1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Старомодна љубов - да или не?

Дискусија во 'Врски' започната од neimenuvana, 28 октомври 2015.

  1. neimenuvana

    neimenuvana Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Во овој свет на социјални мрежи, месенџери, инстаграми, твитери, скајпови и што се не ќе излезе во следниве неколку месеци, врските се повеќе и повеќе натежнуваат кон комуникација преку интернет, кој што кому 'лајкнал', сечење и лепење на нашите пораки одново и одново за тие да зазвучат како нешто што би и се допаднало на нашата симпатија, љубов, партнер и така натаму, и се губи суштинското на љубовта.

    Меѓу младината (јас како средношколка, доста многу забележувам како се развива љубовниот свет околу мене) не е веќе важно дали со некого имаш теми за зборување или пак навистина ти се допаѓа како личност -- се повеќе се сведува на колку добро или прифатливо изгледа и кое му е друштвото. Додворувањето е веќе само едно сувопарно "Сакаш да се лапаме?" кое дури може и да биде договорено од страна на некој трет, четврт и да не зборам.

    Па тука доаѓа и темата на оваа тема (хехе), што имате да кажете:
    • Дали порано додворувањето, освојувањето и врските имале поголема длабочина и важност од оние денес?
    • Дали би сакале некој Вам да ви се додворува на 'старомоден' начин, со долги конверзации во живо, цвеќиња, состаноци, и тек после период време да ја започнете вашата врска?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Луѓето им оддаваат преголема важност на социјалните мрежи, а потоа откако ќе им дојде јајцето на задницата - кукаат, туфкаат и пцујат нешто сосема небитно и неодговорно за нивната вина.
    Најверојатно тоа им е утеха и прибежиште од суштинскиот проблем - нападот е секогаш најдобрата одбрана.

    Кажав претходно во една друга тема - не се криви Фејсбук и Инстаграм ако ви се распадне врската од х-причини „поврзани“ со нив и не треба да ја барате вината во нешто друго, самите сте криви за вашите постапки. И не, не ви е крив фејсбук ако вашиот дечко или самите вие не знаете до каде е онаа црвена линија која не треба да се помине.

    Што се однесува до прашањата - не, не мислам дека врската на мајка ми и татко ми или онаа на баба ми и дедо ми е нешто позначајна од мојата која ја имам и градам со партнерот.
    Не знам зошто луѓето се лажат по оние јавно прикажувани тин-врски кај незрелите аздисани тинејџерчиња (или оние кои се чувствуваат така), па убедени се дека нормални и ненапумпани врски не постојат во денешно време. Јас познавам мал милион такви прекрасни врски кои одамна го надминале тоа ниво и прераснале во нешто суштинско и несекојдневно.

    И денес постојат зрели и квалитетни врски, во кои љубовта не се мери во добиените лајкови и срциња по социјалните мрежи и врски кои не се сервираат до најситен детал на пошироката јавност.
    Сепак сметам дека зрелоста е најбитниот фактор за остварување на длабока и квалитетна врска помеѓу двајца партнери, а со таа особина не можат да се пофалат погоре повиканите типови на луѓе, па ова е тоа кое ја „мати водата“ секогаш.

    Јас карактерно важам за романтичар, но не сум романтична личност, затоа што во најголем број случаи романтичните испади прикажани на филмското платно или во книгите на Гијом Мисо, Спаркс и ним сличните, ми се благо патетични и ете не би сакала да бидам во таква врска во која летаат срциња од романтики, не се пронаоѓам - тоа не сум јас.
    А гестовите како отварање/придржување врата, цвеќе подарено без или со повод и ред други, повеќе ми претставуваат репер за нечија култура отколку сето останато поврзано со романтики.
     
    На crazylady, Avery, Marossa и 12 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Го делам ставот со @Mishela само да додадам по "упростено" дека ако не сакате да се замарате со технологија и социјални мрежи тогаш зошто посегнувате по тоа?! Никој не ви ставил пиштол на чело. Не користите и готово.
     
    На crazylady, Giovanna, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  4. neimenuvana

    neimenuvana Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    @vitamina @Mishela

    Оваа тема не беше напад кон социјалните мрежи. Можеби не се искажав добро, па затоа не се разбравме... Се согласувам со твоето мислењето за тоа дека постојат голем број врски кои се прекрасни и се се` што една врска треба да биде.
    Целта на оваа тема ми беше токму зрелоста, и за тоа како социјалните мрежи им даваат платформа на оние недозреаните да создаваат 'врски' на возраст од 11 години. Зборот 'старомодна' го искористив за да го прикажам времето кога првата врска била на 15-16 години, а не на 11.

    Не ги нападнав социјалните мрежи како платформа која овозможува конекција и различен вид на забава, напротив и јас ги користам и навистина се корисни. Намерата ми беше да ја прикажам врската меѓу децата кои мислат дека се созреани и социјалните мрежи кои ги користат за да си ја прикажуваат својата 'врска' на светот. Уште едно извинување, не ги нападнав ни сегашните врски кои се темелат на меѓусебно разбирање, во кои се вклучени социјалните мрежи и функционираат одлично без разлика на тоа.

    Со прашањето 'Дали порано врските им биле позначајни' сакав да прашам, дали ако социјалните мрежи не се вклучени во оваа равенка, ќе има толку многу буквално деца кои го идеализираат поимот врска и скокаат кон секоја можност за нешто такво, притоа не разбирајќи што една врска треба да значи и како треба да се однесуваат.

    Сепак, секој со своето мислење, и не сакам да започнам караница воошто :)
     
    На martine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Кaкo бе тaкa -сaкaш дa се лaпaме?
    Еееее децa, вo нaше време кoлку беше убaвo. Предигрaтa е дa не претерaм aмa нaјубaвиoт дел oд еднa врскa. Гледaње, меркaње oд стрaнa, пa тoлкувaње знaци дaли му се свиѓaм или не, пa мaлку тoплo лaднo, мaлку љубoмoрa, прaшувaње другaри oдoкoлу... Дури стигнеш дo лaпaње или врскa месеци ќе пoминaт вo фaнтaзирaње нaвечер сo пеперутки вo стoмaк. Мерaци.
    Не знaм кaкo е денес, aмa aкo е се премнoгу директнo и пребрзo, не знaм, не би мoжелa вo oвa време.
     
    На crazylady, Tanjamm, PinkGirl* и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    За мене, старомодна врска е онаа од времето на баба ми и дедо ми, кога се запознавале по игранки.
    Не ги сметам за старомодни врски оние кои започнале на 16, затоа што во повеќето случаи, не се тоа врски во вистинска смисла, зашто поимот „врска“ не означува само лапање, држење за рака и секс во сите можни пози.

    Не можеш да кажеш за таквата врска која почнала во средношколските денови дека е старомодна, ама те сфатив што сакаш да кажеш со тој поим, иако истиот не го означува тоа што го мислиш, @neimenuvana.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.984
    Абе @Bridget сега тоа наметнува па и неколку прашања.
    Зборуваме за озбилно или за класично сексање?

    Јас не сум знаела како да реагирам на романтика, па така и со дм немавме некое не знам флертување и паѓање во несвест (иако е тој така, лигава душичка да си признаам кога е љубов во прашање), ама ако станува збор за сексање, чему додворување?
    Времето е пари ;)
    Ондак јас сум генерација со баба ти :D
    Јас средно, тој средно, абе љубав!


    Старомодно е за мене - тато носи, мама меси, глава на куќа, и тако даље. Па ќе му кажеш - втор си ми. Па ќе му глумиш неискусна. Па ќе трпиш малце љубомора, а ќе се радуваш ако некој рандом лик си го добие по фаца што те погледнал. И ќе си викаш - мора да е љубов, чим толку се плаши да не ме изгуби.

    Е ако сакаш хард кор да бидеш, можеш и со “стопане“ да му се обраќаш. И да бараш од другарките Милеица да те викаат (под претпоставка тој Миле да се вика..) :mm:
     
    Последна измена: 28 октомври 2015
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    По ова, дури и јас треба да бидам генерација на баба ми и да дознаам дека сама себе сум си мајка, ама за тоа друг пат. :lol:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Јас се сеќавам дека неодамна дискутиравме баш за ваква тема како оваа, значи темата е дупла.
    И јас пак ќе ти кажам ако ти сметаш дека тоа не е во ред и перципираш поразлично тогаш барај си партнер според твоите критериуми.

    И јас не се согласувам со овој муабет што го вртиш, но да разглабувањето сепак е индивидуален поим овде. Секој со своите желби и критериуми нели.

    Види вака, луѓето се менуваат,светот се менува, универзумот и све друго живо и не живо,да така сето ова е нормално. На пример, пред едно 20 години и више луѓето живееле така, имало и позитивности и брзброј негативности, сега пример се живее вака и горенаведеното има исто значење и денес.
    Значи нзс?!
    Животот оди напред и се се менува, буквално се, тоа е всушност и логиката на ова прашање, значи поимот за живот е да одиме на пред и да менуваме. А верувај никогаш нема да биде перфектно бидејки "перфектноста" не постои и нема да постои, секогаш ќе има и добри и лоши страни. Животот е буквално една "монета".

    Да така јас, ти и соте останати ќе си живееме онака како што нам ни е кејф, ако сакам ќе дремам на телефон на комјутер,ако не сакам нема да дремам, секој си го крои сопствениот живот според неговите желби и перцепции.
     
    На Sanjichka007, Dreams11, neimenuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Секој го живее животот според сопствените потреби, размислувања и перцепции.
    Постоењето и енормната употреба на социјалните мрежи е индивидуален избор. Некогашните и денешните врски нормално е да се разликуваат затоа што се менуваат животните придобивки. Фактот што во минатотот запознавањето и средбите меѓу партнерите се одвивал на поинаков начин за разлика од денешниот, не значи дека квалитетните врски базирани на разбирање, љубов и толеранција замреле и се старомодни. И денес има емотивно зрели луѓе со јасни и сериозни ставови за своите погледи и избор на партнер кои живеат во реалноста наспрема виртуелното споделување на патетична романтика.
    Можеби се вбројувам во раритетната група граѓани без личен Фб-профил, но не чувствувам дека нешто посебно ми недостасува. Не сум поборник на романтичарските гестови и несфатливи ми се модерните "срцепарателни изјави" извикани во име на "вистинската љубов". Сакам и пружам внимание без некаков повод и таквите моменти ми се најискрени како еден вид на поучна лекција што ја учев низ годините од брачното искуство на моите родители. Културните придобивки се нешто што е одлика на една индивидуа наспрема сервираната трогателност во предмети за големината на емоциите јавно споделена.
     
    На VladeMila и Victorian им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Staromodni vrski as in na 15-18 godishna vozrast da zapochnesh vrska so tvojot iden soprug i cel zhivot zaedno?

    Znachi NE.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе ја сакам љубовта од старите времиња, била поискрена, а особено серенадите ми се навистина нешто слатко и убаво. :)
     
    На Црвче му/ѝ се допаѓа ова.