Jas sum mlada imam 26 god i nesakam da razmisluvam za starosta. koga ke dojde togas, a mislam deka io drugite ne treba da razmisluvaat. Vie baba rada kolku godini imate?
Не знам ни сама зошто се мешам во темава ама јас да посочам еден пример. Се работи за 70 годишна жена, Американка, се вика Сузан. Ја имав честа да ја запознаам ова лето и да поминам 7 дена со неа на камп. Имаше толку многу енергија, скокаше, пееше, играше, таа ни предаваше јога, значи страшно флексибилна, и воопшто не се разликуваше од помладите од неа, дури ако смеам да кажам, беше поактивна од сите нас. Не само физички, како што кажав, постојано беше весела и расположена. Така што, дефинитивно не е до годините, секако, беше збрчкана, ама тоа не ни пречеше ни најмалку, а ниту нејзе не и' пречеше. Вистински и' се восхитувам.
Сега ме викат дада, после тета па баба. Дали ми е стра да остарам - да, ама ете се помирувам дека е неминовен процес. Денес дур бев на пракса и си работам едно исто и си летам со паметот си мислам како еден ден ќе имам деца и тие ќе си најдат некој и ќе си заминат од дома и наеднаш јас ќе имам дом, ќе имам среќни деца и дека баш тогаш ќе почни животот за мене, малку работа, малку поќе пари ќе останат, посета до кај нив за викенди (зборам во идеална ситуација де ) и некако изгледа баш убо. Примамливо.
Староста е трето животно доба. Неминовен процес во животот на човекот. Не се плашам, како за сите така и за мене. Никој не се подмладува - сите одиме натаму. Брчките и физичкиот изглед не се и некој проблем во споредба со неподвижноста, дел од мозочната неактивност, ред други болести или затајување на било кој орган.
Грдо е. И јас не би сакала да остарам. Колку и да си природно убава и младолика, кога-тогаш ќе те стаса Во една тема си пишав желба, кога ќе дојдам до 28-29 години, да престанам да стареам и така, да го задржам тој изглед и на 80 Доживотно. И душата би ја продала за тоа
Не е страшно што староста ќе не` збрчка, страшно е што МЛАДОСТА трае МНОГУ кратко. Е, тоа е страшно. Прочитав тука коментари од стилот: па што, дечковци ли ќе бркате на стари години. Бркаат, има случаи, ама боли фактот што имаме само неколку години за да го правиме тоа. И сметам дека е навистина пребрзо... Годините откако созреваш и почнуваш да уживаш со полни гради во животот и почетокот на возрасното доба се ПРЕМАЛКУ!!!
Е богами. Секој пат штом подзаборавам нешто, ладна пот ме облева дека готово... сенилноста ми напредува. После ми текне, па таквија рабоќе..јас и во цутот на младоста не ги паметев. Шала на страна. Не ме тревожи брчка, смрт... ме тревожи помислата дека некој убав сончев ден, можеби не ќе сум способна да се грижам за себе,нема да знам ни која сум. Ќе мислам сум мушичка, а јас жаба. Таква старост не сакам да доживеам.
Стареењето не е толку страшно,како што е страшно,што ќе донесе староста,болест,самотија и ред други работи
Стареењето не е грдо ако си го проживеал животот. Ако си оставил нешто после тебе, творел со љубов. Грдо е да остариш и да погледнеш назад, празен живот. Тогаш следува каење, затоа што не сме биле тоа што сме сакале, сме стоеле исплашени во позадина, не сме биле похрабри, не сме напредувале за да не го нарушиме комфорот, не сме ја одржале љубовта со партнерот, децата сме ги ставиле во незавидна положба и слично. Животот е кога ќе погледнеш назад што гледаш, ако не гледаш ништо под итно да го смениш тоа.
Јас имам страв само од физичка манифестација на староста. Другото се зависи од самиот поединец, кој како ќе си ја нареди. Штом е нештото во мои раце, лесно е, нема причина за плашење или каење.
Луѓето кои имаат вакво мислење за стареењето и кои посакуваат да останат вечно млади и убави, дефинитивно имаат големи предиспозиции да развијат DGS ( Dorian Gray Syndrome ) кој означува културен и општествен феномен кој се карактеризира со екстремна гордост на личноста со неговиот личен изглед и погодноста на фигурата , придрушена со потешкотии во справувањето со барањата на психичко создревање и со стареење на телото. DGS најчесто се поврзува со тријада на симптоми кои се преклопуваат , и така се комбинираат дијагностички знаци на дизморфофобија, нарцистички карактерни црти и незрелоста на уапсен/стопиран развој. За да се зачува младоста, личноста која страда од DGS има тенденција на консумира козметички производи и услуги, процедури за реставрација на коса, анти-импотентни дроги и козметичка хирургија. Терминот ,, синдромот на Доријан Греј,, се однесува на главниот лик на романот Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд (1891) , исклучително млад и убав човек чиј хедонизам и прекумерено самољубие се покажуваат одлучувачки за личните, социјалните и емоционалните аспекти од неговиот живот, и кој се обидел да избега од пустошењето на времето и неговиот сопствен декаден животен стил со тоа што имал натприроден портрет од самиот себеси да старее наместо него. Инаку, дијагностичките критериуми за синдромот на Доријан Греј се: - знаци на дизморфофобија - стопиран развој (неспособност да се созрее) - користење на најмалку две различни медицински продукти и услуги: * реставрација на растот на косата * ,,антидипосита,, (антидебелина) за губење на тежина * лекови против импотенција * анти-депресивни лекови * козметичка дерматологија * козметичка хирургија
Мислам дека нема потреба од поставување дијагнози. Да не се лажеме. Сите вие, кога би биле во можност да бирате, никој не би се одлучил да проседе, да се збрчка, да ја изгуби еластичноста и подвижноста, организмот да му откажува функции. Секој од нас би избрал животот да го помине во младо тело. Стравот од стареење е само еден израз на човечки бунт кон нештата врз кои се нема контрола. Да не била таа волја да се исконтролира природата, денес би биле лишени и од медицински, и од технолошки достигнувања.
Староста е грда во очите на младите ист како што е луда младоста во очите на возрасните. Не е се во физичиот изглед и во затегнатата кожа, исто како што младоста си има своја убавина така и староста си има свои убавини. Она што најмногу ги плаши лугето кога е староста во прашање тоа е смртта, затоа што смртта е една голема непознаница за лугето, кога ќе се ослободите од тој страв ќе сфатите колку и староста може да биде убава и си има свои посебности. Староста носи мудрост, младост сила, е сега кога би можело тие две да се спојат би било идеално ама реално не е можно и мора да се помириме со тоа и да уживаме во секој миг од животот. Замислете која среќа е да доживеете да имате внуци да растат покрај вас да им се радувате секој ден..... прегратката на тие мали суштества има псебна магичнна моќ која не се споредува со ништо, дури ниту со љубовта кон сопствените деца. Затоа не живејте во страв од староста туку уживајте во секој нов ден радувајте му се како да е последен, радувајте се на вашите најмили додека се до вас.... Не оптерестувајте се со разни глупости кои ви ги продаваат и кои наводно ќе ве подмладат а всушност имаат за цел само да ви ги земат парите. Кога Рокфелер кој смени 3 срца и пак умре на 100 години иако имаше пари да купи било што на светот а има луге од село кои нема куче за што да ги касне и па живат исто, така да живејте го овоземниот живот онолку колку што ви одредил бог иако понекогаш не ги разбираме неговите мерки како некој зол човек живее 80-90 год а некој кој на мравка не гази на 40 го зема бог при себе, но тој е семоќен и тој најдобро знае зошто го прави тоа. Правете добри дела, подарете прошка и љубов дури и на оној кој не заслужува, ослободете го своето срце од злоба и своите мисли од лоши работи и само така ќе имате долг и среќен живот и бог ќе ги отвори рајските порти за вас кога за тоа ќе дојде време.