Не,не е грдо. Да старееш е убаво,да остариш уште поубаво.Не секој има можност да остари. Неубавото е ако остариш предвреме,од сите предизвици што животот ти ги наметнал,а не биле тој избор. Умешност е да се справиш со се што животот ти сервира,а горчи некогаш,многу горчи. Колку и да звучи нереално,си ја сакам секоја брчка и секоја лузна како знак дека живеев и живеам.
Абе првите 50 се најтешки, после е лесно 40-те се многу убава возраст, далеку од старост. За мене е многу.. како да се изразам.. liberating Многу искулирана возраст е ова.
Абе биди си ти песимист, ама немој да ми вадиш муабети дека на 40 сум стара. Јас стара, никад (Референца овде на Констракта и една песна шо ми излезе пред некој ден- зар ја да умрем? Па можда баш ја нечу) Сдк Џејн Сејмур- 69. Мајка ми има 69, па сега почнува да старее. Сакам и јас така Спојлер: Спојлер
Понекогаш знам да речам-едвај чекам староС. Мислејќи на 45+. не на старост од 89 год. Јас се замишљам ко Белучи за 10 год од сеа Само здравје сакам... се друго ќе е по терк
Вака ко ќе го кажиш, влева оптимизам. Ама нема да ме држи долго. Ти благодарам на трудот да ме опрајш
Па не дека е грозно, баш се душички старите лица, заедно со децата... ама кој би сакал да изгледа постаро од триес и нешо ако може да одбира? Никој. Доколку некад биде пронајден метод за целосно подмладување, тој ден ќе биде празник за човештвото. Јас не би сакала да остарам. Сакам секад да го задржам детскиов лик, па макар и да не доживеам старост.
Не мислам дека е грдо. Секоја доба од животот си има предности и недостатоци. Баш сакам да се видам и во тие години, да видам како е. Не ме плаши стареењето, идеме до 101 и назад.
После 40 ќе почнам да се бедирам сигурно Нема да сум млада, витка, брза, еластична, спремна како сега.