Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стапување во брак без финансиска независност

Дискусија во 'Брак' започната од mimiiiii, 10 август 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не се работи за плаќање одмори :D Не делиме сметки , еднаш едниот плаќа еднаш другиот , немам проблем да ме почасти ама кога знам дека наредно излегување јас ќе можам да платам , а кога знам дека е криза , не сакам да излезам и оди карај се .За него тоа било знак дека не сум доволно сериозна .
    За мои пари немам проблем да ги наречам заеднички таква сум ич не ми е криво да ги потрошам на него или на убава вечера ама кога се работи за неговите ми се чини дека сум ги украла :D
    Па затоа сметам дека би ми било проблем да влезам во брак без мои приходи , ама од друга страна е човекот што го сакаш , нели животот е сега и тука не ми е страв дека ќе останам неомажена туку нели е поентата да се омажиш за човекот што го сакаш :?:
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ова е тоа женчињааааааааа, ова :)
     
    На Annath, bittersweet, Ariel и 6 други им се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Имав можност да запознаам жена која долги години била вработена во иста фирма со нејзиниот сопруг,нажалост фирмата се затворила и сите на улица и двајцата се депримирани и шекераши...Срека што имаат две керки и двете работат па тие им помагаат...кој ужас е тоа!!!

    Сепак се согласувам дека е убаво да бидеш финансиски независен кога стапуваш во брак и многу зависи со каков човек ке стапиш во брак.Има луѓе кои се толку леви,што добро е да се има некаква работичка и паричка во џеб.

    Има многу случаи каде што мажот и жената работат двајцата носат пари но тој нејзината плата ја става кај него и наводно дома нема пари,жената мора да пружи рака за влошки,хулахопки,а сепак таа зема плата?!-каде е сега финансиската независност?! незнам мислам дека се зависи од лицето со кој влегуваш во брак...
    Бидејки има се по светот....
     
    На mimiiiii и imelda им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Не Мими, поентата е да уживаш во животот, па кому што представува ова уживање е многу деликатно, филозофско и пред се субјективно.
    Имено јас како и мнозинството девојки си сакав да бидам што финансиски, што станбено поткована пред да стапам во брак или било каква заедница со партнер. Но, тоа веројатно ми беа планови правении без претходна анализа, еве сите сме осетиле лично или преку најблиски колку барањето работа знае да биде тежок, напорен дури и депресивен период.
    Јас се верив баш на сред факултет, и јас и тој исто бевме. Немавме т.е. сеуште е исто наши финансии освен по некое хонорарно тук и тамо, или сезонско работиче. Не издржуваат родителите, најмногу неговите но и покрај тоа не се осеќам ко терет, бескичмењак и зависна.
    Искрено под финансиска независност јас не ја подразбирам платата како плата, туку за себеси да се наречам независна сметам да имам доволно од 1 до 1 за храна, да си ги подмирам сметките, да се облечам, да покријам превоз, да имам цел месец џепарац и да платам станбено сместување на пример кирија. А со на пример 200 € би можела само две максимум три од овие подточки. Така да, независноста и вработувањето (само за себе) се две различни нешта, можам и јас на пример да одам во конфекција за 5000-6000 кои ќе незнам за што попрво да ги дадам, дали за превоз, дали да мислам што ќе јадам или да помогнам дома а згора на се таму некоја тетка со мигрена и комунистички настроена ќе си ги лечи своите фрустрации на мене.
    И во таква ситуација не би се осмела да се наречам независна кога реално ќе зависам од луѓето со кои живеам, дали родители или партнер не е битно.

    Ко што кажав со Петко сме имале ситуации кога едниот работел другиот не, меѓутоа парите нам увек ни биле заеднички, ставаме на купче и по договор трошиме, нема принесување детални сметки, кој, каде, колку и за што потрошил. Така ние функционираме така планираме и во иднина, пред човекот со кој сум решила да го поминам животот нема потреба да се обидувам да бидам независна или да се заканувам дека ќе го оставам напротив сметам дека доколку тој самиот ме сака и почитува нема да дозволи да се почуствувам зависна, угнетена и искористена.
    Светот денес функционира со еуфорична динамика, многу работи за момент можат да се сменат од корен, па така независноста која ја прокламирате и барате пред бракот може лесно да пропадне во вода, па сите години борба за истата да изгледаат залудно, е тогаш веројатно се чувствува вистинската љубов, толеранција, почит. Брак и семејство не се гради независно секој за себе, баш напротив заеднички затоа и се вика заедница.
     
    На WarriorAngel, mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^Не зборував што е смислата во животот де :D Сите сакаме да уживаме ..
    Мислев на тоа дека бракот не е брак само ради брак , ако чекаме да се наместат коцкичките сите по ред може повеќе ќе го немаш човекот што си го сакала поради жртви за кариерата на сметка на љубовта .А уствари ништо не придонесуваш за кариерата што чекаш работа :D
    Ако нешто не сме моќни да го смениме зошто и сите други делови од нашиот живот да страдаат .
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па да де, тоа и јас зборам пресметливоста не секогаш дава точна сметка.
     
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Eдно е да сакаш, а друго е да можеш да стапиш во брак финансиски независна.
    Работата може да ја изгубиш одма после свадбата и после што,што би значело тоа што си работела пред да се омажиш.Денеска е такво времето,безработица е,секој се снаоѓа како ке стигне,сигурна работа никаде нема(освен во некоја државна институција или некоја ЈАКА фирма).
    И да имаш којазнае колку сертификати и дипломи ако немаш среќа(читај врски)нема да најдеш саглам работа,и што така ке седиме сите немажени со врски од по 4-5години и више.
    Според мене ако едниот од партнерите има работа може да се формира брак,не е важно кој работи дали мажот или жената,важна е слогата,разбирањето и поддршката пред се :!:

    Јас еве не работам откако се омажив и родив дете се запишав на факултет(кој мм и татко ми го финансираат)и не се срамам од тоа нити ми е накаков комплекс дека јас не придонесувам во домот,тоа е што е таков е животот белким и јас ке најдам работа и ке заработувам некој денар. :) А можам и да не работам мм заработува доволно ама пак сакам лично заради себе.
    Нема жена која не сака да оди на работа и да биде рамноправна во придонесувањето во домот,не дека мм ми префрла за тоа,напротив ме поддржува за се што треба и пред да се земеме неговите пари секогаш биле НАШИ заеднички.Додека има многу примери каде што жената заработува барабар со мажот а неможе да си купи тоа што сака,бидејќи не смее од маж и.
    Пак ке кажам не е важно кој заработува ако платата е доволна да ги покрие сите трошоци во домот
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Еве баш ова истово и мене ме измачува. Незнам зошто. Јас кога работев ама баш никаков проблем немав за трошење на заеднички цели со дечко ми. И неговата и мојата плата беа едно. Така се однесувавме. Немаше имам или немам, туку имаме или немаме. Како во брак да сме, исто. Можев и сакав цела плата на него да ја потрошам (не дека имав плата од 30 000 ама сепак колку-толку за тогаш доволно). Ама сега кога не работам, дечко ми на пример исто си се однесува, се што ќе купиме за двајцата е, вели "се ни е заедничко, секој денар е наш, а не мој". Ама јас не се чувствувам убаво. Затоа што знам дека напорно работи и ми е криво да троши пари на мене и не дозволувам, па макар да бидат и 100 денари. Не дека не платил кафе или дека ни денар не потрошил за двајцата ама сепак гледам таквите ситуации да бидат што поретки. Барем за гориво да му дадам пари, зашто секогаш ме враќа дома и кога ќе отидеме на кафе ако два пати он плати гледам барем третиот пат јас да платам. И секогаш ме "кара" за тоа, не прифаќа пари ама неможе мора да ги земе. Некогаш и неприметно во кола му оставам.

    Можеби е рано, ќе се променам ама мислам дека и во брак да бидам исто ќе се чувствувам, ќе ја има во мене таа мала доза на нерамноправно чувство. Ме мачи тоа што немам причина за такво нешто, нит ми рекол дечко ми нешто, нит ме одделил некогаш ама ете така сум воспитана и тоа е.
     
    На WarriorAngel и mimiiiii им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Сите сакаме да влезиме во брак како финансиски независни личности но во текот на бракот се менуваат приоритетите.
    Јас од секогаш сум била финансиска независна, почнав да работам од 16 години иако не сум имала потреба од тоа, сум сакала да имам свои пари, не сакав ни од татко ми да зависам, друго е задоволството кога ќе купи нешто со свои пари а друго со подадени пари, барем мене ми беше така.

    Кога почнавме да живееме заедно со мм негова обврска беше да плаќа сметки, моја да купувам храна, но кога пристигна синот јас одбрав да седам дома додека мислам дека е потребно, моја жртва беше платата, жртвата на мм поголемо учество во семејниот буџет.
    Таа беше наша заедничка одлука, кога се вратив на работа тоа повторно беше заедничка одлука иако реално мојата плата е непотребна.
    И сега планирам наредната година, две дома да седам, бирам да бидам издржувана |( од сопругот, можам да се вратам на работа после 6 недели, 6 месеци или 6 години до тогаш ќе ми покрива дел од платата државата, плус дава за секое дете одредена сума на секои две недели ама ние тие пари ги ставаме на книшка на малиот.
    Приоритет во овој момент ми се децата, платата не ми е :!:

    И јас не ја разбирам таа работа да барам пари за улошки, ми ја остава картичката и си вадам колку ми е потребно сеуште не сум слушнала да искоментира за сумата на потрошени пари или пак да ми бара отчет за што и како сум ги потрошила.
    Е сега ако отидам и цела плата му ја потрошам на глупости сигурно ќе изреагира :lol:

    Досега мм само еднаш ми се испонашал онака као алфа мужјак :lol: додека бев заглавена во Мк и пред да дознаеме дека сум бремена ми ставаше секоја недела пари на сметка, му реков дека нема потреба да ми дава пари ми даваат моите а имам и свои.
    Се наљути зошто сум земала пари од моите а него сум му викала дека нема потреба да ми дава, јас сум била негова и тој бил одговорен за мене во секој поглед па и финансиски :lol:
    Да го смирам му реков дека ќе им речам на моите да не ми даваат, не им реков, кротко јагне од 3 мајки цица :rofl:

    На крај само ќе речам дека се си зависи од тоа со каков човек ќе изберете да го поминете животот, јас мислам дека сум направила одличен избор, покрај него имам целосна независност како што напиша Ариел во секој сегмент од животот.
     
    На JuLleE, Annath, lolyta777 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ми се оди во Австралија :D Тука едно породилно не го даваат како што треба :|
     
    На Annath, Hipica и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    прочитав многу мислења и се сложувам со дел од нив но малку работите се измешале во однос на тоа дека темата е стапување во брак без финансиска независност а не финансиска не/зависност во брак.

    ова е широка тема и се зависи од поединечни случаи. ако јас и мм на пример сме се одлучиле јас да бидам домаќинка и да чувам дете тогаш се подразбира дека тој треба да работи и да заработува и да ми даде картица од сите средства на сметка да користам и јас. колку се тие пари негови толку се и мои. ако не сака да дава пари тогаш сам нека си праве јадење нека се пере нека се пегла нека си чисти ( ова го зборам за они мажи кои се мрштеле кога жените им барале пари демек тие се нивни пари они не заработуваат)

    јас влегов во брак финансиски независна ако може така да се каже.

    од моите немам пари земено сто години, повеќе ми давал мм односно тогаш ми беше дечко бидејќи моите плати каснеа но сепак работев и заработував добро. морам да признаам дека тоа ми даваше многу поголема самодоверба и сила за да се справам со било што. иако живеевме заедно 3 години и делевме апсолутно се јас сепак сакав да бидеме стабилни финансиски пред да се решиме на брак.

    и морам да признаам (иако не сакам и не ми е пријатно) дека не ги разбирам оние што се многу млади ниеден не работи а се зимаат и очекуваат старите да ги издржуваат сеуште оти нели они се уште деца. се додека така се размислува и функционира не очекувајте утре свекрвата или свекорот да не ви се мешаат.

    најбитно е со каков партнер сте и што имате испланирано од заедничкиот живот. решете си го тоа со време за да не имате проблеми утре бидејќи не било така како што сте очекувале.

    значи според мене битно е барем еден да работи и финансиски да се издржува фамилијата, а жената е таа што секогаш ке ја издржува фамилијата на секаков друг начин.
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Чудни постови.
    Еве ако не станеш финансиски независна, нема да се омажиш?
    Или ако останеш бремена а си невработена, ќе абортираш ?

    Божем животот се коцки, па ги редиш како сакаш !

    Па и да стапам во брак финансиски зависна, нема да биде крај на свет.
    Треба само малку воља , толеранција,снаодливост и поддршка од свои.
    Која таа жена што несака да има свое купче и свој придонес во буџетот?

    На хартија сите знаеме да напишеме како трба да е текот на живото, ама реалноста е далеку поинаква.
     
    На TeddyGrey, poenta, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Искрено познавам многу семејства што немале ништо а сепак се земале од љубов, живееле мизерно, да, АМА со голема желба и труд постигнале МНОГУ!
    Исто така познавам многу семејства што имале МНОГУ а денес продале се и немаат ништо па живеат во соба.

    Да така не можеме да кажеме "чекај да соберам пари" или "чекај да ми поткрене бизнисот".
    Обично луѓето не можат да соџвакат дека за рок од 5 минути може да им се сруши светот па ако гледаме така на работите да се разведат и секој по свој пат.

    Всушност суштината на љубовта е да има слога, пријателство и желба за успех во било кое поле.
    Јас мислам дека ако нешто се посакува може да се отствари, човек може и после брак да се реализира во солидна фамилија со доста солидни примања.

    Фактот е дека не можеме за се нешто да чекаме во животот, еве поаѓам од себе проблемите како едни одат други доааѓат, тоа е всушност и реалноста на животот да се бориме да успееме, живи здрави другото со желба и со труд се може, па и со среќичка.

    Животот не е чекање туку ризик, храбри се оние кои ризикуваат, се борат и со љубов односно со взаемни сили се држат еден до друг тоа е најважното за опстанок на еден брак се друго е извинување.

    Точно дека денес животот е тежок, дека сите сакаме повеќе, сите полекуваме за се нешто но лошо е кога ќе се заборавиме од чекање и ќе чекаме се да се поклопи А НЕМА НИКОГАШ.
    СЕКОГАШ СЕ НЕШТО ЌЕ НИ ФАЛИ!
     
    На eliesaab, Sandrin4, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.