Камелија, сите ние сме способни да имаме било што со други, да креираме и создаваме. Никој не добива гаранција за бракот. Многу се сакале со години, ама во еден момент нешто пукнало. Па повторно љубеле и биле љубени во втор брак или трет. После 10 години од сега ако добие желба за дете.. колку и да ни е тешко, пак не можеме да обвинуваме оти чувство е, инстинкт е.. и може да се развие независно од претходната одлука. Тој инстинкт и таа емоција не се развиваат намерно или за инат од партнерот. Едноставно.. се случува. Пак ќе кажам. Дај боже никој да не се најде во таква ситуација, оти што и да кажеме сигурно е далеку од лесна за поднесување. Да даде Господ дете, на сите што сакаат да се остварат како родители, а на сите други трпение и услишување на молитвите.
Децата треба да бидат на прво место, ама откако ќе бидат создадени на овој свет. Деца и онака би имала само по инсистирање на партнер, инаку немам желба да раѓам, не го гледам мајчинството како најголемо остварување во женскиот живот или како и да беше, дрн дрн јариња, па следствено на тоа, не би се развела поради стерилитет на брачен партнер. Но, знам дека постојат луѓе кои размислуваат поинаку. Ако јас немам мерак за деца, некој па за тоа живее. Нивна работа. А лично, не би ни започнала нешто со некој кого не сум го довела до степен да му бидам приоритет.
Вие со мажот ти не сте сакале биолошки деца туку сте со застарени свакања дека деца се добиваат само со секс. По ова изгледа дека сте во брак ради децата. Ме интересира дали ке имате љубов и добар брак кога децата ке тргнат по свој пат?
Исто и јас. И затоа не почнувам врска и се повлекувам на време ако забележам дека партнерот не може да се носи со багажот кој јас го носам. Јас покрај моите проблеми не сакам стрес дека може во секој момент дечкото или сопругот да ме остави. Тогаш подобро ми е сама. Затоа што фер треба да биде и за двајцата. Не е фер ако компромисите се еднострани.
За тоа ќе коментирам кога ќе дојде време. Секој има различни размислувања. Ако некој сака ин витро, јас не сакам. Ако некој сака да посвои, јас не сакам. И како што пиша @sjdgo некој живее за да има дете. А познавам и такви на кои не им е приоритет да имаат дете.
@SummerGirl бидејќи веќе си остварена како мајка ( и тоа природно, не вештачки ) би сакала да те прашам: Доколку имаше таков проблем да не можеше да имаш дете по " природен пат" ( што би рекла @manako1 со секс) , а мажот ти го сакаше барем трошка повеќе од сега , што ќе направеше?! Живо ме занима . Сто пати кажа дека не сакаш вештачко, не сакаш посвојување. Тоа во ред. Што ќе направеше ако во тебе беше проблемот , а маж ти очајно сака деца?
Уш Уште нешто, бидејќи живееме во лошо време би те прашала доколку недајбоже твоите деца имаат проблем со неплодност што би ги советувала (ако имаш керка и син)зетот и снаата? Остави ги моите се неплодни,поарно развод од инвитро или тогаш друга приказна.
Несакаш зошто веќе си родила дете. Да не си била во можност природно да родиш сигурно немаше вака да размислуваш. Тие што не се во можност и што очајно се борат со неплодност прашај ги како се чувствуваат.
Imene me interesira dali ke ti bide se isto ako utre zadutre tvoeto dete ima problem so neplodnost I zetot snaata saka da se razvedat
Зошто имала среќа да нема потреба од вештачко оплодување, затоа така збори. Да не можела по природен пат да дојде до дете, можеби дури и посвојување ќе и била добра опција. Ама лесно е вака да се збори. Некои работи не доаѓаат како ние што сакаме, и посебно кога се работи за добивање на дете не секој има можност да избере како сака, за жал.
Ин витро не сакам. Па сакаш деца, а тоа е еден од начините за добивање на сопствено дете кога не си во можност по природен пат. И тоа е дете, и тоа е дете. Срамота е ако размислуваш на друг начин и го потценуваш ин витрото како постапка која е и те како исцрпувачка како физички, така и ментално. Плус па ако треба да минуваш низ истото неколку пати за да дојдеш до посакуваниот успех - дете, кое не може секој да го добие со еднаш/два пати клецнување. Сите треба да бидеме благодарни на неговото постоење, бидејќи ако нам не ни затребало, можеби ќе му затреба на некој наш близок. Во однос на темата...не би оставила, ниту сакам да бидам оставена заради проблем со репродукција. Сакам складен брак од кој на полесниот или потешкиот пат ќе дојдат деца, а не деца кои ќе живеат во нескладен брак, ама битно ќе ги има. Целиот трнлив пат да се изоди години и години за да се добие дете мора да е фрустрирачко искуство кое и те како сигурно не е за благодарам што те снашло во животот, ама со љубов и почит меѓу партенирите верувам дека се е полесно. Не сме луѓето крпи, грабни ја, па фрли ја ако не брише убаво. Ако е така, тогаш таму љубов никогаш немало.
Cekaj ima ona deca ama dali ke ima vnucinja toa e znak prasalnik I dali ke gi sovetuva nejzinite decada ne pravat IVF ili da ne si posvojat znak prasalnik
Муабетов е ко бебенцата со ин витро да се компјутерски направени, моделирани во лабораторија и со тела одбрани по желба на пошироката фамилија, а не скроз нормални бебиња како сите останати. Ама добро, личен избор.
Ако ми се случи мене вакво нешто , не би се разведила доколку имам добар брак . Што знам ... Мене не би ми влијаело , но да знаете проблемот најмногу лежи кај оние безобразни љуџишта што немаат ниту осет ниту култура и кракаат : Ајде кога деца? Лелеее 3 години се заедно и немаат деца туфффф , којзнае што има правено предходно што не можи да остани трудна пуфффф , можи има предходно абортирано лелеее , нека ја остави и друга нека си најди со време , да не губат време и двајцата ... Евентуално некое бабиште од трето колено : А да ве носам кај една жена , гатат да видиме маџија да не ви напрал некој и итн... И сиве овие прости , глупави , муабети маваат во психа ако ги слушаш секојдневно и најчесто се разведуваат .... На парот сигурно не им е сеедно , но тоа е нивни проблем ...
Точно. Дм можеше лесно да отшета од животов кога не сакав да мочам без друштво. Кога за да влезам да се бањам, мораше да седи на шолја и да ми прави муабет. Кога во 5 сабајле му се јавував и плачев од страв. Кога ми ја миеше косата зошто јас - не можев. Кога седеше буден до ситни саати за да се увери дека спијам. Ни една единствена секунда не покажа колку му е тешко и мачно. Немаше девојка, имаше пациент. Можеше да си оди. Години подоцна, правам сама работи и повеќе од што сум правела пред да се разболам. Се' правеше за да ми биде подобро, својот живот не го живееше за да се грижи за мене, ми беше поддршка и веруваше во мене кога мислев дека е готово. Тоа? Тоа е поважно од се'. За мене барем. Бидејќи на него и на мојата докторка најбуквално им го должам животот. И јас би постапила исто. Не знам што да е проблемот. Према него не можам да бидам себична.
Па не го живееме животот за нив, туку за себе. Не е лесно кога слушаш коментари од страна, пошто нели сите гајлето ти го берат, ама ако некој дозволи тие коментари да му го диктираат животот и бракот, тогаш...не ни требало да дојде до тој брак.
Дaли би рoдиле дете, две или три, зaтoa штo тoa е oгрoмнa желбa нa вaшиoт пaртнер, нo вaшa вooпштo не? Не сaкaте децa, не се зaмислувaте кaкo мaјкa aмa ете зa желбa нa пaртнерoт? Кaкo гoлемите љубoви се спрaвувaaт сo вaкви ситуaции ме интересирa? Oстaвaaт мoжеби нa пoчетoк прoстoр дa фaктoрoт -време си гo нaпрaви свoетo и едниoт се предoмисли, aмa кaкo минувa време нa едниoт се пoвеќе му се згoлемувa желбaтa зa гoлемa фaмилијa a кaј другиoт рaсте aверзијaтa кoн истaтa. Штo тoгaш? @CameliaMiller мoжеби дa oдгoвoри?
Имам одговорено во соодветната тема, има баш тема за прашањево Ако не можат да најдат компромис, ќе се разделат. Тука не станува збор за болест, туку за личен избор, што е многу различно.