1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стареењето е многу грдо...

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 16 август 2016.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Тотално си во грешка.
    Само не реална особа или пореметена особа може да мисли такво нешто...како можам да мислам дека сум млада како девојќица кога колковите не даваат ни пет скали да искачиш а рацете ти се тресат и не можеш една чаша вода да испиеш без да истуриш?
     
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не да мислиш дека си млада девојка. Да не мислиш воопшто на тоа. Да се фокусираш на сегашноста и на убавите работи. Тоа сакаше да ти каже.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Robson

    Robson Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Spare me of the negativity.
    Твој живот, твој ум, живеј си го како ти е на тебе најлесно.
    Моето мислење е тоа погоре, нереално или пореметено мое си е и ми функционира.
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Па тоа е тоа, се додека си млад, се функционира...е кога ке остариш и ти ќе дрндаш вака исто ко мене:P
     
  5. Robson

    Robson Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Тешко веројатно. Научив да не го живеам минатото, зошто таму нема ништо за промена, завршено е тоа. Си го живеам моментот и денот и правам планови за блиската иднина. Мозокот е мускул како и секој друг во телото и подложен е на промени (доколку ти сакаш да до сториш тоа).
    Секое време си носи убави нешта и нема потреба од кукање и мрсење м..а како било порано, како сум изгледал и што се сум или сум можел да направам.
    Живеј за денес, за сега.
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    На Peperutce1115, RosettaStone, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Не е грдо ако знаеш да се носиш со тоа, сепак староста не ја одредуваат годините туку умот како прави да се доживуваме така ќе се осеќаме ене како дедоно на сликана.
     
    На Peperutce1115 и Robson им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Староста е дел од животниот процес кој претставува збир од акумулирани искуства, зрелост, способност и умешност за согледување и справување со ситуации. Се темели на индивидуален капацитет што се манифестира низ личните постапки. Годините се само број што секој го носи, а моментите се белег на времето што изминува и по кој се препознава различноста.
    Се е убаво во свое време, па и староста. Изгледот е минлив и не треба да загрижува.
    Нема грд период што не може да се надмине, освен ако некој не може да се носи со тежината на случувањата и продуцира темни мисли.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Odgovorov ti e epski! ❤️
     
  10. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Женски
    Секој различно го доживува стареењето.Но,се што треба да дојде ќе дојде во вистински момент.:)
     
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.678
    Допаѓања:
    7.502
    Пол:
    Женски
    Само здравјето,е важно
     
    На WildMk и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  12. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Да, пре би рекла ЛОШАТА ПСИХА Е МНОГУ ГРДА.
    Човек кој спие добро и го сака животот е среќен човек.
    Младоста и староста немаат врска со среќата.
    Познавам млади, а несреќни луѓе и обратно.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Грдо е.
    Ептен.
    Секоја година-две, нова болест се калеми.

    Треба многу пазење на здравјето, а ни пазев, ни пазам.
     
    На Cosmic Girl, Kasiopaja221, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    11.661
    Пол:
    Женски
    1649154538372-01.jpeg

    Мене повеќе ме плаши лошо ментално здравје од било што друго.
     
    На elimkd, WildMk, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    19.753
    Пол:
    Женски
    За кого како...
    Не би рекла дека за секого... Некој си знае како да си го живее животот и на 80 години некој не знае да го живее животот на 30, така да... Нема правила
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Не е само тоа.
    Како што рековме, здравјето.
    Со над 100кг можев да трчам, да правам ѕвезда... сега, едната нога ми е полупарализирана.
    И да сакам, не можам ни да одам ко шо треба, а не пак да трчам.
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Без разлика на животниот стил правилото е дека како си проаѓаат годините така си старее телото. На човекот му останува само да си го прифати тоа и да се прилагоди.
    @DaisyDoo не знам што е полошо, дали да ти е здрав мозокот а телото да не може да се носи и да се фрустрираш што физички си ограничен или да си физички во ред ама мозокот да те изневери..
    Нас професорите (по предметите кои ги слушавме на психијатрија) не учеа дека деменцијата е болест која се почесто ќе ја има во популацијата, заради зголемувањето на животниот век на човекот од една страна и напредокот на медицината во лечењето на заболувањата на другите системи во организмот, од друга страна.

    Или со други зборови, човекот живее денес подолго во просек, докторите можат денес успешно да те излечат од болести кои порано биле смртоносни, ама нервната клетка кога ќе умре не можеш да ја повратиш.
    Така што ако успееш да доживееш старост во релативно добро здравје, многу е веројатно дека ќе се соочиш со деменција како последица на стареењето.
    За да се успори стареењето на мозокот и да се избегне деменција, многу е битно да се продолжи со интелектуална активност и после 40, 50, 60 години. Ако нема интелектуална активност, мозокот после 60-тата побрзо страда.

    Уште во 90-те имаше една студија дека недостатокот на витамин Е во младоста (20-те години од животот) е во корелација со појава на деменција во староста. Некои состојки треба да се конзумираат со време. Е витамин на пр. има во јаткасти плодови. Дури мислам дека според студијата само мал грст јаткасти плодови во 20-те години од животот, ама секој ден, е доволен за превенција од деменција во старост.

    И за остеопороза има истражувања каде што беше најдена корелација помеѓу појавата на остеопороза кај жените по менопаузата и недоволно внесување калциум во исхраната помеѓу 16-20 години и во период на бременост. Значи битно е да не ти недостига калциум додека се укошчуваш и развиваш и додека си бремена, за превенција од остеопороза.
    А за жал многу девојчиња баш во таа тинејџерска возраст држат диети и се лишуваат од потребните витамини и минерали.
     
    На LuckyCharm, MilaSs12, DaisyDoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.243
    Пол:
    Женски
    Зашто толку глупав наслов? Знаете колку многу луѓе има што не успеале да ја доживеат староста? Јас мислам дека секој период од животот е убав.
     
    На Mentalna85 и Stark им се допаѓа ова.
  19. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Целиот живот е преполн парадокси и истиот бара инвестирање во здравјето за како би уживале во сите годишни времиња, барем ние во северната хемисфера знаеме колку есента и зимата знаат да бидат удобни и со магични пејсажи наоколу ако сме ги пречекале подготвени и во добра кондиција, и обратно, кога нешто не е во ред, ниту пролетта ни птиците можат да нѝ измамат насмевка..
    Инвестирање во севкупното здравје е она што го научив во 30 тите. Некој ќе рече, ехее колку вложувале па умреле од карцином.
    Да, ништо не е загарантирано, но, таков е животот во секој сегмент, и неизвесноста треба да ни е мотив да веруваме, како што веруваме дека и утре ќе се разбудиме и затоа живееме многумина од нас.
    Исто е и со староста и зимата.
    Мислам дека вреди да ја дочекаме подготвени и да не ја глорифицираме толку пролетта (младоста).
    Сите фази се убави со добро здравје и среќни околности !!!
    Вреди да се инвестира и верува дека и ние ќе имаме дел од нив.
    Поинаку што е животот?
    Заглавени во младоста и страдање по истата?
    Тоа е растројство!
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Слушај, ако во триесеттите не ја научиш лекцијата дека мора здравјето да си го негуваш и да се одржуваш, дека тоа не е губење време и пари, тогаш во четириесеттите сакал неќел ќе почнеш да учиш. :D

    Ништо не е загарантирано така е за се во животот. Но тоа не е оправдание да си работиш на штета на телото и здравјето, само да им зимаш, ништо да не им даваш, и да очекуваш за возврат долго и добро да те служат. И те како вреди да се инвестира!

    Многу жени имаат изјавено дека не биле најсреќни во 20-те зашто иако биле млади биле многу несигурни во себе, без свој јасно дефиниран идентитет, самокритични премногу, и дека најдобро им било баш во зрелото доба. Без разлика што телото и лицето не се толку младолики во 30-те и 40-те подобро се осеќале во нив него кога биле помлади, зашто веќе се реализирале, знаат што сакаат што не и како да дојдат до тоа, знаат што им стои што не, не се оптеретени со трендови, имаат свој изграден стил и свое јас и не се несигурни за изгледот како кога биле помлади. За искуството што е побогато и да не зборуваме..
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.