Стерилитет - причина за развод

Дискусија во 'Брак' започната од power11, 5 март 2018.

?

Дали поддржувате развод доколку партнерот има стерилитет?

  1. Да

    40 глас(а)
    10,8%
  2. Не

    331 глас(а)
    89,2%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.683
    Допаѓања:
    273.674
    Па темата е - стерилитет како причина. Партнери кои без око да им трепне го оставаат својот партнер за да исполнат свои желби.
    Како и да е спакувано, просто не е во ред.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    257.676
    А што ако тоа доведува до потиснување на желбите, емоционална празнина и сл. Знаеш што следи потоа? Кавги, неверства, разрушени односи. Не може секој да се носи со тоа. Значи не зборуваме кога се обидуваат да добијат бебе и преку ин витро. Зборуваме кога стералитетот е воостановен и постои опција посвојување.
    Причина е.
    Може и невереството, и несогласуањата не се во ред, ама ете се причина. Па така и ова.

    На крајот, после разделбата, и стерилниот и другиот партнер имаат шанса за нов брак со лица кои ги имаат истите потреби и можности.

    И да, ако не своите, чии желби треба да исполнуваме?
     
    На Snowflake92, Glasna, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @JuLleE баш како што велиш ти, не болеста, туку борбата е причината за развод. Верувам дека иста е причината и кај многу други парови. Тоа @CameliaMiller цело време се обидува да ви го долови.

    Да се разбереме, личност која се откажува од партнерот во моментот кога ке дознае дека другата страна не може да има деца не е човек. Кога ке размислам подобро, таква личност ке побегне и при друг проблем, за таквите мажиња и читаме во темите за снаи и свекрви.

    Од друга страна, возрасни личности едноставно решаваат да се разведат бидејки борбата е тешка, психички човек се уморува од проблеми, одлуки, препреки, па неретко и притисокот на околината.

    Нема единствен терк, јас за себе можам само да кажам дека за него би се борела до крај, а дали ја сум или он е себичен, тоа ние ке го решиме, меѓу нас. Партнерите знаат до каде можат, како пар а и како индивидуи, не е наше да судиме дека некој лесно се откажал.
     
    На Meckicja, SV1911, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Уххх од кожа ме вадат одговори и солење памет од типот "Не го сакаш доволно" на секоја тема , но тука дефинитивно тоа е правиот одговор.

    И што сега, лугето што имаат стерилитет треба цел живот сами ли да останат? За се има решение ако се сакаат двајца партнери. Или ке се лечат или ке си посвојат дете, ако веке сакаат деца. Е сега што во кавгата може на секој да му летне од устата секаков муабет, и швалерисувањето да си го оправдува со стерилитетот на партнерот/партнерката тоа е друга тема. Ако сакам некој вистински би прифатила и вештачки оплодувања, и сурогат мајка и сперма донори - СЕ.

    И ја гледам анкетава и не ми се верува колку е различна ситуацијата на терен и тука сите СВЕТИЦИ што се правиме и што одговараме дека не е причина. АМа кога ке тропне проблемот на врата очигледно е. На терен речиси и не познавам пар што се лечи од стерилитет а тоа не им влијае на врската/бракот. И нормално многу завршуваат со развод.
     
    На Snowflake92, manako1 и mira.mira им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Колку бракови со деца се растурени, колку жени и мажи што имаат деца се изневерени и колку луѓе што се бореле и мачеле со стерилитет имаат стабилен брак, голема е бројката.
    Стерилитетот не бил и не е вистинска причина за развод туку партнерите не си се погодени во други работи па се вадат дека тоа е главната причина.
    И да, љубовта е најбитна колку и да ви звучи патетично. Ако не сум имала љубов вистинска со партнерот немало да сакам ни деца да му родам.
     
    На sj *O*, Snowflake92, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.448
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R тоа уствари Јуле го збори цело време. Оти емоцијата е променлива состојба. Оти оваа голема љубов денеска трпи промени и не е гаранција за ништо во иднината.

    Другиот муабет се сведе дека љубовта сега во моментот е голема, огромна, пожртвувана и толку.

    Никој не рече дека е во ред да се напушти стерилен човек при првото соочување со проблемот, ниту оправда дека такво нешто е во ред.
    Она што го збориме е дека емоцијата што сега и во овој момент ни е доволна, не значи дека целосно ќе не исполнува секогаш. Некого ќе исполнува, некого не. Не е лесно, не е фер.. ама тоа е..
    И апсолутно никој не рече дека љубовта не е најбитна, туку дека одредени околности можат да влијаат на неа во иднина.
     
    На sj *O*, Snowflake92, Cosmi и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.683
    Допаѓања:
    273.674
    Ако мажот ми стане инвалид, ете додека работи на терен, и јас морам да му мењам пелени, да го хранам со цевче, очигледно да немам секс со него, дали треба да свртам грб и да си заминам, затоа што моите желби ќе останат неисполнети?

    Секако дека можам да си заминам. Кој ќе ме спречи?
    Ама дека мене ми е потешко од на него... ако се лажеме, може.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.936
    Абе ако решиле да се разделат нека се разделат. Нема тука со сила, ако не оди-не оди, простор за разубедување нема.
    Зборуваме колку е исправно и што категорија на (не)луѓе се ова.
    Мешате работи.
    Реално, примитивно е. Ако е особа која дејствувува базично што сака да го посее своето семе по светов, онда ќе си замине, а ако е добро одгледано, стабилно суштество кое сака да се поврзе со друго, онда стерелитет не е проблем.
    Колку луѓе имаат деца само зошто некој рекол дека треба да имаат деца, а не сакаат да имаат и пред се не заслужуваат да ги имаат... колку бракови се спасуваат со раѓање на деца кои стануваат жртва на тој брак...итн итн...
    Значи многу сте лицемерни.
    Памтам кога бидна една тема кога ми ја отворивте околу ставот дека не можам да разберам луѓе кои се сосема ок и не сакаат деца, а сега... читам нешто сосема друго, а памтам што тврдевте тогаш...
    На крај кој како сака, но мојот личен став е дека е нечовечно, површно, себично, социопатско и нарцисоидно.

    Не можете да ставате неверство и тепачки во иста кошница со стерелитет. Точка.
    Ако има желба да си оди, ма нека бре слободно, нека си исполнува желби, тоа е доказ дека се работи за недоквакана и незрела особа. Никој не рече дека под присила ко заложник треба да седи, ама дека е особа која порадо би требало сите да ја држат на дистанца, е...и тоа е. Имам проблем со такви саможиви.
     
    На sj *O*, ivi1987, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се венчале “и во добро и во лошо“, а потоа ајде развод ако постои некоја 'болест'.

    Ако го сакаш партнерот - не постои НИКАКВА пречка за да бидеш со него. Ако не го сакаш и неговите чорапи што смрдат може да бидат причина за развод.

    Го гледаш партнерот во очи, и побитно да ти е неродено дете (кое не знаеш какво ќе се роди, како ќе изгледа, какви гени ќе има, дали ќе ти е детето радост или напор) од партнерот ?!?!
     
    На sj *O*, Someonespecial, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Многу тешка тема.
    Се сеќавам, пред години, кога наша генерација почнаа со свадби, 90% невестата трудна во венчаница и со другарка ми се најдовме не муабет, се повеќе парови прво се 'докажуваат' на поле проширување на семејството па брак :nod:
    Баш ко шо прокоментира другарка ми - да се покажи прво дека може да му роди па да ја ожени ( :?: или таа него )

    Верувам, сите во врска кога достигнува одредена зрелост го ставаат на дневен ред разговорот за сакање или не деца.
    Има два типа на луѓе ( во брак )
    Кои сакаат ДЕЦА ( по секоја цена )
    И такви кои сакаат деца СО И САМО СО КОНКРЕТНИОТ ПАРТНЕР ( дури и по цена да немаат ( ако има такви шанси ) но само да останат со конкретниот партнер)
    Што е крив, кој и да е од партнерите, што ина стерилитет??
    А за жал, се почест проблем е стерилитетот, и жално што сеуште е табу тема.
    Муабети од типот - немаат деца и крив е мажот/ крива е жената (facepalm) крив/а е што е стерилен/а ???????
    Познавам два комшиски парови, веќе 60тина се, едните посвоија пред годинк со трииистааа маки, другиве си живеат двајцата сами, во слога,мир,љубов.
    Имам роднини, женава е учителка, работи со деца секојдневно, а во нивниот случај ' мажов е кривиот' но си тераат, си чуваат куче од кога памтам, се радуваат на внуците од сестрите и живеат преубаво.

    Мада денешните млади парови поинаку гледаат на бракот и разводи се случуваат за секакви глупости ( и пререкла свекрвата и сл.) па ваков проблем кој бара јак карактер,воља и особено длабока,непоколеблива љубов меѓу партнерите, реално гледано е добра причина за да се крене раце од бракот.

    Еве државата, колку што знам, излегува во пресрет со ин витрото, но треба да се доработат закони и да се овозможи полесно посвојување..
     
    Последна измена: 10 март 2018
    На sj *O*, Elen4e_sonce, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Па, мислам дека повеќето не би го направиле ова, но за мене подеднакво важна е и причината зошто.

    Во ваков случај, на пример, не би сакал некој да остане со мене само поради тоа што смета дека тоа е негова должност, а притоа да биде несреќен и да ме обвинува мене затоа што никогаш не се остварил како родител.

    Тоа ми делува уште понефер од едноставно да ме остави.
     
    На sj *O*, Snowflake92, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.936
    Ама тоа е твое лично видување дека ќе те обвинува или дека ќе се осеќа должен, зошто тргнуваш од себе си ти како би се осеќал ако партнерката е стерилна.
    А што ако едноставно те сака и не и е важно?!
    М?!
    Зошто не се потрудите да ја видите и другата страна?
    Ако те обвинува и прави да се осеќаш должен ти можеш да прекинеш и да речеш слушај не оди, ме малтретираш, јас ете не можам бркај работа.
    Никој не вика дека по секоја цена треба да останат партнерите заедно, туку дека не е причина, но има луѓе кои ете се такви и тоа дали е ок или не е и елаборирање зошто и како и дали била љубов таа љубов?!
    Нужен инстинкт за размножување имаат сите живи суштества, но за среќа ние сме луѓе и не се водиме само од импулси туку од многу повеќе.
     
    На sj *O*, ivi1987, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.448
    Пол:
    Женски
    Е јбг.. чим си кажал во добро и зло... тоа е тоа. Никој не смее веќе поинаку оти е лицемер. Ако после 20 год од големата љубов едниот заглави на хашиш, или коцка, па го распродаде златото од дома, па поткраднува, па долгови до гуша.. верувам сите ќе останете да го трпите тоа емоционално насилство, незадоволство и празнина. Оти нели, и во зло.

    Немојте само со анализи оти тоа не може да се деси на фино воспитани деца, оти еден куп со надпросечен ај кју завршија на игла.

    Тоа како ќе се почувствува човекот во одреден момент после Х години, нема врска со неговото образование и колку е паметен, глуп, лицемер, празен како милувате.
    Како што живеете заедно, се развивате и растете заедно и тој процес никогаш не завршува. И можете да се кликнете на иста фрекфренција, или можете во еден момент да фатите различна. Не секоја голема љубов е создадена да трае и не, не се сите ретардирани што се развеле.
     
    На sj *O*, Snowflake92, Dennings и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Не тргнувам јас од себе и моите лични видувања, тргнувам од насловот на темата.

    И стојам на тоа дека ако едниот партнер почне сериозно да размислува за развод откако ќе се констатира стерилност кај другиот, тогаш најверојатно тоа и треба да го направи.

    Не велам дека така треба, ниту па дека секој во таква ситуација би се почувствувал исто, едноставно викам дека во таков случај разводот е пофер чекор од останувањето заедно.

    А во однос на тоа колку стерилитетот на еден од партнерите е легитимна причина за развод веќе се изјаснив - се’ е легитимна причина за развод, доколку претставува непремостлива пречка или нерешлив проблем за еден од брачните другари - колку и тоа на нас останатите да ни делува како сурово, безмилосно, нелогично или бесмислено.

    Никој не треба да останува во брак во кој ќе биде несреќен, без разлика што можеби причината за разводот на тие во неговата околина или на нас, тука на форумов, ќе ни изгледа нефер.
     
    На sj *O*, Snowflake92, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    139.640
    Ако маж ми многу сака да има дете, а јас не можам, ќе го оставам. Не можам да го лишам човекот јој најмногу го сакам од најголемата љубов на светот. Посреќна ќе бидам да е со друга и да има дете отколку несреќен со мене.

    Љубов кон дете и кон сопружник врска нема. Секоја може да е жена ама дете е нешто далеку поубаво од 10 жени.

    И не се чудете оти прво забременуваат па се мажат. Една на форумов кажа дека пред секс го носи дечкото на проверка за стд и крвна слика, може да замислите пред брак што се би бил подложен тој човек. Веројатно да докаже дека у 3 различни позиции може да затрудни 3 различни жени од 3 континенти...
     
    На sj *O*, Glasna, Elenche87 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.936
    Само што коцка, алкохол и дрога не е ич исто што и стерилитет и за истиот немаш баш личен удел и избор.
    И се тотално неспоредливи работи, заедно со некакви си епифанис на себепронаоѓање и разидување во интереси и ставови.
    Тука има многу емоција, солзи и тага, за да некој шкрапне со прсти и си замине за нешто што едноставно не си крив туку ете така е.
    Тоа добро и зло и ова добро и зло не е исто.
    Имање дете не е само став! Туку многу повеќе. Него што се третира ко став према животот затоа имаме вакви генерации ко што имаме.

    Дали ако партнерот сака второ, а едниот стане стерилен, исто развод?! Зошто знам парови кои се борат со стерилност за добивање на второ.

    А и искрено не ви верувам на ладнокрвноста и наводната здраворазумност, собраност и не знам веќе што што претпоставувате дека е исправно зошто многу мотате. Тоа се гледа со имањето три чисти по други теми. Теоретски зборувате какви мислите дека сте, а ни малку реално не ја доживувате ситуацијата.
     
    Последна измена: 10 март 2018
    На Anyshka, sj *O*, elimkd и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.448
    Пол:
    Женски
    @Lilit и кај дрога, коцка, алкохол и стопати претходно спомнатиот инвалидитет има многу ама многу емоции, солзи, тага и неверување. Се сложувам дека се различни случаи и сама претходно потенцирав, но и во сите тие случаи се дешава нешто што си го градел со голема љубов и пожртвуваност со децении, наеднаш да се сруши како кула од карти.

    Јас лично не би оставила стерилен човек, оти немам проблем со посвојување. Ама мора да разбереме дека не се сите исти. И да, има луѓе на кои подоцна им се развиваат дополнителни чувства, подоцна се пронаоѓаат во одредени улоги независно од она што ни го тврделе вчера. И тоа е природно и не значи оти тие се празни и лицемерни оти тоа е нешто што доаѓа од внатре, не можат да го контролираат и не го прават намерно и за инат. И никој тоа не би го прифатил лесно и ладнокрвно, никој тоа не го кажа.

    Ама во ред. Ете вие што секаде пак имате 3 чисти, само вие знаете најдобро.
     
    На sj *O*, Glasna, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку разведени има, и кај колку причината за истото е неверство? Огромна е бројката. А, еве незнам како може огромна љубов одеднаш да згасне, тоа значи дека и не била толку огромна ко што се мислело. А, знаеш колку луѓе не се ни венчани во црква, го немаат она во добро и зло а сепак и покрај стерилитетот останале заедно? Затоа што вистински се сакаат и проблемот не ги променил, не им се намалила љубовта, и покрај се останале заедно. Таков е парот што го познавам, на 25 години од брак со посвоената ќерка се венчаа во црква. И не, мажот не го направи тоа од сожалување туку од љубов и тоа никогаш нема да се смени.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13 и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.448
    Пол:
    Женски
    Де де Иви полека, не убив човек да му ... мајката.
    Знам се тоа и еве цитирај каде сум рекла дека не е така? А? Она што сакам да погледнам и од другата страна на аголот зарем ме прави помалку достојна па да се обраќате со такви тонови та и навреди?
    Туку дали ти знаеш како е да се развијат мајчински инстинкти, да сакаш да оствариш свој пород, да имаш свое потомство, свое сонце да ти свети во раце, а да партнерот не може да ти го даде тоа? Не знам ниту јас. Затоа не сакам ниту да дефинирам некого според тоа.

    Оние што изневериле, не значи дека во одредени моменти не биле во голема љубов. Едноставно подоцна, сплет на околности чувството се сменило. Оти емоцијата не е статична.

    Сите познаваме парови што останале заедно, замисли и после неверство братучетка ми дури се венча со дечкото. Оти верувала или не, ама е љубов голема. Секојдневно и ја докажува. Затоа џабе ти е гледање само од едната страна. Сите познаваме пар што и покрај стерилитет сеуште се заедно. Имам стрико и стрина во брак 29 години без деца со неколку спонтани. Сеуште се држат цврсто за рака оти они така одлучиле.

    Не сите можат да поминат низ тоа. Оти болен и долг процес е. И српрајс српрсјс, и само понекогаш дури во име на љубовта си даваат шанса на среќа да го исполнат делот што им недостасува со друг/га кој ќе биде подготвен и за поголеми работи. И тоа не ги прави помалку вредни од вас и нас. Ама нека ви биде.
     
    На Glasna, Rama, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.683
    Допаѓања:
    273.674
    Не постои помалку или повеќе вреден човек.
    Морални вредности се индивидуална работа.
    Јас не би можела да простам - да простам како човек - да ме остави поради било каква болест.
    Арно да сум стерилна, во количка и глува.

    Затоа, среќа, за секој има по некој - како што заклучивме.
    Дури и таква искреност - дај да направиме дете пред брак - не би можела да простам.

    Но тоа сум јас. И за својот живот зборувам. Разбирање на таа тема за мојот љубовен живот немам.
    Никого не можам да натерам да се мажи, да не се мажи, да се венча или да се разведе.
    Кој може да разбере дека не е доволно добар зошто не може да има деца, нека разбира... јас мислам дека и без матка ќе вредам исто колку и некоја што може 3 без проблем да роди.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.