отидам на одмор да се дотерам. А зошто некој ради мене да седи секој викенд дома и да гледа филмови кога може да излезе да се измеша мегу луге ,да прошета негде на викенд и сл. Па и седењето дома кошта да отидам дома кај дечко ми ми требаат пари за такси ако не за друго и да не е такси и за бус треба една 100ка да ја имаш, што се сомневам дека некој навечер дома со бус се врака по црни темници.

    Ке кажеш еднаш два пати не доагам ама 10 пати ?!? Па каква е таа врска ?!? На телефон и на скајп ке ја одржаваме и ке глумиме дека сме заедно?!? Можеби ке ми плати пијачка ,ке ми даде пари за такси ама зарем тоа цело време ке го прави. Тој не ми е ниту мајка ниту татко па да ме издржава мене само затоа што сме заедно.

    Од друга страна сведоци сме на заостанатиот менталитет кај нас .Јас сум мажот во кука ја го ставам лебот на маса ,ја како ке кажам така ке биде. Некој да земе да понижува и обезвреднува само затоа што ми става храна на маса?!? Не фала !

    Кога веке се спомна темата Снаи и свекрви ке се навратам на случајот на Трудничка каде во буквална смисла немала пари за улошки и барала пари од свекорот. Маж и ја оставал платата на мајка му. Не е само он. Другарки мои цели плати оставаат дома затоа што така им налага ситуацијата па на секое излегување бараат од домашните по 100-200ден ако имаат да им дадат. Да живеете со родители да знаете дека немаат пари зарем нема да им дадете,или како нови невести ке кажете-Е сеа со мене си женет нема веке на твоите да им даваш пари се што ке заработиш ке иде за нашето домакинство. Или пошто тие не се ваши мајка и татко гајле ви е дали ке имаат или ке немаат да јадат .

    Пак ке кажам во животот се доага,но никогаш нема да ги разберам оние девојки и жени кои чекаат на друг и спијат на тоа уво дека нив мажот е должен да ги издржава. Никогаш.
     
    На slavica999 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Знаеш колку примери има на жени кои го носат „лебот“ дома, а пак мажот ја понижува и обезвреднува?
    Не бе златни, гледајте само да ви се погоди ЧОВЕК, ментално здрав и душевно добар, зошто само така ќе го живеете и УЖИВАТЕ во права смисла животот. Се` друго ќе биде импровизација, залажување, себичност, надменост....
     
    На Li0ness, Annath, Nade-sunrise и 15 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    ^Моира ако некој е несаглам и вака и така ке ме понижува и ке ми бара р'чки. Разликата ке биде во тоа што во секој момент ке можам да му ја удрам клоцата и да си заминам. Не кај моите дома,туку да бидам во можност и сама да сум да преживеам пошто моите вечно нема да бидат на овој свет.

    Не знам,ама мене секогаш од дома ми велеле-Керко не дозволувај да зависиш од друг,да не знаеш дали утре ке преживееш ако него го нема.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Како резултат на тоа што се подига свеста кај жените, претпоставувам дека сите се стремат кон финансиска независнот без разлика дали се или не се во брак. Бракот како посебна институција е приказна за себе додека жената не сконта дека нема веќе ,,мое и твое,, туку ,,наше,, но :!: паметната жена ќе стреми секогаш кон финансиска независност.
    Не е битно дали денес јас ќе купам леб и млеко или тој, колку што е побитна онаа ,,златна резерва,, не за некое емоционално празнење во момент туку како сигурност дека ќе го преживееш утрешниот ден
    (малку филозофски ова ама читајте меѓу ред)
    Влегов во брак со многу пониска плата од него, со тек на време имав моменти и кога не морав да работам ама работев, имав моменти кога имав мизерна плата од 6 000ден. имаше моменти кога повеќе заработував од него месечно....така да се е тоа менливо, парите се прават, парите се трошат но во никој момент не заборавивме да функционираме како институција без удирање во гради кој колку заработува или поднесување на сметка дека сум зела плата. Се знае тој сметки плаќа, јас храна а вишок оди на страна :$ ако го има.
    Нормално дека невработеноста и ниските плати си го прави своето, ама тоа не треба да обесхрабрува воопшто. Ако не се бориш нема ни да успееш.
     
    На Annath, bittersweet, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Денес не можеш да бидеш сигурен во ништо.Кога се веривме со сопругот, па и кога се земавме, и двајцата работевме.Јас имав 28 г. а сопругот 31г. Мојата плата беше дупла од неговата. Јас работев приватен сектор и навидум мојата работа беше постабилна и посигурна од неговата. Парите заеднички ги трошевме и се уште е така, што за домаќинлук, за сметки за што и да треба.
    НО, штом ми заврши породолнито јас останав без работа!!!!. Останавме со платата од сопругот. А тоа е малку. Имавме помош од родителите во секој случај, но тоа не е тоа.
    Јас ќе пукнев. Затоа што на никој начин не можев да придонесам дома. Од сопругот добивав само поддршка и утеха. Никаква супериорност и контрарање. Ќе најдеме нешто не се секирај, ако не по образование, било што, колку толку ќе се продонесе за дома, а и јас да излезам.
    И така беше. за 7-8 месеци тргнав на друга работа (не ми е по струка, по искуство, ама битно излегувам од дома се чуствувам корисно и носам буџет)
    Во овој моментот работам од што морам. И не станува збор за независност. Значи обајцата придонесуваме во домот. Некогаш едниот повеќе , другиот помалку, некогаш обратно.
    И сметам дека во брак, средствата е исправно да ви бидат заеднички. Од мојата плата ги подмируваме сите сметки, на пример, а од неговата храна и што е друго потребно. Остатокот (ако воопшто остане нешто некогаш ) е кај мене. Не за друго, повнимателна сум со парите.
    Имам другарка баш со размислување, како да се мажам, да чекам од него за влошки??Па нема да чекам, сам ќе ми ги даде. А таа упорно бара работа веќе 3 години, не оди чекор напред во врската, ниту пак најде работа. А и не сме млади веќе.
    Посебно ако размислувме и сме за создавање потомство, не треба да брзаме но и не треба многу да ја одолговлекуваме. Како жени не знаеме со какви проблеми со телото и медицината можеме да се соочиме.
     
    На Annath, mimiiiii и slavica999 им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    Јас мислам дека релативно рано стапив во брак затоа што бев финансики независна. Се омажив на 23, а претходно работев веќе две години. Тогаш мм доби постабилна работа, дипломиравме двајцата, па решивме да почеме да живееме заедно.

    И кога би била во поинаква ситуација, јас лично не би го одложувала стапувањето во брак поради немање работа ако патнерот добро заработува. Зошто би се лишила од најголемата среќа само поради тоа што приликите кај нас се такви какви што се, па не можам во одреден период да најдам работа? Ако има доволно пари за семејството да функционира, најмалку важно е кој ги заработува.

    Кај нас уште од сам старт немало мои и негови пари. Уште од прв ден парите сме ги ставале на купче и сме ги трошеле заедно. Имаше еден период кога се уште студирав и зависев од моите, а моите нешто заглавија со пари, па навистина не беа во можност да ми даваат пари. Моите можеа да ми дадат по околу 500 денари месечно, кои ги трошев исклучиво за копирање материјали на факултет. Тој период за излегувањето комплетно плаќаше мм, тогаш дечко, па јас не гледав ама баш никаков проблем во тоа. Потоа јас се вработив прва, и покривав се, но и тој се вработи набрзо после мене.

    Сме имале различни периоди - некогаш јас сум земала повеќе, некогаш тој, имаше период од 6 месеци во кој јас не работев, но секогаш сме го гледале само вкупниот приход како бројка која влегува во семејството, а не моја и негова плата или мои и негови пари.

    И ден денес јас сум ополномоштена на неговите картички и книшки, а тој на моите. И никогаш не станало збор кој колку пари има, туку колку пари имаме на сметка, и на која сметка се, за да знам од која картичка да платам ако ми треба нешто.

    Независноста е многу поширока рамка - ако ја имаш, ја имаш во сите сегменти од животот.
     
    На Annath, NoellePage, Trnche и 7 други им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па читајки ве вака , може дечко ми беше во право за замерките дека не делам и не не сметам за едно :^)
    Пример ако немам доволно пари за некаде јас ќе речам не одам а тој- штом те канам значи имаме, и по толку години врска ти не не сметаш за едно , кога имаме ќе трошиме без разлика чиви пари се а кога немаме ќе штедиме . :?:
    Дури имавме и сериозни кавги дека не ја гледам нашата врска сериозно поради тие ситници , а јас бев убедена дека сум во право :wasntme:
     
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    ^Мими мојот пред некој ден викаше он да го плател одморот. Демек ако има поише пари зашто да не ги подели со мене.Ја не па не .Глупа! Сеа ке си се прчев покрај него на моренце место да филозофирам тука. :D
     
    На butterfly@ му/ѝ се допаѓа ова.