Старачки болести

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од blueeparadise, 4 јули 2016.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    4.082
    Оваа болест е најпознатиот вид на деменција, и најчесто се јавува кај постарата популација, над 65 години. Постои и early onset Алцхајмер, кој се јавува околу педесетата година од животот. Луѓето заболени од оваа болест поминуваат во принцип низ три стадиуми: ран, среден и доцен. На почетокот симптомите можат да се помешаат со оние на нормалното стареење, како што се губиток на краткорочната меморија, расеаност, збунетост, заборавање на точниот збор кој треба да се употреби итн. Сепак, на почетокот тие сеуште можат да се грижат за себе, можат да бидат самостојни и долгорочната меморија не е оштетена. Со текот на времето, заболените одредени предмети ги ставаат на несоодветни места, често се случува да избегаат/одлутаат од дома и да имаат потешкотии да се сетат како да се вратат, стануваат рамнодушни но често и уплашени, збунети па дури и агресивни кога самите ќе забележат дека нешто се случува со нив.
    Потоа, се оштетува и долгорочната меморија, пациентите не се сеќаваат повеќе на своите блиски, не знаат каде се наоѓаат, забораваат и кои се, повторуваат постојано исти теми на разговор (најчесто она на што се' уште се сеќаваат). Не водат веќе грижа за себе, се затвораат, се губи говорната функција, движењето, не можат самите да се хранат и подложни се на други пропратни заболувања кои ултимативно водат до смрт. За оваа болест нема лек. На блиските на заболените им е особено тешко да се справат со нив и оваа болест.

    Мојот дедо боледува од Алцхајмер. Веќе е навлезен во средниот стадиум, значи не води грижа за себе, не ме препознава ни мене, мајка ми, вујко ми.. Или пак нив ги ословува како негови сестра и брат. Сеуште зборува, се движи, јаде.. Барем да сме благодарни на тоа. :( Жал ми е многу, и знам дека никој не заслужува да умре така.. Во незнаење кој бил и што бил на времето, да ги заборави сите убави и лоши моменти од својот живот, не не и не... Жално е, и нема помош, болеста само се повеќе ќе прогресира и...

    Васкуларна деменција е вид на пораметување на централниот нервен систем кој се карактеризира со неспособност за концентрација, депресија, халуцинација и параноја. Најчесто се јавува кај лица постари од 65 години како резултат на преживеан мозочен удар, висок крвен притисок, дијабет, високо ниво на холестерол во крвта.

    Паркинсова болест е типична за луѓето во подлабока старост која се карактеризира со треперење на телото, вкочанетост, забавени движења, слаба рамнотежа, проблеми со говорот, проблем со голтање итн.

    Дали сте се сретнале со овие болести, дали имате некакво искуство да споделите, причини поради кои се јавуваат и/или начини како да се забави процесот?
     
    На Nigredo Odor и Dadusicka им се допаѓа ова.
  2. utreenovden

    utreenovden Нов член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Imam licno iskustvo so griza za lice so Alchajmer/vaskularna demencija. Netretrirana aritmija sozdava tromb, kojshto go oshtetuva mozokot (golemiot i maliot mozok). Liceto e nepodvizno (gi cuvstvuva nozete, no ne moze da zadrzi ramonteza,ne moze da stoi ispraveno). Intelektualno/umstveno - so epizodi na konfuzija, nemoznost za iskazuvanje - ke se zapocne nekoja recenica, no ne moze da se dovrsi, problemi so goltanje, inkontinencija - uriniranje bez da cuvstvuva, skocanetost vo racete (nemoznost da se drzat predmeti) i skocanetost na grbot - otporot na teloto e pregolem, na primer pri obid za podignuvanje nagore, grbot se butka vo sprotivnata nasoka. Po priem na injekcii Cerebrolysin 10ml (15 dena), situacijata znacitelno se podobri - liceto go povrati staroto odnesuvanje, postoese moznost za komunikacija, razgovor na razlicni temi, itn.Po sozdavanje na nov tromb, mozokot povtorno e oshteten, i sme najdeni nekade na pola od prvobitnata sostojba...na edna od privatnite kliniki ni preporacaa injekcii Solcoseryl - dali mozebi znaete kade moze da se kupat vo Skopje? Inaku, momentalnata terapija e: memantine 10mg 2x1, yasnal 5mg 1x1, pentoxifilyn 400mg 2x1. Dopolnitelno prima lekarstva za srceto, prostatata, sekerot, i krvnata slika. Interesno e deka nikogas vo zivotot nema pokaceno nivo na seker, a sega granicite na sekerot naglo se krevaat... nekade citav deka visokoto nivo na seker vo krvta ima vrska so razvojot na Alchajmer-demencija, i deka se pravat testiranja na lek za dijabetici Victoza, za lekuvanje na Alchajmer. No seushte nema finalni rezultati...Isto taka, se preporacuva kurkuma (zacin), gjumbir, cimet (za reguliranje nivoto na sekerot), antioksidanti (resveratrol, coenzyme Q10). Nekoj ako ima informacija za nekoja alternativna terapija (caj, bilki, itn) kojashto znae deka bi mozela da pomogne, ve molam da spodeli.
    Dali nekoj upotrebuval maslo od kanabis za vakov slucaj, i ima li podobruvanje?
     
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    29.922
    Пол:
    Женски
    Со тешко срце ја отворив темата.
    На мајка ми и е дијагностицирана Алцхајмерова болест. Правеше магнетна во ноември минатата година, а сега беше на некој психолошки тест со што го потврдија тоа неколку доктори. Снимката од магнетната и била многу лоша, и дури на докторите не им се веруваше каква е снимката, а во каква состојба е мајка ми. Сите викаа дека за овие резултати, таа треба да е многу полошо.
    Се чудам како може да се појави на нејзини години, има 47. Колку што имам читано за оваа болест, обично се појавува после 60та година.
    Сега за сега е добра, понекогаш заборава нешто ама тоа го препишувам на тоа дека и јас понекогаш заборавам. Има повремени главоболки, ама докторката кажа дека може од друго да е.
    И препишале Yasnal, и едни други заборавив како се викаат.
    Имаме масло од канабис, ама неможе да го пие многу и е лошо од него, иако пие по една капка. Дали некој има искуство со маслото да сподели, за ваква работа?
    И уште нешто да прашам, дали оваа болест е наследна?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    18.769
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство на старо лице со Алцхајмер?
    Баба ми има 82 години и има.
    Многу го напнува татко ми кога ќе дојдеме.Му зборува едни исти работи што го нервираат.
    Го заморува.А и сите нас.
    Мноогу и е напредната болеста.И дедо ми го нервира, кога ќе ѝ каже да не чепка нешто она воопшто не го прима тоа во глава и зима работи и ги губи.
    Некои работи ги повторува по повеќе од 5 пати.
    И други работи..
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    21.077
    Пол:
    Женски
    Не треба да се нервира никој од вас, свесни сте дека се работи за болест и дека не е до неа. Како да не зборува исти работи, не можете да очекувате да е нормална во напредна фаза на болеста. Дедо ми почина пред 2 месеци, на 72. Ништо не знаеше последните месеци, не вршеше физиолошки потреби сам. Претешко е за домашните, ама тоа е, никој не сака да се соочи со таква болест.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    119.524
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми нема Алцхајмер , ама е многу дементна. 90 годинки е веќе.
    На почетокот ме 'нервираше' , сега веќе свикнав. Еден час во денот се занимавам со неа. Ќе изгуби нешто , ќе го бараме... ќе раскаже едно та исто 5-6 пати, ја слушам внимателно...ќе почне да се жали на секакви болки па ќе и дадам едно натренче . Она мисли дека е апче па магично и поминува болката.
    Ќе се навикните.
    Со таква болест старите се како мали деца.
    Потребна им е љубов и внимание.
    Колку можете толку и' пружите.
    Без нервози, тоа не е решение.
    Знам дека е нервозно понекогаш, но не е до нив. Не избраа ни они такви да се
     
    На Biljarkata, Doozy, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    18.769
    Пол:
    Женски
    Не ѝ е од скоро.Има некои 2 години како ја има, ама сеа ептен ѝ напредна.Стварно више не знае шо збори.Највише татко ми го нервира истото па истото му го збори.
    Ќе ѝ каже ,,абе мамо гледаш дека ништо не ми е” и ќе му каже добро.Ќе продолжи нешо да збори и пак ,,а ти добро си? На работа одиш?”
    Моите кога ќе отидат горе да излуфтираат и доле седат малце, после саат време коа ќе дојдат дома им ѕвони и пак прашува.Не ѝ ни текнува дека дошле.
    Се качувала нагоре навечер гласови ѝ се слушале (facepalm)
    Го третира татко ми ко сакат да е скраја да е.
    Прееска ѝ вика на мајка ми ,,покриј го детето ладно е” а он под клима се пече
     
  8. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    30.889
    Пол:
    Женски
    Тешка болест. И за тие кои боледуваат и за семејството околу нив. Бидете трпеливи. Колку им е лошо нив да не препознаваат никој од дома знаете? Да се дерат по сопругот/сопругата ко/а си ти?
    Дали има некакви згрижувачки домови за вакви лица кај нас? Треба да има. Од една страна да не се 'терет' на помладите, од друга страна за нив да се грижат лица обучени баш за болеста.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    18.769
    Пол:
    Женски
    Со дедо ми цело време се караат.
    Прееска коа дое горе го оговараше :rofl: му вика на татко ми ,,не ми даваше да дојдам”
    А после ручек одмара секој нели.
    И моиве беа спружени.Само шо заспал дедо ми фатила штрафта горе..
    Ај горе, ама страв ми е па да не искочи негде.Некој ден може и тоа да ѝ текне.А денски влезната врата не ја заклучуваат (од дворот таа)...
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.095
    Допаѓања:
    172.265
    Конкретно за Алцхајмер не, но на Геријатрија во Скопје ги примаат.
    Што-како прават искрено не знам.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.686
    Допаѓања:
    144.478
    Татко ми почина од Паркинсон на 69 години.
    Првите симптоми ги имаше на 45 години, од прилика...
    Early onset, односно: Паркинсон медикаментоза.
    Поради тоа што претходно со години пиеше јаки лекови за психичка болест.
     
  12. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    И баба ми е болна од Алцхајмерова болест. Има 70 години и порано дедо ми се грижеше за неа, но сега тој почина и јас ја гледам. Постојано гледав на филмови и серии за оваа болест, но друго е кога ќе ја искусите вистински. Понекогаш многу ме нервира но само се трудам да дишам длабоко бидејќи знам дека таа не е виновна. Не може да врши основни физиолошки потреби, не знае како се викаме, понекогаш халуцинира и многу се плаши. Воедно има и дијабетис. Пие многу апчиња, но не и помагаат многу.
    На никој не би ја посакала оваа болест...