Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Статусот на туристичките аранжмани за време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од *Ива, 21 април 2020.

  1. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Здраво, дали некој е запознаен со законите, како е средено тоа со ваучерите бидејќи ние имавме уплатено за Санторини за Велигден пред година и пол но со оглед на ситуацијата со короната не сакаме сега да патуваме во Грција или било каде надвор од државата, во агенцијата каде што имавме уплатено имаат аранжмани за во Охрид но не условуваат дека морало да одиме во Грција и тоа ни дадоа избор само во 4-5 вили кои се под нивни закуп во Лептокарија и на уште едно место не се сеќавам кое беше мислам дека е Врахос, на друго место не можело.
    Дали смеат така да не условуваат, каде можиме да се обратиме за помош ? Прашав во пазарен инспекторат ми рекоа дека мислат дека не смејат така да прават од агенцијата и да напишам пријава, да ги пријавам, па тие ќе виделе што можеле да направат, но не сакам на таков начин да се реши проблемот... И прво сакам со сигурност да знам дали од агенцијата имаат право да не условуваат или треба да ни дозволат ваучерот да го користиме за каде сакаме ( на пример за Охрид од нивните сегашни понуди што ги имаат ) ...
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Ваучерот ви е за ист тип на аранжман каков што сте имале уплатено претходно и во државата за каде сте имале уплатено.

    Јас мислам дека доколку имаат аранжаман за Санторини, ваучерот мора да ви го важат и да не ве условуваат (освен доплата ако е потребна), независно од периодот во кој сакате да патувате (секако пред 31.12.2021).
     
  3. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Од инспекторатот ми рекоа дека тоа што кажуваат туристичките агенции дека морало од ист тип и во иста држава си го измислиле самите агенции, со уредбата од државата за ваучери такво нешто не било напоменато, но и тие не ми делуваа како целосно да ги знат законите т.е. како законите да не се точно дефинирани. Од агенцијата имаат во септември за Санторини, за каде што имавме уплатено, но како што кажав ние кога уплативме немаше корона, сега има и ние не сакаме да патуваме надвор од државата, а не сме ни во можност. Мислам дека навистина не е фер да не условуваат да одиме баш во Грција, ние кога го потпишавме договорот условите беа сосем поинакви и таму пишува дека доколку агенцијата ми го откаже патувањето треба да ме обештети. Јас разбирам дека и тие претрпеа огромни загуби, но не сум ни јас крива што се случи пандемијата па сега да ме условуваст да одам баш во Грција или Санторини или во тие неколку нивни вили во Лептокарија. Јас не барам парите да ми ги вратат, но да го искористам ваучерот за една од нивните понуди коишто се во Македонија..
    Тоа ме интересира каде можи да се прочита кој може да каже како се законите, ако навистина законот- уредбата од државата за во врска со ваучерите е дека МОРА ДА СЕ ИСКОРИСТИ во истата држава и ист тип на аранжман, во ред, за жал тогаш во тој случај ќе ми пропадни ваучерот, но јас такво нешто освен од агенциите што кажуваат немам прочитано нигде, и никој не знае да ми кажи точно, а во уредбата од државата што е во службен весник само пишува дека треба да издадат ваучери и истите до крајот на 31.12.21 да се искористат и дека треба по договор со агенцијата и корисникот, за дестинација, времетрање на аранжманот. итн
     
  4. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    И исто да напоменам дека во вредносниот ваучер што ми го дадоа од агенцијата пишува : " Имателот на овој ваучер може истиот да го замени за следниве услуги : ЕКСКУРЗИИ ИЛИ ЛЕТНИ АРАНЖМАНИ каде носител е Т.А ( и името на агенцијата, не е битно ) .......
    Јас на нивната страна во категоријата ЛЕТНИ АРАНЖМАНИ најдов понуди за хотели во Охрид, па дури и според нивниот опис во ваучерот можи да одберам понуда за Охрид.. Во меѓувреме можеби тие се премислиа, повеќе му се исплаќа да одам во Грција, па кажуваат морало таму...