Знaчи љубoвтa истa е, гoлемa е, aмa мoжaт сепaк еден без друг и зa дoбрoтo нa двaјцaтa решaвaaт дa се рaзделaт. Е кaкo тaкa? Љубoвтa кoн себе и свoите интереси пoвaжнa е? Вo случaјoт сo стерилитет, истo гледaм, зoштo дa не гo "oслoбoдиш" пaртнерoт зa негoвo дoбрo? Упс, зaтoa штo тебе ти е вo интерес дa гo имaш дo себе.
Па нема да го "ослободам" во ниту еден случај Како се прави компромис со некој што физички нешто не може да направи? Инаку, јас во животецов немам видено ни чуено за некои кои баш се развеле оти едниот не сакал деца. Обично тие што знаат дека не сакаат деца и се на чисто со себе, многу рано во врската тоа и го кажуваат. И не можеш да споредиш личен избор и болест. Затоа што не е споредливо.
Физички дали можеш, не можеш, сакаш, не сакаш, крајниот исход е ист. Голема љубов се разделува заради пречка. Во првиот случај така едноставно и ноншалантно со -разумен компромис, а во вториот дрва и камења и клетви и солзи. Зошто не ми е јасно толкава разлика во сфаќање? Јас пак немам чуено за брачен пар што нема деца оти не сака, ваљда оти Балкан е па нема многу двоумење по тоа прашање. Ама и ова е тотално небитно. Не можам да разберам едноставно, во првиот случај здрава си, права си, можеш три деца да ми родиш ама не сакаш и си заминуваш и покрај нашата огромна љубов, а во вториот случај не можеш да ми родиш три деца ама не си одиш туку фрлаш камења по мене? Баш поради тоа што не е болест во прашање туку избор, не треба да избереш да го направиш среќен партнерот, кога веќе можеш? Ова и за двајцата важи. Исто како што во вториот случај, очекуваш тој да остане со тебе и да те направи среќна, и покрај тоа што желбата не му е исполнета.
Јас ја објаснив разликата во мои очи, а за сакам - не сакам, може во соодветната тема. И можеш еве таму да ми кажеш што ти би направила ако очајно сакаш второ дете, ама маж ти не сака/не може. Ти живееш за да имаш две деца, ама тој не сака или не може. Нели, сеедно кое од овие две.
Не знам, со такви проблеми не сме се соочиле, а и второ дете веројатно не е исто како имање/немање деца. Во обзир треба да го земеш и детето што веќе го имаш, не само твоите лични чувства и потреби.
Спојлер: Уште тера темава? Се тек на време страшно се менуваат приоритетите на луѓето. Кога ќе ги гледаш твоите врсници и врснички како им се раѓаат деца, прават крштевки, те потекуваат на фб со слики, па им заучило детето во школо... Ќе те копка нешто. А ако и тогаш ништо, тогаш биди сигурна, Камелија, пошто си најупорна, дека ќе осетиш нешто кога нивните деца ќе се мажат/женат и ќе почнат да раѓаат деца. Ќе ти текне дека немаш што да оставиш после тебе, нема деца и внуци што ќе ја продолжат лозата. Ќе нема ни кој да ти дојде на гроб ко ќе умреш, а ни кој да те посети ко ќе остареш.
Јас на темава не прочитав некој да напише дека не сака да има деца. Ти прочита па вакви неумесни и "тешки" коментари оставаш?! Или да се пишело само ..... Овде се збори за стерилитет. Ти знаеш воопшто што е тоа?!
Колку луѓе има со по 2-3 деца чии гробови се обраснати со тревишта, непосетени со години. Колку луѓе со деца има легнати болни, а децата па баш ги брига и затоа старите немоќни сами се влечат по болничите врати. Колку груба генерализација, а се е толку индивидуално. Ајде тие што немаат деца живи да ги закопаме млади, оти кога ќе се стари ќе нема кој да ги погледне! Гробишта...абе ако животот не ми чини дури сум жива, може и цел свет после да ми се собере на гробот, мене џабе ќе ми биде!
Поентата ми е дека децата е побитни од партнерот. Ако има исклучот од правилото дали тоа значи дека правилото не постои? Маж или жена може да се смени. Статусот мајка/татко е траен.
Се разбира, тоа е само мое мислење. Од тоа што јас го гледам има подобри шанси да имаш некој кога ќе остареш ако имаш деца.
А која е " поентата " ако ми е битен партнерот , ама деца не можам да му родам?! Жива да влезам во гроб , па тој да може да ми дојде , дека деца немам.. @Anon
Има гледачки за пари. Ќе им ја даваш пензијата и ќе си ја купуваш нивната помош. @Bubce38 , не влегувај жива без врска, деца е работата да те плакаат, не маж.
Стерилитетот е сосема легитимна причина за развод - исто како што е и болест на едниот партнер, исто како што се и мал милион други сериозни или банални причини - всушност, секоја причина е легитимна, се’ додека претставува реален и нерешлив проблем за еден од партнерите. Дали е фер? Не. Дали е сурово? Можеби. Но и тоа е подобро отколку некој да остане со партнерот само поради грижа на совест, а свесно или несвесно да му префрла, да го обвинува и да го презира поради тоа.
Ах бе Анон, и нашиве генерации +/- (20-25 год.) веќе гледаме врсници и врснички во црква и матично, па и по некое дете... и шо сеа? Да, се менуваат приоритетите, ама ако клучно во тоа е што прават другите и со кое темпо ги гледаш на фб дека им иде животниот стил - тешко тебе... Истото важи и за муабетите „што ќе кажат другите“... Да, болат, иритираат и влијаат на психа - ама ако се пресудни да раскинеш брак, пак се сведува на тоа дека љубовта не била доволно силна. Ич не ти е зрел муабетот, иако си самоуверен у спротивното.
Ама не верувам дека постојат луѓе што остануваат со партнерот од сожалување или за да нема грижа на совест зошто го оставил поради проблемот. Заедно се борат и гледаат да го решат, а ако неможе да се реши тогаш одат на опција посвојување и заедно го поминуваат животот. Зборам за луѓето што ги знам, а познавам повеќе парови што се борат или бореле на времето со проблемов.
Па ако од муабетот ти само тоа го заклучи, тогаш ок. Еве ја Камелија сега потресена ќе глуми, а сама кажа дека е ок да се разидат партнерите ако не се согласуваат на тема -дете.