Некое чудно жениште си ти. Препрочитај си што имаш напишано откако ја отвори темава. А дека сум стручен за секс незнам од кај ти е идејата, ама и несум некој стручен, посебно не за баби. Ви посакувам пријатен ден на сите и не размислувајте многу на темава. Живејте го животот и уживајте додека можете. Кога нема да се може тогаш ке бараме решенија. Барем денес во 21 век ги има.
Најискрено мене ваквото мислење ми е многу површно. Во се може да се најде убавина, па и во стареењето. Научете да се прифатите себеси, луѓе. Тогаш ќе си ја сакате и збрчканата кожа и здебеленото газе, ќе уживате и во младост и во старост. А кога некој си прави комплекси за вакви глупави работи тешко дека некогаш ќе биде задоволен самиот од себе.
Не знам зошто луѓето мислат дека само младите треба да се забавуваат, забавата трае до 30тите години од животот, после тоа луѓето треба фамилијата да си ја гледаат и да работат. Секој човек треба да се забавува, без разлика на старосната граница. Зошто да е грдо стареењето ? Човекот само надоврешно се менува, ништо не е некоја брчка или некој килограм плус, душата иста си останува. Не е грдо стареењето, грди се тие умствените ставови дека е грдо.
Го имам гледано и филмот и читано книгата. За оние што сакаат вечно да се млади да си ја прочитаат да си видат последици...
Точно е тоа дека може секое време да си има свои убави страни и тоа дека не треба да се плашиме од брчките, но се оди и во друга крајност. Зошто постар човек не би можел да делува негувано? Зошто мора да личи на пита за да ја носи достоинствено староста? Зошто постарата жена кај нас се претставува само како подсвиткана, згрбавена баба со кожувче и фута? Колку стари жени има што животот го поминале како лекари, професори ..? Зошто мора да е стариот човек збрчкан, недотеран, незаинтересиран за ништо, социјално исклучен..? Брчките не се страшило, ама не мора да ги има на илјадници за да се биде според некои стереотипи. Или не те разбрав сосема добро?
Тоа што не спомнав негување...така ? Индивидуална работа... Дали носам гунче или свилена кошула не ми ја прави староста полесна или не ме прави подобра или полоша баба. Битно е во душата да ти цвета..да си ја гледаш фамилијата како ти старее... А тоа дали имаш длабоки или ,,плитки,,брчки ...не зависи ни од негувањето....брчките освен староста и други работи ги браздат на нашите лица.
ОК. Мислете како сакате. Сакав да речам дека не е во ред да им пропишуваме на луѓето како МОРААТ да изгледаат кога ќе остарат. Не мора да стави некој гунче за да му цвета во душата. Не ни е на сите претставата а староста иста. Меркел ја води Германија така што ние бараме работа таму, а не тие кај нас; Клинтон се кандидира за престедател на САД,; градоначалничка на Токио е еве убаво преку 60 ... Во цел свет НЕ МОРА да го отсвирала своето само затоа што е постара ... Мислете како сакате. И јас и Вие имаме право на сопствено мислење. Па и на полемика, додека е во границите на обична полемика. Пријатен ден.
Не гледам зошто ме цитираш. Ако сакаш да оставиш белег со свое мислење (билокакво), тогаш напиши си го и толку. Во кој мој пост имаш прочитано како треба да изгледа СТАР човек ?
Некој го фатил температура! Старост е тоа а не журка. Ако нејките да си остарите - земете пиштол и пресудете си. Молим лепо. Јас сакам да остарам и да се збрчкам на лицето. Тоа ќе покажи дека имам години и години позади мене и живот. Јас сакам да дочекам внуците да ми ги крадат и кријат наочарите за читање. Да заспивам од добро седење од старост ете онака на фотеља. Да дочекам во пензија да одам. И на крајот - да си заминам кај моите предци. Некој си нема друга работа па смислува нешто. Абе ајде
Добро, кога толку Ви пречи, нема да Ви коментирам ништо повеќе. Поготово нема да Ви предлагам да се самоубиете. Згрешив. Не се реплицира секому. Ќе налеташ на некој што вели: „Земи пиштол ..“ Ужас ! Не, повеќе сигурно нема да Ви коментирам ништо.
Колку само ме интересира дали се шминкаш, дали ставаш пудра, дали се негуваш со триста креми, заштитни фактори против сонце и др.....а не, не не..ти сакаш да имаш брчки, заборавив, сигурно ништо од овие работи не употребуваш. Ама ете, порди некои луѓе кои не сакаат да имаа збрчкана кожа, порзни коски, бела коса и др.старечки каракеристики, измислени се филери, ботокси, лифтинзи, козметичари, пластичари.....н и поред сите тие разни третмани неминовен неизбежен процес е стареењето кое никој не го сака, па дури не се ни обидуваат да размислат, да дискутираат....
Тоа си е дел од животот и ќе остарееме сакале или не. Си има свои предности и маани староста, некои коишто се здрави уживаат во својата пензија одат на екскурзија, на бањи, ги чуваат внуците, а некои пак коишто се многу болни неможат да уживаат во староста сакаат само да умрат да се спасат од маките. Ама како што е времето сега повеќето умираат млади неможат да ја дочекат староста.
Јас пак сметам дека се тоа нормално доаѓа и со тек на годините се гледаш се навикнуваш и се прифаќаш себе си таков каков што си. Стареењето не е "гром од ведро небо" како сликиве од бабава погоре па да некој се зачуди и му се згрози животот. Стареењето е бавен процес и настанува секојдневно по малку, што најреално со тек на месеците.. годините никој нема да се зачуди или да се згрози од сам себе си бидејки лека полека тој процес оди бавно и не баш видливо и проценувачко. Додека старееш, ти живееш, се смееш, плачеш, се нервираш и си среќен, изживуваш, доживуваш и преживуваш моменти низ животот непроценливи за било кого и целиот тој процес со тек на години кај човека би изгледал сасвим нормално и прифатливо. Не знам зошто мисли некој дека ќе се плаши од своите брчки кога тоа нема да биде ни најмалку така. Човек жив .. на се се навикнува.
Sekoe vreme si ima i si nosi svoi ubavini i baba mi i dedo mi se stari i majka mi i tatko mi stareat no mene mi se najubavi , samo zdravje da gi sluzi i da mozat sami za sebe da se grizat a jas , jas voopsto ne razmisluvam za starosta , stareenjeto, sigurna sum deka ke gi docekam spremno
Стареењето е неминовен процес кој постепено се случува и неопходен е како таков да се прифати без оглед на нашата храброст или страв. Се е надминливо кога знаеме дека нужно се случува. Животот носи убави и помалку достојни моменти за сеќавање кои имаме потреба да ги споделиме со некој. Наместо да размислуваме за убави и грди нешта подобро е да ги живееме деновите покрај оние што ни значат. Тогаш се е полесно, поедноставно и побрзо поминува. Утрата се сончеви и кога сонцето се затскрило зад облаците, оброкот е повкусен кога ќе го поделиме со другата половина, прошетките се порелаксирани кога има со кој да ги броиме чекорите, а ноќите пократки кога знаеме дека има со кој да го вдишуваме мирисот на перницата... Ако се прифатиме себе си какви што сме и ако научиме реално да разговараме за нашите потреби и промени треба да сфатиме дека меѓусебната поддршка, зрелоста и емоциите низ годините се посилни и од најдлобоката старост.
Мислам дека поголем страв од брчките, е стравот од неминовниот крај што се ближи Кога заминуваа бабите и дедовците,си викате така требало да биде,ама кога ќе почнат мајка,татко,братучеди,братучедки,зетовци,си викаш,опс....ние сме на ред
Стареењето тебе ти е морбидно или темата не ти се допаѓа или имаш елискир за вечна младост....Не разумем у чему је проблем?