1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стареењето е многу грдо...

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 16 август 2016.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    First world problems... |(

    На толку несреќи во светот, како тоа Бог направил волку колосална грешка, па мора гравитацијата да не влече надоле додека ,, старееме ,,. Со што сме заслужиле ваква сурова казна... ;(

    Не старееме, туку умираме, али нема везе...:bug:

    Мене повеќе ми е страв во душата да не пропаднам, отколку телесно. Нема операција и крема што ќе го камуфлира тоа.

    Ама добро, секој со своите приоротети... :angel:
     
    На kjukli, Dabria, iloveyou29 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Џони Џип

    Џони Џип Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    А што мислиш колку години сум јас?
    https://en.wikipedia.org/wiki/Johnny_Depp
    Те советувам тоа што и јас би го направил кога би се соочувал со твоите старечки тешкотии. Се разбира тоа би било на убав забавен и безболен начин како што ние селебритис обичаваме. ;)
     
    На sjdgo и EminemsGirl им се допаѓа ова.
  3. Џони Џип

    Џони Џип Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Да, ама баба рада се плаши да кликне на спојлерот.
    Имам прочитано некаде дека бебето уште со првиот здив веќе чекори кон смртта.
    Гош нека подостарат другите малку па после да го препрочитаат нивните коментари на темата за ДРОГА. ;)
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Мене не ме плаши староста, ме плашат болестите кои можат да се појават и на млади и на стари години.
    Бабава од сликава никакви чувства не побуди кај мене, бидејќи ми е нереална, не е слика за стар човек кој квалитетно проживеал и оставил некого зад себе, плус и тоа виножитото ми асоцира на геј баба.

    Затоа, негувајте го семејството и семејните вредности, ширете љубов со најблиските, оставете свои поколенија кои ќе бидат со вас до вашиот крај, бидејќи се на светот има крај, па и човекот.
    Можеби ќе остариме здрави, можеби болни, можеби ќе одиме на високи потпетици, можеби ќе подгрбавиме и едвај ќе се движиме, можеби ќе излеземе до продавница и ќе заборавиме каде живееме. Но, да се потрудиме да оставиме зад себе деца, внуци, правнуци кои ќе ни ја олеснат староста и ќе не сакаат такви какви што сме. Бидејќи не е исто само да печалиш цел живот и на крај да си уплатиш престој во старечки дом а да немаш никој свој, или да имаш ама никој да не те посети, да бидеш заборавен од твоите, да нема со кој муабет да направиш, да се навратиш на спомените.
    Мене најискрено, тоа ме плаши, старост во самотија, болна старост во беспомошност, бавно умирање сам.
    И не мислам себично дека треба да создадеме фамилија само за да има кој да не чува на старост, туку да имаш со кој да го делиш животот, младоста и староста. Како што имаме потреба од постарите така и тие имаат потреба од нас. Збрчканата кожа најмалку ме плаши, нели "не суди по амбалажи"

    Успешен и среќен стар човек е оној кој не е сам и заборавен, оној кој е сакан и засекогаш ќе живее во спомените на неговите поколенија.

    Мене вакви слики не ме плашат
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ти @baba Rada погрешни слики одбираш како слики за животот, депресивни слики.
     
    На iloveyou29, Peppermint, Dennings и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    [​IMG]

    Инаку, бабево има 8 внуци, ама ако нема ниедна слика со нив на јавен профил, и ако излегла од дома 50 пати без нив, исто како и да ги нема, нели логички...:headbang:

    И што ви е муабетов, ако немаш деца, слободно пресуди си , не заслужуваш старост да видиш ?!:clap:

    @Abeja Те молам никако немој на децата алишта или пак играчки со виножито, па и неговите бои да им купуваш. Што си е сигурно, сигурно си е!:!:
     
    На Џони Џип, Someonespecial, EminemsGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека нема сите да ме разберат, ама до толку да не функционираат одредени клетки, не верував. Тоа со бабата со виножито и проблем со немање деца, е врв на твоето "размислување"
    Не беше фактот-имање/немање деца пресуден (посвоено дете може повеќе да те љуби од роденото), но изгледа немаш доволно капацитет да ја доловиш поентата на тоа што го напишав, a тука ништо не можам.
    Бабето од сликата, особено нејзиниот фб профил не ми беше тема на мислењето, колку да ти разјаснам, гледам некои работи ги вадиш од контекст а и не ти е прв пат да глумиш ироничен мозок, се имаме сретнато на сличен начин на форумов.
     
    На Sashko1992 и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Баба Радо, искрено се надевам дека ти е досадно во животот па си тераш некои лоши хумори со темава.

    Имаш ли ти баби и дедовци од твоите родители? Зарем со такви очи ги гледаш секогаш кога ќе ги сретнеш и ќе ги гушнеш? Стари, смрдливи, досадни, спори, збрчкани, ГРДИ?!

    Не знам за вас, ама јас старите лица ги доживувам поинаку. Оваа бабава што си ја постирала нека не ти биде пример за тоа како изгледаат старите лица кај нас. Посети некое село, посети некој скромен дом и поразговарај со старите. Ќе ти стане јасно дека тие збрчкани раце и лице се резултат на животни борби, на нервози, на непроспиени ноќи за да се обезбеди подобра иднина за нив и нивните деца и внуци. Тие постигнале некоја цел во животот и сега си се благодарни што сеуште се живи да се радуваат на успесите на нивните поколенија.

    Ако физичкиот изглед ти е најважната работа во животот, тогаш би те советувала и да не се мажиш и да не раѓаш деца. Што ќе ти се тие физички малтретирања, ќе си направиш само дополнителни брчки и стрии на телото.
     
    На Џони Џип, iloveyou29, Florenсе и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    Па не само Џенифер Лопез, има многу други светски јавни личности кои изгледаат одлично и на постари години, еве на пример Шерон Стоун има 58 и изгледа одлично, од мажите еве го Владимир Путин има 63 и на него многу помлади мажи можат да му позавидат на изгледот.
    Мислам дека ако некој уште како млад си води сметка за изгледот и на стари години ќе игледа добро, а и во денешно време медицината е напредната, има многу третмани за убавина кои не се ни многу скапи, па многу луѓе можат да си ги дозволат.
    Што се однесува до здравјето, нормално е дека на постари години ќе се јават некои проблеми, ама ако се води здрав начин на живот уште од млади години, тие проблеми ќе бидат многу помали, исто така и физичката сила се губи со текот на годините, ама и тоа многу зависи од начинот на живот кој се води, така да не е толку страшна староста, се зависи ос тоа кој на каков начин размислува, а секој треба да размислува на позитивен начин.
     
    Последна измена: 17 август 2016
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Ne e soodvetna sporedbata, prvo zs on a sto go gledas kaj Lopez del e fotoshop del e debela investicija zs zenata od show biznis zivee, ne od smetkovidstvo. Zivejte si I starejte si so still slusajkji ja Tijana so Necu hhhh sekoe vreme IMA svoi ubavini, sekoj covek krie nesto ubavo vo sebe, ne gledajte mn filmovi I nametnati sabloni, zdravjeto da ne sluzi samo, pozz
     
    На okcenzi, PaLaVa и Val-Dim им се допаѓа ова.
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Стареењето е многу грдо...
    Некој заштедува на стареењето :rofl:

    treba-da-stavime-roletni.jpg
     
    На mareane, jasna83, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Најпрво да ти одговорам дека ниту ми е досадно. имам обврски а ни на крај памет не ми е да терам лош хумор со темава..па нели се изјаснив дека гледајќи ја бабичкава ме фати депресија и не се срамам да кажам дека не се чувствувам убаво со самата помисла дека и јас ке идам еден ден збрчкана и подгрбавена, успорена и тн...
    Моите баба и дедо и сите други стари особи ѓи гледам со жал, ми предизвикуваат воздишки и тага на лице..знаејќи ги какви биле млади а сега у сосем друг физички изглед..и тажно е, кој сака нека каже.
    Знам дека староста е неминовен процес во животот, знам за сите функции како престануваат пополека со работа..затоа и се лутам, само човекот има грда старост.
    Велиш да одма во село, па таму уште повеќе депресијата ке ме мавне..тие старци таму се за жалење, живеат секојдневен безличен живот, едно исто секој ден..да, се радуваат на успесите на нивните поколенија кои нигде ги нема, немаат време за нив, трчаат за егзистенција...
    Физичкиот изглед на сите им е битен, ма слободно да кажам дека ни е најбитен..мислам дека никој не сака да говори за староста затоа што имаме страв од неа, одбојност, неможеме да се замислиме како ке изгледаме, не се ни обидуваме...
    Има еден цитат -Сите сакаме долго да живееме ама нејќеме да остариме!
     
    На Џони Џип му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Овие сликиве @Abeja што ги постирала изгледа од Денот на Благодарноста се, оти вака "Амерички" ми стојат, па се збрале, се сликнале и ќе лажат мали деца. Отпосле реалноста е дека секој си врви по патот, во разни градишта, држави, на работа, по ова по она, и наредната година пак ќе се соберат и сликнат. Македонски да се пореални би биле оти ние си живееме во заедници и заедно сме постојано, само што вака некако би била сликатa [​IMG]
    Свекрва и две нак**чени снаи :D

    Значи да раѓаме деца за да не сме сами е поентата, само извртена ѓомити друг е муабетот, така? И така староста ќе ни е убава. Веројатно, ако се погодат некои работи како на пример децата да ни се во близина да можат редовно да не посетуваат, да имаме добар однос со нив, да сакаат тие да имаат деца за да ние имаме внуци и сликата побогата да е... Нешто од ова ако киксне и џабе сме раѓале :D Во друг случај, постои опција да се грижиш за себе, за своето ментално здравје, да си наоѓаш луѓе со кои ќе створиш цврсти и квалитетни односи, и без разлика дали имаш многубројна фамилија околу себе или еден, двајца, тројца, да не ти се тие единствена причина за живот и извор на среќа. Кој да знае точно, живи били па видели.
     
    На galapce, imelda, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.299
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум го перцепирала страреењето како грдо!
    Да ги оставиме на страна Лопез, Тина Тарнер и други славни личности ( Лопез е далеку од старица дефинитвно) и да погледнеме во својот двор. Колку негувани жени во поодмината возраст гледам, убави, средени (меѓу кои и мојата мајка:)) кои внимаваат и на негата на лицето и телото, шминката и облеката. Далеку, од тоа дека при нивните 60 или 70 изгледаат како 20, тоа во некоја мера ми делува и ,, перверзно,, ама факт е дека и без пластични операции, изгледаат убаво. Барем денес има многу препарати за нега на лицето, далеку од ефтини, но сепак може човек да си ги приушти и навистина имаат ефект. Многу од жените практикуваат и вежби, внимаваат на исхраната, посетуваат и салони за убавина, а некаде и добриот ген е во прашање. Впрочем, во последно време се повеќе гледам луѓе кои убаво стареат. Ајде, настрана физичкиот изглед , колку витални постари има, колку се подвижни, активни, планинарат, патуваат, работат и најважно умот ги држи. Од друга страна, сум видела млади кои се влечат небаре ги мрзи да живеат и главен муабет им е ,, ех сега да фатам некој кревет,,. Се во свое време точно, староста си го прави своето, ама со активен и среден живот можеме до некаде да ја ,,надмудриме,,.
    Исто така, познавам и стари,, без поколенија,,. Па да ви кажам, воопшто не мислам дека имаат лоша старост, само поинаква од оние кои имаат. Едноставно се посветуваат на други работи, кои не би ги правеле можеби доколку би се посветиле да речеме на чување внуци.. Шетаат, патуваат, спијат до кога сакаат, готват само за себе, се дружат меѓусебно, односно ги користат предностите на самечкиот живот. Дали нешто им недостасува не знам, ама дефинитивно не се депресивна, страшна слика која предизвикува вознемиреност, сожалување или не знам што. Од друга страна, и со деца и внуци пак може да завршиме во дом или болница, особено ако страдаме од болест со која во нормални, домашни услови не може да бидеме соодветно третирани без последици пред се на нашето здравје, тоа никогаш не се знае. Децата ги создаваме за тие да имаат свој живот, а не за нас да не чуваат.
    За крај, секое доба си има свое, треба да се исцрпи најдоброто од него.
     
    Последна измена: 18 август 2016
    На Sashko1992, PaLaVa и Џони Џип им се допаѓа ова.
  14. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Најголемата грешка што луѓето ја прават е што често се враќаат во минатото и уште почесто размислуваат за иднината. Во случајов се работи за второво.
    Еве ви пример. Многу сакам да се возам во автомобил и да слушам музика. Порано секогаш размислував дека веднаш ќе стигнеме таму каде што сме тргнале, дека нема да имам време да уживам. И така, мислејќи постојано на тоа, заборавав да го живеам моментот.
    Што корист имате од тоа постојано да се грижите за нешто што сеуште не пристигнало? Живејте си ја младоста, зрелоста, а кога ќе остарете, верувајте дека поинаку ќе гледате на работите.
    Има луѓе што го напуштиле овој свет прерано. Кажете фала што доживеав да остарам. Сакајте го своето збрчкано лице и тело и престанете да си го оптеретувате умот со глупости кои немаат никаква важност. Она што е битно се наоѓа внатре во вас.
     
    На Annath, Sashko1992, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кора Амстронг има дадено убав цитат- Во душата на секој стар човек има дете што се чуди што му се случило!
    Идејата за темава ми беа емоциите кои ме обземаа кога ја видов сликата, значи јас се натажив...можеби некој ќе и позавиди, ќе ја пофали или ќе му биде смешна, вулгарна..тоа го барав од вас да ми кажете, дали само јас не ја прифаќам реално состојбата!?
    Младите немаат искуство а старите немаат сила:(:f::f::f::f::f::f::f:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Џони Џип

    Џони Џип Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Ма никој не ја прифаќа. Само не треба претерано да размислуваме на стареењето.
    Тоа е природен процес и од ден на ден се привикнуваме. Можеби треба на тие години да станеме и малку побожни.
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Тоа е таа трагедија..од сите можни задоволства ти да го одбереш Бог:)(оти друго и не можеш и да сакаш);)
    Најголема несреќа на човештвото е што животот почнува со младоста а завршува со староста, замисли само колку ќе беше подобро ако животот почнуваше со староста а завршуваше со младоста:lol:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.039
    Пол:
    Женски
    Ако беше погрешен мојот пример со Џеј Ло, тогаш би сакала да ја спомнам Билјана Дебарлиева. Ете таа е убава возрасна жена без фотошоп и без да дава цело богатство за средување на својот изглед. Жената ми е за пример, прекрасна е.
    А и моиве дома изгледаат прилично помладо од своите години. Татко ми дури има многу енергија и сила за човек на негови години.
     
    На Sashko1992 и PaLaVa им се допаѓа ова.
  19. Џони Џип

    Џони Џип Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Не мислев за себе лично да бидам побожен. Ама обично постарите се побожни посебни тие како тебе што веќе се и емотивно засегнати. Ти се жалиш на болки во грб и слично а велиш од сите можни задоволства да го одбереш бог е смешно. Што сакаш одбери си, ама мислам дека ти незнаеш што со себе. Подобро плети дома за децата и внуците отколку да го тупиш умот со неизбежното.
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Совет не побарав од никој за што да правам со себе..читај убаво, прашав за како другите размислуваат..грбот уште не ме боли, незнам од каде ти е таа информација...АКО МИ ТРЕБА СОВЕТ ЗА СЕКС, е тогаш сигурно тебе ке те прашам, бидејќи си на тие теми "најстручен":P