Ако јас имам проблем со стерилност, и со мажот имаме 5 неуспешни инвитра до сега, на кој начин не се согласуваме на темата имање дете?
Ама тоа е сосема друг муабет. Тоа е избор, како и милион други големи работи во една врска/брак. И тука партнерите се разидуваат со мислењата, што е во крајност различно од тоа да имаат иста желба и мислења, а да не успеваат.
Едно е да имаат различен став по тема дете, а друго е стерелитет. Во добро и зло ви текнува? Не као се одлучил некој да биде стерилен. Не е избор. Вистинска конекција и љубов нема да подлегне на невољата. Секогаш има начини. А за ставови околу сакам не сакам дете се прави уште во врска. И е дил брејкер, на ниво на став се разидуваат и тоа е тоа. Сте ја помешале ептен работата... Или она мислење со ин витрото. Мислам... мислам дека некои луѓе треба во пештера са живеат уште... Свашта... Ма и свашта се нарекува љубов на денешницава... Вие како сакате мислете си и терајте си дека релевантен и скроз ок е... ама тоа не е љубов и тоа била празна врска. Зошто не се поврзуваме само за расплод ет фрст плејс и дете не е само рационална одлука, туку треба да се има љубов за тоа. Појезиво ми е ТЕХНИЧКИ ДОБРО изонадени партнери кои створиле дете без ништо или привиднп взаемно... но не некој не сакал ин витро...а нивното дете е повештачко од она од ин витро... пошо ќе се остават ако не би можеле деца да имаат.
Ќе го оставев. Веќе имам пишано. Кога го прашав дали би бил со мене доколку не можам да му родам дете, он рече Не. Сме се нашле на иста бранова должина.
Дм да го цитирам - со тебе сакам животот да го поминам, а децата се само надополнување на нашата љубов. Ако не може не сакам со ниту една друга. Истото го размислувам и јас. Многу површни глупости се изначитав. И себични! Сешто се пишува се дур вас не ви се случува. Дм прашува од што да го ослободиш партнерот? Не е мало дете, возрасен и свесен за своите постапки е. Дури глупо е да се дискутира на оваа тема кога има толку многу начино денес. Пак ќе речам - ако е причина за развод имало сериозен недостаток на љубов.
Абе дечко ми та дечко ми, ги знаеме сите муабетите пред брак, умирам за тебе, после тебе потоп, ти болна јас уште поболен...сите сме биле така де, немате само вие сега дечковци. И не ја негирам љубовта отпосле, после 10 години може уште позаљубени да сте ама може и не. И кој не рекол -во добро и зло, рекол и оној што отпосле изневерил, и оној што отпосле кренал рака на партнерот и оној што се однесува кон него како да не постои. Рекле и биле убедени во истотото. Се менуваат многу работи, па опсесивно држење до партнерот и тоа што рекол -во добро и зло пред 10 или 20 години дури еден куп работи се смениле и очигледно некој е несреќен, па не е ок. И еве темата е доказ дека многумина не би оставиле партнер заради ова па зошто страв дека ќе останат без љубов и без брак? Ама оној што решил да остави не треба според мене да е нападнат и да му се суди. Ете нека не е љубовта доволно голема (абе сите инаку имаме турски верзии на љубов) и затоа развод. Не е ок?
Тогаш треба да си каже човекот не те сакам повеќе заради ова и ова, а не да се крие позади проблемите со забременување и истите да му се изговор пред вистинските причини за развод. Јас би била посреќна вака. А не, сме се истормозиле по инсеминации, инвитра, чуда и ај чао. Не е човечки. Ако тој некој е човек, нормално.
Епа да речеме океј е швалерај. Што има да му судиме. Не добил нешто од партнерот. Сексот не му чини. Лош е ручекот. Абе ајде. Санки нашево судење ќе го преобрати себичњакот и ќе се премисли. Јас таков "рационален" маж не сакам.
Не можеш да девалвираш ничиј однос ако не ја знаеш целата приказна во позадина. Ако зборувам за својата врска она кое го истрпела не го истрпеле и некои со 40 години брак. Одамна сме поминале полетна фаза. Како знаеш дека е од страв дека ќе останат без љубов или без брак? Па според ваквите ставови тука да ти кажам право само им ги потврдувате стравовите дека ќе останат без љубов и без брак дека се физички неподобни за деца. Тоа е толку примитивно. Во племенските заедници го има ова за бездетните жени. Муабетов е со наследните болести. А што ако па овој што сака деца носи дефектни гени? М?! И сеа... себичен е што не му текнало дека може од прадедо му да создаде дете со недостаток? Ок е, ете се разведуваат, ама не го менува фактот дека е самозаљубено и емотивно недостапно створење кое па е дискутабилно дали треба да се размножува зошто може да создаде социопат од дете, зошто нали родителот од еготрипање сака да се расплодува, а не од порив на љубов. И не, не романтизираме. И Бриџо шо ќе кажеш на ставот на господична со ин витрото и посвојувањето? Во време кога има донори на јајце клетки и сперма, сурогати и чуда... НЕ е ставот. Не е тоа посебично?! Таа не може он сака, што е проблемот да најдат јајце клетка? Или она сака он не може да најдат сперма? Е тоа е себичност и недокваканост, суета, посесивност и егоизам. Со ваквите ставови, тврдам дека ваквите бракови се секогаш климави и се оние кои секогаш остануваат во мизеријата ради децата. И 100 деца да имаат. И да, истото важи и за бројот на деца. Едниот сака 2, другиот 1. Едниот вика ќе се снајдеме, другиот вика немаме услови. И проблем. Не се правете дека не е така.
Некaде измеѓу мoже дa се случи пa и сaм дa не знaе oд недoстaтoк нa љубoв ли е, фрустрaцијa ли е, третo ли е. @crimson Некoи тукa пишувaме декa мoже дa рaзбереме, не сме се изјaсниле декa истoтo би гo нaпрaвиле. И љубoв @Lilit немa секoј сaмo еднaш вo живoтoт пa дa тврдиш декa aкo се рaзведеш, нaследнaтa врскa без љубoв ќе ти е и децaтa мехaнички нaпрaвени, пa и сoциoпaти бoгдaчувa. Не девaлвирaм јaс нечијa врскa сaмo не сaкaм бaш дa слушaм кoгa нечии плaнoви и сoништa зa иднинa се претстaвени кaкo единствен прaвилен избoр и репер зa тoa кaкo еднa врскa сo вистинскa љубoв требa дa изгледa. Љубoвтa имa мнoгу верзии, не секoгaш oстaнувa вo брaк и не секoгaш стaпувa вo брaк. И не секoгaш имa децa. Пa и не е единственa причинa зa живoт и не се тешките периoди пoминaти зaеднo сигурнoст некaквa зa вo иднинa. Oпштo збoрaм, личнo не ме зaнимa. Зa ин витрo не читaв бaш, aмa кoлку штo мoжaм дa сфaтaм некoјa е прoтив? Не ни мислaм дa кoментирaм. Зa пoсвoјувaње мoжaм дa рaзберaм. Акo некoј чувствувa aверзијa, требa дa му нaбивaм винa дури не се излечи и не пoсaкa дa пoсвoи? Oти јaс мислaм декa е прaвилнo, a тoј требa дa живее сo тoa дете?
^ јас мислев дека веќе го знаеш мојот став за бракови и разводи. Тука е таква, ограничена тема. Не морам да сум во брак за да го имам мислењево. Јас уствари не морам да сум во брак за ништо, зошто мене брак не ми треба. И онака се' што правеле моите минативе 30 години, правиме и јас и дм без пемпеле. Да ме остави, напушти, си замине од мене... како сакаш наречи го. Ако се разбуди еден ден и сфати дека наеднаш магично ставовите му се промениле, не знам како тоа треба да го разберам. И ако си искрена со себе, утре твојот маж наеднаш да сфати дека се' што сте планирале, договарале, одлучиле... повеќе не му чини, тешко дека ќе бидеш полна со разбирање. Па посебно ако е проблемот нешто што не зависи од тебе. Дали е легитимна причина? Е. Дали е човечки, партнерски, фер? Не, не е.
@Bridget и јас разбирам. Стварно. Јасно ми е дека има луѓе што сакаат да бидат родители и живот без деца не би ги исполнил. Ама, пак не мислам дека тоа е во ред. Не дека нешто посебно ми е гајле за туѓи бракови, ама не би сакала да бидам во таков. Затоа што бракот го сфаќам многу сериозно, мислам дека тоа е ветување кое му го даваш на партнерот дека ќе бидеш покрај него во секакви моменти.
Сте запнале со таа голема љубов и што сте поминале. Имав и јас таква, преголема. Поминавме сешто, болести, финасиски кризи, фамилијарни проблеми. Ама баш се. На крајот и двајцата не можевме повеќе. Едноставно пукна. Во случајот се работи за болест. Негова. Тој не можеше да ја прифати и се одрази на бракот. Дали јас го оставив заради тоа? Не. Дали тоа не доведе до развод? Да. Затоа, стерилитетот може да биде причина оти може да влијае врз односот на партнерите. А љубовта може да биде и многу поголема и од онаа што вие ја опишувате. Затоа, да едно е врска, а друго е брак. И сфатете, секој човек различно се носи со проблемите и товарот.
Колку и да сакате да ја девалвирате важноста на партнерот и потребата од него, јас не можам да се согласам. За мене, а колку што знам и за него, еден во друг гледаме примарно семејство. Кога имам најголем проблем, или тој, прво се бараме еден со друг, ниту мајка, татко, брат... За мене, тоа така и треба да биде. Да сме приоритет еден на друг. Ако на вас ви чини да бидете со некој за кој е можеби можно и веројатно да ве остави ако се разболете, пошто не може веќе да си живее како што си замислувал... не знам што да ви кажам. @JuLleE тоа значи дека ти не си ги спакува куферите кога дозна за болеста и последиците од истата. Тоа е муабетот, само што никој не сака да разбере. @Emy867 убаво објасни, треба да бидеш човек и да знаеш што ти смета. Не е исто - стерилен е, друг ќе си барам, и реално повеќе проблеми, на кои капак е неплодноста.
@CameliaMiller не е работава дали некој ќе остави ако се разболи. Проблемот е колку болеста, стерилитетот знае да влијае врз односите во бракот. Не зборуваме за приоритети само, а и тие се менуваат.